Македонци во Америка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-vo-amerika/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 07:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонци во Америка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-vo-amerika/ 32 32 Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-pretstavnichkiot-dom-predlozhena-rezolutsija-da-se-slavat-jazikot-istorijata-i-kulturata-na-makedonskite-amerikantsi/ Sat, 28 Sep 2024 07:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=820455

Копретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција со која се повикува септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Резолуцијата поддржува да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД.

Лиса Меклејн, републиканка од Мичиген, Клаудија Тени, републиканка од Њу Џерси, Деби Дингел, демократка од Мичиген и Брендан Бојл, демократ од Пенсилванија, изјавија дека Македонија е значаен стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот и оти „со векови, Македонците емигрирале во Америка за да го отфрлат јаремот на комунизмот и да ја прифатат слободата да го остварат американскиот сон“.

Проценките се дека денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло кои живеат во САД, најголем број од нив во сојузните држави Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија.

Нивната приказна сега е наша колективна американска приказна бидејќи Македонците Американци низ земјата им возвраќаат на нивните заедници како сопственици на бизниси, избрани функционери и граѓански лидери, се вели во заедничката изјава.

Двопратиската резолуција посочува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“.

Членовите на македонската заедница во САД се активни и во медицината, вклучително во кардиоваскуларната и торакална хирургија, ортопедската хирургија, спортската медицина, акушерството и гинекологијата, а служат и во законодавните тела и судови низ САД, „соработувајќи во бескрајната работа на демократијата на САД“.

Во август 2023 година, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Слични резолуции за славење на македонско-американското наследство изминативе години имаа и Мичиген, Илиноис, Чикаго и Њујорк.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздрави одлуката на членовите на Конгресот за преставување на резолуцијата, велејќи „вашето лидерство ги почитува безбројните придонеси на македонските Американци за подобрување на САД“.

Конгресната група за Македонија и македонските Американци е двопартиска група на членови на Конгресот на САД, посветена на одржување и зајакнување на позитивните и заемно корисни односи меѓу двете држави.

The post Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци appeared first on Република.

]]>

Копретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција со која се повикува септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство, јави Гласот на Америка на македонски јазик. Резолуцијата поддржува да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД. Лиса Меклејн, републиканка од Мичиген, Клаудија Тени, републиканка од Њу Џерси, Деби Дингел, демократка од Мичиген и Брендан Бојл, демократ од Пенсилванија, изјавија дека Македонија е значаен стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот и оти „со векови, Македонците емигрирале во Америка за да го отфрлат јаремот на комунизмот и да ја прифатат слободата да го остварат американскиот сон“. Проценките се дека денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло кои живеат во САД, најголем број од нив во сојузните држави Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија.
Нивната приказна сега е наша колективна американска приказна бидејќи Македонците Американци низ земјата им возвраќаат на нивните заедници како сопственици на бизниси, избрани функционери и граѓански лидери, се вели во заедничката изјава.
Двопратиската резолуција посочува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“. Членовите на македонската заедница во САД се активни и во медицината, вклучително во кардиоваскуларната и торакална хирургија, ортопедската хирургија, спортската медицина, акушерството и гинекологијата, а служат и во законодавните тела и судови низ САД, „соработувајќи во бескрајната работа на демократијата на САД“. Во август 2023 година, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Слични резолуции за славење на македонско-американското наследство изминативе години имаа и Мичиген, Илиноис, Чикаго и Њујорк. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздрави одлуката на членовите на Конгресот за преставување на резолуцијата, велејќи „вашето лидерство ги почитува безбројните придонеси на македонските Американци за подобрување на САД“. Конгресната група за Македонија и македонските Американци е двопартиска група на членови на Конгресот на САД, посветена на одржување и зајакнување на позитивните и заемно корисни односи меѓу двете држави.

The post Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци appeared first on Република.

]]>
Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proslava-na-denot-na-makedonskoto-nasledstvo-vo-detroit/ Wed, 31 Jul 2024 08:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=801914

Бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, вчера на стадионот од тимот организираше прослава за Денот на македонското наследство.

Како што пренесуваат од ОМД, бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилија Илич, обезбедил капи со нивното лого и боите на македонското знаме.

Стотици Македонци во Детроит за првпат го прославија Денот на македонското наследство на 30 јули, 2024 организиран од бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилијата Илич со потекло од Драгош и Буф, велат од ОМД.

Настанот беше во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, благодарение на неколку видни македонско-американски компании сопственици како спонзори. „Детроит Тајгерс“ за гостите обезбеди капи со логото на тимот, во боите на македонското знаме. За време на бејзбол играта на масовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс. Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите Македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации, се наведува во соопштението на ОМД.

The post Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит appeared first on Република.

]]>

Бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, вчера на стадионот од тимот организираше прослава за Денот на македонското наследство. Како што пренесуваат од ОМД, бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилија Илич, обезбедил капи со нивното лого и боите на македонското знаме. Стотици Македонци во Детроит за првпат го прославија Денот на македонското наследство на 30 јули, 2024 организиран од бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилијата Илич со потекло од Драгош и Буф, велат од ОМД.
Настанот беше во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, благодарение на неколку видни македонско-американски компании сопственици како спонзори. „Детроит Тајгерс“ за гостите обезбеди капи со логото на тимот, во боите на македонското знаме. За време на бејзбол играта на масовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс. Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите Македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации, се наведува во соопштението на ОМД.

The post Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит appeared first on Република.

]]>
Македонците од Мала Преспа во САД ја организираа првата преспанска средба во Њу Џерси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-mala-prespa-vo-sad-ja-organiziraa-prvata-prespanska-sredba-vo-nu-dhersi/ Mon, 27 May 2024 09:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=782013

Македонската заедница во САД, по потекло од областа Мала Преспа, Албанија, за време на вкендот, во Њу Џерси ја  организираа првата преспанска средба.

Настанот беше проследен со богат избор на автентична македонска музика. Присутните не само што уживаа во познатите македонски песни, туку средбата ја искористија да споделат спомени и мисли за својот роден крај. Организаторите најавуваат дека истата ќе стане традиционална, пренесува весникот „Македониум“.

Додава дека оваа средба доаѓа како дел од подолгата традиција на македонската заедници во дијаспората, која го следи примерот на Македонците од Мала Преспа кои живеат во Канада.

[caption id="" align="alignnone" width="720"] Фото: Весник „Македониум“[/caption]

Веќе десетина години, канадските Македонци со потекло од Мала Преспа, организираат слични настани кои служат како мост помеѓу минатото и сегашноста и ги зближуваат Македонците независно од нивната географска далечина. Тие исто така организираат и донаторски вечери на кои собраните средства ги донираат во родниот крај, како што беше случајот со собраните средства за изградба на камбанаријата на манастирот „Света Марена“, кај Туминец, наведува весникот.

Според истиот извор, значителен број Македонци од Мала Преспа се преселиле во САД по 1991 година, многумина од нив преку американската лотарија, и оваа средба е плод на нивните напори да ги одржат живи македонските обичаи и култура далеку од дома.  

 

The post Македонците од Мала Преспа во САД ја организираа првата преспанска средба во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>

Македонската заедница во САД, по потекло од областа Мала Преспа, Албанија, за време на вкендот, во Њу Џерси ја  организираа првата преспанска средба.
Настанот беше проследен со богат избор на автентична македонска музика. Присутните не само што уживаа во познатите македонски песни, туку средбата ја искористија да споделат спомени и мисли за својот роден крај. Организаторите најавуваат дека истата ќе стане традиционална, пренесува весникот „Македониум“.
Додава дека оваа средба доаѓа како дел од подолгата традиција на македонската заедници во дијаспората, која го следи примерот на Македонците од Мала Преспа кои живеат во Канада. [caption id="" align="alignnone" width="720"] Фото: Весник „Македониум“[/caption]
Веќе десетина години, канадските Македонци со потекло од Мала Преспа, организираат слични настани кои служат како мост помеѓу минатото и сегашноста и ги зближуваат Македонците независно од нивната географска далечина. Тие исто така организираат и донаторски вечери на кои собраните средства ги донираат во родниот крај, како што беше случајот со собраните средства за изградба на камбанаријата на манастирот „Света Марена“, кај Туминец, наведува весникот.
Според истиот извор, значителен број Македонци од Мала Преспа се преселиле во САД по 1991 година, многумина од нив преку американската лотарија, и оваа средба е плод на нивните напори да ги одржат живи македонските обичаи и култура далеку од дома.    

The post Македонците од Мала Преспа во САД ја организираа првата преспанска средба во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>
Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/ Sat, 02 Sep 2023 06:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=678036

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство.

Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка.

Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата.

Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, изјави коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.

Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство.

Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло.

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

The post Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка.
Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.
Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата. Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, изјави коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.
Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство. Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло. Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

The post Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД appeared first on Република.

]]>
Македонци во Америка создаваат рап-музика, Никола и Вукац на патот до светската сцена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makedonci-vo-amerika-sozdavaat-rap-muzika-nikola-i-vukac-na-patot-do-svetskata-scena/ Tue, 19 Apr 2022 18:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=490802

Младиот продуцент Никола Тефов како многу други во нашата земја, така и тој пред неколку години среќата си ја побарал преку океанот, односно Америка од каде успеава да го работи она што за целиот свој живот сонувал.

Никола е млад, но успешен продуцент кој во Америка работи на големи музички проекти…

Во Америка тој се сретнува и со македонскиот рапер Александар Петров – Вукац „Ем-си“, со кого ја продолжуваат нивната соработка.

Тефов е продуцентот na песната и видеото за “I Step On The Gas” изведена од македонскиот рапер Александар Петров АКА Vukac MC и поранешен член на латино бендот „Фуланито“ кој што имаат две Греми номинации, Сем Серати ака SamGotDI. Александар Петров е познат и како Vukac MC.

Како и многу млади во оваа земја во 2011 година тој престанува со музиката поради финансиски причини, но 10 години подоцна тој повторно соработува со Никола Тефов за неговиот “Come Back”. „I Step On The Gas“ беше објавена на сите платформи преку издавачката куќа NT Music на Божиќ, 27 декември. Аудио и видео продуцент е Никола Тефов, познат како NT Beats.

SamGotDI и Vukac MC исто така придонесоа во процесот на пишувањето на песната. Песната беше инспирирана од хип-хоп иконите како Eminem, 50cent, T.I. и Royce Da’ 59. Повеќе песни и проекти од двајцата артисти се на хоризонтот, како и позначајни соработки со индустриски гиганти.

Но покрај тоа што песната е на Англиски јазик, Македонија им е сеуште во срцава, и за тоа при крај на песната ќе можете да го видете Македонското знаме so шеснаесет-зраци.

Дополнително, ако сакате да го поддржите Vukac MC, дефинитивно треба да отидете и да се подновете со новата облека од неговата продавница www.VukacMcStore.com.

https://www.youtube.com/watch?v=KFkuW3vd8mE

The post Македонци во Америка создаваат рап-музика, Никола и Вукац на патот до светската сцена appeared first on Република.

]]>

Младиот продуцент Никола Тефов како многу други во нашата земја, така и тој пред неколку години среќата си ја побарал преку океанот, односно Америка од каде успеава да го работи она што за целиот свој живот сонувал. Никола е млад, но успешен продуцент кој во Америка работи на големи музички проекти… Во Америка тој се сретнува и со македонскиот рапер Александар Петров – Вукац „Ем-си“, со кого ја продолжуваат нивната соработка. Тефов е продуцентот na песната и видеото за “I Step On The Gas” изведена од македонскиот рапер Александар Петров АКА Vukac MC и поранешен член на латино бендот „Фуланито“ кој што имаат две Греми номинации, Сем Серати ака SamGotDI. Александар Петров е познат и како Vukac MC. Како и многу млади во оваа земја во 2011 година тој престанува со музиката поради финансиски причини, но 10 години подоцна тој повторно соработува со Никола Тефов за неговиот “Come Back”. „I Step On The Gas“ беше објавена на сите платформи преку издавачката куќа NT Music на Божиќ, 27 декември. Аудио и видео продуцент е Никола Тефов, познат како NT Beats. SamGotDI и Vukac MC исто така придонесоа во процесот на пишувањето на песната. Песната беше инспирирана од хип-хоп иконите како Eminem, 50cent, T.I. и Royce Da’ 59. Повеќе песни и проекти од двајцата артисти се на хоризонтот, како и позначајни соработки со индустриски гиганти. Но покрај тоа што песната е на Англиски јазик, Македонија им е сеуште во срцава, и за тоа при крај на песната ќе можете да го видете Македонското знаме so шеснаесет-зраци. Дополнително, ако сакате да го поддржите Vukac MC, дефинитивно треба да отидете и да се подновете со новата облека од неговата продавница www.VukacMcStore.com. https://www.youtube.com/watch?v=KFkuW3vd8mE

The post Македонци во Америка создаваат рап-музика, Никола и Вукац на патот до светската сцена appeared first on Република.

]]>