мајмун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majmun/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Dec 2022 13:29:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мајмун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majmun/ 32 32 Maјмунот Кент предвиде победа на Хрватска вечерва https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/majmunot-kent-predvide-pobeda-na-hrvatska-vecherva/ Tue, 13 Dec 2022 13:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=585194

Гибонот Кент од зоолошката градина во Загреб ја предвиде победата на хрватската фудбалска репрезентација над Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

„Не се сеќавам на друг пат кога Кент беше толку сигурен дека ја предвидел победата на Хрватска“, им рече на новинарите директорот на зоолошката градина во Загреб, Дамир Скок.

Гибонот (вид мајмун) избрал кутија со овошје со хрватско знаме, а потоа седнал во таа кутија.

„Одиме во финалето и на Аргентина и посакувам повеќе среќа следниот пат“, додаде Скок.

 

The post Maјмунот Кент предвиде победа на Хрватска вечерва appeared first on Република.

]]>

Гибонот Кент од зоолошката градина во Загреб ја предвиде победата на хрватската фудбалска репрезентација над Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
„Не се сеќавам на друг пат кога Кент беше толку сигурен дека ја предвидел победата на Хрватска“, им рече на новинарите директорот на зоолошката градина во Загреб, Дамир Скок.
Гибонот (вид мајмун) избрал кутија со овошје со хрватско знаме, а потоа седнал во таа кутија. „Одиме во финалето и на Аргентина и посакувам повеќе среќа следниот пат“, додаде Скок.  

The post Maјмунот Кент предвиде победа на Хрватска вечерва appeared first on Република.

]]>
Мајмун облечен во панцирен елек пронајден мртов по крвава престрелка на картели во Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majmun-obleen-vo-panciren-elek-pronajden-mrtov-po-krvava-prestrelka-na-karteli-vo-meksiko/ Sun, 26 Jun 2022 14:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=519885

Картелска престрелка во Мексико резултирала со смрт на 11 членови на банда, како и еден мајмун-пајак, облечен во мал „панцирен елек“, маскирна јакна и пелени, објави „ЦБС Њуз“. Мајмунот бил пронајден како лежи преку градите на мртов вооружен маж за кој се верува дека бил негов сопственик.

„Мексико Дејли Пост“ се сомнева дека мајмунот му припаѓал на човек со врски во мексиканскиот картел „Ла Фамилија Мичоакана“. Додека сопственикот починал од неколку прострелни рани, причината за смртта на мајмунот останува мистерија, а аутопсијата треба да ја изврши ветеринар. Од 11 убиени лица, 10 биле потврдени дека се мртви на лице место на престрелката во градот Текскалтитлан, додека последниот е прогласен за мртов во болница.

Според „Инфобае“, Канцеларијата на јавниот обвинител на државата Мексико соопшти дека пет мажи и три жени се меѓу осомничените кои ја преживеале престрелката и биле приведени. Тие на крајот би можеле да се соочат со обвиненија за трговија со животни. Уапсен е и малолетник кој нема наполнето 15 години.

Безбедносниот аналитичар, Дејвид Соседо, за „Асошиејтед прес“ вели дека чувањето егзотични животни се смета за симбол на статус и моќ, додавајќи дека поседувањето „приватната зоолошка градина било предуслов за да се биде дел од кругот на големи шверцери на дрога“. Соседо сугерира дека некои картели користеле животни за погрозни практики, како што се тортура или исчезнување на нивните жртви.

The post Мајмун облечен во панцирен елек пронајден мртов по крвава престрелка на картели во Мексико appeared first on Република.

]]>

Картелска престрелка во Мексико резултирала со смрт на 11 членови на банда, како и еден мајмун-пајак, облечен во мал „панцирен елек“, маскирна јакна и пелени, објави „ЦБС Њуз“. Мајмунот бил пронајден како лежи преку градите на мртов вооружен маж за кој се верува дека бил негов сопственик. „Мексико Дејли Пост“ се сомнева дека мајмунот му припаѓал на човек со врски во мексиканскиот картел „Ла Фамилија Мичоакана“. Додека сопственикот починал од неколку прострелни рани, причината за смртта на мајмунот останува мистерија, а аутопсијата треба да ја изврши ветеринар. Од 11 убиени лица, 10 биле потврдени дека се мртви на лице место на престрелката во градот Текскалтитлан, додека последниот е прогласен за мртов во болница. Според „Инфобае“, Канцеларијата на јавниот обвинител на државата Мексико соопшти дека пет мажи и три жени се меѓу осомничените кои ја преживеале престрелката и биле приведени. Тие на крајот би можеле да се соочат со обвиненија за трговија со животни. Уапсен е и малолетник кој нема наполнето 15 години. Безбедносниот аналитичар, Дејвид Соседо, за „Асошиејтед прес“ вели дека чувањето егзотични животни се смета за симбол на статус и моќ, додавајќи дека поседувањето „приватната зоолошка градина било предуслов за да се биде дел од кругот на големи шверцери на дрога“. Соседо сугерира дека некои картели користеле животни за погрозни практики, како што се тортура или исчезнување на нивните жртви.

The post Мајмун облечен во панцирен елек пронајден мртов по крвава престрелка на картели во Мексико appeared first on Република.

]]>