Мајски цвет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majski-cvet/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Jun 2022 11:26:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајски цвет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majski-cvet/ 32 32 Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradinkata-majski-cvet-e-rekonstruirana-od-firma-milenik-na-dui/ Tue, 14 Jun 2022 10:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=514957

Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, прашува Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.

Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе. За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст. Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба. Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!

Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката, вели Велјановски.

Ако за несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, додава тој, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.

СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси, вели Велјановски, потенцирајќи дека за СДСМ јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.

Оттука, поставуваме неколку прашања:

1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?

2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?

3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!

4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!

https://youtu.be/VzdrcgconOo

The post Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, прашува Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе. За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст. Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба. Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна! Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката, вели Велјановски.
Ако за несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, додава тој, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот. СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси, вели Велјановски, потенцирајќи дека за СДСМ јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни. Оттука, поставуваме неколку прашања:
1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката? 2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра? 3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?! 4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!
https://youtu.be/VzdrcgconOo

The post Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? appeared first on Република.

]]>
Јакимовски: Има неколку недостатоци при изведбата на плафонот, се плашам да не се урнецел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-ima-nekolku-nedostatoci-pri-izvedbata-na-plafonot-se-plasham-da-ne-se-urnecel/ Tue, 14 Jun 2022 08:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=514881

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, утрово повторно направи увид на ситуацијата во градинката „Мајски цвет“ и изврши консултација со експерти од областа при што беа констатирани недостатоци при изведбата на плафонот. Јакимовски во обраќањето во живо од градинката соопшти три главни причини поради што дошло до паѓање на таванот.

Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, значи осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што штрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Тоа е втората причина поради што е дојдено до оваа ситуација. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година. Ќе побарам измени во буџетот и итно да видиме што ќе кажат стручните лица, како да извршиме санација се во интерес на безбедноста на нашите најмали жители во општина Карпош, соопшти Јакимовски.

The post Јакимовски: Има неколку недостатоци при изведбата на плафонот, се плашам да не се урнецел appeared first on Република.

Јакимовски како Ангелов: На маса па на покрив проверуваше како паднал таванот во „Мајски цвет“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-kako-angelov-na-masa-pa-na-pokriv-proveruvashe-kako-padnal-tavanot-vo-majski-cvet/ Mon, 13 Jun 2022 11:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=514492

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

https://republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-zabelezani-se-tehnichki-propusti-pri-gradbata-na-objektot/

Toј не застана само со увидот на просторијата, туку прво се качи на маса за да го допре оштетениот плафон, за на крај со скала да стигне и до надворешниот покрив на објектот.

https://youtu.be/EDd0b07ovk8

The post Јакимовски како Ангелов: На маса па на покрив проверуваше како паднал таванот во „Мајски цвет“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен. https://republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-zabelezani-se-tehnichki-propusti-pri-gradbata-na-objektot/ Toј не застана само со увидот на просторијата, туку прво се качи на маса за да го допре оштетениот плафон, за на крај со скала да стигне и до надворешниот покрив на објектот. https://youtu.be/EDd0b07ovk8

The post Јакимовски како Ангелов: На маса па на покрив проверуваше како паднал таванот во „Мајски цвет“ appeared first on Република.

]]>
Милoшоски: Oдговорност за фушерајот мора да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/miloshoski-odgovornost-za-fusherajot-mora-da-ima/ Mon, 13 Jun 2022 11:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=514466

Среќа во несреќа е што во градинката "Мајски цвет" (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, побара пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека во увид во оваа градинка извршила „половина“ влада.

Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата.
Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна, пишува Милошоски.

The post Милoшоски: Oдговорност за фушерајот мора да има appeared first on Република.

]]>

Среќа во несреќа е што во градинката "Мајски цвет" (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, побара пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека во увид во оваа градинка извршила „половина“ влада.
Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата. Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна, пишува Милошоски.

The post Милoшоски: Oдговорност за фушерајот мора да има appeared first on Република.

]]>
Јакимовски: Забележани се технички пропусти при градбата на објектот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-zabelezani-se-tehnichki-propusti-pri-gradbata-na-objektot/ Mon, 13 Jun 2022 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=514480

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

https://republika.mk/vesti/skopje/padna-tavanot-vo-gradinkata-majski-cvet-vo-taftalidze-2/

Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот, додаваат од Општината.

Од тие причини, Јакимовски побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 доби целосно нов објект во декември 2018 година, со што стариот објект од монтажен карактер се замени со нов, од цврста градба.

Како што споделија тогаш тогашниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев и тогашната министерка за труд и социјала Мила Царовска, објектот е енергетски ефикасен, со можност за сместување на 95 деца и со него капацитетот за сместување на деца се зголеми за дополнителни 150 m2.

The post Јакимовски: Забележани се технички пропусти при градбата на објектот appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен. https://republika.mk/vesti/skopje/padna-tavanot-vo-gradinkata-majski-cvet-vo-taftalidze-2/
Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.
При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот, додаваат од Општината. Од тие причини, Јакимовски побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот. Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 доби целосно нов објект во декември 2018 година, со што стариот објект од монтажен карактер се замени со нов, од цврста градба. Како што споделија тогаш тогашниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев и тогашната министерка за труд и социјала Мила Царовска, објектот е енергетски ефикасен, со можност за сместување на 95 деца и со него капацитетот за сместување на деца се зголеми за дополнителни 150 m2.  

The post Јакимовски: Забележани се технички пропусти при градбата на објектот appeared first on Република.

]]>
Падна таванот во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/padna-tavanot-vo-gradinkata-majski-cvet-vo-taftalidze-2/ Mon, 13 Jun 2022 09:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=514385

За време на викендот паднал таванот во скопската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2. За среќа, нема повредени лица, зошто објектот во моментот бил празен

Фотографии од руината беа споделени на „Фејсбук“.

Пратеникот Анотнио Милошоски алармираше дека одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.

Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата, потенцира Милошоски.

The post Падна таванот во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 appeared first on Република.

]]>

За време на викендот паднал таванот во скопската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2. За среќа, нема повредени лица, зошто објектот во моментот бил празен Фотографии од руината беа споделени на „Фејсбук“. Пратеникот Анотнио Милошоски алармираше дека одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.