мајмунски сипаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majmunski-sipanici/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 19:34:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мајмунски сипаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majmunski-sipanici/ 32 32 Во Велика Британија откриен сој на мајмунски сипаници што полесно се шири меѓу луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-otkrien-soj-na-majmunski-sipanitsi-shto-polesno-se-shiri-megu-lugeto/ Wed, 30 Oct 2024 19:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=832559

Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба во Африка поради големи сипаници.

Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна.

Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.

Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.

„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мпокс во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следење блиски контакти за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА). 

The post Во Велика Британија откриен сој на мајмунски сипаници што полесно се шири меѓу луѓето appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба во Африка поради големи сипаници.

Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна.

Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.

Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.

„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мпокс во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следење блиски контакти за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА). 

The post Во Велика Британија откриен сој на мајмунски сипаници што полесно се шири меѓу луѓето appeared first on Република.

]]>
Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-potvrden-prviot-sluchaj-na-novata-varijanta-na-mpoks/ Tue, 22 Oct 2024 11:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=829819

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА.

Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август.

- РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница.

Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување.

Се смета дека кладот 1b е потежок од кладот 2b и постојат сомневања дека е позаразен. Сепак, експертите за јавно здравје предупредуваат дека во моментов нема доволно веродостојни податоци за варијантата.

Инфекции од другата варијанта на вирусот мпокс, клад 2b, се откриени во многу земји, вклучително и Германија од мај 2022 година.

Според РКИ, во Германија не се регистрирани смртни случаи од мпокс.

The post Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс appeared first on Република.

]]>

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА. Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август. - РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница. Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување. Се смета дека кладот 1b е потежок од кладот 2b и постојат сомневања дека е позаразен. Сепак, експертите за јавно здравје предупредуваат дека во моментов нема доволно веродостојни податоци за варијантата. Инфекции од другата варијанта на вирусот мпокс, клад 2b, се откриени во многу земји, вклучително и Германија од мај 2022 година. Според РКИ, во Германија не се регистрирани смртни случаи од мпокс.

The post Во Германија потврден првиот случај на новата варијанта на мпокс appeared first on Република.

]]>
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-ja-odobri-prvata-vaktsina-protiv-majmunski-sipanitsi/ Fri, 13 Sep 2024 17:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=816103

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека ја одобрила првата вакцина против мајмунски сипаници произведена од Баварски Нордик.

Првата претквалификација на вакцината против мајмунски сипаници е важен чекор во нашата борба против оваа болест, како во контекст на моменталната појава на болеста во Африка, така и во иднина, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Мајмунските сипаници се вирусно заболување предизвикано од вирус кој е сличен на вирусот на сипаници, но не се шири меѓу луѓето толку ефикасно и има помала стапка на смртност од малите сипаници.

Минатиот месец, СЗО ги прогласи мајмунските сипаници за глобална јавно-здравствена криза по втор пат во две години откако болеста се прошири од ДР Конго во соседните земји.

Прогласувањето на јавна здравствена криза од меѓународен интерес, највисокото ниво на тревога на СЗО, може да го забрза истражувањето, финансирањето и мерките за јавно здравје и меѓународната соработка за контрола на болеста.

Болеста почна да се шири во ДР Конго во форма на ендемичен вид познат како „клад I“. Изгледа дека новата варијанта „клад Iб“ полесно се шири преку близок контакт, вклучително и сексуален контакт. Болеста се прошири од Конго во соседните земји, вклучувајќи ги Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда, што предизвика одговор на СЗО.

Повеќе од 17.000 сомнителни случаи на мајмунски сипаници и 517 смртни случаи се пријавени во Африка од почетокот на оваа година, што е зголемување од 160 отсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Инфекцијата ја пријавија 13 земји.

Друга варијанта на вирусот, „клад IIб“, се рашири низ светот во 2022 година, главно преку сексуален контакт меѓу мажи, што предизвика СЗО потоа да прогласи јавно здравствена криза која траеше 10 месеци.

The post СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека ја одобрила првата вакцина против мајмунски сипаници произведена од Баварски Нордик.
Првата претквалификација на вакцината против мајмунски сипаници е важен чекор во нашата борба против оваа болест, како во контекст на моменталната појава на болеста во Африка, така и во иднина, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Мајмунските сипаници се вирусно заболување предизвикано од вирус кој е сличен на вирусот на сипаници, но не се шири меѓу луѓето толку ефикасно и има помала стапка на смртност од малите сипаници. Минатиот месец, СЗО ги прогласи мајмунските сипаници за глобална јавно-здравствена криза по втор пат во две години откако болеста се прошири од ДР Конго во соседните земји. Прогласувањето на јавна здравствена криза од меѓународен интерес, највисокото ниво на тревога на СЗО, може да го забрза истражувањето, финансирањето и мерките за јавно здравје и меѓународната соработка за контрола на болеста. Болеста почна да се шири во ДР Конго во форма на ендемичен вид познат како „клад I“. Изгледа дека новата варијанта „клад Iб“ полесно се шири преку близок контакт, вклучително и сексуален контакт. Болеста се прошири од Конго во соседните земји, вклучувајќи ги Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда, што предизвика одговор на СЗО. Повеќе од 17.000 сомнителни случаи на мајмунски сипаници и 517 смртни случаи се пријавени во Африка од почетокот на оваа година, што е зголемување од 160 отсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Инфекцијата ја пријавија 13 земји. Друга варијанта на вирусот, „клад IIб“, се рашири низ светот во 2022 година, главно преку сексуален контакт меѓу мажи, што предизвика СЗО потоа да прогласи јавно здравствена криза која траеше 10 месеци.

The post СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Во Индија регистриран прв случај на мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-indija-registriran-prv-sluchaj-na-majmunski-sipanitsi/ Mon, 09 Sep 2024 07:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=814536

Во Индија е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај маж кој допатувал во Индија од земја каде веќе е регистрирана инфекцијата.

Заразениот е изолиран во болница и е во стабилна состојба, соопшти денеска индиското Министерство за здравство.

Министерството не прецизираше кој вид на вирус може да има пациентот.

Мајмунските сипаници може да се пренесат со близок контакт. Инфекцијата е фатална во ретки случаи. Предизвикува симптоми слични на грип и меурчиња полни со гној на телото.

Локалните медиуми минатиот месец јавија дека Индија е во состојба на зголемена готовност, откако новиот вид на мајмунски сипаници се прошири низ Африка.

Светската здравствена организација претходно го прогласи ширењето на мајмунските сипаници во Конго и на други места на африканскиот континент за глобална опасност.

The post Во Индија регистриран прв случај на мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Во Индија е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај маж кој допатувал во Индија од земја каде веќе е регистрирана инфекцијата. Заразениот е изолиран во болница и е во стабилна состојба, соопшти денеска индиското Министерство за здравство. Министерството не прецизираше кој вид на вирус може да има пациентот. Мајмунските сипаници може да се пренесат со близок контакт. Инфекцијата е фатална во ретки случаи. Предизвикува симптоми слични на грип и меурчиња полни со гној на телото. Локалните медиуми минатиот месец јавија дека Индија е во состојба на зголемена готовност, откако новиот вид на мајмунски сипаници се прошири низ Африка. Светската здравствена организација претходно го прогласи ширењето на мајмунските сипаници во Конго и на други места на африканскиот континент за глобална опасност.

The post Во Индија регистриран прв случај на мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekot-protiv-mpoks-ne-e-efikasen-virusot-brzo-se-shiri-2/ Thu, 22 Aug 2024 08:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=808975

Антивирусниот лек „Tecovirimat“ не го намалува времетраењето на лезиите кај децата и возрасните инфицирани со тип 1 мпокс во Демократска Република Конго (ДР Конго), открија истражувачите од ДР Конго и САД.

Типот 1 претставува поопасен тип на мпокс во споредба со тип 2, кој предизвика епидемија во 2022 година и е поврзан со потешки форми на болеста и повисоки стапки на смртност.

Мпокс 1 несразмерно ги погодува децата, што не беше случај за време на избувнувањето во 2022 година, што ја поттикна Светската здравствена организација да прогласи глобална вонредна состојба.

-Овие резултати се разочарувачки, но ни даваат клучни информации и ја нагласуваат потребата да се најдат други терапевтски кандидати за лекување на мпокс додека продолжуваме со истражувањето, рече за Политико, Жана Марацо, директорка на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД).

Студијата поддржана од НИАИД покажа дека смртните случаи може да се избегнат кога пациентите со мпокс се лекуваат во болница. Истражувачите вклучиле 597 пациенти, хоспитализирани најмалку 14 дена. Стапката на смртност, вклучувајќи ги и оние кои примиле плацебо, била 1,7 проценти, во споредба со најмалку 3,6 проценти меѓу сите случаи во ДР Конго, велат тие.

-Ова покажува дека подобри резултати кај луѓето со мпокс може да се постигнат кога тие се хоспитализирани и им се дава висококвалитетна помошна нега, се вели во соопштението на Националниот институт за здравје.

 

The post Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири appeared first on Република.

]]>

Антивирусниот лек „Tecovirimat“ не го намалува времетраењето на лезиите кај децата и возрасните инфицирани со тип 1 мпокс во Демократска Република Конго (ДР Конго), открија истражувачите од ДР Конго и САД. Типот 1 претставува поопасен тип на мпокс во споредба со тип 2, кој предизвика епидемија во 2022 година и е поврзан со потешки форми на болеста и повисоки стапки на смртност. Мпокс 1 несразмерно ги погодува децата, што не беше случај за време на избувнувањето во 2022 година, што ја поттикна Светската здравствена организација да прогласи глобална вонредна состојба. -Овие резултати се разочарувачки, но ни даваат клучни информации и ја нагласуваат потребата да се најдат други терапевтски кандидати за лекување на мпокс додека продолжуваме со истражувањето, рече за Политико, Жана Марацо, директорка на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД). Студијата поддржана од НИАИД покажа дека смртните случаи може да се избегнат кога пациентите со мпокс се лекуваат во болница. Истражувачите вклучиле 597 пациенти, хоспитализирани најмалку 14 дена. Стапката на смртност, вклучувајќи ги и оние кои примиле плацебо, била 1,7 проценти, во споредба со најмалку 3,6 проценти меѓу сите случаи во ДР Конго, велат тие. -Ова покажува дека подобри резултати кај луѓето со мпокс може да се постигнат кога тие се хоспитализирани и им се дава висококвалитетна помошна нега, се вели во соопштението на Националниот институт за здравје.  

The post Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири appeared first on Република.

]]>
Повеќе од илјада нови случаи на мајмунски сипаници изминатите седум дена во Конго https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-iljada-novi-sluchai-na-majmunski-sipanitsi-izminatite-sedum-dena-vo-kongo/ Wed, 21 Aug 2024 16:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=808746

Официјални лица во Конго денеска соопштија дека изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1.000 нови случаи на мајмунски сипаници, а многу африкански земји очајнички бараат вакцини за да се изборат со растечката закана на заразата на континентот.

Мајмунските сипаници припаѓаат на истата фамилија на вируси како и сипаниците, но предизвикуваат поблаги симптоми како треска и болки во телото и најчесто се пренесуваат преку близок контакт, вклучително и сексуален однос. Луѓето со потешки случаи може да развијат лезии на лицето, рацете, градите и гениталиите.

Мајмунски сипаници е забележана во 12 од 54 африкански земји, најмногу во Конго. Од вкупно 18.910 случаи годинава, 94 отсто или 17.794 се во Конго, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Бројките се веројатно потценети, бидејќи само еден од пет сомнителни случаи во Конго е тестиран за мајмунска сипаница. Генералниот директор на Африканскиот центар за контрола на болести, д-р Жан Касеја, рече дека многу погодени африкански земји имаат ограничени способности за тестирање и надзор.

Во текот на изминатите седум дена, Конго забележа 1.030 од 1.405 нови случаи низ Африка, според статистичките податоци објавени синоќа од Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Иако Конго е земја која предизвикува најголема загриженост, бројот на случаи во блискиот Бурунди е повеќе од двојно зголемен, 572 за само една недела.

Зголемените случаи на мајмунски сипаници во Африка и новата форма на вирусот идентификувана во Конго, која полесно се пренесува, ја поттикна СЗО да го прогласи за глобална здравствена вонредна состојба минатата недела.

Некои се надеваат дека тоа ќе ги охрабри донаторите да обезбедат вакцини и друга помош за спречување на појавата во Африка пред случаите да се шират низ светот, бидејќи Шведска веќе регистрира случај со нова варијанта на сипаници првпат регистрирана во источно Конго.

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека организацијата добила ветување за 215.000 вакцини од Европската унија и производителот „Бавариан Нордик“, кои треба да пристигнат во следните неколку дена. Американската агенција за помош соопшти дека донирала уште 50.000 дози од истата вакцина во Конго. Јапонија исто така донираше вакцини.

The post Повеќе од илјада нови случаи на мајмунски сипаници изминатите седум дена во Конго appeared first on Република.

]]>

Официјални лица во Конго денеска соопштија дека изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1.000 нови случаи на мајмунски сипаници, а многу африкански земји очајнички бараат вакцини за да се изборат со растечката закана на заразата на континентот. Мајмунските сипаници припаѓаат на истата фамилија на вируси како и сипаниците, но предизвикуваат поблаги симптоми како треска и болки во телото и најчесто се пренесуваат преку близок контакт, вклучително и сексуален однос. Луѓето со потешки случаи може да развијат лезии на лицето, рацете, градите и гениталиите. Мајмунски сипаници е забележана во 12 од 54 африкански земји, најмногу во Конго. Од вкупно 18.910 случаи годинава, 94 отсто или 17.794 се во Конго, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Бројките се веројатно потценети, бидејќи само еден од пет сомнителни случаи во Конго е тестиран за мајмунска сипаница. Генералниот директор на Африканскиот центар за контрола на болести, д-р Жан Касеја, рече дека многу погодени африкански земји имаат ограничени способности за тестирање и надзор. Во текот на изминатите седум дена, Конго забележа 1.030 од 1.405 нови случаи низ Африка, според статистичките податоци објавени синоќа од Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Иако Конго е земја која предизвикува најголема загриженост, бројот на случаи во блискиот Бурунди е повеќе од двојно зголемен, 572 за само една недела. Зголемените случаи на мајмунски сипаници во Африка и новата форма на вирусот идентификувана во Конго, која полесно се пренесува, ја поттикна СЗО да го прогласи за глобална здравствена вонредна состојба минатата недела. Некои се надеваат дека тоа ќе ги охрабри донаторите да обезбедат вакцини и друга помош за спречување на појавата во Африка пред случаите да се шират низ светот, бидејќи Шведска веќе регистрира случај со нова варијанта на сипаници првпат регистрирана во источно Конго. Африканскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека организацијата добила ветување за 215.000 вакцини од Европската унија и производителот „Бавариан Нордик“, кои треба да пристигнат во следните неколку дена. Американската агенција за помош соопшти дека донирала уште 50.000 дози од истата вакцина во Конго. Јапонија исто така донираше вакцини.

The post Повеќе од илјада нови случаи на мајмунски сипаници изминатите седум дена во Конго appeared first on Република.

]]>
Франција почнува масовна вакцинација против мајмунски сипаници, отворени се 232 вакцинални пунктови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-pochnuva-masovna-vaktsinatsija-protiv-majmunski-sipanitsi-otvoreni-se-232-vaktsinalni-punktovi/ Wed, 21 Aug 2024 06:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=808441

Францускиот премиер во оставка, Габриел Атал, изјави дека во Франција се отворени 232 места за вакцинација, како дел од борбата против можна епидемија на мајмунски сипаници.

Атал додаде дека ветува оти ќе има 100.000 дози вакцини за најзагрозените земји.

Подготвени сме да се соочиме со сите сценарија и ризици“, објави Атал на платформата X.

Досега, во Франција не се регистрирани случаи на инфекција со мајмунски сипаници.

The post Франција почнува масовна вакцинација против мајмунски сипаници, отворени се 232 вакцинални пунктови appeared first on Република.

]]>

Францускиот премиер во оставка, Габриел Атал, изјави дека во Франција се отворени 232 места за вакцинација, како дел од борбата против можна епидемија на мајмунски сипаници. Атал додаде дека ветува оти ќе има 100.000 дози вакцини за најзагрозените земји.
Подготвени сме да се соочиме со сите сценарија и ризици“, објави Атал на платформата X.
Досега, во Франција не се регистрирани случаи на инфекција со мајмунски сипаници.

The post Франција почнува масовна вакцинација против мајмунски сипаници, отворени се 232 вакцинални пунктови appeared first on Република.

]]>
Во рускиот институт „Гамалеја“ веќе работат на вакцина против мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-ruskiot-institut-gamaleja-veke-rabotat-na-vaktsina-protiv-majmunski-sipanitsi/ Mon, 19 Aug 2024 16:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=808027

Истражувачката работа за создавање вакцина против мајмунски сипаници во Русија е завршена, нејзините претклинички тестови може да траат 6-7 месеци, изјави за Спутник, Александар Гинтсбург, директор на Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја.

Истражувачката работа е всушност завршена и се чека кој ќе финансира, бидејќи се работи за многу пари. Не можеме сами, изјави Гунцбург.

Тој, исто така, истакна дека претклиничките испитувања на вакцината може да траат 6-7 месеци, додека времето на клиничките испитувања сè уште не е познато. Предвидено е да се вакцинира околината на заболениот од мајмунски сипаници, како и на лицата кои се сомнителни за можна инфекција.

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот прогласи глобална вонредна состојба во јавното здравје по втор пат во последните две години поради ширењето на вирусот мпокс, порано познат како мајмунски сипаници.

По избувнувањето на епидемијата во Демократска Република Конго, инфекцијата се прошири и во соседните земји.

Овој вирус може да се шири преку блиски меѓучовечки контакти и најчесто се манифестира со благи симптоми, но во ретки случаи инфекцијата може да биде фатална со симптоми слични на грип и гнојни лезии на телото, пишува британската агенција.

The post Во рускиот институт „Гамалеја“ веќе работат на вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Истражувачката работа за создавање вакцина против мајмунски сипаници во Русија е завршена, нејзините претклинички тестови може да траат 6-7 месеци, изјави за Спутник, Александар Гинтсбург, директор на Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја.
Истражувачката работа е всушност завршена и се чека кој ќе финансира, бидејќи се работи за многу пари. Не можеме сами, изјави Гунцбург.
Тој, исто така, истакна дека претклиничките испитувања на вакцината може да траат 6-7 месеци, додека времето на клиничките испитувања сè уште не е познато. Предвидено е да се вакцинира околината на заболениот од мајмунски сипаници, како и на лицата кои се сомнителни за можна инфекција. Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот прогласи глобална вонредна состојба во јавното здравје по втор пат во последните две години поради ширењето на вирусот мпокс, порано познат како мајмунски сипаници. По избувнувањето на епидемијата во Демократска Република Конго, инфекцијата се прошири и во соседните земји. Овој вирус може да се шири преку блиски меѓучовечки контакти и најчесто се манифестира со благи симптоми, но во ретки случаи инфекцијата може да биде фатална со симптоми слични на грип и гнојни лезии на телото, пишува британската агенција.

The post Во рускиот институт „Гамалеја“ веќе работат на вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Лицата кои патуваат во Африка да се вакцинираат против мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/litsata-koi-patuvaat-vo-afrika-da-se-vaktsiniraat-protiv-majmunski-sipanitsi/ Sat, 17 Aug 2024 09:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=807425

Луѓето кои ќе патуваат за Африка би требало да размислат за вакцина против мпокс (мајмунски сипаници), соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ).

Поради блиските врски меѓу Европа и Африка мораме да бидеме подготвени за повеќе увезени случаи на инфекција, изјави Памела Ренди-Вагнер од ЕЦДЦ.

Според ЕЦДЦ мал е ризикот од глобално ширење на вирусот, затоа лицата треба да бидат вакцинирани со една наместо со две дози вакцина против мпокс. Зголемена доза вакцина обично се препорачуваат на секои две до 10 години ако лицето е во постојан ризик од изложеност на болеста.

Но, Светската здравствена организација (СЗО) неодамна прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради ширењето на мпокс. Мајмунските сипаници изминатите месеци усмртија најмалку 450 луѓе во Конго.

Болеста може да се пренесе со контакт со заразено лице, а симптомите се слични на грипот.

Во Шведска неодамна беше откриен случај на мајмунска сипаница кај лице кое се заразило со неа за време на престојот во Африка.

The post Лицата кои патуваат во Африка да се вакцинираат против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Луѓето кои ќе патуваат за Африка би требало да размислат за вакцина против мпокс (мајмунски сипаници), соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ).
Поради блиските врски меѓу Европа и Африка мораме да бидеме подготвени за повеќе увезени случаи на инфекција, изјави Памела Ренди-Вагнер од ЕЦДЦ.
Според ЕЦДЦ мал е ризикот од глобално ширење на вирусот, затоа лицата треба да бидат вакцинирани со една наместо со две дози вакцина против мпокс. Зголемена доза вакцина обично се препорачуваат на секои две до 10 години ако лицето е во постојан ризик од изложеност на болеста. Но, Светската здравствена организација (СЗО) неодамна прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради ширењето на мпокс. Мајмунските сипаници изминатите месеци усмртија најмалку 450 луѓе во Конго. Болеста може да се пренесе со контакт со заразено лице, а симптомите се слични на грипот. Во Шведска неодамна беше откриен случај на мајмунска сипаница кај лице кое се заразило со неа за време на престојот во Африка.

The post Лицата кои патуваат во Африка да се вакцинираат против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shvedska-e-zabelezhan-prviot-sluchaj-na-majmunski-sipanitsi-vo-evropa/ Fri, 16 Aug 2024 07:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=807053

Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат во три години, откако вирусот се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.

Сепак, пристигна вест за првиот случај на мајмунски сипаници надвор од Африка – Шведска потврди дека забележала еден случај.

За потсетување, СЗО алармираше во јули 2022 година, кога мајмуните се проширија во 116 земји во светот и заразија речиси 100.000 луѓе, пред се хомосексуалци и бисексуалци. Болеста тогаш однесе околу 200 животи.

Заканата овој пат е посмртоносна.

Од почетокот на оваа година, само Демократска Република Конго пријавила 15.600 случаи на инфекција и 537 смртни случаи. Најранливи се жените и децата помлади од 15 години, а досега 13 африкански земји имаат регистрирано случаи на зарази. За борба против епидемијата, СЗО издвои 1,5 милиони долари од својот фонд за вонредни ситуации и ги повикува донаторите на дополнителни инвестиции.

Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

 

The post Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат во три години, откако вирусот се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји. Сепак, пристигна вест за првиот случај на мајмунски сипаници надвор од Африка – Шведска потврди дека забележала еден случај. За потсетување, СЗО алармираше во јули 2022 година, кога мајмуните се проширија во 116 земји во светот и заразија речиси 100.000 луѓе, пред се хомосексуалци и бисексуалци. Болеста тогаш однесе околу 200 животи. Заканата овој пат е посмртоносна. Од почетокот на оваа година, само Демократска Република Конго пријавила 15.600 случаи на инфекција и 537 смртни случаи. Најранливи се жените и децата помлади од 15 години, а досега 13 африкански земји имаат регистрирано случаи на зарази. За борба против епидемијата, СЗО издвои 1,5 милиони долари од својот фонд за вонредни ситуации и ги повикува донаторите на дополнителни инвестиции.
Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
 

The post Во Шведска е забележан првиот случај на мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>
Кина воведува мерки поради мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-voveduva-merki-poradi-majmunski-sipanitsi/ Fri, 16 Aug 2024 06:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=807030

Кина денеска најави дека во следните шест месеци ќе ги тестира луѓето кои влегуваат во земјата за мпокс (мајмунски сипаници).

Секој што ќе влезе во Кина од земји со случаи на мпокс, оние кои стапиле во контакт со заразени лица или тие симптоми ќе бидат тестирани.

Исто така се предвидува возилата, стоките и другиот увоз од подрачја со мпокс да се дезинфицираат.

Светската здравствена организација (СЗО) пред два дена прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради новата варијанта на мпокс во Африка.

Додека во Шведска е забележан првиот потврден случај надвор од Африка на новиот сој на мпокс. Мајмунските сипаници се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња.

Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали.

Иако повеќето пациенти целосно оздравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет.

Според СЗО случаите на мајмунски сипаници се присутни во 13 африкански држави.

The post Кина воведува мерки поради мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Кина денеска најави дека во следните шест месеци ќе ги тестира луѓето кои влегуваат во земјата за мпокс (мајмунски сипаници). Секој што ќе влезе во Кина од земји со случаи на мпокс, оние кои стапиле во контакт со заразени лица или тие симптоми ќе бидат тестирани. Исто така се предвидува возилата, стоките и другиот увоз од подрачја со мпокс да се дезинфицираат. Светската здравствена организација (СЗО) пред два дена прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради новата варијанта на мпокс во Африка. Додека во Шведска е забележан првиот потврден случај надвор од Африка на новиот сој на мпокс. Мајмунските сипаници се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно оздравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет. Според СЗО случаите на мајмунски сипаници се присутни во 13 африкански држави.

The post Кина воведува мерки поради мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави нов сој мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/svetskata-zdravstvena-organizatsija-odrzhuva-iten-sostanok-se-pojavi-nov-soj-majmunski-sipanitsi/ Wed, 14 Aug 2024 19:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=806610

Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен состанок за да разгледа загрижувачко жариште на нов сој на мпокс(т.н. мајмунски сипаници). На состанокот учествуваат 16 експерти, кои ќе одлучат дали да прогласат вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење – највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на почетокот на состанокот изјави дека оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој, при што досега починале најмалку 500 лица. Епицентарот е во Демократската Република Конго, но во последните недели се регистрирани 90 случаи и во соседните држави, што создава ризик од понатамошно ширење на епидемијата.

Мпокс се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно се опоравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет.

The post Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави нов сој мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен состанок за да разгледа загрижувачко жариште на нов сој на мпокс(т.н. мајмунски сипаници). На состанокот учествуваат 16 експерти, кои ќе одлучат дали да прогласат вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење – највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на почетокот на состанокот изјави дека оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој, при што досега починале најмалку 500 лица. Епицентарот е во Демократската Република Конго, но во последните недели се регистрирани 90 случаи и во соседните држави, што создава ризик од понатамошно ширење на епидемијата. Мпокс се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно се опоравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет.

The post Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави нов сој мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-zadutre-ke-odluchi-dali-epidemijata-na-virusot-na-majmunski-sipanitsi-e-globalna-vonredna-sostojba/ Mon, 12 Aug 2024 12:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=805860

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) задутре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба.

Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“.

Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци

 

The post СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) задутре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба. Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“. Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци  

The post СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Светот пред прогласување нова вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/svetot-pred-proglasuvane-nova-vonredna-sostojba/ Mon, 05 Aug 2024 06:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=803352

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.

Сепак, потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот.

СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго. Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници. Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи. Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.

The post Светот пред прогласување нова вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.
Сепак, потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот. СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго. Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници. Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи. Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.

The post Светот пред прогласување нова вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Во Јапонија прв смртен случај од мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-japonija-prv-smrten-sluchaj-od-majmunski-sipanitsi/ Wed, 13 Dec 2023 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=722507

Министерството за здравство на Јапонија соопшти дека во таа земја денеска е регистриран првиот смртен случај од мајмунски сипаници.

-Починатиот пациент е маж на 30-годишна возраст со претходна инфекција со ХИВ и без историја на патување, се вели во соопштението на Министерството.

Maјмунски сипаници се вирусна инфекција што се шири преку близок контакт, предизвикувајќи симптоми слични на грип и гнојни рани по целото тело.

The post Во Јапонија прв смртен случај од мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Јапонија соопшти дека во таа земја денеска е регистриран првиот смртен случај од мајмунски сипаници. -Починатиот пациент е маж на 30-годишна возраст со претходна инфекција со ХИВ и без историја на патување, се вели во соопштението на Министерството. Maјмунски сипаници се вирусна инфекција што се шири преку близок контакт, предизвикувајќи симптоми слични на грип и гнојни рани по целото тело.

The post Во Јапонија прв смртен случај од мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Веќе не се закана: Се спасивме од мајмунските сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/veke-ne-se-zakana-se-spasivme-od-majmunskite-sipanitsi/ Thu, 11 May 2023 16:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=639836

Светската здравствена организација соопшти дека мајмунските сипаници повеќе не претставуваат глобална „здравствена вонредна состојба“, ставајќи крај на речиси една година тревога поради вирусната болест, со потврдени случаи во повеќе од сто земји.

Организацијата во јули 2022 година ги прогласи мајмунските сипаници за меѓународна итна здравствена состојба и ја поддржа својата позиција во ноември и февруари.

Ознаката на СЗО е осмислена со цел да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка во споделувањето вакцини и лекување.

Повеќе од 87.000 случаи на мајмунски сипаници се потврдени ширум светот од почетокот на 2022 година до 8 мај оваа година, според најновиот извештај на СЗО.

Иако СЗО претходно годинава регистрира постојан пад на бројот на пријавени случаи, исто така изрази загриженост за можното повторна појава во некои региони и постојаното пренесување во некои земји

The post Веќе не се закана: Се спасивме од мајмунските сипаници appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација соопшти дека мајмунските сипаници повеќе не претставуваат глобална „здравствена вонредна состојба“, ставајќи крај на речиси една година тревога поради вирусната болест, со потврдени случаи во повеќе од сто земји. Организацијата во јули 2022 година ги прогласи мајмунските сипаници за меѓународна итна здравствена состојба и ја поддржа својата позиција во ноември и февруари. Ознаката на СЗО е осмислена со цел да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка во споделувањето вакцини и лекување. Повеќе од 87.000 случаи на мајмунски сипаници се потврдени ширум светот од почетокот на 2022 година до 8 мај оваа година, според најновиот извештај на СЗО. Иако СЗО претходно годинава регистрира постојан пад на бројот на пријавени случаи, исто така изрази загриженост за можното повторна појава во некои региони и постојаното пренесување во некои земји

The post Веќе не се закана: Се спасивме од мајмунските сипаници appeared first on Република.

]]>
„Политико“: СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/politiko-szo-kje-gi-preimenuva-majmunskite-sipanici-za-da-ja-namali-stigmatizacijata-na-bolesta/ Wed, 23 Nov 2022 08:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=577201

Светската здравствена организација (СЗО) планира да ги преименува мајмунските сипаници во „сипаници“ во обид да ја намали стигматизацијата за оваа болест, јави Политико.

Според весникот, што се повикува на познати извори, одлуката би можела да биде објавена уште денеска, откако во летото беше постигнат првичен договор СЗО да ги разгледа предлозите за ново име за мајмуните сипаници.

Предложеното преименување доаѓа под притисок на американската Влада, која бара од СЗО да преземе брза акција за отстранување на стигматизацијата околу името на болеста.

Високи функционери во администрацијата на претседателот Џо Бајден приватно ги повикаа лидерите на организацијата да го променат името и навестија дека САД се подготвени да дејствуваат еднострано по ова прашање доколку СЗО не дејствува доволно брзо, пишува весникот.

Администрацијата на Бајден со месеци се грижи дека името на болеста ја продлабочува стигмата, особено меѓу обоените луѓе, и дека бавното движење кон ново име ги попречува напорите за вакцинација што американските власти ја почнаа летото, откако мајмунските сипаници претходно се проширија во САД, изјавија цитираните извори.

Здравствените експерти и ЛГБТ активистите, исто така, повикаа на промена на името дадено на болеста од нејзиното откривање во 1958 година. Тие велат дека името мајмунски сипаници е неточно, поврзано со расистичките стереотипи за Африка и има штетен ефект врз глобалните напори за борба против болеста, забележува „Политико“.

The post „Политико“: СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) планира да ги преименува мајмунските сипаници во „сипаници“ во обид да ја намали стигматизацијата за оваа болест, јави Политико. Според весникот, што се повикува на познати извори, одлуката би можела да биде објавена уште денеска, откако во летото беше постигнат првичен договор СЗО да ги разгледа предлозите за ново име за мајмуните сипаници. Предложеното преименување доаѓа под притисок на американската Влада, која бара од СЗО да преземе брза акција за отстранување на стигматизацијата околу името на болеста. Високи функционери во администрацијата на претседателот Џо Бајден приватно ги повикаа лидерите на организацијата да го променат името и навестија дека САД се подготвени да дејствуваат еднострано по ова прашање доколку СЗО не дејствува доволно брзо, пишува весникот. Администрацијата на Бајден со месеци се грижи дека името на болеста ја продлабочува стигмата, особено меѓу обоените луѓе, и дека бавното движење кон ново име ги попречува напорите за вакцинација што американските власти ја почнаа летото, откако мајмунските сипаници претходно се проширија во САД, изјавија цитираните извори. Здравствените експерти и ЛГБТ активистите, исто така, повикаа на промена на името дадено на болеста од нејзиното откривање во 1958 година. Тие велат дека името мајмунски сипаници е неточно, поврзано со расистичките стереотипи за Африка и има штетен ефект врз глобалните напори за борба против болеста, забележува „Политико“.

The post „Политико“: СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста appeared first on Република.

]]>
СЗО: Мајмунските сипаници се уште се „глобална здравствена криза“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-majmunskite-sipanici-se-ushte-se-globalna-zdravstvena-kriza/ Wed, 02 Nov 2022 06:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=568492

Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува „глобална здравствена криза“ што е највисоко ниво на предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти Кризниот комитет на здравствемата агенција на ОН.

Категоризацијата на СЗО за „Криза за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC)“ е дизајнирана да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка за споделување вакцини и третман.

СЗО во јули објави дека брзото ширење на мајмунските сипаници е глобална здравствена криза.

Мајмунските сипаници обично почнуваат со симптоми слични на грип како треска, силна главоболка и отечени лимфни јазли. По еден до три дена се јавува осип на лицето и телото, што прво се манифестира во вид на рамни лезии, а завршува во вид на гнојни јазли. Симптомите може да траат две до четири недели.

Мајмунските сипаници може да бидат смртоносни, но според СЗО, стапката на смртност варира во голема мера од сој до вид, од речиси нула до дури 11 проценти.

The post СЗО: Мајмунските сипаници се уште се „глобална здравствена криза“ appeared first on Република.

]]>

Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува „глобална здравствена криза“ што е највисоко ниво на предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти Кризниот комитет на здравствемата агенција на ОН.
Категоризацијата на СЗО за „Криза за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC)“ е дизајнирана да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка за споделување вакцини и третман. СЗО во јули објави дека брзото ширење на мајмунските сипаници е глобална здравствена криза. Мајмунските сипаници обично почнуваат со симптоми слични на грип како треска, силна главоболка и отечени лимфни јазли. По еден до три дена се јавува осип на лицето и телото, што прво се манифестира во вид на рамни лезии, а завршува во вид на гнојни јазли. Симптомите може да траат две до четири недели. Мајмунските сипаници може да бидат смртоносни, но според СЗО, стапката на смртност варира во голема мера од сој до вид, од речиси нула до дури 11 проценти.

The post СЗО: Мајмунските сипаници се уште се „глобална здравствена криза“ appeared first on Република.

]]>
Слободно патувајте за следниот празник: Нема мајмунски сипаници во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slobodno-patuvajte-za-sledniot-praznik-nema-majmunski-sipanici-vo-grcija/ Thu, 13 Oct 2022 14:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=560730

Во изминатата седмица не се регистрирани нови случаи на мајмунски сипаници во Грција, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), со што вкупниот број на потврдени случаи останува 82, јави дописничката на МИА од Атина.

Од регистрираните случаи во изминатите месеци, сите се кај мажи на просечна возраст од 36 години, односно од 19 до 61 година, а 23 од заразените (28 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Додаваат дека поради малио т број нови случаи, извештите, наместо на неделно, ќе бидат на месечно ниво.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни годинава

The post Слободно патувајте за следниот празник: Нема мајмунски сипаници во Грција appeared first on Република.

]]>

Во изминатата седмица не се регистрирани нови случаи на мајмунски сипаници во Грција, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), со што вкупниот број на потврдени случаи останува 82, јави дописничката на МИА од Атина. Од регистрираните случаи во изминатите месеци, сите се кај мажи на просечна возраст од 36 години, односно од 19 до 61 година, а 23 од заразените (28 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Додаваат дека поради малио т број нови случаи, извештите, наместо на неделно, ќе бидат на месечно ниво. Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни годинава

The post Слободно патувајте за следниот празник: Нема мајмунски сипаници во Грција appeared first on Република.

]]>
Европската комисија (ЕК) купи 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници. https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskata-komisija-ek-kupi-10-000-lekovi-za-tretman-na-majmunski-sipanici/ Mon, 26 Sep 2022 14:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=554367

Трендот на намалување на бројот на случаи на мајмунски сипаници во Европската унија е охрабрувачки, но тоа не значи дека заканата помина или дека можеме да го намалиме нашето внимание“, рече комесарката за здравство на ЕК, Стела Киријакидес.

Речиси 20.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во Европската унија, Исланд и Норвешка од почетокот на актуелната епидемија, но бројот на нови случаи опаѓа во последните недели, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

„Со овие средства ќе им помогнеме на земјите-членки да ги задоволат тековните потреби и да обезбедат грижа за повеќе пациенти во Европа“, рече Киријакидес.

Членките на ЕУ и другите земји кои се дел од Механизмот за цивилна заштита ќе можат да ги користат лековите „тековиримат“.

The post Европската комисија (ЕК) купи 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници. appeared first on Република.

]]>

Трендот на намалување на бројот на случаи на мајмунски сипаници во Европската унија е охрабрувачки, но тоа не значи дека заканата помина или дека можеме да го намалиме нашето внимание“, рече комесарката за здравство на ЕК, Стела Киријакидес. Речиси 20.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во Европската унија, Исланд и Норвешка од почетокот на актуелната епидемија, но бројот на нови случаи опаѓа во последните недели, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. „Со овие средства ќе им помогнеме на земјите-членки да ги задоволат тековните потреби и да обезбедат грижа за повеќе пациенти во Европа“, рече Киријакидес. Членките на ЕУ и другите земји кои се дел од Механизмот за цивилна заштита ќе можат да ги користат лековите „тековиримат“.

The post Европската комисија (ЕК) купи 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници. appeared first on Република.

]]>