„Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka-mozhnata-prikazna-za-majka-tereza/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Aug 2023 11:31:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka-mozhnata-prikazna-za-majka-tereza/ 32 32 „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/majka-mozhnata-prikazna-za-majka-tereza-na-teona-s-mitevska-poddrzhan-so-600-iljadi-evra-od-agentsijata-za-film/ Fri, 25 Aug 2023 11:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=675731

Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување.

Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов „Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.

Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Агенцијата поддржа и два долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел. По два милиони денари ќе добијат „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска и „Вера и јас“ на Марија Џиџева.

Поддржани се и четири краткометражни играни филмови каде државава ќе има мнозински удел: „Може да се случи секому“ на Лидија Мојсовска, „Балканска Рута“ на Златко Калеников, „Преку рамката“ на Ибрахум Деари и „Задоцнети шрапнели“ на Јане Алтипармаков, како и два краткометражни документарци: „Невидливото“ на Елеонора Венинова и „Последна станица“ на Ана Опачиќ.

На конкурсот се поддржани и долгометражни играни филмови, каде Македонија ќе има малцински удел: „Додекамерон“ на режисерот Минос Папас, „Хатиџе и Шабан“ на Висар Морина, „На се` ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, Капка – Вода на Роберт Будина, „Отецот наш“ на Горан Станковиќ, „Изгубениот син“ на Дарко Штанте, „Бело се пере на 90 степени“ на Марко Набершник и „Напуштањето на Еден“ од Генц Пермети. Овие проекти се поддржани со суми од по 2,4 до 3 милиони денари.

 

The post „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување. Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов „Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.
Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.
Агенцијата поддржа и два долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел. По два милиони денари ќе добијат „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска и „Вера и јас“ на Марија Џиџева. Поддржани се и четири краткометражни играни филмови каде државава ќе има мнозински удел: „Може да се случи секому“ на Лидија Мојсовска, „Балканска Рута“ на Златко Калеников, „Преку рамката“ на Ибрахум Деари и „Задоцнети шрапнели“ на Јане Алтипармаков, како и два краткометражни документарци: „Невидливото“ на Елеонора Венинова и „Последна станица“ на Ана Опачиќ. На конкурсот се поддржани и долгометражни играни филмови, каде Македонија ќе има малцински удел: „Додекамерон“ на режисерот Минос Папас, „Хатиџе и Шабан“ на Висар Морина, „На се` ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, Капка – Вода на Роберт Будина, „Отецот наш“ на Горан Станковиќ, „Изгубениот син“ на Дарко Штанте, „Бело се пере на 90 степени“ на Марко Набершник и „Напуштањето на Еден“ од Генц Пермети. Овие проекти се поддржани со суми од по 2,4 до 3 милиони денари.  

The post „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>