„Македонци православни“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-pravoslavni/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Jun 2022 10:48:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Македонци православни“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonci-pravoslavni/ 32 32 Македонка во Австралија успеа да издејствува покрај „Грци православни“ во графата вероисповед на пописот да се воведе и „Македонци православни“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonka-vo-avstralija-uspea-da-izdejstvuva-pokraj-grci-pravoslavni-vo-grafata-veroispoved-na-popisot-da-se-vovede-i-makedonci-pravoslavni/ Mon, 27 Jun 2022 10:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=520220

Белинда Делиос успеа да ги убеди австралистките власти дека за православните Македонци, невалидна е графата “Greek Orthodox“, туку е потребна и графа “Macedonian Orthodox“.

Австралиското биро за статистика го прифати барањето на Белинда Делиос, поддржано од повеќе македонски здруженија и заедници во Австралија. Конечната одлука гласи: Од наредниот попис во Австралија, во делот за вероисповед во пописницата, покрај “Greek Orthodox“, ќе има и графа “Macedonian Orthodox“!

Конечно, добри вести и за Македонците во Австралија, колку само ни се потребни! Пред неколку месеци решив да се посветам за решение, да се исправи една неправда која многу иритираше: Австралискиот попис, посебно, делот за вероисповедта! Нам сите ни е познато, дека прашањето за вероисповедта е неточно! Нашата православна вероисповед во Западниот свет претежно се доживува како грко-православна, а не како православна. Кај другите религии, како што се католичката, англиканската, еврејската, исламската, хиндуистичката, будистичката, на пример, нема придавка пред нив, како италијанско католичка, малтешко католичка, француско католичка, ниту има опис како кинески будизам, пакистански ислам, унгарско еврејство и така натаму. Сепак, Македонците, Русите, Украинците, Романците, Србите и така натаму, „имаа задоволство“ досега да се попишуваат како “грко-православни“, освен ако самите не се попишете во графата ‘друго’ доколку декларирате различна деноминација од тие наведени во пописницата, вели Македонката Белинда Делиос по повод оваа победа за македонските човекови права во далечна Австралија.

Се разбира, таков не е случајот со ниту една од другите наведени религии. Ни една вероисповед нема придавка пред себе. И затоа, резултатите се неточни и лажни. Грчката заедница во Австралија ги користи тие неточни бројки да добијат наклоност кај владата и повеќе пари за проекти на Грчката заедница, наспроти другите православни заедници, додава Белинда Делиос која има потекло од Егејска Македонија.

Работев во Комисијата за човекови права на Австралија, одржавме повеќе состаноци, добивме поддршка на барањето и направивме голем исчекор за пописот да го подобриме. Им благодарам на сите прекрасни луѓе кои посветија внимание и разбирање за нашето барање. Благодарам на Комисијата за човекови права на Австралија која ми излезе во пресрет на барањето. Мојата порака до Македонците во светот е: Никогаш не откажувајте се од остварувањето на вашите права, раскажува и апелира македонската австралијанка Белинда Делиос.

Нашите мајки и татковци ја напуштија Македонија затоа што беа насилно протерани од своите родни огништа за време на Граѓанската војна 1946-1949 година. Лидерите на Европа, за жал, ги затворија очите пред злосторствата врз Македонците во нивниот двор, етничкото чистење на македонските деца во 1948 година остана отврено прашање до денес… Повеќето од нив толку мали, дури и своите имиња не ги знаеја, а станува збор за 48.000 илјади деца Македонци насилно протерани од своите домови. Не ја заборавајте борбата на нашите предци, ниту борбата на Македонците денес, пред очите на правдата на Европа, НАТО, САД и Обединетото Кралство кои, за жал, го анулираат постоењето на Македонскиот народ. Зло! На здравје на сите вам, додека ја кревам чашата домашно рујно вино за победата која ја остваривме пред Австралиското биро за статистика, вели на крајот од изјавата на Белинда Делиос.

На наредните пописи во Австралија во делот за вероисповед на пописницата ќе има посебна графа “Macedonian Orthodox“ што ќе овозможи да се добиваат поточни резултати за вероисповедта на Македонците во Австралија. Конечно се оствари долгогодишната желба за елиминација на една состојба која православните “ги прави“ Грци, а тоа не се!

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за упорноста на Белинда Делиос и Македонската заедница во Австралија, за одлуката на Австралиското биро за статистика, од наредниот попис во делот за вероисповед во пописницата да има и посебна графа “Macedonian Orthodox“ за православните Македонци!

The post Македонка во Австралија успеа да издејствува покрај „Грци православни“ во графата вероисповед на пописот да се воведе и „Македонци православни“ appeared first on Република.

]]>

Белинда Делиос успеа да ги убеди австралистките власти дека за православните Македонци, невалидна е графата “Greek Orthodox“, туку е потребна и графа “Macedonian Orthodox“. Австралиското биро за статистика го прифати барањето на Белинда Делиос, поддржано од повеќе македонски здруженија и заедници во Австралија. Конечната одлука гласи: Од наредниот попис во Австралија, во делот за вероисповед во пописницата, покрај “Greek Orthodox“, ќе има и графа “Macedonian Orthodox“!
Конечно, добри вести и за Македонците во Австралија, колку само ни се потребни! Пред неколку месеци решив да се посветам за решение, да се исправи една неправда која многу иритираше: Австралискиот попис, посебно, делот за вероисповедта! Нам сите ни е познато, дека прашањето за вероисповедта е неточно! Нашата православна вероисповед во Западниот свет претежно се доживува како грко-православна, а не како православна. Кај другите религии, како што се католичката, англиканската, еврејската, исламската, хиндуистичката, будистичката, на пример, нема придавка пред нив, како италијанско католичка, малтешко католичка, француско католичка, ниту има опис како кинески будизам, пакистански ислам, унгарско еврејство и така натаму. Сепак, Македонците, Русите, Украинците, Романците, Србите и така натаму, „имаа задоволство“ досега да се попишуваат како “грко-православни“, освен ако самите не се попишете во графата ‘друго’ доколку декларирате различна деноминација од тие наведени во пописницата, вели Македонката Белинда Делиос по повод оваа победа за македонските човекови права во далечна Австралија.
Се разбира, таков не е случајот со ниту една од другите наведени религии. Ни една вероисповед нема придавка пред себе. И затоа, резултатите се неточни и лажни. Грчката заедница во Австралија ги користи тие неточни бројки да добијат наклоност кај владата и повеќе пари за проекти на Грчката заедница, наспроти другите православни заедници, додава Белинда Делиос која има потекло од Егејска Македонија.
Работев во Комисијата за човекови права на Австралија, одржавме повеќе состаноци, добивме поддршка на барањето и направивме голем исчекор за пописот да го подобриме. Им благодарам на сите прекрасни луѓе кои посветија внимание и разбирање за нашето барање. Благодарам на Комисијата за човекови права на Австралија која ми излезе во пресрет на барањето. Мојата порака до Македонците во светот е: Никогаш не откажувајте се од остварувањето на вашите права, раскажува и апелира македонската австралијанка Белинда Делиос.
Нашите мајки и татковци ја напуштија Македонија затоа што беа насилно протерани од своите родни огништа за време на Граѓанската војна 1946-1949 година. Лидерите на Европа, за жал, ги затворија очите пред злосторствата врз Македонците во нивниот двор, етничкото чистење на македонските деца во 1948 година остана отврено прашање до денес… Повеќето од нив толку мали, дури и своите имиња не ги знаеја, а станува збор за 48.000 илјади деца Македонци насилно протерани од своите домови. Не ја заборавајте борбата на нашите предци, ниту борбата на Македонците денес, пред очите на правдата на Европа, НАТО, САД и Обединетото Кралство кои, за жал, го анулираат постоењето на Македонскиот народ. Зло! На здравје на сите вам, додека ја кревам чашата домашно рујно вино за победата која ја остваривме пред Австралиското биро за статистика, вели на крајот од изјавата на Белинда Делиос. На наредните пописи во Австралија во делот за вероисповед на пописницата ќе има посебна графа “Macedonian Orthodox“ што ќе овозможи да се добиваат поточни резултати за вероисповедта на Македонците во Австралија. Конечно се оствари долгогодишната желба за елиминација на една состојба која православните “ги прави“ Грци, а тоа не се! Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за упорноста на Белинда Делиос и Македонската заедница во Австралија, за одлуката на Австралиското биро за статистика, од наредниот попис во делот за вероисповед во пописницата да има и посебна графа “Macedonian Orthodox“ за православните Македонци!

The post Македонка во Австралија успеа да издејствува покрај „Грци православни“ во графата вероисповед на пописот да се воведе и „Македонци православни“ appeared first on Република.

]]>