Мајк Пенс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majk-pens/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Aug 2023 18:04:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајк Пенс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majk-pens/ 32 32 Мајк Пенс: Без разлика што вели Трамп, изборите во Џорџија не беа украдени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majk-pens-bez-razlika-shto-veli-tramp-izborite-vo-dhordhija-ne-bea-ukradeni/ Wed, 16 Aug 2023 18:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=672820

Мајк Пенс, поранешен американски потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, денеска изјави дека изборите во 2020 година во државата Џорџија не биле украдени, без оглед на тврдењата на поранешниот претседател.

„И покрај тоа што поранешниот претседател и неговите сојузници го зборуваат повеќе од две и пол години, изборите во Џорџија не беа украдени, а јас немав право да ги поништам резултатите на 6 јануари“, истакна Пенс на настан во Индијана.  Тоа е негова прва реакција по покренувањето обвиненија против Трамп.

Тој додаде дека на 6 јануари 2021 година  ја извршил својата должност и се погрижил да има „мирен трансфер на власта во согласност со Уставот и законите на САД“.

Пенс нагласи дека никој не е над законот, посочувајќи дека Трамп и другите кои се обвинети „имаат право на презумпција на невиност што ја ужива секој Американец“.

Големата порота во американската сојузна држава Џорџија во понеделникот го обвини Трамп за обид да го поништи својот пораз од демократот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година. Реагирајќи на покренувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател рече дека се работи за политички мотивирани и измислени обвиненија. Тој најави дека во понеделник ќе објави извештај за „изборната измама“ за која тврди дека се случила во Џорџија во 2020 година.

The post Мајк Пенс: Без разлика што вели Трамп, изборите во Џорџија не беа украдени appeared first on Република.

]]>

Мајк Пенс, поранешен американски потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, денеска изјави дека изборите во 2020 година во државата Џорџија не биле украдени, без оглед на тврдењата на поранешниот претседател. „И покрај тоа што поранешниот претседател и неговите сојузници го зборуваат повеќе од две и пол години, изборите во Џорџија не беа украдени, а јас немав право да ги поништам резултатите на 6 јануари“, истакна Пенс на настан во Индијана.  Тоа е негова прва реакција по покренувањето обвиненија против Трамп. Тој додаде дека на 6 јануари 2021 година  ја извршил својата должност и се погрижил да има „мирен трансфер на власта во согласност со Уставот и законите на САД“. Пенс нагласи дека никој не е над законот, посочувајќи дека Трамп и другите кои се обвинети „имаат право на презумпција на невиност што ја ужива секој Американец“. Големата порота во американската сојузна држава Џорџија во понеделникот го обвини Трамп за обид да го поништи својот пораз од демократот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година. Реагирајќи на покренувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател рече дека се работи за политички мотивирани и измислени обвиненија. Тој најави дека во понеделник ќе објави извештај за „изборната измама“ за која тврди дека се случила во Џорџија во 2020 година.

The post Мајк Пенс: Без разлика што вели Трамп, изборите во Џорџија не беа украдени appeared first on Република.

]]>
Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majk-pens-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad/ Mon, 05 Jun 2023 20:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=648227

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година, според денешен поднесок до Федералната изборна комисија (ФЕЦ).

Пенс (63) ќе ја почне кампањата во Ајова в среда.

Пенс ќе му се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Поранешниот конгресмен и поранешен гувернер на Индијана има силни конзервативни ставови за социјалните прашања и се повеќе се дистанцира од Трамп.

Тој рече дека поранешниот претседател ги охрабрил бунтовниците кои го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година и ги ставија во опасност него и неговото семејство.

Пенс им се приклучува на се поголемиот број републикански кандидати, меѓу кои се Трамп, гувернерот на Флорида, Рон Десантис, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, сенаторот Тим Скот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.

The post Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година, според денешен поднесок до Федералната изборна комисија (ФЕЦ). Пенс (63) ќе ја почне кампањата во Ајова в среда. Пенс ќе му се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година. Поранешниот конгресмен и поранешен гувернер на Индијана има силни конзервативни ставови за социјалните прашања и се повеќе се дистанцира од Трамп. Тој рече дека поранешниот претседател ги охрабрил бунтовниците кои го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година и ги ставија во опасност него и неговото семејство. Пенс им се приклучува на се поголемиот број републикански кандидати, меѓу кои се Трамп, гувернерот на Флорида, Рон Десантис, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, сенаторот Тим Скот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.

The post Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД appeared first on Република.

]]>
ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fbi-izvrshi-pretres-vo-domot-na-poraneshniot-potpretsedatel-majk-pens/ Fri, 10 Feb 2023 18:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=607533

ФБИ во моментов врши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, откако неговиот правен тим го известил Националниот архив дека во куќата се пронајдени 12 доверливи документи, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Пенс моментално е на западниот брег со своето семејство откако неговата ќерка се породи, соопшти неговиот портпарол. Приватен адвокат на Пенс е во куќата во Индијана додека е во тек потрагата, додаде портпаролот.

ФБИ, исто така, се очекува да ја претресе канцеларијата на Пенс во Вашингтон во наредните денови, изјавија извори за Си-Ен-Ен.

Пенс вчера беше повикан од специјалниот советник Џек Смит, кој го истражува поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата улога во бунтот на 6 јануари 2021 година.

Претресот доаѓа откако ФБИ и Одделот за национална безбедност на Министерството за правда на САД започнаа преглед на документите и како тие завршиле во куќата на Пенс. Сè уште не е јасно со што се поврзани документите или нивното ниво на чувствителност или класификација.

Тимот на Пенс, во разговорите со Министерството за правда пред претресот, изрази подготвеност целосно да соработува. Тимот на Пенс не верува дека има доверливи документи ниту во неговиот дом ниту во неговата канцеларија, бидејќи тие самите извршиле, како што сметале, опсежен претрес, рекол извор.

Пенс претходно призна дека „се направени грешки“, и ја презеде одговорноста за доверливите документи кои завршија во неговиот дом и вети дека „целосно ќе соработува“ со секоја истрага на ФБИ. Тој рече дека пронајдените документи „веднаш“ се ставени на безбедно и оти е известен Националниот архив.

 

The post ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс appeared first on Република.

]]>

ФБИ во моментов врши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, откако неговиот правен тим го известил Националниот архив дека во куќата се пронајдени 12 доверливи документи, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Пенс моментално е на западниот брег со своето семејство откако неговата ќерка се породи, соопшти неговиот портпарол. Приватен адвокат на Пенс е во куќата во Индијана додека е во тек потрагата, додаде портпаролот. ФБИ, исто така, се очекува да ја претресе канцеларијата на Пенс во Вашингтон во наредните денови, изјавија извори за Си-Ен-Ен. Пенс вчера беше повикан од специјалниот советник Џек Смит, кој го истражува поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата улога во бунтот на 6 јануари 2021 година. Претресот доаѓа откако ФБИ и Одделот за национална безбедност на Министерството за правда на САД започнаа преглед на документите и како тие завршиле во куќата на Пенс. Сè уште не е јасно со што се поврзани документите или нивното ниво на чувствителност или класификација. Тимот на Пенс, во разговорите со Министерството за правда пред претресот, изрази подготвеност целосно да соработува. Тимот на Пенс не верува дека има доверливи документи ниту во неговиот дом ниту во неговата канцеларија, бидејќи тие самите извршиле, како што сметале, опсежен претрес, рекол извор. Пенс претходно призна дека „се направени грешки“, и ја презеде одговорноста за доверливите документи кои завршија во неговиот дом и вети дека „целосно ќе соработува“ со секоја истрага на ФБИ. Тој рече дека пронајдените документи „веднаш“ се ставени на безбедно и оти е известен Националниот архив.  

The post ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс appeared first on Република.

]]>