Мајбах Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majbah/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 10:11:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајбах Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majbah/ 32 32 Бизарна снимка од Русија: На покривот на Тојота пренесуваат прескап Мајбах https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bizarna-snimka-od-rusija-na-pokrivot-na-tojota-prenesuvaat-preskap-majbah/ Mon, 13 Nov 2023 10:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=700994

Необично видео се појави на каналот на Евгениј Чеботарев, познат по неуспешниот обид да ја „прелета“ Лада Нива-та од покривот на една на друга зграда.

Од истата кујна доаѓа и бизарно видео од улиците на Ростов на Дон, на кое се гледа како Mercedes-Maybach тежок над два тона се транспортира на покривот на Toyota Land Cruiser.

Интересно е што без видливи поголеми модификации на покривот, овој Land Cruiser превезува многу потежок товар од оној што го декларира производителот во официјалните податоци.

Додуша, авторите на ова неконвенционално решение составија соодветна платформа која треба да ја симулира корпата на покривот. Изненадувачки, домашната инсталација ја врши работата сосема солидно.

Во исто време, внимание беше посветено и на деталите, па руските иноватори ставија безбедносен триаголник на Maybach.

The post Бизарна снимка од Русија: На покривот на Тојота пренесуваат прескап Мајбах appeared first on Република.

]]>

Необично видео се појави на каналот на Евгениј Чеботарев, познат по неуспешниот обид да ја „прелета“ Лада Нива-та од покривот на една на друга зграда. Од истата кујна доаѓа и бизарно видео од улиците на Ростов на Дон, на кое се гледа како Mercedes-Maybach тежок над два тона се транспортира на покривот на Toyota Land Cruiser. Интересно е што без видливи поголеми модификации на покривот, овој Land Cruiser превезува многу потежок товар од оној што го декларира производителот во официјалните податоци.
Додуша, авторите на ова неконвенционално решение составија соодветна платформа која треба да ја симулира корпата на покривот. Изненадувачки, домашната инсталација ја врши работата сосема солидно. Во исто време, внимание беше посветено и на деталите, па руските иноватори ставија безбедносен триаголник на Maybach.

The post Бизарна снимка од Русија: На покривот на Тојота пренесуваат прескап Мајбах appeared first on Република.

]]>
Се испитува како откажале сопирачките на „мајбахот“ во кој се возел Абазовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-ispituva-kako-otkazhale-sopirachkite-na-majbahot-vo-koj-se-vozel-abazovik/ Sat, 05 Aug 2023 09:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=668895

Надлежните утврдуваат зошто одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МУП) за „Вијести“.

Според информациите на весникот, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот немало никакви предупредувања – на контролната табла.

Откако возилото застанало на макадам покрај патот, Абазовиќ од придружба влегол во друг автомобил и оттогаш користи друго службено возило.

Од МУП велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што возилото ја поминало, но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиецот на Абазовиќ, Филип Аџиќ иницирал вонреден надзор од страна на Управата за безбедносни надзорни задачи, „за утврдување на причините и околностите под кои се случил овој настан“.

Уверени сме од досегашната проверка дека дефектот на возилото се должи на староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажувале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило, соопштија за „Вијести“ од министерството.

Оттаму објаснуваат дека 12 години е просечна старост на службените моторни возила, кои се користат во рамките на Одделението за обезбедување на домашни заштитени лица со цел да се извршат работи за заштита на безбедноста на заштитените лица.

The post Се испитува како откажале сопирачките на „мајбахот“ во кој се возел Абазовиќ appeared first on Република.

]]>

Надлежните утврдуваат зошто одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МУП) за „Вијести“. Според информациите на весникот, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот немало никакви предупредувања – на контролната табла. Откако возилото застанало на макадам покрај патот, Абазовиќ од придружба влегол во друг автомобил и оттогаш користи друго службено возило. Од МУП велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што возилото ја поминало, но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиецот на Абазовиќ, Филип Аџиќ иницирал вонреден надзор од страна на Управата за безбедносни надзорни задачи, „за утврдување на причините и околностите под кои се случил овој настан“.
Уверени сме од досегашната проверка дека дефектот на возилото се должи на староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажувале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило, соопштија за „Вијести“ од министерството.
Оттаму објаснуваат дека 12 години е просечна старост на службените моторни возила, кои се користат во рамките на Одделението за обезбедување на домашни заштитени лица со цел да се извршат работи за заштита на безбедноста на заштитените лица.

The post Се испитува како откажале сопирачките на „мајбахот“ во кој се возел Абазовиќ appeared first on Република.

]]>