Мајк Линч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majk-linch/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 12:11:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајк Линч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majk-linch/ 32 32 Пронајдено телото на британскиот тајкун Мајк Линч https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajdeno-teloto-na-britanskiot-tajkun-majk-linch/ Thu, 22 Aug 2024 12:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=809070

Телото на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч денеска беше пронајдено откако претходно неговата луксузна јахта потона во близина на брегот на Сицилија.

Телата на другите четири жртви кои исчезнаа кога бродот потона беа пронајдени вчера, а утрово од потонатата јахта беше извлечено петтото тело. Со тоа вкупниот број на жртви се искачи на шест, откако во понеделникот беше пронајдено телото на готвачот Рекалдо Томас. Сè уште се трага по 18-годишната ќерка на Линч.

Британската јахта „Бејжн“ (Bayesian) долга 56 метри, со 22 патници и членови на екипажот, беше закотвена во близина на Палермо и на 18 август потона неколку минути откако беше погодена од невреме.

Линч беше еден од најпознатите технолошки инвеститори во Велика Британија. Тој ги покани пријателите да му се придружат на јахтата за да го прослават неговото неодамнешно ослободување во судскиот процес за измама во САД.

Освен 56-годишниот Линч и неговата ќерка, починаа Џуди и Џонатан Блумер, еден од шефовите на „Морган Стенли интернешнл“ (Morgan Stanley International), како и адвокатот на Крис Морвило и неговата сопруга Неда.

Петнаесет луѓе, меѓу кои и сопругата на Линч, успеаја да се спасат.

 

The post Пронајдено телото на британскиот тајкун Мајк Линч appeared first on Република.

]]>

Телото на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч денеска беше пронајдено откако претходно неговата луксузна јахта потона во близина на брегот на Сицилија. Телата на другите четири жртви кои исчезнаа кога бродот потона беа пронајдени вчера, а утрово од потонатата јахта беше извлечено петтото тело. Со тоа вкупниот број на жртви се искачи на шест, откако во понеделникот беше пронајдено телото на готвачот Рекалдо Томас. Сè уште се трага по 18-годишната ќерка на Линч. Британската јахта „Бејжн“ (Bayesian) долга 56 метри, со 22 патници и членови на екипажот, беше закотвена во близина на Палермо и на 18 август потона неколку минути откако беше погодена од невреме. Линч беше еден од најпознатите технолошки инвеститори во Велика Британија. Тој ги покани пријателите да му се придружат на јахтата за да го прослават неговото неодамнешно ослободување во судскиот процес за измама во САД. Освен 56-годишниот Линч и неговата ќерка, починаа Џуди и Џонатан Блумер, еден од шефовите на „Морган Стенли интернешнл“ (Morgan Stanley International), како и адвокатот на Крис Морвило и неговата сопруга Неда. Петнаесет луѓе, меѓу кои и сопругата на Линч, успеаја да се спасат.  

The post Пронајдено телото на британскиот тајкун Мајк Линч appeared first on Република.

]]>
Исчезнат е милијардерот Линч откако луксузна јахта вчера потона кај Сицилија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ischeznat-e-milijarderot-linch-otkako-luksuzna-jahta-vchera-potona-kaj-sitsilija/ Tue, 20 Aug 2024 06:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=808095

По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило.

Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а потврдено е дека е пронајдено телото на готвачот.

Сведоци за италијанската новинска агенција Анса изјавиле дека сидрото на едрилицата било спуштено кога ја погодило невремето, поради што јарболот се скршил, а бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите.

Мајк Линч, еден од исчезнатите патници „е британскиот Бил Гејтс“. Тој е коосновач на софтверската компанија Autonomy, а во 2011 година ја продаде на американскиот компјутерски гигант Hewlett-Packard (HP) за 11 милијарди долари. Во јуни, тој беше ослободен во САД од повеќе обвиненија за измама, поради кои му се закануваше казна од 20 години затвор.

Јахтата потона истиот ден кога Стивен Чембрлен кој беше обвинет со Линч во случајот со измама, почина откако го удри автомобил.

Луксузната едрилица може да прими до 12 гости во шест апартмани. Сопственичката е Анџела Бакарес, сопругата на Линч, која е една од 15-те спасени луѓе. Преживеале и мајка и нејзиното едногодишно бебе од Велика Британија. Жената раскажала дека го држела своето бебе над површината на морето за да го спаси од давење.

Таа за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека нејзиното семејство преживеало бидејќи биле на палубата кога потонала јахтата.

- Не разбудија громови, молњи и бранови. Се чувствувавме како да доаѓа крајот на светот. На две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав, ја цитира весникот. Преживеаните раскажуваат дека патувањето го организирал Линч за неговите колеги од работа.

Брод кој пловел под холандско знаме во близина ги спасил преживеаните додека не пристигнала итната помош. Откако невремето поминало, капетанот Карстен Борнер рече дека неговиот екипаж забележал дека јахтата зад нив исчезнала.

„Видовме црвен факел, па јас и мојот прв офицер отидовме на позицијата и најдовме чамец за спасување со 15 преживеани, од кои тројца беа тешко повредени, изјави тој.

Осуммина од спасените се пренесени во болница, соопшти италијанската крајбрежна стража.

The post Исчезнат е милијардерот Линч откако луксузна јахта вчера потона кај Сицилија appeared first on Република.

]]>

По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило. Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а потврдено е дека е пронајдено телото на готвачот. Сведоци за италијанската новинска агенција Анса изјавиле дека сидрото на едрилицата било спуштено кога ја погодило невремето, поради што јарболот се скршил, а бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите. Мајк Линч, еден од исчезнатите патници „е британскиот Бил Гејтс“. Тој е коосновач на софтверската компанија Autonomy, а во 2011 година ја продаде на американскиот компјутерски гигант Hewlett-Packard (HP) за 11 милијарди долари. Во јуни, тој беше ослободен во САД од повеќе обвиненија за измама, поради кои му се закануваше казна од 20 години затвор. Јахтата потона истиот ден кога Стивен Чембрлен кој беше обвинет со Линч во случајот со измама, почина откако го удри автомобил. Луксузната едрилица може да прими до 12 гости во шест апартмани. Сопственичката е Анџела Бакарес, сопругата на Линч, која е една од 15-те спасени луѓе. Преживеале и мајка и нејзиното едногодишно бебе од Велика Британија. Жената раскажала дека го држела своето бебе над површината на морето за да го спаси од давење. Таа за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека нејзиното семејство преживеало бидејќи биле на палубата кога потонала јахтата. - Не разбудија громови, молњи и бранови. Се чувствувавме како да доаѓа крајот на светот. На две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав, ја цитира весникот. Преживеаните раскажуваат дека патувањето го организирал Линч за неговите колеги од работа. Брод кој пловел под холандско знаме во близина ги спасил преживеаните додека не пристигнала итната помош. Откако невремето поминало, капетанот Карстен Борнер рече дека неговиот екипаж забележал дека јахтата зад нив исчезнала. „Видовме црвен факел, па јас и мојот прв офицер отидовме на позицијата и најдовме чамец за спасување со 15 преживеани, од кои тројца беа тешко повредени, изјави тој. Осуммина од спасените се пренесени во болница, соопшти италијанската крајбрежна стража.

The post Исчезнат е милијардерот Линч откако луксузна јахта вчера потона кај Сицилија appeared first on Република.

]]>
Контроверзниот британски технолошки тајкун Мајк Линч е меѓу исчезнатите на суперјахтата која потона кај Сицилија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kontroverzniot-britanski-tehnoloshki-tajkun-majk-linch-e-megu-ischeznatite-na-superjahtata-koja-potona-kaj-sitsilija/ Mon, 19 Aug 2024 15:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=808012

Контроверзниот британски технолошки претприемач Мајк Линч е исчезнат откако луксузна јахта вчера била погодена од силно невреме и потонала кај сицилијанскиот главен град Палермо, изјави лице запознаено со спасувачката операција.

Линч, 59, во јуни беше ослободен од страна на поротата во Сан Франциско од обвиненија за измама поврзани со продажбата на неговата софтверска компанија, Autonomy, на Hewlett-Packard за 11 милијарди долари во 2011 година.

Продажбата ја зацврсти репутацијата на Линч како „британски Бил Гејтс“, но брзо се влоши откако Hewlett-Packard ја запиша вредноста на Autonomy за 8,8 милијарди долари.

Линч рече дека е „воодушевен“ што ќе биде ослободен во кривичното судење, за време на кое сам се бранеше, негирајќи пред поротниците какво било погрешно постапување и обвинувајќи ја Hewlett-Packard за неуспешна интеграција на двете компании.

 

The post Контроверзниот британски технолошки тајкун Мајк Линч е меѓу исчезнатите на суперјахтата која потона кај Сицилија appeared first on Република.

]]>

Контроверзниот британски технолошки претприемач Мајк Линч е исчезнат откако луксузна јахта вчера била погодена од силно невреме и потонала кај сицилијанскиот главен град Палермо, изјави лице запознаено со спасувачката операција. Линч, 59, во јуни беше ослободен од страна на поротата во Сан Франциско од обвиненија за измама поврзани со продажбата на неговата софтверска компанија, Autonomy, на Hewlett-Packard за 11 милијарди долари во 2011 година. Продажбата ја зацврсти репутацијата на Линч како „британски Бил Гејтс“, но брзо се влоши откако Hewlett-Packard ја запиша вредноста на Autonomy за 8,8 милијарди долари. Линч рече дека е „воодушевен“ што ќе биде ослободен во кривичното судење, за време на кое сам се бранеше, негирајќи пред поротниците какво било погрешно постапување и обвинувајќи ја Hewlett-Packard за неуспешна интеграција на двете компании.  

The post Контроверзниот британски технолошки тајкун Мајк Линч е меѓу исчезнатите на суперјахтата која потона кај Сицилија appeared first on Република.

]]>