Македокс 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedoks-2022/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Aug 2022 11:22:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македокс 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedoks-2022/ 32 32 Годинава на „Македокс“ ќе има 70 гости од странство, Фестивалот се отвора со документарниот филм „Сè што дише“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/godinava-na-makedoks-kje-ima-70-gosti-od-stranstvo-festivalot-se-otvora-so-dokumentarniot-film-se-shto-dishe/ Wed, 10 Aug 2022 11:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=538709

Под мотото „Лупење идеи“, годинава од 18 до 25 август ќе се одржи 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи на четири локации во Скопје, и тоа во Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и во „Europe house“.

„МакеДокс“ ќе биде отворен со документарниот филм „Сè што дише“ на режисерот Шаун Аксин, филм којшто е индиско-британска продукција, а пред него ќе биде прикажан краткометражниот филм „Иднината е водена палата“ на режисерката Хуанита Анзага.

Како што информираше на денешната прес-конференција извршниот директор на фестивалот, Дарко Набаков, годинава ќе има 70 гости од странство на фестивалот, кои доаѓаат од целата Европа, а сите филмови ќе бидат прикажани во живо освен еден мал дел од копродукцискиот форум кој ќе се случува хибридно, односно и онлајн и во живо во МКЦ.

Петрула Вељановска, која е дел од програмскиот тим на „МакеДокс“, рече дека оваа година на адресата на Фестивалот пристигнале филмови од пет континенти. Филмовите ќе бидат поделени во четири натпреварувачки програми и ќе се борат за пет награди.

Секако ќе почнеме од главната програма т.е. „Наградата за кромид“. Тука ќе имаме премиера на филмот „Вознемирена земја“ на нашата македонска режисерка Кумјана Новакова и шпанскиот режисер Гилијермо Калиера Сканди. Во оваа програма ќе имаме девет филма. Во програмата за млади автори за наградата „Млад кромид“ оваа година имаме 11 филма, а во кратката програма оваа година имаме 17 филмови, додаде Вељановска.

Во студентската програма за оваа година издвоени се осум филма кои се борат за наградата „Кугарче“. Покрај овие натпреварувачки програми, ќе има и програми кои не се натпреварувачки, но кои се исто така значајни за фестивалот, како што се детската и младинската програма.

Програмата „Земја во фокус“ оваа година е посветена на Чешката Република и која ќе биде отворена на втората вечер од Фестивалот, на 19 август, со филмот на една позната чешка документаристика и наша почесна гостинка оваа година на фестивалот, а тоа е режисерката Хелена Чешникова. „Земја во фокус“ програмата ќе ја отвориме со нејзиниот филм, односно вториот дел од нејзиниот филм „За Рене“ којшто се вика „Затвореник на слободата“, рече Вељановска.

Сара Ферро, координатор на „МакеКоПроДокс“ форумот на прес-конференцијата информираше дека на 20 август ќе се одржи мастер клас, во просториите на „Europe housе“, на тема „Разговор за идеите во документарниот филм“, а разговорот ќе го води Туестен Милер, еден од најважните консултанти за документаристика и филмски критичар од Данска. Воедно, истиот ден започнува неговата работилница за развој на идеи за која што се одбрани шест документарни долгометражни проекти од Балканот.

Работилницата со Туестен Мимлер ќе се одржува од 20 до 22 август во „Europe housе“, а на 22 август започнува 4. издание на „Македопродук“ форумот кој ќе се одржи во кино „Фросина“ во МКЦ.

Разговорите „Под смоква“ ќе се одржат оваа година од 19 до 25 август во 18 часот во Куршумли ан. На 21 август ќе биде отворена и фото изложбата на Дорија Миловановиќ.

Набаков најави дека „МакеДокс“ нема да заврши на 25 август, туку ќе ги продолжи своите активности.

Во септември правиме обука, создаваме нови прирачници за користење на документарниот филм во училиштата, така што веќе од октомври наставниците во средните училишта ќе може да добијат нови филмови, нови податоци, нови содржини за употреба на документарниот филм, додаде Набаков.

За оваа година, тој најави дека ќе има и зимско издание, а деталите ќе бидат објавени на следната прес-конференција.

Билетите од денеска се пуштени во продажба и може да се набават преку веб-страната на „mk.tikets“, а цените остануваат исти како и минатата година.

The post Годинава на „Македокс“ ќе има 70 гости од странство, Фестивалот се отвора со документарниот филм „Сè што дише“ appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Лупење идеи“, годинава од 18 до 25 август ќе се одржи 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи на четири локации во Скопје, и тоа во Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и во „Europe house“. „МакеДокс“ ќе биде отворен со документарниот филм „Сè што дише“ на режисерот Шаун Аксин, филм којшто е индиско-британска продукција, а пред него ќе биде прикажан краткометражниот филм „Иднината е водена палата“ на режисерката Хуанита Анзага. Како што информираше на денешната прес-конференција извршниот директор на фестивалот, Дарко Набаков, годинава ќе има 70 гости од странство на фестивалот, кои доаѓаат од целата Европа, а сите филмови ќе бидат прикажани во живо освен еден мал дел од копродукцискиот форум кој ќе се случува хибридно, односно и онлајн и во живо во МКЦ. Петрула Вељановска, која е дел од програмскиот тим на „МакеДокс“, рече дека оваа година на адресата на Фестивалот пристигнале филмови од пет континенти. Филмовите ќе бидат поделени во четири натпреварувачки програми и ќе се борат за пет награди.
Секако ќе почнеме од главната програма т.е. „Наградата за кромид“. Тука ќе имаме премиера на филмот „Вознемирена земја“ на нашата македонска режисерка Кумјана Новакова и шпанскиот режисер Гилијермо Калиера Сканди. Во оваа програма ќе имаме девет филма. Во програмата за млади автори за наградата „Млад кромид“ оваа година имаме 11 филма, а во кратката програма оваа година имаме 17 филмови, додаде Вељановска.
Во студентската програма за оваа година издвоени се осум филма кои се борат за наградата „Кугарче“. Покрај овие натпреварувачки програми, ќе има и програми кои не се натпреварувачки, но кои се исто така значајни за фестивалот, како што се детската и младинската програма.
Програмата „Земја во фокус“ оваа година е посветена на Чешката Република и која ќе биде отворена на втората вечер од Фестивалот, на 19 август, со филмот на една позната чешка документаристика и наша почесна гостинка оваа година на фестивалот, а тоа е режисерката Хелена Чешникова. „Земја во фокус“ програмата ќе ја отвориме со нејзиниот филм, односно вториот дел од нејзиниот филм „За Рене“ којшто се вика „Затвореник на слободата“, рече Вељановска.
Сара Ферро, координатор на „МакеКоПроДокс“ форумот на прес-конференцијата информираше дека на 20 август ќе се одржи мастер клас, во просториите на „Europe housе“, на тема „Разговор за идеите во документарниот филм“, а разговорот ќе го води Туестен Милер, еден од најважните консултанти за документаристика и филмски критичар од Данска. Воедно, истиот ден започнува неговата работилница за развој на идеи за која што се одбрани шест документарни долгометражни проекти од Балканот. Работилницата со Туестен Мимлер ќе се одржува од 20 до 22 август во „Europe housе“, а на 22 август започнува 4. издание на „Македопродук“ форумот кој ќе се одржи во кино „Фросина“ во МКЦ. Разговорите „Под смоква“ ќе се одржат оваа година од 19 до 25 август во 18 часот во Куршумли ан. На 21 август ќе биде отворена и фото изложбата на Дорија Миловановиќ. Набаков најави дека „МакеДокс“ нема да заврши на 25 август, туку ќе ги продолжи своите активности.
Во септември правиме обука, создаваме нови прирачници за користење на документарниот филм во училиштата, така што веќе од октомври наставниците во средните училишта ќе може да добијат нови филмови, нови податоци, нови содржини за употреба на документарниот филм, додаде Набаков.
За оваа година, тој најави дека ќе има и зимско издание, а деталите ќе бидат објавени на следната прес-конференција. Билетите од денеска се пуштени во продажба и може да се набават преку веб-страната на „mk.tikets“, а цените остануваат исти како и минатата година.

The post Годинава на „Македокс“ ќе има 70 гости од странство, Фестивалот се отвора со документарниот филм „Сè што дише“ appeared first on Република.

]]>