Македонци во Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-vo-srbija/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 15:52:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонци во Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-vo-srbija/ 32 32 Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ministerstvoto-za-chovekovi-i-maltsinski-prava-im-go-chestita-ilinden-na-makedontsite-vo-srbija/ Fri, 02 Aug 2024 15:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=802861

Српскиот министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов на претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ, на организациите и здруженијата, како и на сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија им го честита празникот Илинден, јави дописникот на МИА од Белград.

-Овој празник, кој е и национален празник на Македонија, се слави на 2 август и има посебно значење во историјата на овој народ, бидејќи во ист ден се слават два големи настани - првиот, споменот на 2 август, 1903 година, кога во Крушево се подигна Илинденското востание против османлиската власт, во кое учествуваа 30.000 востаници, а вториот настан е споменот на 2 август 1944 година, кога во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштенеито на ова министерство.

Во времето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Македонците имаа статус на конститутивна нација. Статусот на национално малцинство во Република Србија го стекнаа со донесувањето на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од февруари 2002 година, и оттогаш забрзано ја развиваат својата малцинска институционална инфраструктура.

Во соопштението се наведува дека најголемиот број Македонци во Србија, а особено во Војводина, дошле по Втората светска војна од денешна Македонија и од северна Грција, од каде што биле протерани за време на граѓанската војна. Тие ги остваруваат малцинските права загарантирани со Уставот на Србија и законите во областа на негувањето на културата, образованието, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо.

Според резултатите од Пописот во 2022 година, во Србија живеат 14.767 припадници на македонската национална заедница, што е за речиси осум илјади помалку од претходниот Попис од 2011 година, кога имало 22.755 македонци.

Тие припаѓаат на група територијално расфрлани национални заедници, а повеќето од нив живеат на територијата на градот Белград и во Јужен Банат - во градовите Пландиште, Јабука, Глогоњ, Качарево и во Панчево, каде што се наоѓаше седиштето на Македонскиот национален совет, кој неодамна беше преместен во Нови Сад.

-Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог со гордост истакнува дека Владата на Србија и покраинската влада се посветени на афирмирање на вредноста на мултикултурализмот, кој се заснова на поддршка за зачувување и развој на националната самосвест на сите заедници. Затоа, ќе продолжиме посветено да работиме за да ги обезбедиме сите неопходни предуслови - од имплементација на законите, преку материјални и финансиски ресурси до малцинските чувствителни политики - за Македонците во Република Србија успешно да продолжат да ги развиваат своите национални институции и животните перспективите на припадниците на својата заедница, се наведува во честитката до македонците во Србија на министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог.

The post Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов на претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ, на организациите и здруженијата, како и на сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија им го честита празникот Илинден, јави дописникот на МИА од Белград. -Овој празник, кој е и национален празник на Македонија, се слави на 2 август и има посебно значење во историјата на овој народ, бидејќи во ист ден се слават два големи настани - првиот, споменот на 2 август, 1903 година, кога во Крушево се подигна Илинденското востание против османлиската власт, во кое учествуваа 30.000 востаници, а вториот настан е споменот на 2 август 1944 година, кога во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштенеито на ова министерство. Во времето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Македонците имаа статус на конститутивна нација. Статусот на национално малцинство во Република Србија го стекнаа со донесувањето на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од февруари 2002 година, и оттогаш забрзано ја развиваат својата малцинска институционална инфраструктура. Во соопштението се наведува дека најголемиот број Македонци во Србија, а особено во Војводина, дошле по Втората светска војна од денешна Македонија и од северна Грција, од каде што биле протерани за време на граѓанската војна. Тие ги остваруваат малцинските права загарантирани со Уставот на Србија и законите во областа на негувањето на културата, образованието, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо. Според резултатите од Пописот во 2022 година, во Србија живеат 14.767 припадници на македонската национална заедница, што е за речиси осум илјади помалку од претходниот Попис од 2011 година, кога имало 22.755 македонци. Тие припаѓаат на група територијално расфрлани национални заедници, а повеќето од нив живеат на територијата на градот Белград и во Јужен Банат - во градовите Пландиште, Јабука, Глогоњ, Качарево и во Панчево, каде што се наоѓаше седиштето на Македонскиот национален совет, кој неодамна беше преместен во Нови Сад. -Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог со гордост истакнува дека Владата на Србија и покраинската влада се посветени на афирмирање на вредноста на мултикултурализмот, кој се заснова на поддршка за зачувување и развој на националната самосвест на сите заедници. Затоа, ќе продолжиме посветено да работиме за да ги обезбедиме сите неопходни предуслови - од имплементација на законите, преку материјални и финансиски ресурси до малцинските чувствителни политики - за Македонците во Република Србија успешно да продолжат да ги развиваат своите национални институции и животните перспективите на припадниците на својата заедница, се наведува во честитката до македонците во Србија на министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог.

The post Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>
Македонците во Србија гласаат за претседател, но не и на парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-srbija-glasaat-za-pretsedatel-no-ne-i-na-parlamentarnite-izbori/ Tue, 07 May 2024 12:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=775008

Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на вториот круг од претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата во Македонската амбасада во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Гласачкото место 5025 во македонската амбасада во Белград беше отврено во 07 часот изутрина. Пријавените македонски граѓани своето бирачко право за вториот круг од претседателските избори можат да го остварат денес до 19 часот. Согласно посебниот избирачки список на пријавени и запишани гласачи, процентот на излезност до 10 часот изнесува 10 проценти, изјави Михаела Веселинов, претседател на ИО на Избирачкото место бр. 5025 во Македонската амбасада во Белград.

Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ-спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа. Можеше да се гласа, според изборните правила со новите пасоши и со лични карти со старото име на државата и неистечен рок на важност.

Македонските државјани во Србија и во дијаспората трет пат гласаат на претседателските избори. Најмногу пријавени за гласање во Белград имаше на претседателските избори во 2014 година кога гласаа 421 граѓанин. Во 2019 година имаше запишано 60 граѓани, а денес 31 граѓанин беа запишани во избирачкиот список во Македонската амбасада во Белград.

Поради близината, дел од македонските граѓани своето избирачко право го користат во матичната држава.

Македонците од Србија и од целата дијаспора можат да гласаат само на претседателските избори, но не и на парламентарните избори, поради недоволен број на пријавени гласачи.

The post Македонците во Србија гласаат за претседател, но не и на парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на вториот круг од претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата во Македонската амбасада во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Гласачкото место 5025 во македонската амбасада во Белград беше отврено во 07 часот изутрина. Пријавените македонски граѓани своето бирачко право за вториот круг од претседателските избори можат да го остварат денес до 19 часот. Согласно посебниот избирачки список на пријавени и запишани гласачи, процентот на излезност до 10 часот изнесува 10 проценти, изјави Михаела Веселинов, претседател на ИО на Избирачкото место бр. 5025 во Македонската амбасада во Белград.
Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ-спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа. Можеше да се гласа, според изборните правила со новите пасоши и со лични карти со старото име на државата и неистечен рок на важност. Македонските државјани во Србија и во дијаспората трет пат гласаат на претседателските избори. Најмногу пријавени за гласање во Белград имаше на претседателските избори во 2014 година кога гласаа 421 граѓанин. Во 2019 година имаше запишано 60 граѓани, а денес 31 граѓанин беа запишани во избирачкиот список во Македонската амбасада во Белград. Поради близината, дел од македонските граѓани своето избирачко право го користат во матичната држава. Македонците од Србија и од целата дијаспора можат да гласаат само на претседателските избори, но не и на парламентарните избори, поради недоволен број на пријавени гласачи.

The post Македонците во Србија гласаат за претседател, но не и на парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Македонците во Белград не го забораваат Св.Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedoncite-vo-belgrad-ne-go-zaboravaat-sv-kliment-ohridski/ Thu, 08 Dec 2022 20:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=583455

Во просторите на Здружението на писателите на Србија во Белград вечерва Македонците во Србија во организација на здружението Македониум, заедно со членови на здруженијата на писатели на Србија и на Македонија, го чествуваа државниот празник Свети Климент Охридски, јави дописникот на МИА од Белград.

За ликот и делото на Св. Климент Охридски говореше претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, кој за МИА изјави дека на ова чествување, покрај тоа што ќе се говори за заслугите на Св Климент како зачетник на Охридската книжевна школа, на преродбеничката мисија и неговата улога во свештенството како прв словенски епископ, тоа има големо значење и има симболика.

Многу е битно што Македонците од Белград не го забораваат Св.Климент Охридски и што ги продолжуваа мостовите кои што постојат меѓу македонците во татковинат и тие овде, но и двете писателски асоцијации кои што ја продолжуваат соработката која неодамна беше официјализирана со спогодба за соработка, и тоа на денешниот празник на Св.Климент Охридски, изјави Христо Петревски.

Тој информираше и дека е постигнат договор за формирање асоцијација „Книжевност без граници“ или Отворен Балкан на културен план меѓу ДПМ и Здружението на писатели на Србија, и Здружението на писатели од Црна Гора, иницијатива во која е планирано да се вклучат и писателите од Албанија.

На чествувањето учествуваше и потпретседателот на Здружението на писатели на Србија, Видак Масловариќ, кој е воедно и уредник на престижната Трибина Француска 7.

Во рамките на програмата, новинарот Кирил Панов говореше за неодамна починатиот македонист проф. Радомир Ивановиќ, а беше споменато и барањето и потребата по повеќедецениска на пауза на отварање на лекторат за македонски јазик во Србија.

Во културно уметничката програма настапи пејачката група „Македониум” од Белград.

The post Македонците во Белград не го забораваат Св.Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Во просторите на Здружението на писателите на Србија во Белград вечерва Македонците во Србија во организација на здружението Македониум, заедно со членови на здруженијата на писатели на Србија и на Македонија, го чествуваа државниот празник Свети Климент Охридски, јави дописникот на МИА од Белград. За ликот и делото на Св. Климент Охридски говореше претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, кој за МИА изјави дека на ова чествување, покрај тоа што ќе се говори за заслугите на Св Климент како зачетник на Охридската книжевна школа, на преродбеничката мисија и неговата улога во свештенството како прв словенски епископ, тоа има големо значење и има симболика.
Многу е битно што Македонците од Белград не го забораваат Св.Климент Охридски и што ги продолжуваа мостовите кои што постојат меѓу македонците во татковинат и тие овде, но и двете писателски асоцијации кои што ја продолжуваат соработката која неодамна беше официјализирана со спогодба за соработка, и тоа на денешниот празник на Св.Климент Охридски, изјави Христо Петревски.
Тој информираше и дека е постигнат договор за формирање асоцијација „Книжевност без граници“ или Отворен Балкан на културен план меѓу ДПМ и Здружението на писатели на Србија, и Здружението на писатели од Црна Гора, иницијатива во која е планирано да се вклучат и писателите од Албанија. На чествувањето учествуваше и потпретседателот на Здружението на писатели на Србија, Видак Масловариќ, кој е воедно и уредник на престижната Трибина Француска 7. Во рамките на програмата, новинарот Кирил Панов говореше за неодамна починатиот македонист проф. Радомир Ивановиќ, а беше споменато и барањето и потребата по повеќедецениска на пауза на отварање на лекторат за македонски јазик во Србија. Во културно уметничката програма настапи пејачката група „Македониум” од Белград.

The post Македонците во Белград не го забораваат Св.Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Македонците во Србија на малцински избори го избраа новиот Национален совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedoncite-vo-srbija-na-malcinski-izbori-go-izbraa-noviot-nacionalen-sovet/ Sun, 13 Nov 2022 15:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=573294

Во Србија се одржаа редовни избори за Национални совети на 23 национални малцинства, меѓу кои и на македонското малцинство, јави дописникот на МИА од Белград.

Македонското малцинство изборите за членовите на Националниот совет ги одржаа во Белград, во Народното собрание по пат на електорско собрание, поради недоволен број на доброволно запишани гласачи во Посебниот избирачки список.

На изборите од пријавените 59 учествуваа 57 запишани електори кои гласаа за една изборна листа-„Листата Борче Величковски“ која по гласањето со мнозинство од 56 гласа беше избрана, како и 23 члена на новиот македонскиот национален совет.

Изборите преку електорско собрание се начин на посреден избор на членови на националните совети, бидејќи на тие избори право на глас немаат сите припадници на националното малцинство запишани во посебниот избирачки список, туку само оние кои во законски регулирана процедура се пријавиле и ги исполнија законските услови да бидат електори (избирачи), односно да на електорско собрание избираат членови на својот НСНМ.

Клучен услов одреден избирач да добие статус на електор е со свој потпис да го поддржат одреден број избирачи – кои се изјасниле дека се припадници на македонското национално малцинство.

Во нареднио период од избраните 24 членови на Националниот совет од листата на Борче Величковски, инаку досегашен претседател на македонскиот НСНМ, на конститутивна седница треба да се избере нов претседател на НСНМ како и ново раковоство.

Националните совети се најважните институции на националните малцинства на кои, според Законот, им се доверени „јавните овластувања да учествуваат во одлучувањето или да одлучуваат самостојно за одредени прашања од областа на културата, образованието, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото за да се остварат колективните права на националното малцинство на самоуправување во тие области“.

Националните совети се финансираат од буџетот на Република Србија, од автономната покраина Војводина и единиците на локалната самоуправа и како и останатите организации кои се носители на јавни овластувања, важно е да работат и средствата да ги трошат транспарентно.

На денешните изборите кои се одржуваат на секои четири години, на 949 избирачки места, 456 199 гласачи избираа членови на национални совети на 23 национални малцинства, колку се признаети во Србија, од кои 19 малцинства имаа непосредни избори, а четири национални малцинства-македонското, горанското, хрватското и црногорското членовите ги бираа со електорско собрание.

Преку електронско собрание за прв пат свој НСНМ избираа и горанците, од областа Гора во Косово, кои во Србија се признати под ова име како посебно национално малцинство.

Во Србија според пописот од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на македонците опаѓа, или 22 755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија.

Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100 000 Македонци.

The post Македонците во Србија на малцински избори го избраа новиот Национален совет appeared first on Република.

]]>

Во Србија се одржаа редовни избори за Национални совети на 23 национални малцинства, меѓу кои и на македонското малцинство, јави дописникот на МИА од Белград. Македонското малцинство изборите за членовите на Националниот совет ги одржаа во Белград, во Народното собрание по пат на електорско собрание, поради недоволен број на доброволно запишани гласачи во Посебниот избирачки список. На изборите од пријавените 59 учествуваа 57 запишани електори кои гласаа за една изборна листа-„Листата Борче Величковски“ која по гласањето со мнозинство од 56 гласа беше избрана, како и 23 члена на новиот македонскиот национален совет. Изборите преку електорско собрание се начин на посреден избор на членови на националните совети, бидејќи на тие избори право на глас немаат сите припадници на националното малцинство запишани во посебниот избирачки список, туку само оние кои во законски регулирана процедура се пријавиле и ги исполнија законските услови да бидат електори (избирачи), односно да на електорско собрание избираат членови на својот НСНМ. Клучен услов одреден избирач да добие статус на електор е со свој потпис да го поддржат одреден број избирачи – кои се изјасниле дека се припадници на македонското национално малцинство. Во нареднио период од избраните 24 членови на Националниот совет од листата на Борче Величковски, инаку досегашен претседател на македонскиот НСНМ, на конститутивна седница треба да се избере нов претседател на НСНМ како и ново раковоство. Националните совети се најважните институции на националните малцинства на кои, според Законот, им се доверени „јавните овластувања да учествуваат во одлучувањето или да одлучуваат самостојно за одредени прашања од областа на културата, образованието, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото за да се остварат колективните права на националното малцинство на самоуправување во тие области“. Националните совети се финансираат од буџетот на Република Србија, од автономната покраина Војводина и единиците на локалната самоуправа и како и останатите организации кои се носители на јавни овластувања, важно е да работат и средствата да ги трошат транспарентно. На денешните изборите кои се одржуваат на секои четири години, на 949 избирачки места, 456 199 гласачи избираа членови на национални совети на 23 национални малцинства, колку се признаети во Србија, од кои 19 малцинства имаа непосредни избори, а четири национални малцинства-македонското, горанското, хрватското и црногорското членовите ги бираа со електорско собрание. Преку електронско собрание за прв пат свој НСНМ избираа и горанците, од областа Гора во Косово, кои во Србија се признати под ова име како посебно национално малцинство. Во Србија според пописот од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на македонците опаѓа, или 22 755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија. Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100 000 Македонци.

The post Македонците во Србија на малцински избори го избраа новиот Национален совет appeared first on Република.

]]>
Во Костолачка Коса во Србија одадена почит на 1295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-kostolachka-kosa-vo-srbija-odadena-pochit-na-1295-zaginati-makedonci-od-vardarskiot-bataljon-vo-prvata-svetska-vojna/ Sun, 02 Oct 2022 15:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=556565

Македонци во Србија денеска во местото Костолачка Коса, крај српскиот град Пожаревац, им одадоа почит на 1295-те загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна, јави дописникот на МИА од Белград.

Одбележувањето во атарот на црквата „Св. Ѓорѓи“, пред споменикот на 627 загинати Македонци или како што пишува на него „Вардарци“, беше во организација на Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград.

Ние секоја година во ова време го одбележуваме настанот од 1915 година на местото на загинување на Македонците од Вардарскиот баталјон и се потсетуваме на нивните храбри срца и евоцираме спомени од тие времиња, изјави претседателката на здружението „Кочо Рацин“, Лидија Демниева.

За време на Првата светска војна, Кралството Србија извршило мобилизација на Македонците во територијата на денешна Македонија, од кои е формиран и Вардарскиот баталјон, со вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието и од Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион. Од нив во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинат е речиси целиот Вардарски баталјон или вкупно 1295 војници, од кои – 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинале на Костолачка Коса, 60 ги загубиле животите при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници, со што Првата светка војна ја преживеале само пет припадници на оваа единица.

Македонците од Србија поднесоа и иницијатива до надлежните српски власти да се подигне споменик за сите паднати 1295 Македонци од Вардарскиот баталјон.

Тој споменик би требало да се подигне во село Петка, кое се наоѓа недалеку од овде, каде што има веќе споменик за паднатите борци, но од српска националност. Ние бараме тоа да се официјализира и да се направи и за нашите Македонци од Вардарскиот баталјон. Се надеваме дека Владата на Република Србија и Министерството за култура ќе ни овозможат тоа и да го реализираме, изјави Демниева.

На одбележувањето и полагањето свежи венци присуствуваше и претседателот на пожаревачката Градска општина Костолац, Серџо Крстаноски и делегација на Македонската амбасада во Белград, предводена од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов.

The post Во Костолачка Коса во Србија одадена почит на 1295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна appeared first on Република.

]]>

Македонци во Србија денеска во местото Костолачка Коса, крај српскиот град Пожаревац, им одадоа почит на 1295-те загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна, јави дописникот на МИА од Белград. Одбележувањето во атарот на црквата „Св. Ѓорѓи“, пред споменикот на 627 загинати Македонци или како што пишува на него „Вардарци“, беше во организација на Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград.
Ние секоја година во ова време го одбележуваме настанот од 1915 година на местото на загинување на Македонците од Вардарскиот баталјон и се потсетуваме на нивните храбри срца и евоцираме спомени од тие времиња, изјави претседателката на здружението „Кочо Рацин“, Лидија Демниева.
За време на Првата светска војна, Кралството Србија извршило мобилизација на Македонците во територијата на денешна Македонија, од кои е формиран и Вардарскиот баталјон, со вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието и од Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион. Од нив во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинат е речиси целиот Вардарски баталјон или вкупно 1295 војници, од кои – 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинале на Костолачка Коса, 60 ги загубиле животите при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници, со што Првата светка војна ја преживеале само пет припадници на оваа единица. Македонците од Србија поднесоа и иницијатива до надлежните српски власти да се подигне споменик за сите паднати 1295 Македонци од Вардарскиот баталјон.
Тој споменик би требало да се подигне во село Петка, кое се наоѓа недалеку од овде, каде што има веќе споменик за паднатите борци, но од српска националност. Ние бараме тоа да се официјализира и да се направи и за нашите Македонци од Вардарскиот баталјон. Се надеваме дека Владата на Република Србија и Министерството за култура ќе ни овозможат тоа и да го реализираме, изјави Демниева.
На одбележувањето и полагањето свежи венци присуствуваше и претседателот на пожаревачката Градска општина Костолац, Серџо Крстаноски и делегација на Македонската амбасада во Белград, предводена од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов.

The post Во Костолачка Коса во Србија одадена почит на 1295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна appeared first on Република.

]]>