мајка и син Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka-i-sin/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Aug 2022 08:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мајка и син Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majka-i-sin/ 32 32 Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ вечерва почнува 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-proekcija-na-francuskiot-film-majka-i-sin-vecherva-pochnuva-43-izdanie-na-iffk-brakja-manaki/ Fri, 19 Aug 2022 08:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=541870

Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ во режија на Леонор Сераије вечерва во 21 часот во Центарот за култура во Битола почнува 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“.

Директорка на фотографија на „Мајка и син“ е Елен Лувар, а филмот премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал годинава. Лувар е една од најпознатите кинематограферки на денешницата, со импресивна филмографија од околу сто наслови, меѓу кои и филмови режирани од Агнес Варда, Алис Рорвахер, Вим Вендерс, Клер Дени, Меги Гиленхал итн.

Ова е петти филм на Лувар кој се прикажува во Главната програма на „Браќа Манаки“, откако претходно нејзините филмови играа: во 2003 година „Затвор“ (The Cage) во режија на Ален Раус; 2012 година „Атомска ера“ (Atomic Age), во режија на Хелена Клоц; „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“ (The Invisible Life of Euridice Gusmao) во режија на Карим Ајнуз, 2019 година – за кој ја доби „Златната камера 300“ - и минатата година „Мурина“, во режија на Антоанета Аламат Кусијановиќ.

Мотото на годинашниот фестивал е „Реалноста не е доволна“. Во Битола веќе пристигна Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, која ќе му биде врачена вечерва. Во текот на денешниот ден ќе пристигнат и Дариа Д’ Антонио, кинематограферката на филмот „Божја рака“ на Паоло Сорентино, која по утрешната прес конференција ќе одржи мастер клас, Маја Богојевиќ и Мелиса Созен, членки на меѓународното жири за главната селекција, актерката Ева Херциг, потоа кинематограферот Душан Јоксимовиќ, Јасмин Башиќ, член на жирито за документарната селекција, кинематограферот Бен Гуез, Најџел Волтерс почесниот член на ИМАГО и многу други.

 

The post Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ вечерва почнува 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ во режија на Леонор Сераије вечерва во 21 часот во Центарот за култура во Битола почнува 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Директорка на фотографија на „Мајка и син“ е Елен Лувар, а филмот премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал годинава. Лувар е една од најпознатите кинематограферки на денешницата, со импресивна филмографија од околу сто наслови, меѓу кои и филмови режирани од Агнес Варда, Алис Рорвахер, Вим Вендерс, Клер Дени, Меги Гиленхал итн. Ова е петти филм на Лувар кој се прикажува во Главната програма на „Браќа Манаки“, откако претходно нејзините филмови играа: во 2003 година „Затвор“ (The Cage) во режија на Ален Раус; 2012 година „Атомска ера“ (Atomic Age), во режија на Хелена Клоц; „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“ (The Invisible Life of Euridice Gusmao) во режија на Карим Ајнуз, 2019 година – за кој ја доби „Златната камера 300“ - и минатата година „Мурина“, во режија на Антоанета Аламат Кусијановиќ. Мотото на годинашниот фестивал е „Реалноста не е доволна“. Во Битола веќе пристигна Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, која ќе му биде врачена вечерва. Во текот на денешниот ден ќе пристигнат и Дариа Д’ Антонио, кинематограферката на филмот „Божја рака“ на Паоло Сорентино, која по утрешната прес конференција ќе одржи мастер клас, Маја Богојевиќ и Мелиса Созен, членки на меѓународното жири за главната селекција, актерката Ева Херциг, потоа кинематограферот Душан Јоксимовиќ, Јасмин Башиќ, член на жирито за документарната селекција, кинематограферот Бен Гуез, Најџел Волтерс почесниот член на ИМАГО и многу други.  

The post Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ вечерва почнува 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Ја тепале со закачалка и клоци: Обвинение против син кој со мајка му ја претепал сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-tepale-so-zakachalka-i-kloci-obvinenie-protiv-sin-koj-so-majka-mu-ja-pretepal-soprugata/ Mon, 11 Jul 2022 13:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=527056

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – телесна повреда. Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата.

Како што информира Јавното обвинителство, за време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција

The post Ја тепале со закачалка и клоци: Обвинение против син кој со мајка му ја претепал сопругата appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – телесна повреда. Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата. Како што информира Јавното обвинителство, за време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција

The post Ја тепале со закачалка и клоци: Обвинение против син кој со мајка му ја претепал сопругата appeared first on Република.

]]>
По 20 години барање, ја пронашол мајка си поблиску отколку што можел да замисли https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/po-20-godini-baranje-ja-pronashol-majka-si-poblisku-otkolku-shto-mozel-da-zamisli/ Fri, 10 Jun 2022 21:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=513373

Бенџамин Хулберг (21) пред неколку месеци на Фејсбук напишал дека се обидува да најде биолошка мајка и дека контактирал со агенции за посвојување, направил ДНК тестови и се запишал во регистарот на посвоеници, но дека сето тоа било неуспешно.

Потоа добил порака од Холи Ширер (36) во која му го честита роденденот. Бидејќи не се познавале, Ширер му објаснила дека пред 20 години ја донела „најтешката одлука во животот и го дала своето прекрасно бебе на посвојување“.

"Секогаш мислев на него. Особено на празници или на неговиот роденден, секогаш беше виор од емоции", изјави Холи за „Добро утро, Америка“.

Таа го родила Бенџамин како тинејџерка, а првите неколку години одржувала контакт со Анџела и Брајан Хулберг, кои го посвоиле Бенџамин. Сепак, тие изгубиле контакт во 2004 година, кога агенцијата која посредување при посвојувањето се затворила.

Таа за медиумите изјавила дека конечно го пронашла на социјалните мрежи, кога Бенџамин имал 18 години. Таа признава дека се двоумела дали да стапи во контакт со него: "Толку многу се случувало во неговиот живот во тоа време... Последното нешто што сакав беше да го вознемирувам. Така, некое време само го гледав од далечина".

Бенџамин, пак, рече дека точно се сеќава на моментот кога ја примил нејзината порака со објаснување. Тој реагирал многу емотивно: "Плачев. Сите емоции беа позитивни. Тоа беше ден кој го чекав 20 години и беше неверојатно кога сфатив дека ова навистина се случува".

Тие се сретнале веќе следниот ден, а со нив биле и нивните семејства. Холи раскажала како првпат ги запознала Анџела и Брајан и дека Бенџамин дошол по неколку минути: „Ме допре по рамото и веднаш ме обзеде радост. Се гушкавме и плачевме пет минути, не можев да верувам дека тоа се случува. "

Во разговорот сфатиле дека навистина не биле физички оддалечени еден од друг. Имено, Холи е вработена во болница во Солт Лејк Сити, а Бенџамин волонтирал во таа болница во последните две години. „Секој ден поминував покрај одделот каде што тој волонтираше. Се паркиравме во иста гаража, можеби на истиот кат, немав поим дека всушност сме биле толку блиску“, рече Холи Ширер.

The post По 20 години барање, ја пронашол мајка си поблиску отколку што можел да замисли appeared first on Република.

]]>

Бенџамин Хулберг (21) пред неколку месеци на Фејсбук напишал дека се обидува да најде биолошка мајка и дека контактирал со агенции за посвојување, направил ДНК тестови и се запишал во регистарот на посвоеници, но дека сето тоа било неуспешно. Потоа добил порака од Холи Ширер (36) во која му го честита роденденот. Бидејќи не се познавале, Ширер му објаснила дека пред 20 години ја донела „најтешката одлука во животот и го дала своето прекрасно бебе на посвојување“. "Секогаш мислев на него. Особено на празници или на неговиот роденден, секогаш беше виор од емоции", изјави Холи за „Добро утро, Америка“. Таа го родила Бенџамин како тинејџерка, а првите неколку години одржувала контакт со Анџела и Брајан Хулберг, кои го посвоиле Бенџамин. Сепак, тие изгубиле контакт во 2004 година, кога агенцијата која посредување при посвојувањето се затворила. Таа за медиумите изјавила дека конечно го пронашла на социјалните мрежи, кога Бенџамин имал 18 години. Таа признава дека се двоумела дали да стапи во контакт со него: "Толку многу се случувало во неговиот живот во тоа време... Последното нешто што сакав беше да го вознемирувам. Така, некое време само го гледав од далечина". Бенџамин, пак, рече дека точно се сеќава на моментот кога ја примил нејзината порака со објаснување. Тој реагирал многу емотивно: "Плачев. Сите емоции беа позитивни. Тоа беше ден кој го чекав 20 години и беше неверојатно кога сфатив дека ова навистина се случува".
Тие се сретнале веќе следниот ден, а со нив биле и нивните семејства. Холи раскажала како првпат ги запознала Анџела и Брајан и дека Бенџамин дошол по неколку минути: „Ме допре по рамото и веднаш ме обзеде радост. Се гушкавме и плачевме пет минути, не можев да верувам дека тоа се случува. " Во разговорот сфатиле дека навистина не биле физички оддалечени еден од друг. Имено, Холи е вработена во болница во Солт Лејк Сити, а Бенџамин волонтирал во таа болница во последните две години. „Секој ден поминував покрај одделот каде што тој волонтираше. Се паркиравме во иста гаража, можеби на истиот кат, немав поим дека всушност сме биле толку блиску“, рече Холи Ширер.

The post По 20 години барање, ја пронашол мајка си поблиску отколку што можел да замисли appeared first on Република.

]]>