Мајкл Џ. Фокс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majkl-dz-foks/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Nov 2022 12:22:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајкл Џ. Фокс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majkl-dz-foks/ 32 32 Почесен Оскар за Мајкл Џ. Фокс https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochesen-oskar-za-majkl-dz-foks/ Sun, 20 Nov 2022 14:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=576089

Актерот Мајкл Џеј Фокс, кој ја воодушеви публиката во ТВ комедијата „Семејни врски“ од 1980-тите, како и во филмовите „Враќање во иднината“, во саботата доби почесен Оскар за неговата работа во собирањето 1,5 милијарди долари за истражување на Паркинсоновата болест.

На Фокс му била дијагностицирана Паркинсонова болест, нарушување на нервниот систем што предизвикува тремор и други симптоми, кога имал 29 години. Подоцна се повлече од актерството и ја основа Фондацијата Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинсон во 2000 година за да помогне во финансирањето на потрагата по лек.

„Стојам овде понизно прифаќајќи ја вашата добрина“, рече канадскиот актер на сцената, каде што голем број најголеми ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс и Џенифер Лоренс, му упатија овации.

Фокс рече дека најтешкиот дел од неговата дијагноза е „борењето со несигурноста“ и дека со години ја чувал својата дијагноза во тајност бидејќи, како што рече, „не знаев дали публиката може да се смее ако знаеше дека се борам“.

Канадскиот актер, кој сега има 61 година, ја доби хуманитарната награда Џин Хершолт од бордот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува Оскарите, а го најавинеговиот пријател Вуди Харелсон.

„Страшната дијагноза ја претвори во храбра мисија“, изјави актерот.

The post Почесен Оскар за Мајкл Џ. Фокс appeared first on Република.

]]>

Актерот Мајкл Џеј Фокс, кој ја воодушеви публиката во ТВ комедијата „Семејни врски“ од 1980-тите, како и во филмовите „Враќање во иднината“, во саботата доби почесен Оскар за неговата работа во собирањето 1,5 милијарди долари за истражување на Паркинсоновата болест. На Фокс му била дијагностицирана Паркинсонова болест, нарушување на нервниот систем што предизвикува тремор и други симптоми, кога имал 29 години. Подоцна се повлече од актерството и ја основа Фондацијата Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинсон во 2000 година за да помогне во финансирањето на потрагата по лек. „Стојам овде понизно прифаќајќи ја вашата добрина“, рече канадскиот актер на сцената, каде што голем број најголеми ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс и Џенифер Лоренс, му упатија овации. Фокс рече дека најтешкиот дел од неговата дијагноза е „борењето со несигурноста“ и дека со години ја чувал својата дијагноза во тајност бидејќи, како што рече, „не знаев дали публиката може да се смее ако знаеше дека се борам“. Канадскиот актер, кој сега има 61 година, ја доби хуманитарната награда Џин Хершолт од бордот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува Оскарите, а го најавинеговиот пријател Вуди Харелсон. „Страшната дијагноза ја претвори во храбра мисија“, изјави актерот.

The post Почесен Оскар за Мајкл Џ. Фокс appeared first on Република.

]]>