мајан вејсели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majan-vejseli/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Nov 2022 13:41:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мајан вејсели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/majan-vejseli/ 32 32 Додека работниците се на принуден одмор, директорот Вејсели си вдоми партиски луѓе на кои им плаќа да не работат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-rabotnicite-se-na-prinuden-odmor-direktorot-vejseli-si-vdomi-partiski-lugje-na-koi-im-plakja-da-ne-rabotat/ Wed, 09 Nov 2022 13:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=571959

Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на „доброволен“ привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење.

Иако во законот не постои термин „доброволно“, потенцираат од Левица, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука - на штета на работниците и јавниот интерес!

Како што сооопштија од партијата, до Левица пристигна реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека „штеди" на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие.

Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување. Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци. Повеќе од јасно е дека економската криза во Македонија не е увезена, туку истата е резултат на некомпетентноста и криминалите на владејачките ДУИ и СДС и нивните пајтон партии - кои го донесоа обичниот работник на раб на егзистенција, велат од Левица.

The post Додека работниците се на принуден одмор, директорот Вејсели си вдоми партиски луѓе на кои им плаќа да не работат appeared first on Република.

]]>

Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на „доброволен“ привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење. Иако во законот не постои термин „доброволно“, потенцираат од Левица, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука - на штета на работниците и јавниот интерес! Како што сооопштија од партијата, до Левица пристигна реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека „штеди" на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие.