македонци во албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-vo-albanija/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 14:26:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонци во албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-vo-albanija/ 32 32 Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkovi-vo-germanija-na-vrabotenite-vo-avtomobilskata-industrija-i-golemite-pretprijatija/ Thu, 31 Oct 2024 16:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=832655

Во повеќе градови низ Германија се одржуваат штрајкови на работниците од металуршката и електроиндустријата, организирани од синдикатот „ИГ метал“. На протестите учествуваат и работниците на автопроизводителите „Фолксваген“ и „БМВ“.

Според германските медиуми, околу 250 работници на „Фолксваген“ штрајкуваа во Оснабрик, Долна Саксонија, каде што се наоѓа фабриката на Фолксваген која е под закана од затворање.

https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/

Во Регенсбург, Баварија, штрајкувачите истакнаа транспаренти со нивните барања пред фабриката на „БМВ“. Демонстрантите планираат да го сторат истото во фабриката на „Ауди“ во блискиот Инголштад.

Исто така, околу 200 вработени во компанијата за батерии Клариос однесоа факели и знамиња на синдикатот на улиците на Хановер во Долна Саксонија. Во истиот регион во градот Хилдесхајм, околу 400 вработени во „Јенсен ГмбХ“, „КСМ Кастингс груп“, „Роберт Бош“, „Вагонбау Граф“ и „ЗФ ЦВ Системс“ Хановер останаа без работа.

The post Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија appeared first on Република.

]]>

Во повеќе градови низ Германија се одржуваат штрајкови на работниците од металуршката и електроиндустријата, организирани од синдикатот „ИГ метал“. На протестите учествуваат и работниците на автопроизводителите „Фолксваген“ и „БМВ“. Според германските медиуми, околу 250 работници на „Фолксваген“ штрајкуваа во Оснабрик, Долна Саксонија, каде што се наоѓа фабриката на Фолксваген која е под закана од затворање. https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/ Во Регенсбург, Баварија, штрајкувачите истакнаа транспаренти со нивните барања пред фабриката на „БМВ“. Демонстрантите планираат да го сторат истото во фабриката на „Ауди“ во блискиот Инголштад. Исто така, околу 200 вработени во компанијата за батерии Клариос однесоа факели и знамиња на синдикатот на улиците на Хановер во Долна Саксонија. Во истиот регион во градот Хилдесхајм, околу 400 вработени во „Јенсен ГмбХ“, „КСМ Кастингс груп“, „Роберт Бош“, „Вагонбау Граф“ и „ЗФ ЦВ Системс“ Хановер останаа без работа.

The post Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија appeared first on Република.

]]>
Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vistinata-na-videlina-za-izmislenite-bugari-vo-albanija/ Thu, 31 Oct 2024 07:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=832595

Македонскиот весник „Илинден" во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“.

Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес, стои во написот.

Се потсетува дека уште пожестока била реакцијата кога со инженериг биле „избројани“ 7057 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението.

Констатира дека таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските „европејци“.

Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат, на повторните избори за Народното собрание во Бугарија. Имено, како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија, продолжува написот.

Се нагласува дека при тоа „во Албанија за гласање на изборите од 27.10.2024 година се пријавиле сe на сe само 174 лица".

Според весникот листата на гласачи, според информациите од Централната изборна комисија во Елбасан се 69, во Корча 48, Кукс 52 и Тирана (Посолство) само 5.

Дополнително, надвор од Протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица, со што вкупно гласале 329 лица.

Според весникот, ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови кои навреме не биле пријавени.

Во написот се констатира дека само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка.

Фактот што во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада прашањето е каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Или, дали ни со инженеринг не можеа да се вметнат повеќе „Бугари“ гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?, се прашува авторот.

The post Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот весник „Илинден" во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“.
Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес, стои во написот.
Се потсетува дека уште пожестока била реакцијата кога со инженериг биле „избројани“ 7057 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението. Констатира дека таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските „европејци“.
Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат, на повторните избори за Народното собрание во Бугарија. Имено, како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија, продолжува написот.
Се нагласува дека при тоа „во Албанија за гласање на изборите од 27.10.2024 година се пријавиле сe на сe само 174 лица". Според весникот листата на гласачи, според информациите од Централната изборна комисија во Елбасан се 69, во Корча 48, Кукс 52 и Тирана (Посолство) само 5. Дополнително, надвор од Протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица, со што вкупно гласале 329 лица. Според весникот, ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови кои навреме не биле пријавени. Во написот се констатира дека само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка.
Фактот што во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада прашањето е каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Или, дали ни со инженеринг не можеа да се вметнат повеќе „Бугари“ гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?, се прашува авторот.

The post Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“: Бугарската политика кон Македонците треба да ја запрат институциите на Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-bugarskata-politika-kon-makedontsite-treba-da-ja-zaprat-institutsiite-na-albanija/ Tue, 17 Sep 2024 20:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=817214

Не стивнуваат реакциите од македонските друштва по донацијата на фондацијата „Бугарска меморија“ за Општина Пустец, која се состоеше од модуларна амбуланта за селото Глобочани, клупи за седење за селските населби, како и копир апарати и печатачи за општинската администрација.

Заеднички именител на острите реакции е дека тоа не е со „добронамерна цел, туку продолжување на бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Република Албанија“.

По друштвото Преспа и партијата Македонска алијанса за европска интеграција денеска остро реагираше и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана.

Ваквата наша реакција се темели на антимакедонската пропаганда за оваа наводна фондација која непречено ја шири својата пропаганда во регионите каде што живеат Македонците во Република Албанија. За жал, покрај бугарскиот амбасадор воТирана, Ивајло Киров и Софика Мале претставник на фондацијата „Бугарска меморија“ за Албанија, присуствувал и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, кој според фотографиите е видно расположен, стои во реакцијата.

Според друштвото, Колефски му врачил специјално изработена плакета на „негаторот на македонската нација, Милен Врабевски, претседател на фондацијата“.

Управата на Општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда, пречекувајќи ги бугарските претставници кои со материјална помош за Општината Пустец, во областа Мала Преспа, се обидуваат да го одродат македонското население и да го прикажат како Бугари во Република Албанија, стои понатаму во реакцијата.

Во соопштението се додава дека очигледно, само на градоначалникот Колефски „не му е јасна оваа антимакедонска мисија на бугарските фондации, а не подобрувањето на благосостојбата на жителите“.

Како Македонци и заштитници на македонскиот национален идентитет во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет и македонското културно наследство, бара друштвото.

Оттаму наведуваат дека е недозволиво Македонците во Република Албанија да бидат изложени на манипулации и притисоци од фондации со скриени политички мотиви.

Сите донации што се наменети за подобрување на животот на Македонците се добредојдени, но никогаш нема да прифатиме тие да бидат користени за промовирање на лажни наративи. Време е албанската Влада да го зајакне своето присуство и инвестиции во регионите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник населени со Македонци, како јасен сигнал дека Македонците во Република Албанија се дел од државата и дека нивните права и идентитет ќе бидат заштитени и гарантирани. Свесни сме и за тоа дека бугарската агресивност кон нас Македонците, кои не сакаме да газиме по сопственото македонско чувство, треба да ја запрат само институциите на државата во која живееме, Република Албанија, посочува друштвото.

Во реакцијата се потенцира дека Македонците во Република Албанија, не сакаат да поверуваат дека ваквите притисоци врз нив од страна на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров ќе поминат без реакција од страна на албанската власт.

Ваквите антимакедонски атакувања врз нас како Македонци треба да бидат наш последен крик кон институциите за заштита на македонското малцинство во Албанија. Воедно, очекуваме реакција и од меѓународната заедница кон својата членка, Бугарија, поради нарушување на нашето основно човеково право да се декларираме како Македонци, стои во реакцијата на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

The post МД „Илинден“: Бугарската политика кон Македонците треба да ја запрат институциите на Албанија appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите од македонските друштва по донацијата на фондацијата „Бугарска меморија“ за Општина Пустец, која се состоеше од модуларна амбуланта за селото Глобочани, клупи за седење за селските населби, како и копир апарати и печатачи за општинската администрација. Заеднички именител на острите реакции е дека тоа не е со „добронамерна цел, туку продолжување на бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Република Албанија“. По друштвото Преспа и партијата Македонска алијанса за европска интеграција денеска остро реагираше и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана.
Ваквата наша реакција се темели на антимакедонската пропаганда за оваа наводна фондација која непречено ја шири својата пропаганда во регионите каде што живеат Македонците во Република Албанија. За жал, покрај бугарскиот амбасадор воТирана, Ивајло Киров и Софика Мале претставник на фондацијата „Бугарска меморија“ за Албанија, присуствувал и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, кој според фотографиите е видно расположен, стои во реакцијата.
Според друштвото, Колефски му врачил специјално изработена плакета на „негаторот на македонската нација, Милен Врабевски, претседател на фондацијата“.
Управата на Општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда, пречекувајќи ги бугарските претставници кои со материјална помош за Општината Пустец, во областа Мала Преспа, се обидуваат да го одродат македонското население и да го прикажат како Бугари во Република Албанија, стои понатаму во реакцијата.
Во соопштението се додава дека очигледно, само на градоначалникот Колефски „не му е јасна оваа антимакедонска мисија на бугарските фондации, а не подобрувањето на благосостојбата на жителите“.
Како Македонци и заштитници на македонскиот национален идентитет во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет и македонското културно наследство, бара друштвото.
Оттаму наведуваат дека е недозволиво Македонците во Република Албанија да бидат изложени на манипулации и притисоци од фондации со скриени политички мотиви.
Сите донации што се наменети за подобрување на животот на Македонците се добредојдени, но никогаш нема да прифатиме тие да бидат користени за промовирање на лажни наративи. Време е албанската Влада да го зајакне своето присуство и инвестиции во регионите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник населени со Македонци, како јасен сигнал дека Македонците во Република Албанија се дел од државата и дека нивните права и идентитет ќе бидат заштитени и гарантирани. Свесни сме и за тоа дека бугарската агресивност кон нас Македонците, кои не сакаме да газиме по сопственото македонско чувство, треба да ја запрат само институциите на државата во која живееме, Република Албанија, посочува друштвото.
Во реакцијата се потенцира дека Македонците во Република Албанија, не сакаат да поверуваат дека ваквите притисоци врз нив од страна на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров ќе поминат без реакција од страна на албанската власт.
Ваквите антимакедонски атакувања врз нас како Македонци треба да бидат наш последен крик кон институциите за заштита на македонското малцинство во Албанија. Воедно, очекуваме реакција и од меѓународната заедница кон својата членка, Бугарија, поради нарушување на нашето основно човеково право да се декларираме како Македонци, стои во реакцијата на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

The post МД „Илинден“: Бугарската политика кон Македонците треба да ја запрат институциите на Албанија appeared first on Република.

]]>
Стерјовски од Трново: Илинден е симбол на нашиот колективен дух https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-od-trnovo-ilinden-e-simbol-na-nashiot-kolektiven-duh/ Fri, 02 Aug 2024 15:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=802864

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и претседател на друштвото „Сонце“ Васил Стерјовски, присуствуваше и на 53. Семакедонска средба во Трново, каде што традиционално престојува секој Илинден.

-Илинден е симбол на нашиот колективен дух, доказ за нашата посветеност на слободата и олицетворение на нашето културно наследство. Токму на овој ден, пред повеќе од еден век, нашите предци ги поттикнаа ветровите на бунтот, сонувајќи за татковина во која слободата не беше привилегија, туку основно право. Иако востанието беше брутално задушено, духот на Илинден остана жив и продолжи да гори како светилник на нашиот национален идентитет, рече во обраќањето пред присутните.

Порача дека Илинден има посебно значење и за Македонците во Албанија, додавајќи дека македонските села во Албанија активно учествувале во подготовките за општомакедонското востание, а и во „Втората светска војна, Македонците од Албанија се приклучиле на партизанските движења и помогнале во ослободувањето на Македонија и Албанија од наци-фашизмот“.

Потсети уште еднаш дека МАЕИ ги отфрла прелиминарните пописни резултати од пописот одржан во Албанија мината година, поради фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на Бугарија пред и за време на пописот на населението во Албанија.

-И покрај постојаното алармирање пред јавноста и институциите на власта на Албанија во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, изразуваме жалење поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што од Албанската влада не презедоа мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, рече тој.

Не само Македонците и другите малцинства во Албанија, нагласи, не ги прифаќаат пописните резултати и бараат нов попис на населението, во согласност со меѓународните стандарди заради манипулација со бројките на малцинства.

-Ние, Македонците во Албанија, сме лојални граѓани кои придонесуваме за просперитетот на Албанија, додека истовремено го чуваме и негуваме нашето македонско наследство. Во ова време на евроатлантски интеграции, важно е да се осигура дека правата и идентитетот на Македонците во Албанија ќе бидат заштитени и почитувани. Не смееме да дозволиме обиди за асимилација и денационализација да го поткопаат нашиот идентитет и културно наследство, порача тој.

Илинден, рече, не учи да застанеме цврсто, да ги браниме нашите права и да го чуваме нашето наследство.

-Ние, Македонците во Албанија сме нераскинлив дел од македонската нација, без разлика на границите. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден! Да живее македонскиот народ, посака Стерјовски завршувајќи го обраќањето во Трново, каде предводеше делегација на МАЕИ.

The post Стерјовски од Трново: Илинден е симбол на нашиот колективен дух appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и претседател на друштвото „Сонце“ Васил Стерјовски, присуствуваше и на 53. Семакедонска средба во Трново, каде што традиционално престојува секој Илинден. -Илинден е симбол на нашиот колективен дух, доказ за нашата посветеност на слободата и олицетворение на нашето културно наследство. Токму на овој ден, пред повеќе од еден век, нашите предци ги поттикнаа ветровите на бунтот, сонувајќи за татковина во која слободата не беше привилегија, туку основно право. Иако востанието беше брутално задушено, духот на Илинден остана жив и продолжи да гори како светилник на нашиот национален идентитет, рече во обраќањето пред присутните. Порача дека Илинден има посебно значење и за Македонците во Албанија, додавајќи дека македонските села во Албанија активно учествувале во подготовките за општомакедонското востание, а и во „Втората светска војна, Македонците од Албанија се приклучиле на партизанските движења и помогнале во ослободувањето на Македонија и Албанија од наци-фашизмот“. Потсети уште еднаш дека МАЕИ ги отфрла прелиминарните пописни резултати од пописот одржан во Албанија мината година, поради фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на Бугарија пред и за време на пописот на населението во Албанија. -И покрај постојаното алармирање пред јавноста и институциите на власта на Албанија во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, изразуваме жалење поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што од Албанската влада не презедоа мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, рече тој. Не само Македонците и другите малцинства во Албанија, нагласи, не ги прифаќаат пописните резултати и бараат нов попис на населението, во согласност со меѓународните стандарди заради манипулација со бројките на малцинства. -Ние, Македонците во Албанија, сме лојални граѓани кои придонесуваме за просперитетот на Албанија, додека истовремено го чуваме и негуваме нашето македонско наследство. Во ова време на евроатлантски интеграции, важно е да се осигура дека правата и идентитетот на Македонците во Албанија ќе бидат заштитени и почитувани. Не смееме да дозволиме обиди за асимилација и денационализација да го поткопаат нашиот идентитет и културно наследство, порача тој. Илинден, рече, не учи да застанеме цврсто, да ги браниме нашите права и да го чуваме нашето наследство. -Ние, Македонците во Албанија сме нераскинлив дел од македонската нација, без разлика на границите. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден! Да живее македонскиот народ, посака Стерјовски завршувајќи го обраќањето во Трново, каде предводеше делегација на МАЕИ.

The post Стерјовски од Трново: Илинден е симбол на нашиот колективен дух appeared first on Република.

]]>
Илинденска средба во Требиште, Темелко повика на семакедонско обединување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ilindenska-sredba-vo-trebishte-temelko-povika-na-semakedonsko-obedinuvane/ Fri, 02 Aug 2024 14:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=802818

Во организација на македонското друштво „Мост“ - Голо Брдо, поддржано од друштвото „Преспа“ денеска беше одржана илинденска средба во селото Требиште.

Ова се случува по седум години, до кога беше традиционална и се одржуваше секоја година на празникот Илинден.

На средбата присуствува голем број Македонци од Голо Брдо, од Пустец и други делови кои на почетокот ги поздрави претседателот на друштвото „Мост“ Бесник Хасани, кој изрази големо задоволство од обновувањето на традицијата и честитајќи го големиот празник.

Пред присутните се обрати и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, поранешен градоначалник на Пустец и експретседател на единствената македонска партија, МАЕИ, кој меѓу другото повика на обединување на Македонците во борбата за остварување на правата во Албанија.

Повикувам на семакедонско помирување и обединување зашто посилни сме заедно во борбата за остварување на нашите легитимни права, како и одбрана од бугарската пропаганда и обидите на Софија и бугарската амбасада во Тирана за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија. Повикувам на обединување со длабока анализа, за пропустите и слабостите на МАЕИ како носител на македонските процеси во Албанија, да се реорганизира Партијата на вонреден конгрес и заедно да продолжиме, да направиме силна партија која ќе биде конкурентна на политичките процеси во Албанија а не како досега како приврзок на еден партија, Социјалистичка партија, рече Темелко.

Потсетувајќи, како што рече, на „болната историја на поделба на Македонија“, посочи дека „денеска постои државата Македонија, носител на државноста во неа е македонскиот народ. Македонците останаа да живеат во Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово“.

Денеска бараме унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. Затоа што Македонците заедно со албанските партизани, се бореа за ослободување на Албанија. Македонците се вградија во темелите на државноста на Албанија. Во Албанија од 1990 година, после падот на режимот на Енвер Хоџа, почнавме борба за права и слободи. Формиравме македонско здружение, друштвото „Преспа“ , почнавме со формирање на македонски здруженија во Врбник, Голо Брдо и Гора. Формиравме Македонска заедница во која се обединија македонските здруженија. И, крајно, формиравме Македонска партија - Македонска алијанса за европска интеграција, чиј прв лидер бев, наведе тој.

До 2019 година до кога бев на чело на МАЕИ, ја „освоивме власта во општина Пустец, ја вративме македонската топонимија, сообраќајните знаци ги напишавме и на македонски јазик, имавме советници во многу општини низ Албанија а по некоја случајност добивме и пратеник во Собранието на Албанија“.

Меѓутоа, браќа и сестри, слободата не е еднаш засекогаш дадена. За неа треба да се бориме и да се избориме. Ние сме Македонци по потекло, ние сме лојални албански државјани, ја почитуваме државата Албанија, но и натаму ќе се бориме за човековите и граѓански права и слободи на Македонците. За многу години празникот Илинден! Да сте здрави и живе сите. Поздрав и честитки до сите Македонци каде и да се во светот, порача Темелко.

Тој повтори дека Македонците не ги признаваат пописните резултати во Албанија а искажа и голема благодарност до македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која на средбата со претставниците на македонските друштва изрази уверување дека Македонија ќе се грижи за унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија.

Средбата беше збогатена со македонски песни а се виореше и оро, за што покрај другите се погрижи и доајенот на македонската песна Круме Спасовски.

The post Илинденска средба во Требиште, Темелко повика на семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>

Во организација на македонското друштво „Мост“ - Голо Брдо, поддржано од друштвото „Преспа“ денеска беше одржана илинденска средба во селото Требиште. Ова се случува по седум години, до кога беше традиционална и се одржуваше секоја година на празникот Илинден. На средбата присуствува голем број Македонци од Голо Брдо, од Пустец и други делови кои на почетокот ги поздрави претседателот на друштвото „Мост“ Бесник Хасани, кој изрази големо задоволство од обновувањето на традицијата и честитајќи го големиот празник. Пред присутните се обрати и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, поранешен градоначалник на Пустец и експретседател на единствената македонска партија, МАЕИ, кој меѓу другото повика на обединување на Македонците во борбата за остварување на правата во Албанија.
Повикувам на семакедонско помирување и обединување зашто посилни сме заедно во борбата за остварување на нашите легитимни права, како и одбрана од бугарската пропаганда и обидите на Софија и бугарската амбасада во Тирана за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија. Повикувам на обединување со длабока анализа, за пропустите и слабостите на МАЕИ како носител на македонските процеси во Албанија, да се реорганизира Партијата на вонреден конгрес и заедно да продолжиме, да направиме силна партија која ќе биде конкурентна на политичките процеси во Албанија а не како досега како приврзок на еден партија, Социјалистичка партија, рече Темелко.
Потсетувајќи, како што рече, на „болната историја на поделба на Македонија“, посочи дека „денеска постои државата Македонија, носител на државноста во неа е македонскиот народ. Македонците останаа да живеат во Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово“.
Денеска бараме унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. Затоа што Македонците заедно со албанските партизани, се бореа за ослободување на Албанија. Македонците се вградија во темелите на државноста на Албанија. Во Албанија од 1990 година, после падот на режимот на Енвер Хоџа, почнавме борба за права и слободи. Формиравме македонско здружение, друштвото „Преспа“ , почнавме со формирање на македонски здруженија во Врбник, Голо Брдо и Гора. Формиравме Македонска заедница во која се обединија македонските здруженија. И, крајно, формиравме Македонска партија - Македонска алијанса за европска интеграција, чиј прв лидер бев, наведе тој.
До 2019 година до кога бев на чело на МАЕИ, ја „освоивме власта во општина Пустец, ја вративме македонската топонимија, сообраќајните знаци ги напишавме и на македонски јазик, имавме советници во многу општини низ Албанија а по некоја случајност добивме и пратеник во Собранието на Албанија“.
Меѓутоа, браќа и сестри, слободата не е еднаш засекогаш дадена. За неа треба да се бориме и да се избориме. Ние сме Македонци по потекло, ние сме лојални албански државјани, ја почитуваме државата Албанија, но и натаму ќе се бориме за човековите и граѓански права и слободи на Македонците. За многу години празникот Илинден! Да сте здрави и живе сите. Поздрав и честитки до сите Македонци каде и да се во светот, порача Темелко.
Тој повтори дека Македонците не ги признаваат пописните резултати во Албанија а искажа и голема благодарност до македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која на средбата со претставниците на македонските друштва изрази уверување дека Македонија ќе се грижи за унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија. Средбата беше збогатена со македонски песни а се виореше и оро, за што покрај другите се погрижи и доајенот на македонската песна Круме Спасовски.

The post Илинденска средба во Требиште, Темелко повика на семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>
Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-albanija-prechekani-vo-vila-biljana/ Sat, 20 Jul 2024 18:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=798813

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнале со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата.

Од МНР соопштија дека на средбата станало збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за справување со предизвиците со кои се соочуваат.

Беше отворено и прашањето за неодамнешниот попис во Албанија чии податоци не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Притоа, беше истакнато дека земјава ќе ги преземе сите неопходни чекори за надминување на оваа состојба, како и соодветна заштита на правата на Македонците во Албанија, се вели во соопштението и се додава дека било разговарано за потребата од зајакнување на соработката и релациите со Македонците од Албанија, конкретно во економската, образовната и културната област.

Министерот Муцунски на средбата нагласил дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работат за унапредување и заштита на интересите на македонското национално малцинство што претставува мост на поврзување меѓу двете земји.

The post Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнале со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата. Од МНР соопштија дека на средбата станало збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за справување со предизвиците со кои се соочуваат.
Беше отворено и прашањето за неодамнешниот попис во Албанија чии податоци не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Притоа, беше истакнато дека земјава ќе ги преземе сите неопходни чекори за надминување на оваа состојба, како и соодветна заштита на правата на Македонците во Албанија, се вели во соопштението и се додава дека било разговарано за потребата од зајакнување на соработката и релациите со Македонците од Албанија, конкретно во економската, образовната и културната област.
Министерот Муцунски на средбата нагласил дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работат за унапредување и заштита на интересите на македонското национално малцинство што претставува мост на поврзување меѓу двете земји.

The post Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана appeared first on Република.

]]>
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/simovski-imashe-jaki-pritisotsi-na-bugarija-pred-popisot-vo-albanija/ Sun, 07 Jul 2024 14:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=794284

Интензивните активности на Бугарија придонесоа дел од населението во Албанија на пописот да се изјаснат како Бугари, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

На пописот во Албанија бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонците, кои се околу 2 300. Ако се земат предвид резултатите од претходниот попис, во 2011 година имало околу 5 500 Македонци.

Во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам, многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство, кои, за жал, од економски причини, а пред сѐ поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа, не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок, вели Симовски.

Македонското МНР го повика амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски, на консултации откако излегоа податоците од пописот во западниот сосед бидејќи МНР оцени дека тие не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци.

The post Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>

Интензивните активности на Бугарија придонесоа дел од населението во Албанија на пописот да се изјаснат како Бугари, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. На пописот во Албанија бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонците, кои се околу 2 300. Ако се земат предвид резултатите од претходниот попис, во 2011 година имало околу 5 500 Македонци.
Во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам, многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство, кои, за жал, од економски причини, а пред сѐ поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа, не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок, вели Симовски.
Македонското МНР го повика амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски, на консултации откако излегоа податоците од пописот во западниот сосед бидејќи МНР оцени дека тие не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци.

The post Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за резултатите од пописот во Албанија: Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-rezultatite-od-popisot-vo-albanija-vladata-na-sdsm-i-dui-ostavija-prazen-prostor-za-tuga-propaganda/ Thu, 04 Jul 2024 10:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=793376

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми коментирајќи ги резултатите од пописот во Албанија, истакна дека претходната влада на СДСМ и ДУИ оставила празен простор за туѓа пропаганда.

Тие само го користат просторот што го остави македонската влада и претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. Јас ги читам оние комични соопштенија што доаѓаат од СДСМ и навистина не можам да се изначудам на тоа што го кажуваат таму. Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границите, не само во соседството, туку насекаде во светот. Жалам што тоа се случува, но виновникот има име и презиме а тоа е владата на СДСМ и ДУИ. Бугарската Влада со својата пропаганда само го користи празниот простор којшто тие им го оставија, рече Мицкоски.

Toj рече оти имаат сериозна амбиција и не само тој простор таму, туку и насекаде во соседството, па и во светот, да се грижат за нашинците насекаде во светот, вклучително и за Македонците во Албанија, и најави дека многу скоро ќе ги посети.

Многу наскоро јас би сакал да ги посетам и ќе појдам да ги посетам и да поразговарам. Сакам да ја вратам довербата, во корените во нивната антропологија македонска, македонскиот јазик и сите оние атрибути коишто доаѓаат со идентитетот, којшто тие гордо го чуваат, и јас сум горд што имаме такви наши браќа и сестри од другата страна на границата, а ние како држава ќе сториме се да ги заштитиме и да ги заштитиме нивните вековни домови и нивниот идентитет, истакна Мицкоски.

Според него, таа асимилаторска политика, како што кажа, од страна на нашиот источен сосед не е само кај Македонците.

Ако ги видите бројките, ќе видите дека таа зафаќа голем дел и од останатите граѓани во Албанија. Тоа е нешто коешто мислам дека треба посериозно да се анализира. И сега се поставува прашањето бидејќи во Албанија има речиси трипати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и од Албанија ќе имаме услов да тие бидат во преамбулата на Албанија или нема да бидат. И прашањето е дали и за нив ќе важи тој услов или само за нас ќе важи. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата, и не ја сфаќам логиката зошто за нас би важело, а за таму каде што ги има трипати повеќе да не важи. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања, рече Мицкоски.

Според последниот попис во Албанија од 2023, во таа држава живеат 2.281 Македонец. Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин. Македонското МНР викендов излезе со реакција дека прелиминарните резултати од Пописот одржан во Албанија во 2023 година не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Министерството го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес. - Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, беше наведено во соопштението на МНР во понеделникот.

По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, завчера реагираше директорката на Институтот за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам. Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и домаќинствата, во согласност со новите меѓународни препораки и стандарди“.

The post Мицкоски за резултатите од пописот во Албанија: Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми коментирајќи ги резултатите од пописот во Албанија, истакна дека претходната влада на СДСМ и ДУИ оставила празен простор за туѓа пропаганда.
Тие само го користат просторот што го остави македонската влада и претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. Јас ги читам оние комични соопштенија што доаѓаат од СДСМ и навистина не можам да се изначудам на тоа што го кажуваат таму. Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границите, не само во соседството, туку насекаде во светот. Жалам што тоа се случува, но виновникот има име и презиме а тоа е владата на СДСМ и ДУИ. Бугарската Влада со својата пропаганда само го користи празниот простор којшто тие им го оставија, рече Мицкоски.
Toj рече оти имаат сериозна амбиција и не само тој простор таму, туку и насекаде во соседството, па и во светот, да се грижат за нашинците насекаде во светот, вклучително и за Македонците во Албанија, и најави дека многу скоро ќе ги посети.
Многу наскоро јас би сакал да ги посетам и ќе појдам да ги посетам и да поразговарам. Сакам да ја вратам довербата, во корените во нивната антропологија македонска, македонскиот јазик и сите оние атрибути коишто доаѓаат со идентитетот, којшто тие гордо го чуваат, и јас сум горд што имаме такви наши браќа и сестри од другата страна на границата, а ние како држава ќе сториме се да ги заштитиме и да ги заштитиме нивните вековни домови и нивниот идентитет, истакна Мицкоски.
Според него, таа асимилаторска политика, како што кажа, од страна на нашиот источен сосед не е само кај Македонците.
Ако ги видите бројките, ќе видите дека таа зафаќа голем дел и од останатите граѓани во Албанија. Тоа е нешто коешто мислам дека треба посериозно да се анализира. И сега се поставува прашањето бидејќи во Албанија има речиси трипати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и од Албанија ќе имаме услов да тие бидат во преамбулата на Албанија или нема да бидат. И прашањето е дали и за нив ќе важи тој услов или само за нас ќе важи. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата, и не ја сфаќам логиката зошто за нас би важело, а за таму каде што ги има трипати повеќе да не важи. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања, рече Мицкоски.
Според последниот попис во Албанија од 2023, во таа држава живеат 2.281 Македонец. Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин. Македонското МНР викендов излезе со реакција дека прелиминарните резултати од Пописот одржан во Албанија во 2023 година не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Министерството го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес. - Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, беше наведено во соопштението на МНР во понеделникот. По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, завчера реагираше директорката на Институтот за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам. Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и домаќинствата, во согласност со новите меѓународни препораки и стандарди“.

The post Мицкоски за резултатите од пописот во Албанија: Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда appeared first on Република.

]]>
Македонците во Албанија не ги признаваат резултатите од пописот, МНР ќе го повика амбасадорот Марковски на консултации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-albanija-ne-gi-priznavaat-rezultatite-od-popisot-mnr-ke-go-povika-ambasadorot-markovski-na-konsultatsii/ Sun, 30 Jun 2024 07:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=791996

Прелиминарните резултати од Пописот одржан во Албанија во 2023 година не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата, реагираше Министерството за надворешни работи и најави дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес. Остри реакции стигнаа и од најстарата македонска организација во Албанија „Друштво Преспа“, Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, како и Партија на слободата за Мала Преспа, кои обвинија за груб пописен фалсификат.

Министерството за надворешни работи на Македонија, вчера соопшти дека со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница.

Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои што за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Дополнително, Министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница, стои во реакцијата на МНР.

Македонскиот дипломатски синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска обвини дека против тројца дипломати се водат дисциплински постапки поради тоа што имале настап на трибина п

Министерството воедно најави дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.

Министерството во претстојниот период интензивно ќе соработува со надлежните претставници на властите во Република Албанија и со претставниците на Македонската заедница во Република Албанија во насока на нивна културна и социјална промоција во рамките на албанското општество, што за жал и повеќе од очигледно било целосно запоставено од страна на претходната политичка гарнитура во нашата држава. Сите отворени прашања меѓу две соседни држави треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно разбирање и почитување на правилата, принципите и вредностите на меѓународниот правен поредок, стои во соопштението од МНР.

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, претходно соопшти дека ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и „Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана „најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско“, во однос на реализирањето бес

Друштво Преспа изразува загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат 2.281 „Северномакедонци“, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата „Cеверна Македонија“, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, туку за домородно македонско население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија, стои во реакцијата на Друштвото.

Тие, како што наведуваат, за груб пописен фалсификат ја сметаат објавената бројка од 7.957 „Бугари“ во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. Опстојуваат на тврдењето дека „во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1912 до 2023 година, не постои макар еден „Бугарин“ на целата територија на Албанија.

Воедно, од Друшвото упатуваат протест до Претседателот, Собранието и Владата на Албанија, бидејќи, како што посочуваат, подлегнале на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впиши „Бугари“ во Законот за националните малцинства и доколку не декларира „Бугари“ на последниот попис на населението

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, исто така, остро реагираше по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, упатија честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ - ОА г.г. С

Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме  за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните формулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија, стои во реакцијата.

Се додава дека „овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив“.

Во име на Македонците во Република Албанија не само што не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија, нагласуваат од „Илинден“.

Исто така, друштвото бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија.

Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, вчера на презентирањето на пописните резултати од ИНСТАТ, демонстративно ја напуштиле салата откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стоело име на државата Cеверна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.

Во однос на пописните резултати што ги соопопшти албанскиот Институт за статистика, остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани, порачувајќи дека не ги признаваат и ја повикаа „европската заедница да спороведе суштинска проверка на нелигитимниот попис и веднаш да реагира“.

Во однос на пописните резултати што денеска ги соопопшти албанскиот Институт за статистика, остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани,

Пописот не го признаваме, бараме повторување на истиот каде што доминантно е македонското малцинство, со меѓународна строга контрола без никакво надворешно мешање. Бугари во Албанија има, ама само во конзуларните претставништва - пописот нема никаква релевантна основа за состојбата на терен, револтирано изјави Јани.

Тој додава дека во Република Албанија не живеат никакви Бугари и нагласува дека „единствени Бугари се само назначените функционери во Бугарската амбасада во Тирана, и ова им е јасно на сите, па така и на бугарската држава“.

Посочува дека никогаш порано никој, на сите спроведени пописи во Албанија, не се попишал како Бугарин, но овојпат „околностите под кои се случи пописот дозволија надворешно мешање, агитирање и уцени врз македонското население, се со цел да се попишат како Бугари, а зошто тоа го направија на сите им е јасно“.

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани, бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал. За манипулации со бројките претходно обвини и опозицијата во Албанија, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат.

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за  Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во

Според резултатите од пописот што вчера ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во соседна Албанија живеат 2.281 Македонец.

Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.

Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Првиот попис е спроведен во 1923 година, а претпоследниот  беше во 2011 година. Албанскиот Институтот за статистика ИНСТАТ, во петокот објави дека, врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис Албанија има  2.402.113 милиони жители.

Албанската опозиција, исто така, реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“.

Демократската партија вели дека има манипулација со податоците од пописот и за бројот на населението и за становите. И од крилото на демократите предводено од Љуљзим Баша не веруваат во пописните резултите, нарекувајќи ја ова статистичка операција „деформиран попис“, додавајќи дека „Албанија не заслужува распаѓање, најголем извоз на Рама, заминувањето на Албанците“.За Партијата на слободата на Илир Мета, Рама го купил пописот како гласовите на избори, а денешното објавување на резултатите е едноставно фарса.

The post Македонците во Албанија не ги признаваат резултатите од пописот, МНР ќе го повика амбасадорот Марковски на консултации appeared first on Република.

]]>

Прелиминарните резултати од Пописот одржан во Албанија во 2023 година не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата, реагираше Министерството за надворешни работи и најави дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес. Остри реакции стигнаа и од најстарата македонска организација во Албанија „Друштво Преспа“, Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, како и Партија на слободата за Мала Преспа, кои обвинија за груб пописен фалсификат. Министерството за надворешни работи на Македонија, вчера соопшти дека со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница.
Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои што за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Дополнително, Министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница, стои во реакцијата на МНР.
Македонскиот дипломатски синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска обвини дека против тројца дипломати се водат дисциплински постапки поради тоа што имале настап на трибина п Министерството воедно најави дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.
Министерството во претстојниот период интензивно ќе соработува со надлежните претставници на властите во Република Албанија и со претставниците на Македонската заедница во Република Албанија во насока на нивна културна и социјална промоција во рамките на албанското општество, што за жал и повеќе од очигледно било целосно запоставено од страна на претходната политичка гарнитура во нашата држава. Сите отворени прашања меѓу две соседни држави треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно разбирање и почитување на правилата, принципите и вредностите на меѓународниот правен поредок, стои во соопштението од МНР.
Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, претходно соопшти дека ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и „Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат. Македонското друштво „Илинден“-Тирана „најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско“, во однос на реализирањето бес
Друштво Преспа изразува загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат 2.281 „Северномакедонци“, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата „Cеверна Македонија“, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, туку за домородно македонско население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија, стои во реакцијата на Друштвото.
Тие, како што наведуваат, за груб пописен фалсификат ја сметаат објавената бројка од 7.957 „Бугари“ во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. Опстојуваат на тврдењето дека „во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1912 до 2023 година, не постои макар еден „Бугарин“ на целата територија на Албанија. Воедно, од Друшвото упатуваат протест до Претседателот, Собранието и Владата на Албанија, бидејќи, како што посочуваат, подлегнале на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впиши „Бугари“ во Законот за националните малцинства и доколку не декларира „Бугари“ на последниот попис на населението Македонското друштво „Илинден“-Тирана, исто така, остро реагираше по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија. Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, упатија честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ - ОА г.г. С Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме  за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните формулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија, стои во реакцијата. Се додава дека „овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив“.
Во име на Македонците во Република Албанија не само што не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија, нагласуваат од „Илинден“.
Исто така, друштвото бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија. Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, вчера на презентирањето на пописните резултати од ИНСТАТ, демонстративно ја напуштиле салата откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стоело име на државата Cеверна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик. Во однос на пописните резултати што ги соопопшти албанскиот Институт за статистика, остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани, порачувајќи дека не ги признаваат и ја повикаа „европската заедница да спороведе суштинска проверка на нелигитимниот попис и веднаш да реагира“. Во однос на пописните резултати што денеска ги соопопшти албанскиот Институт за статистика, остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани,
Пописот не го признаваме, бараме повторување на истиот каде што доминантно е македонското малцинство, со меѓународна строга контрола без никакво надворешно мешање. Бугари во Албанија има, ама само во конзуларните претставништва - пописот нема никаква релевантна основа за состојбата на терен, револтирано изјави Јани.
Тој додава дека во Република Албанија не живеат никакви Бугари и нагласува дека „единствени Бугари се само назначените функционери во Бугарската амбасада во Тирана, и ова им е јасно на сите, па така и на бугарската држава“. Посочува дека никогаш порано никој, на сите спроведени пописи во Албанија, не се попишал како Бугарин, но овојпат „околностите под кои се случи пописот дозволија надворешно мешање, агитирање и уцени врз македонското население, се со цел да се попишат како Бугари, а зошто тоа го направија на сите им е јасно“. Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани, бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал. За манипулации со бројките претходно обвини и опозицијата во Албанија, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат. Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за  Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Според резултатите од пописот што вчера ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во соседна Албанија живеат 2.281 Македонец. Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин. Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат. Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Првиот попис е спроведен во 1923 година, а претпоследниот  беше во 2011 година. Албанскиот Институтот за статистика ИНСТАТ, во петокот објави дека, врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис Албанија има  2.402.113 милиони жители. Албанската опозиција, исто така, реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“. Демократската партија вели дека има манипулација со податоците од пописот и за бројот на населението и за становите. И од крилото на демократите предводено од Љуљзим Баша не веруваат во пописните резултите, нарекувајќи ја ова статистичка операција „деформиран попис“, додавајќи дека „Албанија не заслужува распаѓање, најголем извоз на Рама, заминувањето на Албанците“.За Партијата на слободата на Илир Мета, Рама го купил пописот како гласовите на избори, а денешното објавување на резултатите е едноставно фарса.

The post Македонците во Албанија не ги признаваат резултатите од пописот, МНР ќе го повика амбасадорот Марковски на консултации appeared first on Република.

]]>
Васил Стерјовски разговарал со европратеникот Алфонси за проблемите на Македонците во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasil-sterjovski-razgovaral-so-evropratenikot-alfonsi-za-problemite-na-makedontsite-vo-albanija/ Fri, 08 Mar 2024 17:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=752780

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, информира дека во Брисел остварил средба со европратеникот Франсоа Алфонси, кој е „клучна фигура во застапувањето за правата на малцинствата и ценет копретседавач на Интергрупата за малцинствата во Европскиот парламент“.

Нашиот разговор се фокусираше на моменталната состојба на македонското малцинство во Албанија. Имав чест да го запознам со посебниот извештај подготвен од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, за неодамнешниот попис во Албанија, спроведен во октомври 2023 година и мешањето на Бугарија за време на пописот. Средбата е значаен чекор кон градење на меѓусебно разбирање, напиша Стерјовски во објава на „Фејсбук“.

Тој додава дека разговарале и за различните патишта за соработка и поддршка, фокусирајќи се на унапредувањето на правата на малцинствата и застапеноста во Европа.

Стерјовски, кој ја предводи партиската делегација, се сретнал и со европратеничката Ана Миранда.

Имав честа да се сретнам со европратеничката Ана Миранда. Таа е исклучителен застапник за правата на малцинствата во Европскиот парламент и нејзината поддршка и посветеност кон оваа кауза е навистина инспиративна, посочува Стерјовски.

Тој вчера имаше обраќање на Генералното собрание на Европската слободна алијанса, ЕФА, во Брисел, каде МАЕИ едногласно беше примена за полноправна членка.

Претходно делегацијата оствари средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во Стразбург.

The post Васил Стерјовски разговарал со европратеникот Алфонси за проблемите на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, информира дека во Брисел остварил средба со европратеникот Франсоа Алфонси, кој е „клучна фигура во застапувањето за правата на малцинствата и ценет копретседавач на Интергрупата за малцинствата во Европскиот парламент“.
Нашиот разговор се фокусираше на моменталната состојба на македонското малцинство во Албанија. Имав чест да го запознам со посебниот извештај подготвен од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, за неодамнешниот попис во Албанија, спроведен во октомври 2023 година и мешањето на Бугарија за време на пописот. Средбата е значаен чекор кон градење на меѓусебно разбирање, напиша Стерјовски во објава на „Фејсбук“.
Тој додава дека разговарале и за различните патишта за соработка и поддршка, фокусирајќи се на унапредувањето на правата на малцинствата и застапеноста во Европа. Стерјовски, кој ја предводи партиската делегација, се сретнал и со европратеничката Ана Миранда.
Имав честа да се сретнам со европратеничката Ана Миранда. Таа е исклучителен застапник за правата на малцинствата во Европскиот парламент и нејзината поддршка и посветеност кон оваа кауза е навистина инспиративна, посочува Стерјовски.
Тој вчера имаше обраќање на Генералното собрание на Европската слободна алијанса, ЕФА, во Брисел, каде МАЕИ едногласно беше примена за полноправна членка. Претходно делегацијата оствари средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во Стразбург.

The post Васил Стерјовски разговарал со европратеникот Алфонси за проблемите на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
„Илинден“ од Тирана ги одреди добитниците на признанијата за зачувување на националниот идентитет на Македонците во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilinden-od-tirana-gi-odredi-dobitnitsite-na-priznanijata-za-zachuvuvane-na-natsionalniot-identitet-na-makedontsite-vo-albanija/ Tue, 06 Feb 2024 16:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=741128

По повод 15-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ - Тирана донесе одлука за доделување на истоимената награда и благодарници на поединци и институции. Признанијата се доделуваат на лица и институции за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активности во насока на зачувузавање и одржување на националниот идентитет на припадниците на Македонците во Република Албанија.

И овој пат беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените избрани се оние кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Годинава добитник на наградата „Илинден“ е „Нова Македонија“-Скопје, Република Македонија, кој е прв дневен весник на македонски јазик чиј прв број е отпечатен во далечната 1944 година, стои во објавата на Друштвото.

Почесната награда „Илинден“ првпат беше востановена на одбележувањето на јубилејот, десет години од формирањето на друштвото кога му беше доделена на епископ г. Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.

Благодарници се доделуваат на Јован Шкмби, советник од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на Општина Поградец, Весна Мојсова-Чепишевска - редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Иван Антоновски, асистент на истиот факултет, Живко Лазаров, претседател на македонски клуб „Илинден“-Лацен, Германија, Дејан Костески, претседател на Ракометниот клуб „Енхалон“, Струга, и Далибор Станковиќ, новинар во „Нова Македонија“, се наведува во објавата.

Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај од негово и име на друштвото им честита на добитниците со надеж дека ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.

МД „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, чија мисија е заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

The post „Илинден“ од Тирана ги одреди добитниците на признанијата за зачувување на националниот идентитет на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

По повод 15-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ - Тирана донесе одлука за доделување на истоимената награда и благодарници на поединци и институции. Признанијата се доделуваат на лица и институции за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активности во насока на зачувузавање и одржување на националниот идентитет на припадниците на Македонците во Република Албанија.
И овој пат беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените избрани се оние кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Годинава добитник на наградата „Илинден“ е „Нова Македонија“-Скопје, Република Македонија, кој е прв дневен весник на македонски јазик чиј прв број е отпечатен во далечната 1944 година, стои во објавата на Друштвото.
Почесната награда „Илинден“ првпат беше востановена на одбележувањето на јубилејот, десет години од формирањето на друштвото кога му беше доделена на епископ г. Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.
Благодарници се доделуваат на Јован Шкмби, советник од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на Општина Поградец, Весна Мојсова-Чепишевска - редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Иван Антоновски, асистент на истиот факултет, Живко Лазаров, претседател на македонски клуб „Илинден“-Лацен, Германија, Дејан Костески, претседател на Ракометниот клуб „Енхалон“, Струга, и Далибор Станковиќ, новинар во „Нова Македонија“, се наведува во објавата.
Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај од негово и име на друштвото им честита на добитниците со надеж дека ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија. МД „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, чија мисија е заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

The post „Илинден“ од Тирана ги одреди добитниците на признанијата за зачувување на националниот идентитет на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-tri-litsa-za-izdavane-lazhni-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-vo-golo-brdo/ Thu, 21 Dec 2023 13:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=725332

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло.

Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра).

Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.

Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.

Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени.

Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра). Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.
Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.
Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени. Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
Османи: На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок за тоа како ќе се изјаснат на пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-makedontsite-vo-albanija-nikoj-ne-mozhe-da-im-pravi-pritisok-za-toa-kako-ke-se-izjasnat-na-popisot/ Wed, 15 Nov 2023 16:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=701906

На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок ниту да влијае како ќе се изјаснат на пописот, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Во однос на пописот во Република Албанија, како што знаете, јас имав во неколку наврати јавни настапи. Прво, МНР со соопштение ги повика сите Македонци да се попишуваат така како што се чувствуваат затоа што никој не може да им прави притисок, ниту може да влијае како тие ќе се попишат и во однос на тоа како се чувствуваат. Се разбира дека имавме комуникации и со албанските власти, нашата Амбасада е активна во тој дел, не само со општините, не само со македонското национално малцинство, туку и со Владата и се надевам дека секој граѓанин го искористил своето право и се попишал така како што се чувствува, рече Османи на новинарско прашање во врска со реакциите на македонската заедница во Албанија дека се соочиле со одредени притисоци од Бугарија во однос на тоа како ќе се попишат на Пописот.

Лидерот на партијата на Македонците во Албанија – МАЕИ, Васил Стерјовски во изјава викендов на Семакедонската средба во Штип, рече дека македонското население за време на пописот се соочиле со големи притисоци од Бугарија и дека тоа го дозволила Албанија.

Тој кажа дека сите регистрирани неправилности и обиди за влијанија за време на пописот ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата, но, според него, до тој момент властите во Тирана немаат преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и во самиот процес на попишување.

Притисок, вели, се правел на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ. Побарале и да се продолжи Пописот на населението во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население, но, вели Стерјовски, од Владата на Албанија, иако ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување во Мала Преспа, се уште немаат добиено ништо официјално.

The post Османи: На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок за тоа како ќе се изјаснат на пописот appeared first on Република.

]]>

На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок ниту да влијае како ќе се изјаснат на пописот, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.
-Во однос на пописот во Република Албанија, како што знаете, јас имав во неколку наврати јавни настапи. Прво, МНР со соопштение ги повика сите Македонци да се попишуваат така како што се чувствуваат затоа што никој не може да им прави притисок, ниту може да влијае како тие ќе се попишат и во однос на тоа како се чувствуваат. Се разбира дека имавме комуникации и со албанските власти, нашата Амбасада е активна во тој дел, не само со општините, не само со македонското национално малцинство, туку и со Владата и се надевам дека секој граѓанин го искористил своето право и се попишал така како што се чувствува, рече Османи на новинарско прашање во врска со реакциите на македонската заедница во Албанија дека се соочиле со одредени притисоци од Бугарија во однос на тоа како ќе се попишат на Пописот.
Лидерот на партијата на Македонците во Албанија – МАЕИ, Васил Стерјовски во изјава викендов на Семакедонската средба во Штип, рече дека македонското население за време на пописот се соочиле со големи притисоци од Бугарија и дека тоа го дозволила Албанија. Тој кажа дека сите регистрирани неправилности и обиди за влијанија за време на пописот ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата, но, според него, до тој момент властите во Тирана немаат преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и во самиот процес на попишување. Притисок, вели, се правел на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ. Побарале и да се продолжи Пописот на населението во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население, но, вели Стерјовски, од Владата на Албанија, иако ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување во Мала Преспа, се уште немаат добиено ништо официјално.

The post Османи: На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок за тоа како ќе се изјаснат на пописот appeared first on Република.

]]>
Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на Федералната унија на европските националности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/istoriski-den-za-makedontsite-vo-albanija-makedonskiot-jazik-za-prvpat-vo-ofitsijalen-dokument-na-federalnata-unija-na-evropskite-natsionalnosti/ Sun, 22 Oct 2023 09:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=693828

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.

Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.

Ѓурѓај вели дека првото издание на германска јазик од оваа брошура, е отпечатено во декември 2019 година.

Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, посочува тој.

За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај.

Според Ѓурѓај, работната група на словенските малцинства (АГСМ) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на Брошурата.

Воедно, за нас, како Македонци од Република Албанија многу значи, што ова, исклучително важно издание на ФУЕН ќе добие и онлајн верзија која ќе биде достапна до многу поголем број на заинтересирани лица за проблемите и состојбите со националните малцинства во Европа, посочува Ѓурѓај.

МД „Илинден“-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска, а кој завршува денеска.

Друштвото „Илинден“ член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

The post Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на Федералната унија на европските националности appeared first on Република.

]]>

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.
Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција. Ѓурѓај вели дека првото издание на германска јазик од оваа брошура, е отпечатено во декември 2019 година.
Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, посочува тој.
За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај. Според Ѓурѓај, работната група на словенските малцинства (АГСМ) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на Брошурата.
Воедно, за нас, како Македонци од Република Албанија многу значи, што ова, исклучително важно издание на ФУЕН ќе добие и онлајн верзија која ќе биде достапна до многу поголем број на заинтересирани лица за проблемите и состојбите со националните малцинства во Европа, посочува Ѓурѓај.
МД „Илинден“-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска, а кој завршува денеска. Друштвото „Илинден“ член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

The post Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на Федералната унија на европските националности appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“ за утрешниот попис: Главата горе и изјаснете се она што сме – Македонци! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-za-utreshniot-popis-glavata-gore-i-izjasnete-se-ona-shto-sme-makedontsi/ Sun, 17 Sep 2023 15:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=682636

Пред пописот на населението и домаќинствата во Албанија, што почнува утре, Македонско друштво „Илинден"-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет".

Од утре до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домаќинствата. Не потпаѓајте под никакви влијанија, нека не ве заплашува никој и ништо. Главата горе и изјаснете се она што сме - Македонци, порачува друштвото.

Одговорете на сите прашања, стои понатаму, меѓу нив и за етничката и религиска припадност и јазик иако за овие три прашања во формуларот одговорот не е задолжителен.

Посочуваат дека се дава можност да проверат дали дадениот одговор е правилно внесен во таблетот од страна на попишувачите.

Нè има насекаде низ Албанија. Главно сме концентрирани во областите Мала Преспа, Врбник, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади нè има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Кукс, Фиер и во други градови. Со векови сме опстоиле и покрај сите голготи, ќе ја преживееме и оваа агресивна бугарска асимилаторска кампања, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Осудувајќи ја „бугарската асимилаторска кампања", порачува дека е убеден оти Македонците ќе се изјаснат она што се и никако поинаку.

The post МД „Илинден“ за утрешниот попис: Главата горе и изјаснете се она што сме – Македонци! appeared first on Република.

]]>

Пред пописот на населението и домаќинствата во Албанија, што почнува утре, Македонско друштво „Илинден"-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет".
Од утре до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домаќинствата. Не потпаѓајте под никакви влијанија, нека не ве заплашува никој и ништо. Главата горе и изјаснете се она што сме - Македонци, порачува друштвото.
Одговорете на сите прашања, стои понатаму, меѓу нив и за етничката и религиска припадност и јазик иако за овие три прашања во формуларот одговорот не е задолжителен. Посочуваат дека се дава можност да проверат дали дадениот одговор е правилно внесен во таблетот од страна на попишувачите.
Нè има насекаде низ Албанија. Главно сме концентрирани во областите Мала Преспа, Врбник, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади нè има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Кукс, Фиер и во други градови. Со векови сме опстоиле и покрај сите голготи, ќе ја преживееме и оваа агресивна бугарска асимилаторска кампања, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Осудувајќи ја „бугарската асимилаторска кампања", порачува дека е убеден оти Македонците ќе се изјаснат она што се и никако поинаку.

The post МД „Илинден“ за утрешниот попис: Главата горе и изјаснете се она што сме – Македонци! appeared first on Република.

]]>
Не ги забораваме бугарските ѕверства во Голо Брдо, порачаа Македонците од Албанија за антимакедонската посета на Јотова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-gi-zaboravame-bugarskite-zverstva-vo-golo-brdo-porachaa-makedontsite-od-albanija-za-antimakedonskata-poseta-na-jotova/ Sat, 16 Sep 2023 07:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=682349

Македонското друштво Илинден Тирана најостро ја осудува, како што ја нарекува, антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, каде што беше придружувана од бугарски универзитетски професори и академици, сето тоа во пресрет на пописот на населението во Република Албанија.

Програмата на нивната акција „Бугарите во Албанија“ предвидува отворање „неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, а во Тирана промоција на книгата на Спас Тошев „Бугарите во Албанија“, како и отворање на бугарски јазик. Неделно училиште во село Големо Острени, Голо Брдо. На ваквите бугарски активности остро реагираат Македонците во Голо Брдо и Елбасан, како и во цела Република Албанија.

Според реакциите на жителите на селото Големо Острени и на целата област Голо Брдо, со ова се поткопува историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, бугарската војска за време на бугарската окупација на Голо Брдо го зазеде Елез Кочи и Ќазим Дука од село Големо Острени. По бруталното мачење, двајцата биле живи закопани во близина на реката во селото Верница, Голо Брдо. Со оглед на тоа што училиштето отворено од Јотова во Големо Острени го носи името на Елез Кочи, кој беше убиен од бугарските ѕверови, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да ѝ кажат на младата генерација Македонци од Голо Брдо дека треба да ја заборават својата историја и жртвите на бугарските ѕверства. Според Македонците во Голо Брдо, ваквиот чин е неприфатлив и не смее да се повтори.

Македонското друштво Илинден Тирана, како претставник на Македонците од Република Албанија, се солидаризира со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо. Воедно, сметаме дека е потребно на светската јавност да ѝ ја пренесеме пораката на Македонците од Голо Брдо, и јасно да го декларираме македонското чувство на Македонците од Голо Брдо. Од нив во повеќе наврати беше побарано да се изјаснат како Бугари. Македонците во Република Албанија велат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари. Сепак, ниту овој јасен протест на Македонците во Република Албанија не ја спречи крајно гнасната намера на Бугарија да ја заведе светската јавност дека Македонците во Република Албанија се всушност Бугари. Во исто време, користејќи евтина пропагандна акција, се обидуваат да го избришат сеќавањето на крвавите бугарски акции, при кои беа убиени патриоти како Елез Кочи и Ќазим Дука.

Промоцијата на кампањата „Бугарите во Албанија“ има за цел да ја искриви вистината и да го прикаже македонското население во Република Албанија како Бугари. Сфаќаме дека оваа акција е неопходна за Бугарите кои сакаат да ги оправдаат своите асимилаторски постапки во Република Албанија пред земјите од Европската Унија, свесни дека нивното однесување е апсолутно неприфатливо што доаѓа од членка на демократска унија. Од друга страна, ваквата „посета“ на високи бугарски претставници на Република Албанија треба да ги „потсети“ албанските власти дека на претстојниот попис во земјава треба да се погрижат да се зголеми бројот на Бугарите, во однос на претходниот попис, во која немаше ниту еден самопрогласен Бугарин во Република Албанија. Уцената на Бугарите кон албанската Влада го поврзува приемот на Република Албанија во Европската Унија, а цената треба да ја платат Македонците во Република Албанија.

Ваквите насилни дејствија на бугарската политичка елита, насочени кон асимилација на Македонците во Албанија, се од старт осудени, бидејќи Македонците нема да бидат прифатат да се декларираат како Бугари – се вели во писмото на Македоснкото друштво Илинден во Албанија.

The post Не ги забораваме бугарските ѕверства во Голо Брдо, порачаа Македонците од Албанија за антимакедонската посета на Јотова appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво Илинден Тирана најостро ја осудува, како што ја нарекува, антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, каде што беше придружувана од бугарски универзитетски професори и академици, сето тоа во пресрет на пописот на населението во Република Албанија. Програмата на нивната акција „Бугарите во Албанија“ предвидува отворање „неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, а во Тирана промоција на книгата на Спас Тошев „Бугарите во Албанија“, како и отворање на бугарски јазик. Неделно училиште во село Големо Острени, Голо Брдо. На ваквите бугарски активности остро реагираат Македонците во Голо Брдо и Елбасан, како и во цела Република Албанија. Според реакциите на жителите на селото Големо Острени и на целата област Голо Брдо, со ова се поткопува историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, бугарската војска за време на бугарската окупација на Голо Брдо го зазеде Елез Кочи и Ќазим Дука од село Големо Острени. По бруталното мачење, двајцата биле живи закопани во близина на реката во селото Верница, Голо Брдо. Со оглед на тоа што училиштето отворено од Јотова во Големо Острени го носи името на Елез Кочи, кој беше убиен од бугарските ѕверови, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да ѝ кажат на младата генерација Македонци од Голо Брдо дека треба да ја заборават својата историја и жртвите на бугарските ѕверства. Според Македонците во Голо Брдо, ваквиот чин е неприфатлив и не смее да се повтори. Македонското друштво Илинден Тирана, како претставник на Македонците од Република Албанија, се солидаризира со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо. Воедно, сметаме дека е потребно на светската јавност да ѝ ја пренесеме пораката на Македонците од Голо Брдо, и јасно да го декларираме македонското чувство на Македонците од Голо Брдо. Од нив во повеќе наврати беше побарано да се изјаснат како Бугари. Македонците во Република Албанија велат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари. Сепак, ниту овој јасен протест на Македонците во Република Албанија не ја спречи крајно гнасната намера на Бугарија да ја заведе светската јавност дека Македонците во Република Албанија се всушност Бугари. Во исто време, користејќи евтина пропагандна акција, се обидуваат да го избришат сеќавањето на крвавите бугарски акции, при кои беа убиени патриоти како Елез Кочи и Ќазим Дука. Промоцијата на кампањата „Бугарите во Албанија“ има за цел да ја искриви вистината и да го прикаже македонското население во Република Албанија како Бугари. Сфаќаме дека оваа акција е неопходна за Бугарите кои сакаат да ги оправдаат своите асимилаторски постапки во Република Албанија пред земјите од Европската Унија, свесни дека нивното однесување е апсолутно неприфатливо што доаѓа од членка на демократска унија. Од друга страна, ваквата „посета“ на високи бугарски претставници на Република Албанија треба да ги „потсети“ албанските власти дека на претстојниот попис во земјава треба да се погрижат да се зголеми бројот на Бугарите, во однос на претходниот попис, во која немаше ниту еден самопрогласен Бугарин во Република Албанија. Уцената на Бугарите кон албанската Влада го поврзува приемот на Република Албанија во Европската Унија, а цената треба да ја платат Македонците во Република Албанија. Ваквите насилни дејствија на бугарската политичка елита, насочени кон асимилација на Македонците во Албанија, се од старт осудени, бидејќи Македонците нема да бидат прифатат да се декларираат како Бугари – се вели во писмото на Македоснкото друштво Илинден во Албанија.

The post Не ги забораваме бугарските ѕверства во Голо Брдо, порачаа Македонците од Албанија за антимакедонската посета на Јотова appeared first on Република.

]]>
Документи што ја потврдуваат историската вистина за Македонците од Република Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dokumenti-shto-ja-potvrduvaat-istoriskata-vistina-za-makedontsite-od-republika-albanija/ Sat, 02 Sep 2023 07:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=677780

И покрај обидите на Република Бугарија да ги претстави Македонците од Албанија како Бугари, историските документи јасно ги негираат овие квазиисториски тврдења, пишува „Нова Македонија“. Постојат голем број документи во албанските и италијанските архиви, но особено е интересен извештајот на италијанскиот генерал Енрико Телини, во кој меѓу другото можеме да прочитаме „кога ги прашував за етничката припадност дали се Бугари, сите одговараа дека се Македонци“. Оваа констатација на Енрико Телини ја потврдува и претставникот на бугарската амбасада во Истанбул, Тодор Марков. Споменатиот бугарски дипломат за состојбата во селата во кои се претендира дека има Бугари во Албанија, на 15 септември 1923 година го известил и Министерството за внатрешни работи на Бугарија

Од денешна перспектива, кога Бугарија директно или индиректно преку разни приватни фондации и организации се обидува да ги претстави Македонците во Албанија како дел од бугарскиот народ, постојат голем број историски документи во италијанските и албанските архиви што го тврдат токму спротивното. Во тој контекст особено се интересни извештаите на италијанскиот генерал Енрико Телини, претседател на Меѓународната комисија за утврдување на границите помеѓу Албанија, Кралството на СХС и Грција во 1923 година, во кои јасно се наведува дека населението во пограничните делови се изјаснувало како македонско, а не како бугарско.

Целата сторија на „Нова Македонија

The post Документи што ја потврдуваат историската вистина за Македонците од Република Албанија appeared first on Република.

]]>

И покрај обидите на Република Бугарија да ги претстави Македонците од Албанија како Бугари, историските документи јасно ги негираат овие квазиисториски тврдења, пишува „Нова Македонија“. Постојат голем број документи во албанските и италијанските архиви, но особено е интересен извештајот на италијанскиот генерал Енрико Телини, во кој меѓу другото можеме да прочитаме „кога ги прашував за етничката припадност дали се Бугари, сите одговараа дека се Македонци“. Оваа констатација на Енрико Телини ја потврдува и претставникот на бугарската амбасада во Истанбул, Тодор Марков. Споменатиот бугарски дипломат за состојбата во селата во кои се претендира дека има Бугари во Албанија, на 15 септември 1923 година го известил и Министерството за внатрешни работи на Бугарија Од денешна перспектива, кога Бугарија директно или индиректно преку разни приватни фондации и организации се обидува да ги претстави Македонците во Албанија како дел од бугарскиот народ, постојат голем број историски документи во италијанските и албанските архиви што го тврдат токму спротивното. Во тој контекст особено се интересни извештаите на италијанскиот генерал Енрико Телини, претседател на Меѓународната комисија за утврдување на границите помеѓу Албанија, Кралството на СХС и Грција во 1923 година, во кои јасно се наведува дека населението во пограничните делови се изјаснувало како македонско, а не како бугарско. Целата сторија на „Нова Македонија

The post Документи што ја потврдуваат историската вистина за Македонците од Република Албанија appeared first on Република.

]]>
МАЕИ ги повика Македонците во Албанија да гласаат за Колефски и за нејзината советничка листа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/maei-gi-povika-makedontsite-vo-albanija-da-glasaat-za-kolefski-i-za-nejzinata-sovetnichka-lista/ Thu, 04 May 2023 11:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=636792

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците масовно да излезат на 14 мај, денот на локалните избори во Албанија.

Во исто време бара гласот да го дадат за Пали Колефски за градоначалник на општина Пустец и за советничката листа на партијата за оваа општина.

Почитувани Македонски, на 14 мај без двоумење заокружете го бројот 2 за Пали Колефски и број 29 за советничката листа на МАЕИ. Преспа нашиот дом, стои во повикот на партијата.

Колефски, кој ја бара довербата за втор мандат, е кандидат на Социјалистичката партија поддржан од МАЕИ, која за советници има самостојна кандидатска листа.

На последните избори, во јуни 2019 година МАЕИ освои четири места во општинскиот совет во кој сите 15 членови се Македонци.

The post МАЕИ ги повика Македонците во Албанија да гласаат за Колефски и за нејзината советничка листа appeared first on Република.

]]>

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците масовно да излезат на 14 мај, денот на локалните избори во Албанија. Во исто време бара гласот да го дадат за Пали Колефски за градоначалник на општина Пустец и за советничката листа на партијата за оваа општина.
Почитувани Македонски, на 14 мај без двоумење заокружете го бројот 2 за Пали Колефски и број 29 за советничката листа на МАЕИ. Преспа нашиот дом, стои во повикот на партијата.
Колефски, кој ја бара довербата за втор мандат, е кандидат на Социјалистичката партија поддржан од МАЕИ, која за советници има самостојна кандидатска листа. На последните избори, во јуни 2019 година МАЕИ освои четири места во општинскиот совет во кој сите 15 членови се Македонци.

The post МАЕИ ги повика Македонците во Албанија да гласаат за Колефски и за нејзината советничка листа appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/md-ilinden-tirana-pochna-kampana-glavata-gore-izjasni-se-deka-si-makedonets/ Sun, 30 Apr 2023 16:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=635575

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, пред престојниот попис на населението во Албанија, почна кампања под мотото „Главата горе - изјасни се дека си Македонец “.

Во повикот кој попладнево го објави, друштвото ги повикува сите Македонци во Албанија да се „изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет“.

Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци и дека мајчин јазик им е македонски. Така ќе го зачуваат својот македонски идентитет во Република Албанија, стои во повикот.

Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, друштвото ја почнува оваа медиумска кампања за „подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се“.

Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Нас не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, изјави Ѓурѓај за МИА.

Го нагласува веќе познатиот факт, дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство единствено во Мала Преспа.

- И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но, без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава тој со доза на разочараност.

Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик и освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија.

Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над пет илјади во Мала Преспа.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Албанија почнува на 18 септември и ќе трае шест седмици. Како што објавија од Инситутот за статистика, изјаснување на етничката и верска припадност е на доброволна основа, што подразбира дека не мора да се одговори.

The post МД „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“ appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, пред престојниот попис на населението во Албанија, почна кампања под мотото „Главата горе - изјасни се дека си Македонец “. Во повикот кој попладнево го објави, друштвото ги повикува сите Македонци во Албанија да се „изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет“.
Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци и дека мајчин јазик им е македонски. Така ќе го зачуваат својот македонски идентитет во Република Албанија, стои во повикот.
Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, друштвото ја почнува оваа медиумска кампања за „подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се“.
Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Нас не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, изјави Ѓурѓај за МИА.
Го нагласува веќе познатиот факт, дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство единствено во Мала Преспа. - И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но, без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава тој со доза на разочараност. Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик и освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија. Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над пет илјади во Мала Преспа. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Албанија почнува на 18 септември и ќе трае шест седмици. Како што објавија од Инситутот за статистика, изјаснување на етничката и верска припадност е на доброволна основа, што подразбира дека не мора да се одговори.

The post МД „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“ appeared first on Република.

]]>
Желбата да им помогнам на моите Македонци ме донесе повторно во родната грутка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhelbata-da-im-pomognam-na-moite-makedontsi-me-donese-povtorno-vo-rodnata-grutka/ Sun, 02 Apr 2023 13:42:43 +0000 https://republika.mk/?p=626291

По 32-годишниот престојот во Македонија, доктор Нико Коламовски се врати во неговиот роден крај Пустец, да се грижи за здравјето на неговите сограѓани, стои во прилог емитуван на албанската државна телевизија.

Се додава дека веќе четити години Нико работи во Здравствениот дом во Пустец, додека со медицински услуги ги покрива селата Шулин, Леска, Зрноско и Церје.

Желбата да им помогнам на моите Македонци, на моите луѓе од каде што потекнувам ме донесе повторно во родната грутка. Има подобрување на условите за живот, подобрување на условите за работа. Се чувствувам добро, се чувствувам на мое место, затоа се вратив. Повеќето овде се постари лица над 70 години кои не можат да се движат. Децата не им се тука, во странство заминаа, па се трудиме да им помогнеме колку што можеме, вели докторот.

Новинарот констатира дека по тоа тој „се разликува од многу негови колеги, кои се почесто ја напуштаат Албанија, а тој одлучил да остане верен на својата земја и да ја практикува професијата лекар во Пустец".

Мисијата на лекарите дојде до израз главно во периодот на пандемијата, каде со професионализам и посветеност, белите мантили им беа посветени на пациентите погодени од овој досега непознат вирус, останувајќи верни на Хипократовата заклетва во својата хуманитарна мисија, наведува телевизијата.

The post Желбата да им помогнам на моите Македонци ме донесе повторно во родната грутка appeared first on Република.

]]>

По 32-годишниот престојот во Македонија, доктор Нико Коламовски се врати во неговиот роден крај Пустец, да се грижи за здравјето на неговите сограѓани, стои во прилог емитуван на албанската државна телевизија. Се додава дека веќе четити години Нико работи во Здравствениот дом во Пустец, додека со медицински услуги ги покрива селата Шулин, Леска, Зрноско и Церје.
Желбата да им помогнам на моите Македонци, на моите луѓе од каде што потекнувам ме донесе повторно во родната грутка. Има подобрување на условите за живот, подобрување на условите за работа. Се чувствувам добро, се чувствувам на мое место, затоа се вратив. Повеќето овде се постари лица над 70 години кои не можат да се движат. Децата не им се тука, во странство заминаа, па се трудиме да им помогнеме колку што можеме, вели докторот.
Новинарот констатира дека по тоа тој „се разликува од многу негови колеги, кои се почесто ја напуштаат Албанија, а тој одлучил да остане верен на својата земја и да ја практикува професијата лекар во Пустец". Мисијата на лекарите дојде до израз главно во периодот на пандемијата, каде со професионализам и посветеност, белите мантили им беа посветени на пациентите погодени од овој досега непознат вирус, останувајќи верни на Хипократовата заклетва во својата хуманитарна мисија, наведува телевизијата.

The post Желбата да им помогнам на моите Македонци ме донесе повторно во родната грутка appeared first on Република.

]]>