Мајка Тереза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka-tereza/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Aug 2024 09:27:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајка Тереза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka-tereza/ 32 32 Мицкоски: Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот, само така ќе обезбедиме иднина за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-da-go-sledime-primerot-na-gondha-koja-go-menuvashe-svetot-samo-taka-ke-obezbedime-idnina-za-site/ Mon, 26 Aug 2024 09:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=810205

Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот. Само така ќе обезбедиме иднина за сите, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на манифестацијата „Светлината на Гонџа“ кадешто се одбележуваше роденденот на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза.

Денес Мајка Тереза му припаѓа на светот. Нејзиниот живот не познаваше граници, ниту разлики и таа обединуваше различни култури, различни луѓе и народи. Таа е и најдобриот мост на поврзување денес и во местото од каде потекнува Скопје. Таа е нишката која ги поврзува Македонците, Албанците и сите кои живееле на овие простори, но и пример кога срце полно со љубов е спремно за големи подвизи и победа над сите предрасуди и препреки.Да извлечеме поуки од оваа голема Скопјанка и хуманиска, да се почитуваме едни со други, да споделуваме грижа, да ги помагаме обесправените, угнетените и сиромашните, кажа Мицкоски во своето обраќање.

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умираа низ улиците, на болните од лепра и од сида. Таа живееше едноставно, како за време на животот, така и по нејзината смрт – остана синоним за доброто во светот. За Мајка Тереза стана добитник на бројни признанија и награди за исклучително хумано ангажирање во згрижувањето на најсиромашните од сиромашните, поради што ја доби и Нобеловата награда за мир.

Таа почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на милосрдието што таа ја основа во Калкута. Крајот на животниот пат на еден од најголемите алтруисти на столетието ги трогна сите, најмногу оние кои ги почувствувале хуманоста и бенефициите од нејзините активности – гладните, бездомниците и болните. Таа беше скопјанка која поголемиот дел од животот го помина во Индија, во земјата која е втора по бројот на жители во светот и седма по географска големина чиј главен град е Њу Делхи. Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространите империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја.

The post Мицкоски: Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот, само така ќе обезбедиме иднина за сите appeared first on Република.

]]>

Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот. Само така ќе обезбедиме иднина за сите, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на манифестацијата „Светлината на Гонџа“ кадешто се одбележуваше роденденот на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза.
Денес Мајка Тереза му припаѓа на светот. Нејзиниот живот не познаваше граници, ниту разлики и таа обединуваше различни култури, различни луѓе и народи. Таа е и најдобриот мост на поврзување денес и во местото од каде потекнува Скопје. Таа е нишката која ги поврзува Македонците, Албанците и сите кои живееле на овие простори, но и пример кога срце полно со љубов е спремно за големи подвизи и победа над сите предрасуди и препреки.Да извлечеме поуки од оваа голема Скопјанка и хуманиска, да се почитуваме едни со други, да споделуваме грижа, да ги помагаме обесправените, угнетените и сиромашните, кажа Мицкоски во своето обраќање.
Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умираа низ улиците, на болните од лепра и од сида. Таа живееше едноставно, како за време на животот, така и по нејзината смрт – остана синоним за доброто во светот. За Мајка Тереза стана добитник на бројни признанија и награди за исклучително хумано ангажирање во згрижувањето на најсиромашните од сиромашните, поради што ја доби и Нобеловата награда за мир. Таа почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на милосрдието што таа ја основа во Калкута. Крајот на животниот пат на еден од најголемите алтруисти на столетието ги трогна сите, најмногу оние кои ги почувствувале хуманоста и бенефициите од нејзините активности – гладните, бездомниците и болните. Таа беше скопјанка која поголемиот дел од животот го помина во Индија, во земјата која е втора по бројот на жители во светот и седма по географска големина чиј главен град е Њу Делхи. Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространите империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја.  

The post Мицкоски: Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот, само така ќе обезбедиме иднина за сите appeared first on Република.

]]>
Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-vo-kits-skopje-po-povod-114-godishninata-od-raganeto-na-majka-tereza/ Mon, 26 Aug 2024 07:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=810137

Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

The post Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.  

The post Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>
114 години од раѓањето на Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/114-godini-od-raganeto-na-majka-tereza/ Mon, 26 Aug 2024 06:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=810119

Денеска се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.

На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.

Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.

The post 114 години од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра. Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација. По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот. Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.  

The post 114 години од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>
Изложба „Една од нас – Мајка Тереза“ во Музејот на македонската борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-edna-od-nas-majka-tereza-vo-muzejot-na-makedonskata-borba/ Fri, 08 Mar 2024 10:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=752578

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Циклусот од 24 документарни паноа го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација, соопшти Музејот на македонската борба за самостојност.

Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот и Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје.

Изложбата е претставена во повеќе градови во земјата и во странство, а посетителите ќе можат да ја посетат од 8 до 31 март 2024.

The post Изложба „Една од нас – Мајка Тереза“ во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Циклусот од 24 документарни паноа го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација, соопшти Музејот на македонската борба за самостојност. Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот и Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје. Изложбата е претставена во повеќе градови во земјата и во странство, а посетителите ќе можат да ја посетат од 8 до 31 март 2024.  

The post Изложба „Една од нас – Мајка Тереза“ во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>
Драгана Мирковиќ живее во замок во кој се молела Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/dragana-mirkovik-zhivee-vo-zamok-vo-koj-se-molela-majka-tereza/ Wed, 25 Oct 2023 19:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=694938

Драгана Мирковиќ  ги отвори вратите од својот магичен замок. Пред две децении, фолк ѕвездата го купи овој објект со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ и со години инвестираше во враќањето од урната состојба во првобитната состојба.

Величествениот замок Ебенфурт вреди цело богатство, а пејачката со голема љубов и грижа се грижела за секој детал.

- Има и огромни сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот на замокот каде што планираме да живееме, има голема сала за бал. Сакаме дел од првиот кат да го претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влез. Неопходна е и реставрација на сликата на таванот, за што е потребно време, за што ќе бидат задолжени вистински уметници - рече Драгана.

Овој објект има посебно културно-историско значење. Еден од најинтересните факти е дека во замокот живеела Марија Тереза, која кон крајот на 18 век често престојувала таму и се молела во капелата која исто така се наоѓа во домот на Драгана.

The post Драгана Мирковиќ живее во замок во кој се молела Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

Драгана Мирковиќ  ги отвори вратите од својот магичен замок. Пред две децении, фолк ѕвездата го купи овој објект со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ и со години инвестираше во враќањето од урната состојба во првобитната состојба. Величествениот замок Ебенфурт вреди цело богатство, а пејачката со голема љубов и грижа се грижела за секој детал.
- Има и огромни сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот на замокот каде што планираме да живееме, има голема сала за бал. Сакаме дел од првиот кат да го претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влез. Неопходна е и реставрација на сликата на таванот, за што е потребно време, за што ќе бидат задолжени вистински уметници - рече Драгана.
Овој објект има посебно културно-историско значење. Еден од најинтересните факти е дека во замокот живеела Марија Тереза, која кон крајот на 18 век често престојувала таму и се молела во капелата која исто така се наоѓа во домот на Драгана.

The post Драгана Мирковиќ живее во замок во кој се молела Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>
Биста на Мајка Тереза во амбасадата на Косово во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bista-na-majka-tereza-vo-ambasadata-na-kosovo-vo-skopje/ Mon, 11 Sep 2023 19:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=681046

Отсекогаш сме биле дел од еден ист заеднички простор и ќе продолжиме да бидеме. Затоа треба да ги надминеме поделбите, омразите од минатото, да си простиме за старите гревови и да продолжиме понатаму. На Балканот имаме видено доволно беда, сиромаштија, војни, омраза и гнев, меѓутоа, во име на подобрата сегашност и иднина, потребна ни е соработка и разбирање, не како форма, туку суштински.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски, на вечерашната инаугурација на бистата на Мајка Тереза во амбасадата на Република Косово во Скопје на која присуствуваа и претседателите на Косово и Албанија, Вјоса Османи-Садриу и Бајрам Бегај, како и други функционери од државава.

Пендаровски рече дека ликот на Мајка Тереза во просторот на косовската амбасада ќе нѐ потсетува на нејзината морална чистота и грижа за болните и сиромашните.

Ќе нѐ потсетува на една маркантна фигура која треба да ни биде инспирација да подаруваме и да се грижиме еден за друг како најблиски соседи и искрени пријатели, рече Пендаровски, кој дополни дека мултиетничката, мултикултурна и мултирелигиозна македонска средина во која порасна Гонџа Агнес Бојаџиу, сѐ уште е пример на соживот и заемна почит.

Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу, посочи дека трите соседни држави ги поврзува личната историја на Мајка Тереза.

Денеска сме тука три соседни држави со кои е поврзана личната историја на Мајка Тереза. Соединувајќи се сите во поклонение и почит на нашата светица како симбол на нашето пријателство и билатерални односи и светла евроатлантска иднина, рече Османи-Садриу.

Косовската претседателка истакна дека историската блискост и заедничката евроатлантска цел се заедничка цел и надеж.

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај, рече дека каква што беше службата на Мајка Тереза, таква треба да биде заедничката посветеност да се пренесе тоа на наредните генерации.

Почестени сме што сме дел од нејзиното етничко и културни наследство. Треба со почит и поклон да го чуваме ова наследство, да бидеме блиску до луѓето, посебно до оние на кои најмногу им треба тоа, рече Бегај.

Мајка Тереза (Гонџа Агнес Бојаџиу) или Света Тереза од Калкута е католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет родена во Скопје.

За својата хуманитарна работа има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на XX век.

The post Биста на Мајка Тереза во амбасадата на Косово во Скопје appeared first on Република.

]]>

Отсекогаш сме биле дел од еден ист заеднички простор и ќе продолжиме да бидеме. Затоа треба да ги надминеме поделбите, омразите од минатото, да си простиме за старите гревови и да продолжиме понатаму. На Балканот имаме видено доволно беда, сиромаштија, војни, омраза и гнев, меѓутоа, во име на подобрата сегашност и иднина, потребна ни е соработка и разбирање, не како форма, туку суштински. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски, на вечерашната инаугурација на бистата на Мајка Тереза во амбасадата на Република Косово во Скопје на која присуствуваа и претседателите на Косово и Албанија, Вјоса Османи-Садриу и Бајрам Бегај, како и други функционери од државава. Пендаровски рече дека ликот на Мајка Тереза во просторот на косовската амбасада ќе нѐ потсетува на нејзината морална чистота и грижа за болните и сиромашните.
Ќе нѐ потсетува на една маркантна фигура која треба да ни биде инспирација да подаруваме и да се грижиме еден за друг како најблиски соседи и искрени пријатели, рече Пендаровски, кој дополни дека мултиетничката, мултикултурна и мултирелигиозна македонска средина во која порасна Гонџа Агнес Бојаџиу, сѐ уште е пример на соживот и заемна почит.
Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу, посочи дека трите соседни држави ги поврзува личната историја на Мајка Тереза.
Денеска сме тука три соседни држави со кои е поврзана личната историја на Мајка Тереза. Соединувајќи се сите во поклонение и почит на нашата светица како симбол на нашето пријателство и билатерални односи и светла евроатлантска иднина, рече Османи-Садриу.
Косовската претседателка истакна дека историската блискост и заедничката евроатлантска цел се заедничка цел и надеж. Претседателот на Албанија Бајрам Бегај, рече дека каква што беше службата на Мајка Тереза, таква треба да биде заедничката посветеност да се пренесе тоа на наредните генерации.
Почестени сме што сме дел од нејзиното етничко и културни наследство. Треба со почит и поклон да го чуваме ова наследство, да бидеме блиску до луѓето, посебно до оние на кои најмногу им треба тоа, рече Бегај.
Мајка Тереза (Гонџа Агнес Бојаџиу) или Света Тереза од Калкута е католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет родена во Скопје. За својата хуманитарна работа има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на XX век.

The post Биста на Мајка Тереза во амбасадата на Косово во Скопје appeared first on Република.

]]>
Османи положи цвеќе на гробот на Мајка Тереза во Калкута https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-polozhi-tsveke-na-grobot-na-majka-tereza-vo-kalkuta/ Fri, 01 Sep 2023 09:39:59 +0000 https://republika.mk/?p=677839

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Индија, положи цвеќе на гробот на Мајка Тереза во Калкута, изразувајќи најдлабока почит и гордост дека „најисклучителната жена во светот - светицата на целиот свет доаѓа токму од нашата земја“. Тој ја посети и црквата каде што Мајка Тереза го помина најголемиот дел од животот, кој не бил само нејзин дом, туку и дом на многу беспомошни и помалку привилегирани, соопшти МНР.

Сведочејќи како изгледал нејзиниот живот, скромноста на една толку голема личност не остава никого индифирентен и без чувство на одговорност кон нејзиното наследство и мисија – да се помогне на најранливите и да се нахранат и најсиромашните, но не само со леб, како што знаеше таа да каже, туку и со љубов и почит, рече Османи на средба со сестрите на милосрдието, кои ја продолжуваат мисијата на Светата Тереза.

Министерот ги истакна и  нејзините дела кои извираат историјата, културата и вредностите  кои  биле длабоко врежани во неа и на кои треба постојано да се потсетуваме - почит и толеранција.

Од нејзиниот живот е очигледно дека Мајка Тереза се придржувала до екстремна флексибилност и приспособливост во однос на различните култури и етнички групи, карактеристики кои сум сигурен дека биле длабоко врежани во неа и во начинот на кој била воспитувана уште од најрана возраст од нејзиното семејство во Скопје. Овој концепт ги надмина и продолжува да ги премостува бариерите на религијата и етничката припадност и ги нагласува идеите за толеранција и хармонија во однос на сите различности, нагласи Османи.

На агендата на Османи се и средбите со градоначалникот на Калкута, Фирхад Хаким, како и со претседателката на Инвестицискиот Самит на Западен Бенгал, Вандана Јадав.

The post Османи положи цвеќе на гробот на Мајка Тереза во Калкута appeared first on Република.

113 години од раѓањето на Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/113-godini-od-raganeto-na-majka-tereza/ Sat, 26 Aug 2023 09:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=675966

Денеска се одбележуваат 113 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.

На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.

Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.

The post 113 години од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат 113 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра. Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација. По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот. Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.  

The post 113 години од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>
Изложба „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/izlozhba-majka-tereza-od-skopje-do-kalkuta/ Thu, 29 Jun 2023 06:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=656283

Изложба насловена „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ од Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ) вечер ќе биде отворена во просториите на УМТ.

Третата по ред изложба на Зеќири опфаќа 22 уметнички дела реализирани во мозаик, а авторот ја посветил на животната дејност на скопската хуманистка Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза.

The post Изложба „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ appeared first on Република.

]]>

Изложба насловена „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ од Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ) вечер ќе биде отворена во просториите на УМТ. Третата по ред изложба на Зеќири опфаќа 22 уметнички дела реализирани во мозаик, а авторот ја посветил на животната дејност на скопската хуманистка Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза.  

The post Изложба „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ appeared first on Република.

]]>
Украдени четири плочи со ликот на Мајка Тереза од пред влезот на Национална опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-chetiri-plochi-so-likot-na-majka-tereza-od-pred-vlezot-na-natsionalna-opera-i-balet/ Thu, 04 May 2023 15:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=636900

Пред девет дена биле украдени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза од Национална опера и балет.

На 04.05.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 25.04.2023 пред главниот влез од Национална опера и балет во Скопје биле одземени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдени четири плочи со ликот на Мајка Тереза од пред влезот на Национална опера и балет appeared first on Република.

Книги за Мајка Тереза од денеска во Националната Библиотеката на Рига https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigi-za-majka-tereza-od-deneska-vo-nacionalnata-bibliotekata-na-riga/ Fri, 11 Nov 2022 11:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=572705

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска оствари повеќе работни средби во рамки на билатералната посета на официјална Рига.

Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во латвискиoт парламент (Сајмот), Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските билатерални односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда.

Во рамки на својот престој во Латвија, Османи оствари посета на Националната Библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латвиската книжевност, додека Османи подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред латвиските читатели како и книги за Мајка Тереза.

Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање” истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник.

The post Книги за Мајка Тереза од денеска во Националната Библиотеката на Рига appeared first on Република.

Изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ во Музеј на македонската борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-misionerka-na-milosrdieto-spomenite-za-majka-tereza-vo-drzavniot-arhiv-vo-muzej-na-makedonskata-borba/ Mon, 05 Sep 2022 07:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=547518

Во Музејот на македонската борба денеска напладне на свечен настан ќе биде отворена изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ што ја подготви Државниот архив.

Преку изложбата, Државниот архив се вклучува во одбележување на 25-годишнината од смртта на Мајка Тереза и на јавноста првпат ќе и презентира архивска документација за животот на семејството Бојаџиу до 1934 година ѝ за нејзините посети на Скопје. На настанот ќе бидат прикажани и видеозаписи за светицата Мајка Тереза. Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 13 септември.

The post Изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ во Музеј на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на македонската борба денеска напладне на свечен настан ќе биде отворена изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ што ја подготви Државниот архив. Преку изложбата, Државниот архив се вклучува во одбележување на 25-годишнината од смртта на Мајка Тереза и на јавноста првпат ќе и презентира архивска документација за животот на семејството Бојаџиу до 1934 година ѝ за нејзините посети на Скопје. На настанот ќе бидат прикажани и видеозаписи за светицата Мајка Тереза. Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 13 септември.

The post Изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ во Музеј на македонската борба appeared first on Република.

]]>
Груевски: Поради отпорот на власта против сѐ што започна ВМРО-ДПМНЕ целосно се занемарени ликот и делото на Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gruevski-poradi-otporot-na-vlasta-protiv-s-shto-zapochna-vmro-dpmne-celosno-se-zanemareni-likot-i-deloto-na-majka-tereza/ Sun, 04 Sep 2022 19:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=547441

На денот која е прогласена за светица Мајка Тереза и ден пред годишнината од нејзината земска смрт поранешниот македонски премиер Никола Груевски посвети статус токму на Гонџа Бојаџиу. Тој потсети на она што поранешната влада предводена од него започна како проект за зачувување на ликот и делото на големата хуманитарка, но, кое како што вели, поради отпорот кој го има актуелната власт против се што започнале претходниците е целосно занемарено.

Тој вели:

Приватно или службено низ животот имам патувано во многу држави низ светот на сите населени континенти и имам сретнато многу луѓе, од обични луѓе на улица или во кафетерија до врвот на државните и општествените елити.
Постојат само две личности кои може да се поврзат со Македонија а кои ги знаат низ целиот свет или речиси целиот свет. Само две личности чие име веднаш сите ги потсеќа и ги асоцира на Македонија.

И обратно, кога ќе се спомне името Македонија првата асоцијација за нив се тие две личности или барем едната од нив, особено надвор од регионот на југоисточна Европа. Тоа се Александар Македонски и Мајка Тереза.
Ова не ја намалува вредноста и значењето за нас, за нашата историја, идентитет, јазик, духовност, култура, нација, држава итн на многу други многу значајни ликови од македонската историја и духовен свет, како Гоце Делчев, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, разни цареви, владетели, светци, спортисти, политичари, научници, писатели, итн, но најчесто имињата на овие славни и заслужни личности имаат некаква препознатливост или само на национално, или на регионално ниво или најмногу некакво значење низ континентот Европа или дел од неа.

Мајка Тереза и Александар Македонски имаат планетарна препознатливост и би рекол слава.
За Александар Македонски познат е на сите овој факт, но многумина во Македонија не знаат дека Гонџа Бојаџиу - подоцна во црквата и мисионерската работа позната како Мајка Тереза има на таков степен препознатливост, слава, почит и восхит низ целиот свет.

За така мала држава како Македонија, два вакви лика и не се малку. Има многу поголеми земји од Македонија кои немаат ниту еден толку многу препознатлив и славен лик на светско ново и на многу долг рок, вечно.
За Мајка Тереза (26 август 1910- 5 септември 1997) ми говореа и искажуваа инспирација од нејзиниот живот и дело многу сенатори и конгресмени во САД, а дел од нив нејзината слика ја имаа на нивното биро или некаде закачена на ѕидот во канцеларијата.

Нејзината слика ми ја извади од внатрешниот џеб на своето сако гувернерот на Хонг Конг, неа ја спомнаа претседателот на Парламентот на Аргентина во Буенос Аирес, ја спомна и министерот за надворешни работи на Бразил во Бразилија, два премиери на Индија со кои се сретнав меѓу кои и актуелниот, бројни државници низ Европа, на патувањата во Мароко, Русија, Австралија, Јапонија, Кина, Сингапур, Велика Британија, многу крупни инвеститори, сопстевници и претседатели на компании од целиот свет, но и министерот за енергетика на Катар на пример кој во првите 6-7 минути од средбата со восхит зборуваше за неа и нејзиниот живот и дело, па со обзир дека е припадник на различна религија мошне ме изненади.

Почитта кон неа во светот е толку голема што кога држевме презентација пред поголем број инвеститори во далечни земји, знаев во почетокот на воведниот говор преставувајки ја Македонија да спомнам дека Македонија и главниот град Скопје е земјата и градот каде е родена, израсната и образована Мајка Тереза пред да го започне своето мисионерство. Секогаш имаше многу позитивна реакција.
Кога слетав во Калкута на средба со еден крупен инвеститор, низ улиците на Калкута забележав билборди со ликот на Мајка Тереза, во рамките на некоја медиумска кампања во тоа време. Во Индија, земја во која живеат околу 1,2 милијарди луѓе или околу 17% од светското население непостои човек кој не го знае името, ликот и заслугите на Мајка Тереза, од деца па до највозрасни.

Нејзината приказна е едноставна и истовремено многу голема. Израснала во христијанско католичко и етнички албанско семејство во Скопје, се школувала најпрвин во католичко а потоа во државно училиште. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. На работ на полнолетството заминала преку Хрватска во Ирска, а од таму во Индија во Калкута каде се приклучува кон редот „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва и целиот нејзин живот го посветува да им помогне на најсиромашните меѓу сиромашните и најчесто комбинација од тешко, најчесто и неизлечиво болни од смртоносната заразна болест лепроза и екстремно сиромашни луѓе, луѓе кои ги отфрлиле општеството, семејствата и заедница. Исто така посветена е и на сиропиталиштето во Калкута грижејќи се за децата без родители, две места кои имав можност да ги посетам и каде денес е и нејзиниот гроб.

Кратко кажано, според она што е познато, по јавувањето на провидение и барањето на Бог да се посвети на оваа мисија, таа наместо како и секоја друга жена да формира семејство, да има свои деца, сопруг и удобен живот, сето тоа го жртвува за да им помогне на други непознати луѓе во тешка ситуација, и тоа не на било кого, туку на најнемоќните, најболните и најсиромашните.

Покрај ова таа инспирирала и привлекува многу други сестри и браќа нејзини следбеници, така што нејзината активност станува едно движење насекаде низ светот, со многу мисионери кои во многу земји го прават истото што го почнала таа. Во 1950 год. го основала редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“, а во 1951 добива индиско државјанство. Членовите на овој ред морале да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред бил признат од страна на папата и потпаѓа под негова контрола. Мајка Тереза со редот посебно се грижи за лица што биле пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, бил грижата за болните од лепроза. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 5000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот.
Таа не е само добитничката на Нобелова награда за мир и светица во катиличката христијанска црква.
Во текот на својот живот, Мајка Тереза, за својата хуманитарна работа, има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на XX век. Меѓу другите во 1962 година добитник е на наградата Награда Падма Шри од претседателот на Индија, а истата година и Награда Мегсејсеј во Филипини. Во 1971 година Папата Павле VI ѝ ја доделува наградата за мир „Папата Јован XXIII” а истата година ја добива и Награда Џон Ф. Кенеди. Следната 1972 година ја добива Награда Џавахарлал Нехру а година подоцна во 1973 година и Темплетон награда за извонредни заслуги во хуманитарната работа. Во 1977 година се стекнува со Титула Доктор Хонорис Кауза по Теологија на Универзитетот Кембриџ, а во 1978 година Балцанова награда за хуманост и мир меѓу луѓето. По добивањето на Нобелова награда за мир во 1979 година, во 1980 година добива Награда Барат Ратна (Скапоцен камен) – највисоко државно признание на Индија, а истата година во 1980 година станала и почесен граѓанин на Скопје. Во 1983 година добива Орден за заслуги од кралицата Елизабета II, а во 1985 година Претседателски медал за слобода доделен од претседателот на САД Роналд Реган. Во 1996 година Прогласена е за почесен државјанин на САД а во 1997 година добила Конгресен златен медал на САД.

Има многу луѓе кои добиле нобелови награди и разни други признанија, но ретко кој е толку познат, почитиван и инспирација на милиони луѓе како Мајка Тереза.

Конечно во 2016 година на 4 септември откако претходно во 2015 година папата во Ватикан го призна второто чудо на Мајка Тереза со лечењето на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот ја прогласи за светица во католичката црква, настан на кој и јас со задоволство присуствував во Македонската делегација покрај која имаше државни делегации на уште 15 други држави и стотици илјади присутни на плоштадот Св. Петар во Ватикан.
Низ годините забележав дека токму во Македонија таа е помалку позната и призната отколку низ светот.
Од тие причини се направија многу нешта кои го афирмираа нејзиното име и дело.

Од пригодни манифестации на различни јубилеи поврзани со неа, па до изградба на спомен куќа на Мајка Тереза во центарот на Скопје на улицата Македонија која функционира како музеј кој е многу посетен од странските туристи, па до именување на обиколницата околу Скопје по нејзиното име, автопатот од Скопје до Охрид, Клиничкиот центар Мајка Тереза, булеварот Водњанска го доби нејзиното име а доби и име на плоштад, оној меѓу македонската опера и балет, филхрамонијата, Министерството за надворешни работи, народната банка и музичката академија.

Се снимаше и документарна серија за неа, излегоа многу книги за неа, се отвори нов универзитет во Скопје а по моја иницијатива и прифатено од сите во владата го носи нејзиното име универзитетот Мајка Тереза, а во план беше и финасирање на снимање на игран филм.

Скопје имаше еден помал споменик од Мајка Тереза дониран од бизнисменот Трифун Костовски и изработен од академик Томе Серафимовски. Но тој некако стана составен дел на спомен куќата на Мајка Тереза и се ценеше дека ваква личност заслужува да има повпечатливо спомен обележје на централниот градски плоштад во Скопје кое би било и поголема туристичка атракција.

Додека се размислуваше за тоа, се случи средбата со во тоа време вториот најголем вработувач во Индија после индиските железници, бизнисменот Субрата Рои, личен познаник на Мајка Тереза и донатор на нејзините хуманитарни активности.

На средбата со него во Њу Делхи а потоа и на презентацијата пред стотици индиски бизнисмени и министри во Бомбај (Мумбај), кој тој ја организираше за да ни помогне во напорите да дојдеме до најважните индиски бизнисмени, тој изрази силна желба токму неговата компанија да донира споменик на Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје.

Па така неговата компанија направи конкурс и проект за истото но дизајнот беше во духот на индиската култура и не беше широко прифатен од граѓаните во Македонија.

По некое време Субрата Рој западна во тешкотии и проблеми и таа донација не се реализираше, па се објави домашен конкурс на кој се одбра предлогот на склупторот Валентина Каранфиловска, чие дело беше предвидено да биде мала фонтана и споменична композиција со околу вкупно 16 фигури, па покрај централната фигура на Мајка Тереза преставена како помага на сиромашно семејство со дете, имаше уште 6 сестри од нејзината група преставени како секоја од нив помага на некој тешко болен, сиромашен или друг човек во тешка состојба. Ситуации кои биле секојдневие на Мајка Тереза и сестрите со неа.

Фигурите изработени во мермер се завршија во целост и се чекаше да се заврши фонтаната за да заврши целиот проект.

Смената на власта донесе едно прилично незрело негирање на се што започнала или создала претходната власт кое за жал трае до денес.

Споменичната композиција која требаше да чини четири милиони евра, пола беше платена а уште толку требаше да се доплатат, што споредено со тоа за што се троши пари денешната власт, и гледано од аспект на буџет на една држава не преставува преголем товар, особено што ќе беше поделен во 2-3 буџетски години.

Но всушност парите не се вистинскиот проблем туку отпорот кон се што започнал Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. И не само тоа, власта отиде до таа мера далеку што за малку ќе го реализираше предлогот на контраверзниот партиски функционер и архитект Мирослав Грчев, доколку во 2018 година тоа не го спречеше Папата Францис со писмо до претседателот С.Пендаровски во кое побара да не се руши недовршената споменична композиција на Мајка Тереза.
Споменикот со сигурност ќе беше, и верувам дека еден ден ќе биде нов симбол на Скопје и магнет за привлекување илјадници нови туристи, така што парите што ќе се потрошат за споменикот многукратно ќе се вратат преку туризмот, хотелите, ресторантите итн.

Уште поважно е што секојдневно тој споменик ќе ги потсеќаше граѓаните на Македонија и туристите на правење добри дела, помагање, простување, мир, љубов кон Бог и кон секој човек независно на неговиот статус.
Гледано и од внатрешно политички аспект Мајка Тереза е општо прифатена и кај Македонците и кај Албанците и е лик кој обединува а не дели, иско оддамна таа не и припаѓа само на Македонија туку на целиот свет.
Денес е 4. септември ден кога е прогласена за светица Мајка Тереза а утре е 5. септември денот на нејзината земска смрт.

Да се потсетиме на нејзините пораки кои секако на луѓето влијаат да бидат подобри луѓе, кои на моја иницијатива напишани на англиски и македонски се поставени и ги има на повеќе локации низ Скопје:
– Ако не можеш да нараниш стотина луѓе, нарани само еден човек.
– Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат.
– Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.
– Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.
– Осаменоста и чувството дека не си сакан е најголема сиромаштија.
– Не е важно колку работиш, туку е важно колку љубов внесуваш во тоа што го работиш.
– За да го вратиме мирот не ни треба оружје и бомби. Ни треба љубов и сочувство.
– Мирот започнува со насмевка.
– Дочекувајте се едни со други со насмевка, зашто насмевката е почеток на љубовта.
– Пронајдов парадокс. Ако некого сакаш до болка, тоа значи дека болката веќе ќе ја нема, туку само многу љубов.
– Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.
– Што може да направиш за да го промовираш мирот во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.
– Најди време за игра, тоа е тајната на вечната младост.
– Секој кој ќе ти се приближи, нека си замине од тебе подобар и посреќен.
– Повеќе има глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.
-„Има работи кои ти можеш да ги направиш а јас не, но има работи кои јас можам да ги направам а ти не; затоа ајде да направиме нешто убаво заедно.“
-„Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.“
-„Ако сте обесхрабрени, тоа е знак на гордост бидејќи покажува дека верувате во сопствените моќи.“
-„Знам дека Бог нема да да ми даде нешто што не можам да го поднесам. Понекогаш посакувам да не веруваше толку многу во мене.“
-„Ајде секогаш да се пречекуваме еден со друг со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубов.“
-„Не можете сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов.“
-„Лесно е да ги сакаш луѓето кои се далеку. Не е секогаш лесно да ги сакаш оние кои се блиску до тебе. Полесно е да дадеш некому чаша ориз и да го ослободиш од гладот отколку да ја ослободиш осаменоста и болката на некој сакан во твојот дом. Внеси љубов во домот бидејќи тоа е местото каде љубовта еден за друг мора да почне.“
-„Љубезните зборови може да бидат кратки и лесни за кажување, но нивното ехо е она што е бескрајно.“
-„Дури и ако сте на вистинскиот пат, некој ќе ве престигне ако само седите.“
-„Насмевнете се еден на друг. Насмевни ѝ се на твојата сопруга, насмевни му се на твојот сопруг, насмевнете им се на вашите деца, едноставно насмејте се еден на друг – не е важно кому – тоа ќе ни помогне да израснеме во поголема љубов еден кон друг.“
-„Може да се премориш од работа, може дури и да се не можеш да мрднеш повеќе, но ако твојата работа не е испреплетена со љубов, тогаш таа е сосема бескорисна. Да се работи без љубов е еднакво на ропство.“
-„Љубовта е овошје за кое не постои годишно време и овошје кое е на дофат на секоја рака.“
-„Еднаш ме прашаа зошто не учествувам во антивоени демонстрации. Реков дека никогаш нема да го направам тоа, но штом ќе организирате митинг за мирот, веднаш ќе дојдам.“
-„Најужасната сиромаштија е осаменоста и чувството дека никој не нè сака.“
-„Ако вистински сакаме да љубиме мораме да научиме да простиме.“

The post Груевски: Поради отпорот на власта против сѐ што започна ВМРО-ДПМНЕ целосно се занемарени ликот и делото на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

На денот која е прогласена за светица Мајка Тереза и ден пред годишнината од нејзината земска смрт поранешниот македонски премиер Никола Груевски посвети статус токму на Гонџа Бојаџиу. Тој потсети на она што поранешната влада предводена од него започна како проект за зачувување на ликот и делото на големата хуманитарка, но, кое како што вели, поради отпорот кој го има актуелната власт против се што започнале претходниците е целосно занемарено. Тој вели: Приватно или службено низ животот имам патувано во многу држави низ светот на сите населени континенти и имам сретнато многу луѓе, од обични луѓе на улица или во кафетерија до врвот на државните и општествените елити. Постојат само две личности кои може да се поврзат со Македонија а кои ги знаат низ целиот свет или речиси целиот свет. Само две личности чие име веднаш сите ги потсеќа и ги асоцира на Македонија. И обратно, кога ќе се спомне името Македонија првата асоцијација за нив се тие две личности или барем едната од нив, особено надвор од регионот на југоисточна Европа. Тоа се Александар Македонски и Мајка Тереза. Ова не ја намалува вредноста и значењето за нас, за нашата историја, идентитет, јазик, духовност, култура, нација, држава итн на многу други многу значајни ликови од македонската историја и духовен свет, како Гоце Делчев, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, разни цареви, владетели, светци, спортисти, политичари, научници, писатели, итн, но најчесто имињата на овие славни и заслужни личности имаат некаква препознатливост или само на национално, или на регионално ниво или најмногу некакво значење низ континентот Европа или дел од неа. Мајка Тереза и Александар Македонски имаат планетарна препознатливост и би рекол слава. За Александар Македонски познат е на сите овој факт, но многумина во Македонија не знаат дека Гонџа Бојаџиу - подоцна во црквата и мисионерската работа позната како Мајка Тереза има на таков степен препознатливост, слава, почит и восхит низ целиот свет. За така мала држава како Македонија, два вакви лика и не се малку. Има многу поголеми земји од Македонија кои немаат ниту еден толку многу препознатлив и славен лик на светско ново и на многу долг рок, вечно. За Мајка Тереза (26 август 1910- 5 септември 1997) ми говореа и искажуваа инспирација од нејзиниот живот и дело многу сенатори и конгресмени во САД, а дел од нив нејзината слика ја имаа на нивното биро или некаде закачена на ѕидот во канцеларијата. Нејзината слика ми ја извади од внатрешниот џеб на своето сако гувернерот на Хонг Конг, неа ја спомнаа претседателот на Парламентот на Аргентина во Буенос Аирес, ја спомна и министерот за надворешни работи на Бразил во Бразилија, два премиери на Индија со кои се сретнав меѓу кои и актуелниот, бројни државници низ Европа, на патувањата во Мароко, Русија, Австралија, Јапонија, Кина, Сингапур, Велика Британија, многу крупни инвеститори, сопстевници и претседатели на компании од целиот свет, но и министерот за енергетика на Катар на пример кој во првите 6-7 минути од средбата со восхит зборуваше за неа и нејзиниот живот и дело, па со обзир дека е припадник на различна религија мошне ме изненади. Почитта кон неа во светот е толку голема што кога држевме презентација пред поголем број инвеститори во далечни земји, знаев во почетокот на воведниот говор преставувајки ја Македонија да спомнам дека Македонија и главниот град Скопје е земјата и градот каде е родена, израсната и образована Мајка Тереза пред да го започне своето мисионерство. Секогаш имаше многу позитивна реакција. Кога слетав во Калкута на средба со еден крупен инвеститор, низ улиците на Калкута забележав билборди со ликот на Мајка Тереза, во рамките на некоја медиумска кампања во тоа време. Во Индија, земја во која живеат околу 1,2 милијарди луѓе или околу 17% од светското население непостои човек кој не го знае името, ликот и заслугите на Мајка Тереза, од деца па до највозрасни. Нејзината приказна е едноставна и истовремено многу голема. Израснала во христијанско католичко и етнички албанско семејство во Скопје, се школувала најпрвин во католичко а потоа во државно училиште. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. На работ на полнолетството заминала преку Хрватска во Ирска, а од таму во Индија во Калкута каде се приклучува кон редот „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва и целиот нејзин живот го посветува да им помогне на најсиромашните меѓу сиромашните и најчесто комбинација од тешко, најчесто и неизлечиво болни од смртоносната заразна болест лепроза и екстремно сиромашни луѓе, луѓе кои ги отфрлиле општеството, семејствата и заедница. Исто така посветена е и на сиропиталиштето во Калкута грижејќи се за децата без родители, две места кои имав можност да ги посетам и каде денес е и нејзиниот гроб. Кратко кажано, според она што е познато, по јавувањето на провидение и барањето на Бог да се посвети на оваа мисија, таа наместо како и секоја друга жена да формира семејство, да има свои деца, сопруг и удобен живот, сето тоа го жртвува за да им помогне на други непознати луѓе во тешка ситуација, и тоа не на било кого, туку на најнемоќните, најболните и најсиромашните. Покрај ова таа инспирирала и привлекува многу други сестри и браќа нејзини следбеници, така што нејзината активност станува едно движење насекаде низ светот, со многу мисионери кои во многу земји го прават истото што го почнала таа. Во 1950 год. го основала редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“, а во 1951 добива индиско државјанство. Членовите на овој ред морале да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред бил признат од страна на папата и потпаѓа под негова контрола. Мајка Тереза со редот посебно се грижи за лица што биле пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, бил грижата за болните од лепроза. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 5000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. Таа не е само добитничката на Нобелова награда за мир и светица во катиличката христијанска црква. Во текот на својот живот, Мајка Тереза, за својата хуманитарна работа, има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на XX век. Меѓу другите во 1962 година добитник е на наградата Награда Падма Шри од претседателот на Индија, а истата година и Награда Мегсејсеј во Филипини. Во 1971 година Папата Павле VI ѝ ја доделува наградата за мир „Папата Јован XXIII” а истата година ја добива и Награда Џон Ф. Кенеди. Следната 1972 година ја добива Награда Џавахарлал Нехру а година подоцна во 1973 година и Темплетон награда за извонредни заслуги во хуманитарната работа. Во 1977 година се стекнува со Титула Доктор Хонорис Кауза по Теологија на Универзитетот Кембриџ, а во 1978 година Балцанова награда за хуманост и мир меѓу луѓето. По добивањето на Нобелова награда за мир во 1979 година, во 1980 година добива Награда Барат Ратна (Скапоцен камен) – највисоко државно признание на Индија, а истата година во 1980 година станала и почесен граѓанин на Скопје. Во 1983 година добива Орден за заслуги од кралицата Елизабета II, а во 1985 година Претседателски медал за слобода доделен од претседателот на САД Роналд Реган. Во 1996 година Прогласена е за почесен државјанин на САД а во 1997 година добила Конгресен златен медал на САД. Има многу луѓе кои добиле нобелови награди и разни други признанија, но ретко кој е толку познат, почитиван и инспирација на милиони луѓе како Мајка Тереза. Конечно во 2016 година на 4 септември откако претходно во 2015 година папата во Ватикан го призна второто чудо на Мајка Тереза со лечењето на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот ја прогласи за светица во католичката црква, настан на кој и јас со задоволство присуствував во Македонската делегација покрај која имаше државни делегации на уште 15 други држави и стотици илјади присутни на плоштадот Св. Петар во Ватикан. Низ годините забележав дека токму во Македонија таа е помалку позната и призната отколку низ светот. Од тие причини се направија многу нешта кои го афирмираа нејзиното име и дело. Од пригодни манифестации на различни јубилеи поврзани со неа, па до изградба на спомен куќа на Мајка Тереза во центарот на Скопје на улицата Македонија која функционира како музеј кој е многу посетен од странските туристи, па до именување на обиколницата околу Скопје по нејзиното име, автопатот од Скопје до Охрид, Клиничкиот центар Мајка Тереза, булеварот Водњанска го доби нејзиното име а доби и име на плоштад, оној меѓу македонската опера и балет, филхрамонијата, Министерството за надворешни работи, народната банка и музичката академија. Се снимаше и документарна серија за неа, излегоа многу книги за неа, се отвори нов универзитет во Скопје а по моја иницијатива и прифатено од сите во владата го носи нејзиното име универзитетот Мајка Тереза, а во план беше и финасирање на снимање на игран филм. Скопје имаше еден помал споменик од Мајка Тереза дониран од бизнисменот Трифун Костовски и изработен од академик Томе Серафимовски. Но тој некако стана составен дел на спомен куќата на Мајка Тереза и се ценеше дека ваква личност заслужува да има повпечатливо спомен обележје на централниот градски плоштад во Скопје кое би било и поголема туристичка атракција. Додека се размислуваше за тоа, се случи средбата со во тоа време вториот најголем вработувач во Индија после индиските железници, бизнисменот Субрата Рои, личен познаник на Мајка Тереза и донатор на нејзините хуманитарни активности. На средбата со него во Њу Делхи а потоа и на презентацијата пред стотици индиски бизнисмени и министри во Бомбај (Мумбај), кој тој ја организираше за да ни помогне во напорите да дојдеме до најважните индиски бизнисмени, тој изрази силна желба токму неговата компанија да донира споменик на Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје. Па така неговата компанија направи конкурс и проект за истото но дизајнот беше во духот на индиската култура и не беше широко прифатен од граѓаните во Македонија. По некое време Субрата Рој западна во тешкотии и проблеми и таа донација не се реализираше, па се објави домашен конкурс на кој се одбра предлогот на склупторот Валентина Каранфиловска, чие дело беше предвидено да биде мала фонтана и споменична композиција со околу вкупно 16 фигури, па покрај централната фигура на Мајка Тереза преставена како помага на сиромашно семејство со дете, имаше уште 6 сестри од нејзината група преставени како секоја од нив помага на некој тешко болен, сиромашен или друг човек во тешка состојба. Ситуации кои биле секојдневие на Мајка Тереза и сестрите со неа. Фигурите изработени во мермер се завршија во целост и се чекаше да се заврши фонтаната за да заврши целиот проект. Смената на власта донесе едно прилично незрело негирање на се што започнала или создала претходната власт кое за жал трае до денес. Споменичната композиција која требаше да чини четири милиони евра, пола беше платена а уште толку требаше да се доплатат, што споредено со тоа за што се троши пари денешната власт, и гледано од аспект на буџет на една држава не преставува преголем товар, особено што ќе беше поделен во 2-3 буџетски години. Но всушност парите не се вистинскиот проблем туку отпорот кон се што започнал Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. И не само тоа, власта отиде до таа мера далеку што за малку ќе го реализираше предлогот на контраверзниот партиски функционер и архитект Мирослав Грчев, доколку во 2018 година тоа не го спречеше Папата Францис со писмо до претседателот С.Пендаровски во кое побара да не се руши недовршената споменична композиција на Мајка Тереза. Споменикот со сигурност ќе беше, и верувам дека еден ден ќе биде нов симбол на Скопје и магнет за привлекување илјадници нови туристи, така што парите што ќе се потрошат за споменикот многукратно ќе се вратат преку туризмот, хотелите, ресторантите итн. Уште поважно е што секојдневно тој споменик ќе ги потсеќаше граѓаните на Македонија и туристите на правење добри дела, помагање, простување, мир, љубов кон Бог и кон секој човек независно на неговиот статус. Гледано и од внатрешно политички аспект Мајка Тереза е општо прифатена и кај Македонците и кај Албанците и е лик кој обединува а не дели, иско оддамна таа не и припаѓа само на Македонија туку на целиот свет. Денес е 4. септември ден кога е прогласена за светица Мајка Тереза а утре е 5. септември денот на нејзината земска смрт. Да се потсетиме на нејзините пораки кои секако на луѓето влијаат да бидат подобри луѓе, кои на моја иницијатива напишани на англиски и македонски се поставени и ги има на повеќе локации низ Скопје: – Ако не можеш да нараниш стотина луѓе, нарани само еден човек. – Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат. – Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција. – Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. – Осаменоста и чувството дека не си сакан е најголема сиромаштија. – Не е важно колку работиш, туку е важно колку љубов внесуваш во тоа што го работиш. – За да го вратиме мирот не ни треба оружје и бомби. Ни треба љубов и сочувство. – Мирот започнува со насмевка. – Дочекувајте се едни со други со насмевка, зашто насмевката е почеток на љубовта. – Пронајдов парадокс. Ако некого сакаш до болка, тоа значи дека болката веќе ќе ја нема, туку само многу љубов. – Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други. – Што може да направиш за да го промовираш мирот во светот? Оди дома и сакај го своето семејство. – Најди време за игра, тоа е тајната на вечната младост. – Секој кој ќе ти се приближи, нека си замине од тебе подобар и посреќен. – Повеќе има глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб. -„Има работи кои ти можеш да ги направиш а јас не, но има работи кои јас можам да ги направам а ти не; затоа ајде да направиме нешто убаво заедно.“ -„Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.“ -„Ако сте обесхрабрени, тоа е знак на гордост бидејќи покажува дека верувате во сопствените моќи.“ -„Знам дека Бог нема да да ми даде нешто што не можам да го поднесам. Понекогаш посакувам да не веруваше толку многу во мене.“ -„Ајде секогаш да се пречекуваме еден со друг со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубов.“ -„Не можете сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов.“ -„Лесно е да ги сакаш луѓето кои се далеку. Не е секогаш лесно да ги сакаш оние кои се блиску до тебе. Полесно е да дадеш некому чаша ориз и да го ослободиш од гладот отколку да ја ослободиш осаменоста и болката на некој сакан во твојот дом. Внеси љубов во домот бидејќи тоа е местото каде љубовта еден за друг мора да почне.“ -„Љубезните зборови може да бидат кратки и лесни за кажување, но нивното ехо е она што е бескрајно.“ -„Дури и ако сте на вистинскиот пат, некој ќе ве престигне ако само седите.“ -„Насмевнете се еден на друг. Насмевни ѝ се на твојата сопруга, насмевни му се на твојот сопруг, насмевнете им се на вашите деца, едноставно насмејте се еден на друг – не е важно кому – тоа ќе ни помогне да израснеме во поголема љубов еден кон друг.“ -„Може да се премориш од работа, може дури и да се не можеш да мрднеш повеќе, но ако твојата работа не е испреплетена со љубов, тогаш таа е сосема бескорисна. Да се работи без љубов е еднакво на ропство.“ -„Љубовта е овошје за кое не постои годишно време и овошје кое е на дофат на секоја рака.“ -„Еднаш ме прашаа зошто не учествувам во антивоени демонстрации. Реков дека никогаш нема да го направам тоа, но штом ќе организирате митинг за мирот, веднаш ќе дојдам.“ -„Најужасната сиромаштија е осаменоста и чувството дека никој не нè сака.“ -„Ако вистински сакаме да љубиме мораме да научиме да простиме.“

The post Груевски: Поради отпорот на власта против сѐ што започна ВМРО-ДПМНЕ целосно се занемарени ликот и делото на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>
На денешен ден пред 112 години родена е Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-deneshen-den-pred-112-godini-rodena-e-majka-tereza/ Fri, 26 Aug 2022 06:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=544227

Денеска се одбележуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.

На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.

Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.

The post На денешен ден пред 112 години родена е Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра. Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација. По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот. Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.

The post На денешен ден пред 112 години родена е Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>
112 години од раѓањето на Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/112-godini-od-ragjanjeto-na-majka-tereza/ Fri, 26 Aug 2022 06:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=544224

Денеска се навршуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.

На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.

Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.

The post 112 години од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра. Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација. По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот. Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија.  

The post 112 години од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>