Мајда Тушар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majda-tushar/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Apr 2022 09:00:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајда Тушар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majda-tushar/ 32 32 Драмски театар нема да прави комеморација за Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за она што тие го направиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-nema-da-pravi-komemoracija-za-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-tuku-kje-im-se-zablagodari-za-ona-shto-tie-go-napravile/ Thu, 21 Apr 2022 08:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=491610

Драмски театар Скопје нема да организира комеморативни седници по повод смртта на театарологот и долгогодишен директор Ристо Стефановски и актерките Сабина Ајрула и Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за сè она што му го дале на театарот на 28 април, четврток, кога ќе го прослави 76. роденден на Драмски.

На 28 април, во 12 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида... за сè она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она многу што Драмски го доби од нив, објави Драмски театар на својата страница на Фејсбук.

Денеска, на 21 април, Драмски театар го слави 76. роденден. Оттаму најавуваат дека 28 април ги очекуваат колегите, соработниците, почитувачите на Драмски, без билети и официјани покани и протоколи да дојдат и да го прослават роденденот на Театарот.

Денес нема да пишуваме историја и биографија на Драмски. Напишана е. И допрва ќе се допишува, велат од Драмски.

Минатиот четврток, на 14 арпил на 72 години почина Мајда Тушар, актерка во Драмски од 1972 до 2015 година. Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на Драмскиот театар, особено во проектите на Вечерната сцена.

[caption id="attachment_491620" align="alignnone" width="1000"] Мајда Тушар[/caption]

Ристо Стефановски беше теататролог, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983). Почина на 22 март годинава. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Од 1983 година Ристо Стефановски е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје.

[caption id="attachment_491621" align="alignnone" width="800"] Ристо Стефановски[/caption]

Сабина Ајрула-Тозија, една од најзначајните и најпопуларните македонски актери, почина на 10 август 2021 година на 75 години, по тешко боледување. Во кариерата долга над половина век, Ајрула одигра над 70 значајни улоги на сцената на нејзиниот матичен Драмски театар, но и во скоро сите театри низ земјава, од Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје до независни поставки.

[caption id="attachment_368470" align="alignnone" width="740"] Сабина Ајрула Тозија[/caption]

The post Драмски театар нема да прави комеморација за Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за она што тие го направиле appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје нема да организира комеморативни седници по повод смртта на театарологот и долгогодишен директор Ристо Стефановски и актерките Сабина Ајрула и Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за сè она што му го дале на театарот на 28 април, четврток, кога ќе го прослави 76. роденден на Драмски.
На 28 април, во 12 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида... за сè она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она многу што Драмски го доби од нив, објави Драмски театар на својата страница на Фејсбук.
Денеска, на 21 април, Драмски театар го слави 76. роденден. Оттаму најавуваат дека 28 април ги очекуваат колегите, соработниците, почитувачите на Драмски, без билети и официјани покани и протоколи да дојдат и да го прослават роденденот на Театарот.
Денес нема да пишуваме историја и биографија на Драмски. Напишана е. И допрва ќе се допишува, велат од Драмски.
Минатиот четврток, на 14 арпил на 72 години почина Мајда Тушар, актерка во Драмски од 1972 до 2015 година. Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на Драмскиот театар, особено во проектите на Вечерната сцена. [caption id="attachment_491620" align="alignnone" width="1000"] Мајда Тушар[/caption] Ристо Стефановски беше теататролог, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983). Почина на 22 март годинава. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Од 1983 година Ристо Стефановски е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје. [caption id="attachment_491621" align="alignnone" width="800"] Ристо Стефановски[/caption] Сабина Ајрула-Тозија, една од најзначајните и најпопуларните македонски актери, почина на 10 август 2021 година на 75 години, по тешко боледување. Во кариерата долга над половина век, Ајрула одигра над 70 значајни улоги на сцената на нејзиниот матичен Драмски театар, но и во скоро сите театри низ земјава, од Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје до независни поставки. [caption id="attachment_368470" align="alignnone" width="740"] Сабина Ајрула Тозија[/caption]

The post Драмски театар нема да прави комеморација за Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за она што тие го направиле appeared first on Република.

]]>
Почина актерката Мајда Тушар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-akterkata-majda-tushar/ Thu, 14 Apr 2022 11:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=488398

Со неизмерна тага ви соопштуваме дека утрово почина Мајда Тушар (1950-2022), нашата драга колешка и актерка во Драмски театар Скопје (од 1972 до 2015г.), објави Драмски театар на својата фејсбук страна простувајќи се од актерката.

Мајда Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се:

Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).

Добитник е на следните награди:

1994г. Наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот.

1978г. Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“

1978г. Наградата „Војдан Чернодрински“ за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“

1999г. Награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“.

Драга Мајда почивај во мир!

 

The post Почина актерката Мајда Тушар appeared first on Република.

]]>

Со неизмерна тага ви соопштуваме дека утрово почина Мајда Тушар (1950-2022), нашата драга колешка и актерка во Драмски театар Скопје (од 1972 до 2015г.), објави Драмски театар на својата фејсбук страна простувајќи се од актерката.

Мајда Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.
Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990). Добитник е на следните награди: 1994г. Наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот. 1978г. Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ 1978г. Наградата „Војдан Чернодрински“ за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ 1999г. Награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“. Драга Мајда почивај во мир!
 

The post Почина актерката Мајда Тушар appeared first on Република.

]]>