Мајски оперски вечери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majski-operski-vecheri/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 08:35:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајски оперски вечери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majski-operski-vecheri/ 32 32 Вердиевата „Аида“ со Моника Медек од Австрија во насловната улога и учесници од Кина, Италија и Бугарија ги затворија 52. Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/verdievata-aida-so-monika-medek-od-avstrija-vo-naslovnata-uloga-i-uchesnitsi-od-kina-italija-i-bugarija-gi-zatvorija-52-majski-operski-vecheri/ Tue, 04 Jun 2024 08:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=784573

Со прекрасната изведба на Вердиевиот „Трубадур“, во Македонската опера и балет започнаа традиционалните 52 по ред, Мајски оперски вечери, а завршија со Вердиевата „Аида“ во која настапи и Моника Медек од Австрија во насловната улога, а како дел од екипата имаше учесници и од Кина, Италија и Бугарија.

Диригент беше Нимрод Давид Фефер, пренесе и адаптираше Дејан Прошев, кореограф Луиза Балдинети (Италија), концерт–мајстор Верица Ламбевска, хор–мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска. Настапија Ли Шуанг (Кина), Гергана Русекова (Бугарија), Игор Дурловски, Диман Панчев (Бугарија), Џузпе Алтомаре (Италија), Надежда Рубен, Никола Стојчески, балетски солист Ивана Коцевска. Настапија и хорот,оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет.

Операта „Аида“ е напишана по нарачка на театарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала еднa од врвните творби на композиторовиот гениј. Дури во ова „егзотично“ либрето Верди ги наоѓа конечно „своите“ теми, чувства и страсти: предодредениот трагизам, безизлезноста на ситуациите, љубовта која ја победува смртта. Музичкото богатство на „Аида“ е постигнато со заемното дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно-психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфални масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта. Чајковски еднаш напишал: „Генијалноста на старецот Верди во „Аида“ и „Отело“отвора нови патишта за италијанските музичари“.

Во рамките на програмата на 52. Мајски оперски вечери беа изведени и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, гостуваше Софиската опера и балет со операта „Валкира“ на Вагнер. Ова беше и премиерна изведба на ова дело на македонската сцена.

Куриозитет е тоа што ова беше прво Вагнерово дело што воопшто е изведено во НОБ, а траеше пет часа. Беше изведена и операта „Тоска“ каде што во насловната улога се појави оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова, во изведба на домашна екипа и со гости од Србија и Романија, камерната опера „Свадба“, со која гостуваше Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

 

The post Вердиевата „Аида“ со Моника Медек од Австрија во насловната улога и учесници од Кина, Италија и Бугарија ги затворија 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Со прекрасната изведба на Вердиевиот „Трубадур“, во Македонската опера и балет започнаа традиционалните 52 по ред, Мајски оперски вечери, а завршија со Вердиевата „Аида“ во која настапи и Моника Медек од Австрија во насловната улога, а како дел од екипата имаше учесници и од Кина, Италија и Бугарија. Диригент беше Нимрод Давид Фефер, пренесе и адаптираше Дејан Прошев, кореограф Луиза Балдинети (Италија), концерт–мајстор Верица Ламбевска, хор–мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска. Настапија Ли Шуанг (Кина), Гергана Русекова (Бугарија), Игор Дурловски, Диман Панчев (Бугарија), Џузпе Алтомаре (Италија), Надежда Рубен, Никола Стојчески, балетски солист Ивана Коцевска. Настапија и хорот,оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет. Операта „Аида“ е напишана по нарачка на театарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала еднa од врвните творби на композиторовиот гениј. Дури во ова „егзотично“ либрето Верди ги наоѓа конечно „своите“ теми, чувства и страсти: предодредениот трагизам, безизлезноста на ситуациите, љубовта која ја победува смртта. Музичкото богатство на „Аида“ е постигнато со заемното дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно-психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфални масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта. Чајковски еднаш напишал: „Генијалноста на старецот Верди во „Аида“ и „Отело“отвора нови патишта за италијанските музичари“. Во рамките на програмата на 52. Мајски оперски вечери беа изведени и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, гостуваше Софиската опера и балет со операта „Валкира“ на Вагнер. Ова беше и премиерна изведба на ова дело на македонската сцена. Куриозитет е тоа што ова беше прво Вагнерово дело што воопшто е изведено во НОБ, а траеше пет часа. Беше изведена и операта „Тоска“ каде што во насловната улога се појави оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова, во изведба на домашна екипа и со гости од Србија и Романија, камерната опера „Свадба“, со која гостуваше Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.  

The post Вердиевата „Аида“ со Моника Медек од Австрија во насловната улога и учесници од Кина, Италија и Бугарија ги затворија 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>
На Мајски оперски вечери гостува словенечкиот камерен музички театар со „Свадба“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-majski-operski-vecheri-gostuva-slovenechkiot-kameren-muzichki-teatar-so-svadba/ Tue, 28 May 2024 08:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=782279

На сцената на НОБ вечер во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус.

Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните улоги настапуваат: сопраните Штефица Грасели, Тереза Плут и Катја Конвалинка, и мецосопраните Ирена Јебуах Тиран, Барбара Јернејчиќ и Ања Земљариќ.

„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

The post На Мајски оперски вечери гостува словенечкиот камерен музички театар со „Свадба“ appeared first on Република.

]]>

На сцената на НОБ вечер во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус. Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните улоги настапуваат: сопраните Штефица Грасели, Тереза Плут и Катја Конвалинка, и мецосопраните Ирена Јебуах Тиран, Барбара Јернејчиќ и Ања Земљариќ. „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

The post На Мајски оперски вечери гостува словенечкиот камерен музички театар со „Свадба“ appeared first on Република.

]]>
52. Мајски оперски вечери: Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/52-majski-operski-vecheri-slovenechkiot-kameren-muzichki-teatar-od-lublana-na-28-maj-gostuva-so-kamernata-opera-svadba-od-ana-sokolovik/ Mon, 27 May 2024 08:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=780867

Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ.

„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек.

Настапуваат: Штефица Грасели, сопран, Тереза Плут, сопран, Катја Конвалинка, сопран, Ирена Јебуах Тиран, мецосопран, Барбара Јернејчиќ, мецосопран и  Ања Земљариќ, мецосопран.

 

 

The post 52. Мајски оперски вечери: Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ. „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот. Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек. Настапуваат: Штефица Грасели, сопран, Тереза Плут, сопран, Катја Конвалинка, сопран, Ирена Јебуах Тиран, мецосопран, Барбара Јернејчиќ, мецосопран и  Ања Земљариќ, мецосопран.    

The post 52. Мајски оперски вечери: Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ appeared first on Република.

]]>
„Тоска“ од Пучини вечерва на „Мајски оперски вечери“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/toska-od-puchini-vecherva-na-majski-operski-vecheri/ Thu, 23 May 2024 08:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=781014

Во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ вечер на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини под диригентската палка на Паоло Бресан од Италија, а во режија на Огњан Драганов од Бугарија.

Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, во улогата на „злобниот Скарпија“ гостинот од Романија, Лусијан Петреан, а во улогата на Анџелоти нашиот бас, Владимир Саздовски. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на НОБ

 

The post „Тоска“ од Пучини вечерва на „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ вечер на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини под диригентската палка на Паоло Бресан од Италија, а во режија на Огњан Драганов од Бугарија. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, во улогата на „злобниот Скарпија“ гостинот од Романија, Лусијан Петреан, а во улогата на Анџелоти нашиот бас, Владимир Саздовски. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на НОБ  

The post „Тоска“ од Пучини вечерва на „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>
„Тоска“ на Мајски оперски вечери со првенката Весна Ѓиновска – Илкова во насловната улога https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/toska-na-majski-operski-vecheri-so-prvenkata-vesna-ginovska-ilkova-vo-naslovnata-uloga/ Wed, 22 May 2024 10:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=780805

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“, на 23 мај со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини.

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, која е во режија на Огњан Драганов (Бугарија). Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, а настапуваат и тенорот Никола Китановски, гостинот од Романија Лусијан Петреан, нашиот бас Владимир Саздовски. Во другите улоги се: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post „Тоска“ на Мајски оперски вечери со првенката Весна Ѓиновска – Илкова во насловната улога appeared first on Република.

]]>

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“, на 23 мај со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини. Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, која е во режија на Огњан Драганов (Бугарија). Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, а настапуваат и тенорот Никола Китановски, гостинот од Романија Лусијан Петреан, нашиот бас Владимир Саздовски. Во другите улоги се: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post „Тоска“ на Мајски оперски вечери со првенката Весна Ѓиновска – Илкова во насловната улога appeared first on Република.

]]>
Четиричасовната изведба на „Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Опера и балет во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chetirichasovnata-izvedba-na-valkira-na-sofiskata-opera-i-balet-ja-krena-na-noze-polnata-sala-na-opera-i-balet-vo-skopje/ Sun, 19 May 2024 13:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=779807

„Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Националната опера и балет во Скопје. Четиричасовната изведба, во режија на Пламен Карталов, беше претставена во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ , а меѓу присутните беше и претседателката на државата, Гордана Сиљановска.

Тим од повеќе од 130 бугарски солисти, оркестарот и балетот дојдоа во македонскиот главен град и предизвикаа огромен интерес – салата беше целосно распродадена.

Гостувањето на спектакуларната епска музичка драма „Валкира“, од прочуениот германски композитор Рихард Вагнер, во продукција на Софиската опера и балет е реализирано партнерски меѓу македонското и бугарското министерство за култура. Постановката на „Валкира“ ја режираше Пламен Карталов, кој воедно е и директор на Софиската опера и балет, а со оркестарот диригираше маестро Еван Алексис Kрист од САД, сценограф Ханс Кудлич, а костимите се на Кристијан Михалева-Зорбалиева.

Директорот на Софиската опера и балет и директор на претставата, Пламен Карталов, се заблагодари за „дарежливиот и гостопримлив пречек“ од раководството на Националната опера и балет во Скопје.

Сакам да ве уверам дека нашите контакти ќе бидат навистина плодни. Ве чекаме во Софија во септември да покажеме како функционира културната дипломатија, рекол Карталов.

Националната опера и балет на Македонија во септември ќе гостува во Софија.

https://www.youtube.com/watch?v=GGU1P6lBW6Q

The post Четиричасовната изведба на „Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Опера и балет во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Националната опера и балет во Скопје. Четиричасовната изведба, во режија на Пламен Карталов, беше претставена во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ , а меѓу присутните беше и претседателката на државата, Гордана Сиљановска. Тим од повеќе од 130 бугарски солисти, оркестарот и балетот дојдоа во македонскиот главен град и предизвикаа огромен интерес – салата беше целосно распродадена. Гостувањето на спектакуларната епска музичка драма „Валкира“, од прочуениот германски композитор Рихард Вагнер, во продукција на Софиската опера и балет е реализирано партнерски меѓу македонското и бугарското министерство за култура. Постановката на „Валкира“ ја режираше Пламен Карталов, кој воедно е и директор на Софиската опера и балет, а со оркестарот диригираше маестро Еван Алексис Kрист од САД, сценограф Ханс Кудлич, а костимите се на Кристијан Михалева-Зорбалиева. Директорот на Софиската опера и балет и директор на претставата, Пламен Карталов, се заблагодари за „дарежливиот и гостопримлив пречек“ од раководството на Националната опера и балет во Скопје.
Сакам да ве уверам дека нашите контакти ќе бидат навистина плодни. Ве чекаме во Софија во септември да покажеме како функционира културната дипломатија, рекол Карталов.
Националната опера и балет на Македонија во септември ќе гостува во Софија. https://www.youtube.com/watch?v=GGU1P6lBW6Q

The post Четиричасовната изведба на „Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Опера и балет во Скопје appeared first on Република.

]]>
Силјановска избра културна дипломатија: Не мислам дека минатото ни е романтично, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-izbra-kulturna-diplomatija-ne-mislam-deka-minatoto-ni-e-romantichno-no-morame-da-zhiveeme-denes-i-da-rabotime-za-idninata/ Sat, 18 May 2024 19:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=779644

Претседателката Гордана Силјановска Давкова одлучи првото појавување во јавноста откако положи заклетва на 12 мај да го резервира за 52. издание на Мајските оперски вечери и за гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје.

Не мислам дека минатото ни е романтично, ни вашето ни нашето, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината, изјави Силјановска-Давкова пред почетокот на изведбата на операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер.

https://republika.mk/vesti/kultura/ekskluziven-nastan-vecherva-na-mob-valkira-od-vagner-so-koja-gostuva-sofiskata-opera-prvpat-ke-se-izvede-na-nasha-stsena/

Силјановска се сретна со директорот на софиската опера и балет Пламен Карталов и посочи дека е многу запознаена со неговата работа и дека дошла да се восхитува на премиерата.

На прашањето дали нејзиното присуство е знак на пријателство, Силјановска потврди.

Да, ова е еден чекор. Верувам во културната дипломатија и верувам дека е посилна од традиционалната дипломатија. Затоа дојдов да уживам во операта вечерва. Го познавам и академик Карталов, мислам дека е исклучителен. Мислам дека Пламен ќе го запали културниот пламен овде.

Софискиот ансамбл кој гостува во Скопје доаѓа со повеќе од 130 бугарски солисти, оркестар и балет.

The post Силјановска избра културна дипломатија: Не мислам дека минатото ни е романтично, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Силјановска Давкова одлучи првото појавување во јавноста откако положи заклетва на 12 мај да го резервира за 52. издание на Мајските оперски вечери и за гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје.
Не мислам дека минатото ни е романтично, ни вашето ни нашето, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината, изјави Силјановска-Давкова пред почетокот на изведбата на операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер.
https://republika.mk/vesti/kultura/ekskluziven-nastan-vecherva-na-mob-valkira-od-vagner-so-koja-gostuva-sofiskata-opera-prvpat-ke-se-izvede-na-nasha-stsena/ Силјановска се сретна со директорот на софиската опера и балет Пламен Карталов и посочи дека е многу запознаена со неговата работа и дека дошла да се восхитува на премиерата. На прашањето дали нејзиното присуство е знак на пријателство, Силјановска потврди.
Да, ова е еден чекор. Верувам во културната дипломатија и верувам дека е посилна од традиционалната дипломатија. Затоа дојдов да уживам во операта вечерва. Го познавам и академик Карталов, мислам дека е исклучителен. Мислам дека Пламен ќе го запали културниот пламен овде.
Софискиот ансамбл кој гостува во Скопје доаѓа со повеќе од 130 бугарски солисти, оркестар и балет.

The post Силјановска избра културна дипломатија: Не мислам дека минатото ни е романтично, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината appeared first on Република.

]]>
Весна Ѓиновска Илкова во насловната улога на „Тоска“ од Пучини на 23 мај на Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-ginovska-ilkova-vo-naslovnata-uloga-na-toska-od-puchini-na-23-maj-na-majski-operski-vecheri/ Sat, 18 May 2024 14:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=779574

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

 

The post Весна Ѓиновска Илкова во насловната улога на „Тоска“ од Пучини на 23 мај на Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.  

The post Весна Ѓиновска Илкова во насловната улога на „Тоска“ од Пучини на 23 мај на Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Ексклузивен настан вечерва на МОВ: „Валкира“ од Вагнер со која гостува Софиската опера првпат ќе се изведе на наша сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ekskluziven-nastan-vecherva-na-mov-valkira-od-vagner-so-koja-gostuva-sofiskata-opera-prvpat-ke-se-izvede-na-nasha-stsena/ Sat, 18 May 2024 13:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=778826

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, вечерва, за првпат на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе прозвучи операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер. Операта ќе биде прикажана во рамки на 52 издание на „Мајски оперски вечери“.

Според уметнички раководител на операта Орце Ицковски, гостувањето на оваа опера е еден од најексклузивните настани во ова издание на фестивалот. Тој на прес-конференција најави дека привилегијата да се слушне Вагнер е привилегија за сите нас, а најмногу за посетителите.

-Би сакал да кажам дека ни е огромно задоволство и чест да ги примиме гостите од Софија. Привилегијата да се слушне Вагнер за првпат во Македонија е привилегија за сите нас, особено за публиката, бидејќи комплетна изведба на Вагнер во државата до сега немало и ова ќе биде спектакуларно издание за нашите „Мајски оперски вечери“, рече Ицкоски.

Директорот на НУ Национална опера и балет, Васо Ристов на прес-конференцијата посочи дека гостувањето на Софиската опера и балет го договарале уште минатата година и најави спектакл за кој ќе има голем интерес од публиката.

-За ова гостување со маестро Карталов почнавме да се договараме уште минатата година, за 51 издание на „Мајски опери вечери“, каде што маестро Карталов ни беше гостин. Дојдовме до идеја Софиската опера и балет да земе учество на 52 „Мајски оперски вечери“. Ете, се случи тоа, овие денови тие се наши гости, а во сабота ќе имаме голем спектакл, кој што има голем интерес од публиката и мислам дека веќе билетите се пред самиот крај, додаде Ристов.

Директорката на Културниот информативен центар на Бугарија во Скопје, Антонија Велева рече дека гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје е од големо значење за партнерството меѓу двете држави.

-Чест и задоволство е за нас што Софиската опера и балет има можност да гостува во Скопје со прекрасна претстава. Ме радува што Бугарија ја има честа оваа година да учествува на „Мајските оперски вечери“. Благодарам што бевме поканети како партнери и овие настани навистина се од големо значање за двете држави. Многу е важно да има вакво партнерство и вакви средби и во иднина, рече Велева на прес-конференцијата.

Таа за во септември најави гостување и на Националната опера и балет на Македонија во Софија.

Директорот на Софиската опера и балет Пламен Карталов на прес-конференцијата рече дека гостувањето е благодарение на долгодишната соработка и напомена оти е сигурен дека ќе понудат добра претстава за публиката во Скопје.

-За мене е огромна чест да бидеме тука во Скопје. Ова е благодарение на долгогодишната соработка со мојот колега и пријател Васко Ристов, при што се исполни желбата да учествуваме на „Мајските оперски вечери“ во Скопје. Оваа наша доверба трае повеќе години. Одлучивме да претставиме еден репертоар кој што го нема на Националната опера и балет во Скопје, рече Карталов.

Диригентот на операта, Еван-Алексис Крист од САД потенцираше дека на секој љубител на операта ќе му се допадне оваа драма, најмногу поради музиката, но и поради историските аспекти.

-Последниве три години имав можност да соработувам со маестро Карталов, кој навистина има голема имагинација и креативност да создава прекрасни сцени од музички аспект. Имавме проби изминативе пет недели и тој постојано зборуваше за светлото и за музиката, како да ја прилагодиме и како да ја искористиме. Убеден сум дека на публиката ќе и се допадне операта од Рихард Вагнер онолку колку што и мене ми се допаѓа, додаде Еван-Алексис Крист.

Тој напомена дека иако самата опера е долга, трае четири часа, секогаш кога доаѓа крајот тој посакува истата да продолжи и понатаму да трае.

-Ќе видите колку бугарските оперски пејачи имаат неверојатни гласови, прекрасни гласовни способности. Имаат богата традиција, исто како и вие овде, и сметам дека навистина ќе ви се допадне, посочи Еван-Алексис Крист на прес-конференцијата.

The post Ексклузивен настан вечерва на МОВ: „Валкира“ од Вагнер со која гостува Софиската опера првпат ќе се изведе на наша сцена appeared first on Република.

]]>

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, вечерва, за првпат на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе прозвучи операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер. Операта ќе биде прикажана во рамки на 52 издание на „Мајски оперски вечери“. Според уметнички раководител на операта Орце Ицковски, гостувањето на оваа опера е еден од најексклузивните настани во ова издание на фестивалот. Тој на прес-конференција најави дека привилегијата да се слушне Вагнер е привилегија за сите нас, а најмногу за посетителите. -Би сакал да кажам дека ни е огромно задоволство и чест да ги примиме гостите од Софија. Привилегијата да се слушне Вагнер за првпат во Македонија е привилегија за сите нас, особено за публиката, бидејќи комплетна изведба на Вагнер во државата до сега немало и ова ќе биде спектакуларно издание за нашите „Мајски оперски вечери“, рече Ицкоски. Директорот на НУ Национална опера и балет, Васо Ристов на прес-конференцијата посочи дека гостувањето на Софиската опера и балет го договарале уште минатата година и најави спектакл за кој ќе има голем интерес од публиката. -За ова гостување со маестро Карталов почнавме да се договараме уште минатата година, за 51 издание на „Мајски опери вечери“, каде што маестро Карталов ни беше гостин. Дојдовме до идеја Софиската опера и балет да земе учество на 52 „Мајски оперски вечери“. Ете, се случи тоа, овие денови тие се наши гости, а во сабота ќе имаме голем спектакл, кој што има голем интерес од публиката и мислам дека веќе билетите се пред самиот крај, додаде Ристов. Директорката на Културниот информативен центар на Бугарија во Скопје, Антонија Велева рече дека гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје е од големо значење за партнерството меѓу двете држави. -Чест и задоволство е за нас што Софиската опера и балет има можност да гостува во Скопје со прекрасна претстава. Ме радува што Бугарија ја има честа оваа година да учествува на „Мајските оперски вечери“. Благодарам што бевме поканети како партнери и овие настани навистина се од големо значање за двете држави. Многу е важно да има вакво партнерство и вакви средби и во иднина, рече Велева на прес-конференцијата. Таа за во септември најави гостување и на Националната опера и балет на Македонија во Софија. Директорот на Софиската опера и балет Пламен Карталов на прес-конференцијата рече дека гостувањето е благодарение на долгодишната соработка и напомена оти е сигурен дека ќе понудат добра претстава за публиката во Скопје. -За мене е огромна чест да бидеме тука во Скопје. Ова е благодарение на долгогодишната соработка со мојот колега и пријател Васко Ристов, при што се исполни желбата да учествуваме на „Мајските оперски вечери“ во Скопје. Оваа наша доверба трае повеќе години. Одлучивме да претставиме еден репертоар кој што го нема на Националната опера и балет во Скопје, рече Карталов. Диригентот на операта, Еван-Алексис Крист од САД потенцираше дека на секој љубител на операта ќе му се допадне оваа драма, најмногу поради музиката, но и поради историските аспекти. -Последниве три години имав можност да соработувам со маестро Карталов, кој навистина има голема имагинација и креативност да создава прекрасни сцени од музички аспект. Имавме проби изминативе пет недели и тој постојано зборуваше за светлото и за музиката, како да ја прилагодиме и како да ја искористиме. Убеден сум дека на публиката ќе и се допадне операта од Рихард Вагнер онолку колку што и мене ми се допаѓа, додаде Еван-Алексис Крист. Тој напомена дека иако самата опера е долга, трае четири часа, секогаш кога доаѓа крајот тој посакува истата да продолжи и понатаму да трае. -Ќе видите колку бугарските оперски пејачи имаат неверојатни гласови, прекрасни гласовни способности. Имаат богата традиција, исто како и вие овде, и сметам дека навистина ќе ви се допадне, посочи Еван-Алексис Крист на прес-конференцијата.

The post Ексклузивен настан вечерва на МОВ: „Валкира“ од Вагнер со која гостува Софиската опера првпат ќе се изведе на наша сцена appeared first on Република.

]]>
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/verdievata-spektakularna-opera-trubadur-vo-ramki-na-52-izdanie-na-festivalot-majski-operski-vecheri/ Sat, 11 May 2024 06:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=776953

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена.

Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова. Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>
Отворени 52. Мајски оперски вечери: Премиерата на „Трубадур“ од Верди во режија на Иван Поповски ја воодушеви публиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreni-52-majski-operski-vecheri-premierata-na-trubadur-od-verdi-vo-rezhija-na-ivan-popovski-ja-voodushevi-publikata/ Fri, 10 May 2024 08:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=776633

Со премиера на операта „Трубадур“ на Џузепе Верди, во режија на Иван Поповски синоќа во Македонската опера и балет беа отворени 52. „Мајски оперски вечери“.

Пред изведбата, фестивалскиот оган го запали оперската певица Славица Галиќ-Петровска, со што официјално беше означен почетокот на празнување на месецот на оперската уметност кај нас, а холот на Македонската опера и балет беше претесен за да ги собере присутните љубители на оперската уметност. Политичари, актери, режисери, ликовни уметници и почитувачи на оперската уметност со љубопитство ја разгледуваа изложбата посветена на доајенот на оперската уметност кај нас, Милка Ефтимова поставена во холот на Операта, а потоа со воодушевување ја проследија изведбата на „Трубадур“ од Џузепе Верди.

Диригент на операта „Трубадур“ во четири чина беше Енрико Довико од Италија, сценографијата на Миодраг Табачки (Србија), костимограф е Марија Пупучевска, а кореограф Саша Евтимова.

Во насловната улога настапи тенорот Зоран Сотиров, а дел од кипата беа мецосопранот Сања Анастасија, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

Прочуениот македонски режисер, Иван Поповски чии оперски поставки се наградувани во Русија и низ светот, а првпат режира опера во Македонија на публиката и се поклони со целата екипа вклучувајќи го и тимот на сценска техника, а публиката ги награди со голем аплауз и стоечки овации.

„Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Поповски смета дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка.

-Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери – диригентот и на режисерот, да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното.

Следната изведба на „Трубадур“ е на 11 мај со учество на солисти од Канада и Чиле, додека диригентот е Иван Еминовиќ.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова дело на нашата сцена.

Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и со гости од Србија и Романија. Новина за овие Мајски оперски вечери е изведбата на камерна опера – современата а капела опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со Австријката Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија.

The post Отворени 52. Мајски оперски вечери: Премиерата на „Трубадур“ од Верди во режија на Иван Поповски ја воодушеви публиката appeared first on Република.

]]>

Со премиера на операта „Трубадур“ на Џузепе Верди, во режија на Иван Поповски синоќа во Македонската опера и балет беа отворени 52. „Мајски оперски вечери“. Пред изведбата, фестивалскиот оган го запали оперската певица Славица Галиќ-Петровска, со што официјално беше означен почетокот на празнување на месецот на оперската уметност кај нас, а холот на Македонската опера и балет беше претесен за да ги собере присутните љубители на оперската уметност. Политичари, актери, режисери, ликовни уметници и почитувачи на оперската уметност со љубопитство ја разгледуваа изложбата посветена на доајенот на оперската уметност кај нас, Милка Ефтимова поставена во холот на Операта, а потоа со воодушевување ја проследија изведбата на „Трубадур“ од Џузепе Верди. Диригент на операта „Трубадур“ во четири чина беше Енрико Довико од Италија, сценографијата на Миодраг Табачки (Србија), костимограф е Марија Пупучевска, а кореограф Саша Евтимова. Во насловната улога настапи тенорот Зоран Сотиров, а дел од кипата беа мецосопранот Сања Анастасија, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.   Прочуениот македонски режисер, Иван Поповски чии оперски поставки се наградувани во Русија и низ светот, а првпат режира опера во Македонија на публиката и се поклони со целата екипа вклучувајќи го и тимот на сценска техника, а публиката ги награди со голем аплауз и стоечки овации. „Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Поповски смета дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка. -Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери – диригентот и на режисерот, да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното. Следната изведба на „Трубадур“ е на 11 мај со учество на солисти од Канада и Чиле, додека диригентот е Иван Еминовиќ. На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова дело на нашата сцена. Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и со гости од Србија и Романија. Новина за овие Мајски оперски вечери е изведбата на камерна опера – современата а капела опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со Австријката Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија.

The post Отворени 52. Мајски оперски вечери: Премиерата на „Трубадур“ од Верди во режија на Иван Поповски ја воодушеви публиката appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова на 52. Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-operska-odiseja-nasledstvoto-na-milka-eftimova-na-52-majski-operski-vecheri/ Fri, 10 May 2024 08:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=776623

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај е поставена изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова.

Изложбата, премиерно поставена, лани, во декември, во Музејoт на македонската борба за самостојност, ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.

„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Милка Ефтимова ( 1936, Радовиш) како оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, е доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.

 

The post Изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова на 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај е поставена изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата, премиерно поставена, лани, во декември, во Музејoт на македонската борба за самостојност, ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера. „Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Милка Ефтимова ( 1936, Радовиш) како оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, е доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.  

The post Изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова на 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Мајските оперски вечери се дел од културната мисија која прави чуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/majskite-operski-vecheri-se-del-od-kulturnata-misija-koja-pravi-chuda/ Fri, 10 May 2024 08:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=776617

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме.

Таа додаде дека фестивалскиот оган ќе гори сè додека постои нашата љубов кон Нејзиното Височество – Операта.  „ Мајските оперски вечери се повеќе од празник, тие се круна на децениските напори на генерации македонски уметници да создадат и да остават гласовна трага за долги времиња“, рече министерката за култура насочувајќи го вниманието и кон изложбата посветена на макеоднската примадона Милка Ефтимова.

„Тоа се тие генерации врвни уметници на кои им ја должиме сета наша почит зашто од нив научивме дека културата е мисија која прави чуда. Со задача да го промени и да го спаси светот“, рече министерката за култура на отворањето на Мајските оперски вечери.

По церемонијата на палење на фестивалскиот оган од страна на оперската певица Славица Галиќ-Петровска, следеше премиерата на „Трубадур“ од Верди, во режија на Иван Поповски, светски познатиот македонски режисер, кој има голем број оперски поставки во Русија, а кој за прв пат режира опера во сопствената држава.

Диригент беше Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во операта „Трубадур“ настапуваат Зоран Сотиров, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ и солисти од Канада и Чиле.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет.

Ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, а ќе има изведба и на камерната опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“.

The post Мајските оперски вечери се дел од културната мисија која прави чуда appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме.

Таа додаде дека фестивалскиот оган ќе гори сè додека постои нашата љубов кон Нејзиното Височество – Операта.  „ Мајските оперски вечери се повеќе од празник, тие се круна на децениските напори на генерации македонски уметници да создадат и да остават гласовна трага за долги времиња“, рече министерката за култура насочувајќи го вниманието и кон изложбата посветена на макеоднската примадона Милка Ефтимова.

„Тоа се тие генерации врвни уметници на кои им ја должиме сета наша почит зашто од нив научивме дека културата е мисија која прави чуда. Со задача да го промени и да го спаси светот“, рече министерката за култура на отворањето на Мајските оперски вечери.

По церемонијата на палење на фестивалскиот оган од страна на оперската певица Славица Галиќ-Петровска, следеше премиерата на „Трубадур“ од Верди, во режија на Иван Поповски, светски познатиот македонски режисер, кој има голем број оперски поставки во Русија, а кој за прв пат режира опера во сопствената држава.

Диригент беше Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во операта „Трубадур“ настапуваат Зоран Сотиров, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ и солисти од Канада и Чиле.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет.

Ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, а ќе има изведба и на камерната опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“.

The post Мајските оперски вечери се дел од културната мисија која прави чуда appeared first on Република.

]]>
Распродадена е „Трубадур“, симфонијата на љубовта, одмаздата, судбината, со која вечерва започнуваат Мајските оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rasprodadena-e-trubadur-simfonijata-na-lubovta-odmazdata-sudbinata-so-koja-vecherva-zapochnuvaat-majskite-operski-vecheri/ Thu, 09 May 2024 07:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=776122

Распродадена е премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, со која вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава.

Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимограф е Марија Пупучевска и кореограф Саша Евтимова.

Во насловната улога ќе настапи тенорот Зоран Сотиров, ликот на Ацучена ќе го толкува мецосопранот Сања Анастасија од Србија. Покрај нив, ќе настапи екипа од домашни артисти: Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

[caption id="attachment_776125" align="alignnone" width="1638"] Национална оперра и белет / фото: Марко Угарковиќ[/caption]

„Трубадур“ репризно ќе биде изведена на 11 мај кога во екипата ќе има странски солисти (Канада и Чиле), а диригентот ќе биде домашен (Иван Еминовиќ).

Од НОБ на прес-конференција минатата недела соопштија дека подготвиле ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова Вагнерово дело на нашата сцена.

Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија. Новина за овие „Мајски оперски вечери“ е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, „Мајските оперски вечери“ ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистката од Австрија Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата, во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк.

 

The post Распродадена е „Трубадур“, симфонијата на љубовта, одмаздата, судбината, со која вечерва започнуваат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Распродадена е премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, со која вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимограф е Марија Пупучевска и кореограф Саша Евтимова. Во насловната улога ќе настапи тенорот Зоран Сотиров, ликот на Ацучена ќе го толкува мецосопранот Сања Анастасија од Србија. Покрај нив, ќе настапи екипа од домашни артисти: Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет. [caption id="attachment_776125" align="alignnone" width="1638"] Национална оперра и белет / фото: Марко Угарковиќ[/caption] „Трубадур“ репризно ќе биде изведена на 11 мај кога во екипата ќе има странски солисти (Канада и Чиле), а диригентот ќе биде домашен (Иван Еминовиќ). Од НОБ на прес-конференција минатата недела соопштија дека подготвиле ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова Вагнерово дело на нашата сцена. Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија. Новина за овие „Мајски оперски вечери“ е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана. Традиционално, „Мајските оперски вечери“ ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистката од Австрија Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата, во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк.  

The post Распродадена е „Трубадур“, симфонијата на љубовта, одмаздата, судбината, со која вечерва започнуваат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rasprodadena-e-spektakulanrata-trubadur-za-otvoraneto-na-majski-operski-vecheri-reprizata-e-na-11-maj/ Thu, 02 May 2024 08:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=773276

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај appeared first on Република.

]]>

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова. Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај appeared first on Република.

]]>
Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premierata-na-grandioznata-opera-trubadur-od-dhuzepe-verdi-na-9-maj-ke-gi-otvori-52-majski-operski-vecheri/ Fri, 26 Apr 2024 07:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=771223

Oд 9-31 мај  во Националната опера и балет, ќе се одржи 52. издание на „Мајски оперски вечери“. 52 години по ред во најубавиот месец на годината, мај во Скопjе се одржува единствениот и по содржина и по состав, меѓународен фестивал „MAJCKИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“.

Традиционално со палењето на фестивалскиот оган во Националната опера и балет на 9 мај 2024, со почеток во 20.00 часот, ќе се отворат 52. „Мајски оперски вечери“ со премиерата на грандиозната опера „ТРУБАДУР“ од Џузепе Верди, втората изведба на операта „ТРУБАДУР“ е на 11 мај. 20.00 ч.

На 15 мај, 20.00 ч. ќе се изведе волшебната балетска бајка „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ од П. И. Чајковски.

На 18 мај, 18.00 ч. за првпат на македонската сцена ќе се изведе опера од композиторот Рихард Вагнер, операта „ВАЛКИРА“ со гостување на Софиската опера и балет.
На 23 мај, 20.00 ч. ќе се изведе ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „ТОСКА“ .
На 28 мај, 20.00 ч. ќе се изведе камерната опера „СВАДБА“ од Ана Соколовиќ, во изведба на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.
Традиционално затворањето на фестивалот „Мајски оперски вечери“ е со величествената „АИДА“ од Џузепе Верди.
Во рамките на фестивалот во фоајето на Националната опера и балет од 9 мај ќе биде поставена изложба посветена на оперската примадона Милка Ефтимова со наслов „ОПЕРСКА ОДИСЕЈА“ – Наследството на Милка Ефтимова.
Изложбената експозиција ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија и фотографии и портрети кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
Изложбата е резултат на меѓу институционалната соработка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и НУ Национална опера и балет, Скопје.

The post Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Oд 9-31 мај  во Националната опера и балет, ќе се одржи 52. издание на „Мајски оперски вечери“. 52 години по ред во најубавиот месец на годината, мај во Скопjе се одржува единствениот и по содржина и по состав, меѓународен фестивал „MAJCKИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“.

Традиционално со палењето на фестивалскиот оган во Националната опера и балет на 9 мај 2024, со почеток во 20.00 часот, ќе се отворат 52. „Мајски оперски вечери“ со премиерата на грандиозната опера „ТРУБАДУР“ од Џузепе Верди, втората изведба на операта „ТРУБАДУР“ е на 11 мај. 20.00 ч.

На 15 мај, 20.00 ч. ќе се изведе волшебната балетска бајка „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ од П. И. Чајковски.
На 18 мај, 18.00 ч. за првпат на македонската сцена ќе се изведе опера од композиторот Рихард Вагнер, операта „ВАЛКИРА“ со гостување на Софиската опера и балет.
На 23 мај, 20.00 ч. ќе се изведе ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „ТОСКА“ .
На 28 мај, 20.00 ч. ќе се изведе камерната опера „СВАДБА“ од Ана Соколовиќ, во изведба на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.
Традиционално затворањето на фестивалот „Мајски оперски вечери“ е со величествената „АИДА“ од Џузепе Верди.
Во рамките на фестивалот во фоајето на Националната опера и балет од 9 мај ќе биде поставена изложба посветена на оперската примадона Милка Ефтимова со наслов „ОПЕРСКА ОДИСЕЈА“ – Наследството на Милка Ефтимова.
Изложбената експозиција ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија и фотографии и портрети кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
Изложбата е резултат на меѓу институционалната соработка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и НУ Национална опера и балет, Скопје.

The post Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Со „Аида“ на Џузепе Верди вечерва се затвораат Мајските оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-aida-na-dhuzepe-verdi-vecherva-se-zatvoraat-majskite-operski-vecheri/ Wed, 31 May 2023 10:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=646418

Со вечерашната изведба на величествената „Аида“ од Џузепе Верди со која што традиционално ќе се затвори 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет (НОБ). Билетите за претставата се распродадени.

Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта, велат од НОБ.

Ќе диригира Италијанецот Роберто Џанол, а настапуваат Марија Јелиќ (Србија), Валтер Фракаро (Италија), Сања Анастасиа (Србија), Игор Дурловски, Александар Стефаноски, Нико Исаков (Бугарија), Катерина Стојановска и Марјан Николовски. Балетски солист е Ивана Коцевска.

The post Со „Аида“ на Џузепе Верди вечерва се затвораат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Со вечерашната изведба на величествената „Аида“ од Џузепе Верди со која што традиционално ќе се затвори 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет (НОБ). Билетите за претставата се распродадени.
Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта, велат од НОБ.
Ќе диригира Италијанецот Роберто Џанол, а настапуваат Марија Јелиќ (Србија), Валтер Фракаро (Италија), Сања Анастасиа (Србија), Игор Дурловски, Александар Стефаноски, Нико Исаков (Бугарија), Катерина Стојановска и Марјан Николовски. Балетски солист е Ивана Коцевска.

The post Со „Аида“ на Џузепе Верди вечерва се затвораат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Со „Набуко“ вечерва се отвора 51. издание на Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-nabuko-vecherva-se-otvora-51-izdanie-na-majski-operski-vecheri/ Tue, 09 May 2023 08:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=638625

Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“.

Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе се прикажува балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски. Поради големиот интерес на публиката, распродадени се билетите за „Набуко“ и „Лебедово езеро“.

На 17 мај ќе се прикажува операта „Кармен“ на Жорж Бизе, на 21 мај „Травијата“ од Џузепе Верди, а на 26-ти мај „Реквием“ од Џузепе Верди, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонија и хорот на НОБ. На 31 мај свеченото затворање ќе биде со операта „Аида“. Со „Реквием“ на Верди ќе се одбележи и јубилејот 210 години од неговото раѓање.

Директорот на Национална опера и балет, Васо Ристов вели дека „Набуко“ последен пат била обновена на 25 февруари 2003 година. На редовниот репертоар последен пат била изведувана на 7-ми декември 2017 година.

Вердиевата опера во НОБ ја постави екипа од Италија: Ренато Бонајуто како режисер и Тереза Гаргано како асистентка, Флавио Арбети како сценограф, и Артемио Кабаси како костимограф. Ќе диригира Даниеле Аџиман исто од Италија.

 

The post Со „Набуко“ вечерва се отвора 51. издание на Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе се прикажува балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски. Поради големиот интерес на публиката, распродадени се билетите за „Набуко“ и „Лебедово езеро“. На 17 мај ќе се прикажува операта „Кармен“ на Жорж Бизе, на 21 мај „Травијата“ од Џузепе Верди, а на 26-ти мај „Реквием“ од Џузепе Верди, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонија и хорот на НОБ. На 31 мај свеченото затворање ќе биде со операта „Аида“. Со „Реквием“ на Верди ќе се одбележи и јубилејот 210 години од неговото раѓање. Директорот на Национална опера и балет, Васо Ристов вели дека „Набуко“ последен пат била обновена на 25 февруари 2003 година. На редовниот репертоар последен пат била изведувана на 7-ми декември 2017 година. Вердиевата опера во НОБ ја постави екипа од Италија: Ренато Бонајуто како режисер и Тереза Гаргано како асистентка, Флавио Арбети како сценограф, и Артемио Кабаси како костимограф. Ќе диригира Даниеле Аџиман исто од Италија.  

The post Со „Набуко“ вечерва се отвора 51. издание на Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ е траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri-e-traen-zapis-za-seto-ona-shto-se-sluchuvalo-na-festivalskata-scena/ Sat, 04 Jun 2022 16:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=511154

Свеченото затворање на јубилејните Мајски оперски вечери, покрај изведбата на операта „Аида“, беше одбележано и со промоцијата на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски, објавена по повод големиот јубилеј на најзначајната манифестација од овој тип во нашата земја, со цел да се остави траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена низ изминатите 50 години.

Во издание на Националната опера и балет, предговорот е на директорот на куќата, проф. м-р Васо Ристов, рецензент е диригентот на првата претстава во 1972 година, проф. Фимчо Муратовски, а промотор на монографијата беше м-р Весна Малјановска.

Во монографијата се наброени сите оперски, балетски и други претстави, како и концертите што биле изведени на Мајските оперски вечери во изминатите 50 години. Вкупната бројка на претстави е 457, од кои 321 се оперски претстави, 62 се балети, 66 се концерти, а 8 се други претстави.

The post Монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ е траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена appeared first on Република.

]]>

Свеченото затворање на јубилејните Мајски оперски вечери, покрај изведбата на операта „Аида“, беше одбележано и со промоцијата на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски, објавена по повод големиот јубилеј на најзначајната манифестација од овој тип во нашата земја, со цел да се остави траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена низ изминатите 50 години. Во издание на Националната опера и балет, предговорот е на директорот на куќата, проф. м-р Васо Ристов, рецензент е диригентот на првата претстава во 1972 година, проф. Фимчо Муратовски, а промотор на монографијата беше м-р Весна Малјановска. Во монографијата се наброени сите оперски, балетски и други претстави, како и концертите што биле изведени на Мајските оперски вечери во изминатите 50 години. Вкупната бројка на претстави е 457, од кои 321 се оперски претстави, 62 се балети, 66 се концерти, а 8 се други претстави.

The post Монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ е траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена appeared first on Република.

]]>
Со „Аида“и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ завршува јубилејното издание на манифестацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-aida-i-promocija-na-monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri-zavrshuva-jubilejnoto-izdanie-na-manifestacijata/ Tue, 31 May 2022 08:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=509122

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19.00 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски.  Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска.

Со почеток во 20.00 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди,  традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.  Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

„Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под  диригентската палка на  Оливер Балабурски, уметник со кариера од над  28 години. Во продукција на театарот  Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а  хор - мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска.

Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

The post Со „Аида“и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ завршува јубилејното издание на манифестацијата appeared first on Република.

]]>

Во фоајето на Националната опера и балет на 31 мај во 19.00 часот ќе се одржи промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски.  Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Со оваа публикација, Националната опера и балет трајно го зачувува уметничкиот белег изграден од големиот број извонредни уметници. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска. Со почеток во 20.00 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди,  традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.  Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под  диригентската палка на  Оливер Балабурски, уметник со кариера од над  28 години. Во продукција на театарот  Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а  хор - мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист: Ивана Коцевска. Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

The post Со „Аида“и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ завршува јубилејното издание на манифестацијата appeared first on Република.

]]>