мајка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 10:27:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мајка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka/ 32 32 Мајка со нож тргнала кон малолетната ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-so-nozh-trgnala-kon-maloletnata-kerka/ Fri, 01 Nov 2024 10:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=833039

Ноќва околу полноќ во Тетово на улица „Радован Цонич“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.Б.(53) од Тетово.

Таа била пријавена од нејзиниот 66-годишен сопруг, дека околу 17.30 часот во нивниот семеен дом физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, а при нападот зела и остар предмет, со кој при обид да ѝ го земе од рацете, нејзиниот син се пресекол.

Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.

The post Мајка со нож тргнала кон малолетната ќерка appeared first on Република.

]]>

Ноќва околу полноќ во Тетово на улица „Радован Цонич“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.Б.(53) од Тетово. Таа била пријавена од нејзиниот 66-годишен сопруг, дека околу 17.30 часот во нивниот семеен дом физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, а при нападот зела и остар предмет, со кој при обид да ѝ го земе од рацете, нејзиниот син се пресекол. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.

The post Мајка со нож тргнала кон малолетната ќерка appeared first on Република.

]]>
14-годишно момче од Бугарија осомничено дека ја убило мајка си https://arhiva3.republika.mk/vesti/14-godishno-momche-od-bugarija-osomnicheno-deka-ja-ubilo-majka-si/ Mon, 14 Oct 2024 21:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=826831

Тинејџер (14) е уапсен во Пловдив под сомнение дека ја убил мајка си.

Во станот било пронајдено тело на жена (50).

Според неофицијални информации, семејството имало проблеми со алкохолот.

Вечерта настанала жестока расправија помеѓу мајка и син, која за жал завршила трагично.

Момчето во еден момент ја турнало мајка си, таа паднала, удрила во главата и починало на лице место.

По доаѓањето на местото на настанот, полицијата го привела момчето кое е задржано во притвор.

The post 14-годишно момче од Бугарија осомничено дека ја убило мајка си appeared first on Република.

]]>

Тинејџер (14) е уапсен во Пловдив под сомнение дека ја убил мајка си. Во станот било пронајдено тело на жена (50). Според неофицијални информации, семејството имало проблеми со алкохолот. Вечерта настанала жестока расправија помеѓу мајка и син, која за жал завршила трагично. Момчето во еден момент ја турнало мајка си, таа паднала, удрила во главата и починало на лице место. По доаѓањето на местото на настанот, полицијата го привела момчето кое е задржано во притвор.

The post 14-годишно момче од Бугарија осомничено дека ја убило мајка си appeared first on Република.

]]>
Мајка и мало девојче пронадени мртви во Слатино, сопругот ќе биде задржан во полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-i-malo-devojche-pronadeni-mrtvi-vo-slatino-soprugot-ke-bide-zadrzhan-vo-politsija/ Tue, 08 Oct 2024 16:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=824302

Во СВР Тетово на 8.10 околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка. Докторот бил повикан од мајката на почината К.Ш (36).

Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид. Сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

По наредба на обвинителот телата на починатите биле предадени за обдукција.

The post Мајка и мало девојче пронадени мртви во Слатино, сопругот ќе биде задржан во полиција appeared first on Република.

Заборавате дека кога тие двајца ја видоа снимката од Виена рекоа „Брате, се извлековме“, а сите уште ме криват мене! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaboravate-deka-koga-tie-dvajtsa-ja-vidoa-snimkata-od-viena-rekoa-brate-se-izvlekovme-a-site-ushte-me-krivat-mene/ Tue, 24 Sep 2024 07:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=819148

Верувам дека обвинителството и полицијата си ја завршија работата како што треба и дека обвинението не го поднесоа без докази. Знаеме што сè дадовме на вештачење, што земаа од оние двајцата за вештачење. Сите заборавија дека кога се појави снимката од Виена рекоа :„Брате, се извлековме!“. Но, и покрај целата истрага, нивните изјави, признанието, сите и понатаму ме обвинуваат мене, нејзината мајка.

Вака Ивана, мајката на Данка Илиќ, која пред половина година беше наводно убиена, зборува за „Блиц“ по веста дека Вишото јавно обвинителство во Зајечар поднесе обвиение против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за убиство на двегодишното девојче.

Таа вели дека никој не може да ја разбере болката што ја чувствува.

Што и да е, дури и да е најлошо, само сакам да знам каде е моето дете, да имам каде да одам и да му запалам свеќа, вели таа.

Додава дека во последните шест месеци минува низ пекол. Покрај загубата на детето и тоа што не знае што ѝ се случило, таа се грижи за својата безбедност, но и за безбедноста на другите две нејзини деца.

Една жена, мислам по потекло од Злот, која се дружи со Раде, таткото на Дејан Драгијевиќ, нè плука велејќи дека сум му направила нешто на детето во договор со државата. Вели дека моето дете е во Германија. Пишува страшни работи за нас. Загрижена сум за мојата безбедност, сите знаат каде живееме, каде ни е вратата, вели Ивана за „Блиц“.

The post Заборавате дека кога тие двајца ја видоа снимката од Виена рекоа „Брате, се извлековме“, а сите уште ме криват мене! appeared first on Република.

]]>

Верувам дека обвинителството и полицијата си ја завршија работата како што треба и дека обвинението не го поднесоа без докази. Знаеме што сè дадовме на вештачење, што земаа од оние двајцата за вештачење. Сите заборавија дека кога се појави снимката од Виена рекоа :„Брате, се извлековме!“. Но, и покрај целата истрага, нивните изјави, признанието, сите и понатаму ме обвинуваат мене, нејзината мајка.
Вака Ивана, мајката на Данка Илиќ, која пред половина година беше наводно убиена, зборува за „Блиц“ по веста дека Вишото јавно обвинителство во Зајечар поднесе обвиение против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за убиство на двегодишното девојче. Таа вели дека никој не може да ја разбере болката што ја чувствува.
Што и да е, дури и да е најлошо, само сакам да знам каде е моето дете, да имам каде да одам и да му запалам свеќа, вели таа.
Додава дека во последните шест месеци минува низ пекол. Покрај загубата на детето и тоа што не знае што ѝ се случило, таа се грижи за својата безбедност, но и за безбедноста на другите две нејзини деца.
Една жена, мислам по потекло од Злот, која се дружи со Раде, таткото на Дејан Драгијевиќ, нè плука велејќи дека сум му направила нешто на детето во договор со државата. Вели дека моето дете е во Германија. Пишува страшни работи за нас. Загрижена сум за мојата безбедност, сите знаат каде живееме, каде ни е вратата, вели Ивана за „Блиц“.

The post Заборавате дека кога тие двајца ја видоа снимката од Виена рекоа „Брате, се извлековме“, а сите уште ме криват мене! appeared first on Република.

]]>
Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/akterkata-jelena-jovanova-po-vtor-pat-stana-majka/ Sat, 21 Sep 2024 08:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=818402

Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка. Таа роди уште еден син, кој ќе се вика Тома.

Јелена и оваа бременост ја чуваше во тајност, како и претходната кога го роди синот Јаков, кој сега веќе безмалку има пет години.

Тајната на Јелена овојпат ја откри нејзиниот брат Гоце, кој на Фејсбук објави дека станал вујко.

Нека ни е живо и здраво, станав вујко по втор пат. Честито Јелена Јованова, напиша тој.

Јелена е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запозна на снимањето на серијата „Тајни“. Љубовта ја крунисаа со брак во 2015 година со свадба во Загреб, исто така без многу помпи.

The post Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка appeared first on Република.

]]>

Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка. Таа роди уште еден син, кој ќе се вика Тома. Јелена и оваа бременост ја чуваше во тајност, како и претходната кога го роди синот Јаков, кој сега веќе безмалку има пет години.
Тајната на Јелена овојпат ја откри нејзиниот брат Гоце, кој на Фејсбук објави дека станал вујко.
Нека ни е живо и здраво, станав вујко по втор пат. Честито Јелена Јованова, напиша тој.
Јелена е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој се запозна на снимањето на серијата „Тајни“. Љубовта ја крунисаа со брак во 2015 година со свадба во Загреб, исто така без многу помпи.

The post Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка appeared first on Република.

]]>
Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил сексуално вознемируван од негов соученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/majka-prijavila-deka-nejziniot-maloleten-sin-bil-seksualno-voznemiruvan-od-negov-souchenik/ Fri, 20 Sep 2024 17:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=818307

Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син бил сексуално вознемируван од негов соученик во основно училиште во главниот град.

„На 19.09.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.09.2024 во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик“, информира МВР.

Од полицијата додаваат дека работат на расчистување на случајот.

The post Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил сексуално вознемируван од негов соученик appeared first on Република.

]]>

Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син бил сексуално вознемируван од негов соученик во основно училиште во главниот град. „На 19.09.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.09.2024 во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик“, информира МВР. Од полицијата додаваат дека работат на расчистување на случајот.  

The post Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил сексуално вознемируван од негов соученик appeared first on Република.

]]>
Мајката на Вања побара исклучување на медиумите од судењето на нејзината ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-vana-pobara-iskluchuvane-na-mediumite-od-sudeneto-na-nejzinata-kerka/ Fri, 20 Sep 2024 08:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=818064

Во Основниот кривичен суд Скопје утрово започна долгоочекуваниот судски процес за убиствата кое ја потресе Македонија. Обвинетите за смртта на Вања Ѓорчевска и фризерот Панчо Жежовски излегоа пред судија и ќе ги имаат воведните обраќања. Најголемо внимание предизвика појавувањето на првообвинетиот Љупчо Палевски - Палчо.

Изненадување беше кога обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на медиумите од целиот процес.

Исклучувањето е потребно заради зачувувањето на приватноста на мајката на Вања Ѓорчевска која како мајка на малолетни лица има право на исклучување на јавноста која би имало големо влијание врз неа и децата, и оти трпеле пострауматско растројство, објасни обвинителката Жаклина Крстевска.

Адвокатот на таткото на Вања, Туфегќик остава судот да одлучи но смета дека судијата треба да се води од јавниот интерес.

Таткото во овој случај е оштетен и е жртва-потенцираше адвокатот.

Судијата не прифати исклучување на јавноста.

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Мајката на Вања побара исклучување на медиумите од судењето на нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје утрово започна долгоочекуваниот судски процес за убиствата кое ја потресе Македонија. Обвинетите за смртта на Вања Ѓорчевска и фризерот Панчо Жежовски излегоа пред судија и ќе ги имаат воведните обраќања. Најголемо внимание предизвика појавувањето на првообвинетиот Љупчо Палевски - Палчо. Изненадување беше кога обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на медиумите од целиот процес.
Исклучувањето е потребно заради зачувувањето на приватноста на мајката на Вања Ѓорчевска која како мајка на малолетни лица има право на исклучување на јавноста која би имало големо влијание врз неа и децата, и оти трпеле пострауматско растројство, објасни обвинителката Жаклина Крстевска.
Адвокатот на таткото на Вања, Туфегќик остава судот да одлучи но смета дека судијата треба да се води од јавниот интерес. Таткото во овој случај е оштетен и е жртва-потенцираше адвокатот. Судијата не прифати исклучување на јавноста. Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Мајката на Вања побара исклучување на медиумите од судењето на нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>
50-годишен скопјанец со мајка му ја тепал сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/50-godishen-skopjanets-so-majka-mu-ja-tepal-soprugata/ Wed, 11 Sep 2024 08:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=815173

Педесет и тригодишна жена пријавила дека била жртва на семејно насилство.

Како што информираат од МВР, во понеделникот во 21 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј.(50) и неговата мајка В.Ј.(73), која употребила и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post 50-годишен скопјанец со мајка му ја тепал сопругата appeared first on Република.

]]>

Педесет и тригодишна жена пријавила дека била жртва на семејно насилство. Како што информираат од МВР, во понеделникот во 21 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј.(50) и неговата мајка В.Ј.(73), која употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post 50-годишен скопјанец со мајка му ја тепал сопругата appeared first on Република.

]]>
На кавадарчанката што ја удираше мајка си со чекан по глава ќе ѝ се суди за обид за убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-kavadarchankata-shto-ja-udirashe-majka-si-so-chekan-po-glava-ke-se-sudi-za-obid-za-ubistvo/ Wed, 11 Sep 2024 06:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=815127

Поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид“, Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krv-imashe-sekade-vo-sobata-velat-doktorite-koi-nokva-pomagaa-na-majka-napadnata-od-kerka/

Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не ѝ дозволил да избега по настанот.

Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.

Судијата го прифатил предлогот и синоќа донел решение со кое на осомничената и определил притвор во траење од 30 дена.

The post На кавадарчанката што ја удираше мајка си со чекан по глава ќе ѝ се суди за обид за убиство appeared first on Република.

]]>

Поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид“, Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена. Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krv-imashe-sekade-vo-sobata-velat-doktorite-koi-nokva-pomagaa-na-majka-napadnata-od-kerka/ Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не ѝ дозволил да избега по настанот.
Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.
Судијата го прифатил предлогот и синоќа донел решение со кое на осомничената и определил притвор во траење од 30 дена.

The post На кавадарчанката што ја удираше мајка си со чекан по глава ќе ѝ се суди за обид за убиство appeared first on Република.

]]>
„Крв имаше секаде во собата“, велат докторите кои ноќва помагаа на мајка нападната од ќерка ѝ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krv-imashe-sekade-vo-sobata-velat-doktorite-koi-nokva-pomagaa-na-majka-napadnata-od-kerka/ Tue, 10 Sep 2024 09:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=814867

Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си рано изутринава, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Брзата помош.

Ние како екипа на Итната медицинска помош заминавме на лице место веднаш по дојавата. Жената имаше повреда на главата, голема исеченица и оток на местото на ударот, дома крв имаше секаде во собата. Ја однесовме во кавадаречката болница, појасни Нерков.

Од СВР Велес го потврдија случајот.

На 10.09.2024 во 03.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја лишиле од слобода В.Ѓ.М.(32) од Квадарци, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка. В.Ѓ.М. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, рекоа од СВР Велес.

The post „Крв имаше секаде во собата“, велат докторите кои ноќва помагаа на мајка нападната од ќерка ѝ appeared first on Република.

Никол Кидман ја пропушти наградата за најдобра актерка во Венеција заради смртта на мајка ѝ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nikol-kidman-ja-propushti-nagradata-za-najdobra-akterka-vo-venetsija-zaradi-smrtta-na-majka/ Sun, 08 Sep 2024 09:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=814305

Ѕвездата на филмскиот фестивал во Венеција, Никол Кидман, пред церемонијата на доделувањето на наградите, мораше да замине поради ненадејната смрт на нејзината мајка, Џенел Ен Кидман.

Ѕвездата на „Совршен пар“ ја зеде наградата за најдобра актерка за „Babygirl“ на италијанскиот фестивал. Режисерката на филмот, Халина Рејн, ја прифати наградата во име на актерката.

На почетокот на јануари 2022 година, Кидман сподели дека нејзината мајка е во лоша здравствена состојба, но не даде дополнителни информации во тоа време.

The post Никол Кидман ја пропушти наградата за најдобра актерка во Венеција заради смртта на мајка ѝ appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата на филмскиот фестивал во Венеција, Никол Кидман, пред церемонијата на доделувањето на наградите, мораше да замине поради ненадејната смрт на нејзината мајка, Џенел Ен Кидман. Ѕвездата на „Совршен пар“ ја зеде наградата за најдобра актерка за „Babygirl“ на италијанскиот фестивал. Режисерката на филмот, Халина Рејн, ја прифати наградата во име на актерката. На почетокот на јануари 2022 година, Кидман сподели дека нејзината мајка е во лоша здравствена состојба, но не даде дополнителни информации во тоа време.    

The post Никол Кидман ја пропушти наградата за најдобра актерка во Венеција заради смртта на мајка ѝ appeared first on Република.

]]>
Мајка ѝ и сестра ѝ на Мараја Кери починале во ист ден https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/majka-i-sestra-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den/ Tue, 27 Aug 2024 07:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=810431

Пејачката Мараја Кери откри дека мајка ѝ Патриша (87) и сестра ѝ Алисон (63) починале во ист ден.

Срцето ми е скршено бидејќи минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт, и сестра ми го загуби животот истиот ден. Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам сечија љубов и поддршка и би замолила за почитување на мојата приватност во овој тежок период, пренесе „Пипл“.

Повеќе детали за трагедиите што ја погодија Кери не се соопштуваат.

The post Мајка ѝ и сестра ѝ на Мараја Кери починале во ист ден appeared first on Република.

Притвор за мајка од Велес: Го оставила бебето на клупа на 40 степени, неухрането и дехидрирано https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-majka-od-veles-go-ostavila-bebeto-na-klupa-na-40-stepeni-neuhraneto-i-dehidrirano/ Mon, 26 Aug 2024 13:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=810306

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајката на 6-месечно бебе кое на 12 јули беше пронајдено оставено на клупа на улицата „8 Септември“. Бебето го забележал случаен минувач и го однел во ЈЗУ Општа болница Велес, каде било примено во тешка општа здравствена состојба.

Во текот на предистражната постапка, надлежен јавен обвинител издаде наредби за утврдување на ДНК профил на бебето и ДНК анализа со кои се утврди дека сега осомничената е биолошка мајка на бебето, која со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа и воспитување го запуштила своето новородено дете и во услови на исклучително висока температура на воздухот од над 40 степени целзиусови, го оставила на клупа, необлечено, неухрането и дехидрирано. По приемот во велешката болница, таа на кратко го посетила бебето, по што си заминала и не се вратила. Поради тоа постои основано сомнение дека со ваквите дејствија таа сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Кај хоспитализираното бебе било констатирано тешко нарушување на здравствената состојба, што надлежниот јавен обвинител го документираше со соодветна медицинска документација и вешт наод, а испитан е и сведокот кој го пронашол оставеното дете. Против осомничената, која е во бегство и недостапна на адресата на која престојувала во Велес, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен, а притворската мерка ќе започне да се применува веднаш по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

Детето е ставено под старателство на Центар за социјална работа и сместено во установа за згрижување деца без родителски надзор

The post Притвор за мајка од Велес: Го оставила бебето на клупа на 40 степени, неухрането и дехидрирано appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајката на 6-месечно бебе кое на 12 јули беше пронајдено оставено на клупа на улицата „8 Септември“. Бебето го забележал случаен минувач и го однел во ЈЗУ Општа болница Велес, каде било примено во тешка општа здравствена состојба. Во текот на предистражната постапка, надлежен јавен обвинител издаде наредби за утврдување на ДНК профил на бебето и ДНК анализа со кои се утврди дека сега осомничената е биолошка мајка на бебето, која со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа и воспитување го запуштила своето новородено дете и во услови на исклучително висока температура на воздухот од над 40 степени целзиусови, го оставила на клупа, необлечено, неухрането и дехидрирано. По приемот во велешката болница, таа на кратко го посетила бебето, по што си заминала и не се вратила. Поради тоа постои основано сомнение дека со ваквите дејствија таа сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Кај хоспитализираното бебе било констатирано тешко нарушување на здравствената состојба, што надлежниот јавен обвинител го документираше со соодветна медицинска документација и вешт наод, а испитан е и сведокот кој го пронашол оставеното дете. Против осомничената, која е во бегство и недостапна на адресата на која престојувала во Велес, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен, а притворската мерка ќе започне да се применува веднаш по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода. Детето е ставено под старателство на Центар за социјална работа и сместено во установа за згрижување деца без родителски надзор

The post Притвор за мајка од Велес: Го оставила бебето на клупа на 40 степени, неухрането и дехидрирано appeared first on Република.

]]>
Син ја истепал 67-годишната мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-ja-istepal-67-godishnata-majka/ Sun, 25 Aug 2024 14:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=810045

На 24.08.2024 во 17:30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Син ја истепал 67-годишната мајка appeared first on Република.

]]>

На 24.08.2024 во 17:30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Син ја истепал 67-годишната мајка appeared first on Република.

]]>
По расправија син ја нападнал мајката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-raspravija-sin-ja-napadnal-majkata/ Fri, 16 Aug 2024 14:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=807278

На 15.08.2024 во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 14.08.2024 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, 68-годишна жена од Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот син В.Е.(44).

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post По расправија син ја нападнал мајката appeared first on Република.

]]>

На 15.08.2024 во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 14.08.2024 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, 68-годишна жена од Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот син В.Е.(44). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post По расправија син ја нападнал мајката appeared first on Република.

]]>
Пензионираниот воен полицаец кој уби шестмина во Дом за стари лица во Дарувар имал конфликт со мајка му https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/penzioniraniot-voen-politsaets-koj-ubi-shestmina-vo-dom-za-stari-litsa-vo-daruvar-imal-konflikt-so-majka-mu/ Mon, 22 Jul 2024 20:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=799344

Пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки (51) кој уби шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска имал конфликт со мајка си, јавија медиумите во таа земја. Една од жртвите била неговата мајка. Четири лица се опоравуваат во болница.

51-годишниот маж дошол во Домот и почнал да пука од пиштол кон вработените и жителите на домот.

Како што јави ХРТ, причина за масакрот е конфликтот на осомничениот со неговата мајка, која наводно им го префрлила имотот на сопствениците на Домот бидејќи нејзината пензија била премала за да може да го плати престојот.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ не можеше да го потврди ова бидејќи рече дека не смее да открие што е предмет на истрагата, но посочи дека сторителот е пронајден и уапсен во рекордно време.

The post Пензионираниот воен полицаец кој уби шестмина во Дом за стари лица во Дарувар имал конфликт со мајка му appeared first on Република.

]]>

Пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки (51) кој уби шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска имал конфликт со мајка си, јавија медиумите во таа земја. Една од жртвите била неговата мајка. Четири лица се опоравуваат во болница. 51-годишниот маж дошол во Домот и почнал да пука од пиштол кон вработените и жителите на домот. Како што јави ХРТ, причина за масакрот е конфликтот на осомничениот со неговата мајка, која наводно им го префрлила имотот на сопствениците на Домот бидејќи нејзината пензија била премала за да може да го плати престојот. Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ не можеше да го потврди ова бидејќи рече дека не смее да открие што е предмет на истрагата, но посочи дека сторителот е пронајден и уапсен во рекордно време.  

The post Пензионираниот воен полицаец кој уби шестмина во Дом за стари лица во Дарувар имал конфликт со мајка му appeared first on Република.

]]>
Син нападнал мајка, ѝ кршел по дома па запалил и соба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-napadnal-majka-krshel-po-doma-pa-zapalil-i-soba/ Wed, 17 Jul 2024 13:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=797690

Мајка пријавила син за агресивност, оштетување покуќнина и пожар во соба и затоа лишен од слобода бил жител на неготинско село, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 15.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа, оштетил дел од покуќнината и предизвикал пожар во една од собите. М.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи.

СВР Велес соопшти дека подоцна во 20 часот, било пријавено дека во продажен објект во Неготино, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 23 - годишник од село Тимјаник, Неготинско и 35-годишна неготинка. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Истовремено, во ОВР Неготино, 39 - годишен од село Челевец, Демиркаписко, пријавил дека на плоштадот во Демир Капија бил физички нападнат од жител од село Бистренци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Син нападнал мајка, ѝ кршел по дома па запалил и соба appeared first on Република.

]]>

Мајка пријавила син за агресивност, оштетување покуќнина и пожар во соба и затоа лишен од слобода бил жител на неготинско село, информираа денеска од СВР Велес.
Вчера во 15.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа, оштетил дел од покуќнината и предизвикал пожар во една од собите. М.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи.
СВР Велес соопшти дека подоцна во 20 часот, било пријавено дека во продажен објект во Неготино, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 23 - годишник од село Тимјаник, Неготинско и 35-годишна неготинка. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Истовремено, во ОВР Неготино, 39 - годишен од село Челевец, Демиркаписко, пријавил дека на плоштадот во Демир Капија бил физички нападнат од жител од село Бистренци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Син нападнал мајка, ѝ кршел по дома па запалил и соба appeared first on Република.

]]>
Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/sinot-na-nikolas-kejdh-se-obidel-da-ja-ubie-majka-si-vo-napad-na-nervno-rastrojstvo/ Thu, 11 Jul 2024 08:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=795698

Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен поради наводен напад на неговата мајка за време на ментална здравствена криза.

Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон бил обвинет за напад со смртоносно оружје во средата – само неколку недели откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со големи модринки на лицето, пишува Дејли мејл.

Тој бил ослободен со кауција од 150.000 долари.

Американските медиуми објавија дека се верува дека неговиот татко е тој што го извлекол.

Тепачката меѓу Вестон и неговата мајка се случила на 28 април во областа на Лос Анџелес, кога вербалната расправија наводно прераснала во физичка.

The post Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство appeared first on Република.

]]>

Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен поради наводен напад на неговата мајка за време на ментална здравствена криза. Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон бил обвинет за напад со смртоносно оружје во средата – само неколку недели откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со големи модринки на лицето, пишува Дејли мејл. Тој бил ослободен со кауција од 150.000 долари. Американските медиуми објавија дека се верува дека неговиот татко е тој што го извлекол. Тепачката меѓу Вестон и неговата мајка се случила на 28 април во областа на Лос Анџелес, кога вербалната расправија наводно прераснала во физичка.  

The post Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство appeared first on Република.

]]>
Семејна драма во Кисела Вода: Скопјанец си ги претепал мајката и сестрата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/semejna-drama-vo-kisela-voda-skopjanets-si-gi-pretepal-majkata-i-sestrata/ Tue, 09 Jul 2024 14:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=795022

Вчера во 20.20 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината 25-годишна ќерка биле физички нападнати од М.Т.(27) од Скопје, син на пријавителката.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Семејна драма во Кисела Вода: Скопјанец си ги претепал мајката и сестрата appeared first on Република.

]]>

Вчера во 20.20 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината 25-годишна ќерка биле физички нападнати од М.Т.(27) од Скопје, син на пријавителката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Семејна драма во Кисела Вода: Скопјанец си ги претепал мајката и сестрата appeared first on Република.

]]>
Уапесена е мајка која во прегреан автомобил оставила едномесечно бебе и две деца на една и две години и отишла во шопинг https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/uapesena-e-majka-koja-vo-pregrean-avtomobil-ostavila-ednomesechno-bebe-i-dve-detsa-na-edna-i-dve-godini-i-otishla-vo-shoping/ Mon, 08 Jul 2024 17:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=794674

Полицијата во Сан Антонио уапси мајка која во пеколно топол ден ги оставила своите три деца во автомобил и отишла да пазарува.

Како што јави Си-Ен-Ен, трагедијата била избегната откако еден од минувачите случајно ги видел децата заклучени во возилото и повикал полиција.

Полицијата добила дојава дека во возило чиј мотор бил исклучен има деца, што укажува дека климата не е вклучена, соопшти полицијата, додавајќи дека во автомобилот имало деца на возраст од еден месец, две и четири години.

Мајката на децата, осомничената, е пронајдена на лице место и рече дека влегла во продавницата и не сфатила колку време поминало. Според информациите што ги собравме, децата биле сами во возилото околу 50 минути“ – соопшти полицијата.

Температурата во областа Сан Антонио во тоа време била 37,7 степени Целзиусови. Табелата на Националната метеоролошка служба која ги споредува надворешните и внатрешните температури на автомобилот покажа дека по еден час во автомобил со надворешна температура од 33 степени, таа може да достигне 54,4 степени.

Децата се пренесени на лекување во болница и се очекува истиот ден да бидат пуштени од болница, се вели во прелиминарниот полициски извештај.

Најмалку 1.090 деца загинале во вжештени автомобили низ САД од 1990 година.

The post Уапесена е мајка која во прегреан автомобил оставила едномесечно бебе и две деца на една и две години и отишла во шопинг appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Сан Антонио уапси мајка која во пеколно топол ден ги оставила своите три деца во автомобил и отишла да пазарува. Како што јави Си-Ен-Ен, трагедијата била избегната откако еден од минувачите случајно ги видел децата заклучени во возилото и повикал полиција. Полицијата добила дојава дека во возило чиј мотор бил исклучен има деца, што укажува дека климата не е вклучена, соопшти полицијата, додавајќи дека во автомобилот имало деца на возраст од еден месец, две и четири години.
Мајката на децата, осомничената, е пронајдена на лице место и рече дека влегла во продавницата и не сфатила колку време поминало. Според информациите што ги собравме, децата биле сами во возилото околу 50 минути“ – соопшти полицијата.
Температурата во областа Сан Антонио во тоа време била 37,7 степени Целзиусови. Табелата на Националната метеоролошка служба која ги споредува надворешните и внатрешните температури на автомобилот покажа дека по еден час во автомобил со надворешна температура од 33 степени, таа може да достигне 54,4 степени. Децата се пренесени на лекување во болница и се очекува истиот ден да бидат пуштени од болница, се вели во прелиминарниот полициски извештај. Најмалку 1.090 деца загинале во вжештени автомобили низ САД од 1990 година.  

The post Уапесена е мајка која во прегреан автомобил оставила едномесечно бебе и две деца на една и две години и отишла во шопинг appeared first on Република.

]]>