Маја Манолева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maja-manoleva/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 14:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маја Манолева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maja-manoleva/ 32 32 Заменичката министерка за здравство не знае од што починало новороденчето во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenichkata-ministerka-za-zdravstvo-ne-znae-od-shto-pochinalo-novorodencheto-vo-bitola/ Wed, 19 Jun 2024 14:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=789107

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница - Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за здравство.

https://republika.mk/zivot/zdravje/pochinalo-bebe-rodeno-vo-bolnitsata-vo-bitola/

Засега, нема подетални информации во врска со случајот.

Претходно, дел од медиумите пренесоа дека постојат сомнежи за ненавремено преземени мерки за да се спаси животот на бебето во Битолската болница

The post Заменичката министерка за здравство не знае од што починало новороденчето во Битола appeared first on Република.

]]>

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница - Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, испратено попладнево до медиумите од Министерството за здравство. https://republika.mk/zivot/zdravje/pochinalo-bebe-rodeno-vo-bolnitsata-vo-bitola/ Засега, нема подетални информации во врска со случајот. Претходно, дел од медиумите пренесоа дека постојат сомнежи за ненавремено преземени мерки за да се спаси животот на бебето во Битолската болница

The post Заменичката министерка за здравство не знае од што починало новороденчето во Битола appeared first on Република.

]]>
Манолева: Направено е многу во здравството во изминатите седум години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manoleva-napraveno-e-mnogu-vo-zdravstvoto-vo-izminatite-sedum-godini/ Fri, 07 Jun 2024 07:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=785391

Маја Манолева, вршител на должноста министер за здравство и довчерашен заменик-министер од СДСМ, зборувајќи за сè почестото иселување на младите лекари од земјата, во вчерашната „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во изминатите седум години власта направила многу за здравството.

Сметам дека изминатите седум години многу се направи во здравството, и се направија и добри услови, така што тоа ќе ги задржи младите кадри. Дополнително, се направи многу околу платите да бидат пристојни. Пред 5-6 години имаше огромен одлив на млади кадри во Германија, но сега тоа не е така, затоа што и пазарот таму се наполни со кадри од овие простори. Така што сметам дека младите лекари ги имаат сите предуслови да останат тука, рече Манолева.

The post Манолева: Направено е многу во здравството во изминатите седум години appeared first on Република.

Пациентите стравуваат за своите животи, Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patsientite-stravuvaat-za-svoite-zhivoti-demiri-i-manoleva-si-pravat-rodendenski-zhurki-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Thu, 06 Jun 2024 06:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=785112

Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс.Три недели не се врши санација на хируршките сали. Три недели пациентите чекаат за хируршка интервенција, а надлежните не само што немаат решение, туку не ги интересира што човечки животи се во прашање.Додека министерството за здравство се натега, министерот Илир Демири држи прес конференции и се препукува со директорот на Кардиохирургија, заменичката министерка Маја Манолева прославува роденден, граѓаните чекаат да се најде решение, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Пациентите чекаат и стравуваат за сопствените животи, а Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство.

Власта во заминување го пробуши дното. Здравството во Македонија колабира.

За санирање на проблемот односно да се направи компресорот во хируршките сали потребни се околу 120.000 евра, но очигледно од ова немаат екстра заработувачка па не сакаат да го решат.

Наместо хируршки интервенции да се вршат во Клиничкиот центар, граѓаните се препраќаат во други здравствени установи сами да се снаоѓаат, како знаат и како умеат.

Ова е скандал од невидени размери. Човечкиот живот нема цена.

Со ова власта во заминување уште еднаш докажа и покажа дека не им се важни проблемите на граѓаните.

Ветуваа европско здравство, ветуваа модернизација на здравство, а донесоа тотален хаос.

Но, добро е што ова заврши. За многу брзо од денеска ќе се случат сериозни реформи и проекти во здравството.

Здравствениот систем бара итен и целосен рестарт. Граѓаните мора да се безбедни и сигурни дека ќе имаат добра и соодветна здравствена и медицинска услуга.

The post Пациентите стравуваат за своите животи, Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс.Три недели не се врши санација на хируршките сали. Три недели пациентите чекаат за хируршка интервенција, а надлежните не само што немаат решение, туку не ги интересира што човечки животи се во прашање.Додека министерството за здравство се натега, министерот Илир Демири држи прес конференции и се препукува со директорот на Кардиохирургија, заменичката министерка Маја Манолева прославува роденден, граѓаните чекаат да се најде решение, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Пациентите чекаат и стравуваат за сопствените животи, а Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство.
Власта во заминување го пробуши дното. Здравството во Македонија колабира. За санирање на проблемот односно да се направи компресорот во хируршките сали потребни се околу 120.000 евра, но очигледно од ова немаат екстра заработувачка па не сакаат да го решат.
Наместо хируршки интервенции да се вршат во Клиничкиот центар, граѓаните се препраќаат во други здравствени установи сами да се снаоѓаат, како знаат и како умеат.
Ова е скандал од невидени размери. Човечкиот живот нема цена. Со ова власта во заминување уште еднаш докажа и покажа дека не им се важни проблемите на граѓаните. Ветуваа европско здравство, ветуваа модернизација на здравство, а донесоа тотален хаос. Но, добро е што ова заврши. За многу брзо од денеска ќе се случат сериозни реформи и проекти во здравството. Здравствениот систем бара итен и целосен рестарт. Граѓаните мора да се безбедни и сигурни дека ќе имаат добра и соодветна здравствена и медицинска услуга.

The post Пациентите стравуваат за своите животи, Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Заменичката во здравство на средба со директорите на сите хируршки клиники за проблемот со снабдување со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenichkata-vo-zdravstvo-na-sredba-so-direktorite-na-site-hirurshki-kliniki-za-problemot-so-snabduvane-so-gas/ Tue, 04 Jun 2024 14:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=784735

Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева денеска во изјава за медиуми рече дека утринава се сретнала со директорите на сите хируршки клиники, за да се види како е почнато преодното решение за надминување на проблемот со снабдување со компримиран гас од централната компресорска станица.

- Во петокот беше договорено хируршките клиники да почнат со работа и на итни, но и на елективни пациенти коишто чекаат интервенции со користење на компресори и со садови со компримиран воздух, требаше во текот на вчерашниот ден да бидат доставени од страна на „Заеднички служби“. Но, не беа доставени. Проблемот е надминат и во тек на денешниот ден истите тие садови со компромиран воздух со соодветни регулатори ќе бидат доставени до секоја од клиниките. Разговаравме и околу организацијата на работата на хируршките клиники. Имено со наредбата што вчера ја добија хируршките клиники, беа задолжени да организираат работа во две смени, сѐ со цел за да се продолжи периодот на интервенции во една сала, затоа што имаме ограничен број на надворешни компресори коишто може да ги користат операционите сали, појасни Манолева.

Како што рече таа, било договорено, на пример, да работи една наместо две операциони сали, но, во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали.

- Дополнително на ова со директорите на хируршките клиники, а во консултација претходна и со раководството на ФЗО и БЈН, беше договорено дека директорите треба да отпочнат постапка за итна набавка на надворешни компресори со што реално би го надминале овој проблем сѐ до конечно решавање на проблемот за снабдување со централен компримиран воздух. Исто така, на овој состанок утринава побарав од директорите да започнувајќи од утре, веќе почнат да доставуваат извештаи за сработени итни, елективни интервенции, коишто се направени на секоја од клиниките посебно, а истовремено и тоа на дневно ниво, а истовремено на неделно ниво да се доставува извештај за да побаран, но и обезбеден персонал којшто го побарале ГОБ и „8 Септември“ до хируршките клиники и можноста за испраќање соодветен потребен персонал, рече Манолева.

Таа додаде дека само две од хируршките клиники не се докомплетирани и очекуваат во текот на денешниот ден и утре да бидат и тие комплетирани со соодветни надворешни компресори и боци со комрпомиран воздух со што практично, според неа, ќе може да се задоволат најголем дел од потребите на хируршките клиники многу бргу.

Манолева, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека нема доволен број компресори затоа што компресорите се набавувани како резервна варијанта од секоја од клиниките. Не било предвидено дека може да настане ваков дефект и според неа, треба да бидеме реални со овој проблем којшто го имаме.

- Но, сметам дека со набавка што нема да биде голема, секоја од клиниките да набави по еден, два или три компресори, мислам дека ќе се задоволат комплетните потреби на секоја од хируршките клиники. Сугерирав до директорите да набават и резервни компресори, за да може во случај, да нешто од тоа откаже, да може да се замени со резервна варијанта, истакна Манолева.

Таа беше прашана што е со вчерашните експерти кои вршеа увид околу проблемот со хируршките сали на Клинички центар.

- Немам никаква најава во однос на техничките причини за сѐ ова што се случува на хируршките клиники. Но, знаејќи дека тоа е постара инсталација, сметам дека и кажав уште и во саботата, дека ЈУ Заеднички служби за потребите на здравството треба да се задолжи да во најбрзо време направи замена на компресорската станица со нова компресорска станица на друга локација, но исто така и замена на целокупната инсталација за довод за кислород и компримиран воздух со што би добиле најсоодветно и најадекватно решение. Но, исто така би побарала и да се достави план за динамика на спроведувањето на сите овие активности. Можам да кажам дека директорот на ЈУ Здравствени служби, ме информираше дека имаат предвидено набавка на два компресора за компресорската станица, но веќе се поставува прашањето дали треба да се набават тие два компресора или треба да се набави нова компресорска станица што ќе го реши реално проблемот, одговори Манолева.

Таа кажа дека предметот е во Јавното обвинителство и би оставила на надлежните институции да проверат и да кажат каде е одговорноста.

- Она што е одговорност треба да го кажат други, но, она што е моја задача, лично, сметам дека ја извршувам одговорно и се трудам овој проблем да го надминеме колку што е можно побргу и колку што е можно со помали последици пред сѐ, за нашите пациенти, нагласи Манолева

The post Заменичката во здравство на средба со директорите на сите хируршки клиники за проблемот со снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева денеска во изјава за медиуми рече дека утринава се сретнала со директорите на сите хируршки клиники, за да се види како е почнато преодното решение за надминување на проблемот со снабдување со компримиран гас од централната компресорска станица.
- Во петокот беше договорено хируршките клиники да почнат со работа и на итни, но и на елективни пациенти коишто чекаат интервенции со користење на компресори и со садови со компримиран воздух, требаше во текот на вчерашниот ден да бидат доставени од страна на „Заеднички служби“. Но, не беа доставени. Проблемот е надминат и во тек на денешниот ден истите тие садови со компромиран воздух со соодветни регулатори ќе бидат доставени до секоја од клиниките. Разговаравме и околу организацијата на работата на хируршките клиники. Имено со наредбата што вчера ја добија хируршките клиники, беа задолжени да организираат работа во две смени, сѐ со цел за да се продолжи периодот на интервенции во една сала, затоа што имаме ограничен број на надворешни компресори коишто може да ги користат операционите сали, појасни Манолева.
Како што рече таа, било договорено, на пример, да работи една наместо две операциони сали, но, во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали. - Дополнително на ова со директорите на хируршките клиники, а во консултација претходна и со раководството на ФЗО и БЈН, беше договорено дека директорите треба да отпочнат постапка за итна набавка на надворешни компресори со што реално би го надминале овој проблем сѐ до конечно решавање на проблемот за снабдување со централен компримиран воздух. Исто така, на овој состанок утринава побарав од директорите да започнувајќи од утре, веќе почнат да доставуваат извештаи за сработени итни, елективни интервенции, коишто се направени на секоја од клиниките посебно, а истовремено и тоа на дневно ниво, а истовремено на неделно ниво да се доставува извештај за да побаран, но и обезбеден персонал којшто го побарале ГОБ и „8 Септември“ до хируршките клиники и можноста за испраќање соодветен потребен персонал, рече Манолева. Таа додаде дека само две од хируршките клиники не се докомплетирани и очекуваат во текот на денешниот ден и утре да бидат и тие комплетирани со соодветни надворешни компресори и боци со комрпомиран воздух со што практично, според неа, ќе може да се задоволат најголем дел од потребите на хируршките клиники многу бргу. Манолева, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека нема доволен број компресори затоа што компресорите се набавувани како резервна варијанта од секоја од клиниките. Не било предвидено дека може да настане ваков дефект и според неа, треба да бидеме реални со овој проблем којшто го имаме. - Но, сметам дека со набавка што нема да биде голема, секоја од клиниките да набави по еден, два или три компресори, мислам дека ќе се задоволат комплетните потреби на секоја од хируршките клиники. Сугерирав до директорите да набават и резервни компресори, за да може во случај, да нешто од тоа откаже, да може да се замени со резервна варијанта, истакна Манолева. Таа беше прашана што е со вчерашните експерти кои вршеа увид околу проблемот со хируршките сали на Клинички центар.
- Немам никаква најава во однос на техничките причини за сѐ ова што се случува на хируршките клиники. Но, знаејќи дека тоа е постара инсталација, сметам дека и кажав уште и во саботата, дека ЈУ Заеднички служби за потребите на здравството треба да се задолжи да во најбрзо време направи замена на компресорската станица со нова компресорска станица на друга локација, но исто така и замена на целокупната инсталација за довод за кислород и компримиран воздух со што би добиле најсоодветно и најадекватно решение. Но, исто така би побарала и да се достави план за динамика на спроведувањето на сите овие активности. Можам да кажам дека директорот на ЈУ Здравствени служби, ме информираше дека имаат предвидено набавка на два компресора за компресорската станица, но веќе се поставува прашањето дали треба да се набават тие два компресора или треба да се набави нова компресорска станица што ќе го реши реално проблемот, одговори Манолева.
Таа кажа дека предметот е во Јавното обвинителство и би оставила на надлежните институции да проверат и да кажат каде е одговорноста. - Она што е одговорност треба да го кажат други, но, она што е моја задача, лично, сметам дека ја извршувам одговорно и се трудам овој проблем да го надминеме колку што е можно побргу и колку што е можно со помали последици пред сѐ, за нашите пациенти, нагласи Манолева

The post Заменичката во здравство на средба со директорите на сите хируршки клиники за проблемот со снабдување со гас appeared first on Република.

]]>
Манолева допрва ќе бара решение за проблемот на Хирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manoleva-doprva-ke-bara-reshenie-za-problemot-na-hirurgija/ Sun, 02 Jun 2024 17:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=784210

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева ќе побара од владата да ја задолжи јавната установа Заеднички служби за потребите на здравството да изврши итна набавка и промена на локацијата на компресорската станица на Клинички центар.

Манолева, исто така, вели дека ќе побара и итна набавка и замена и на инсталацијата за довод на кислород и на компримиран воздух.

Во изјава за Сител телевизија таа кажа дека имале средба со директорите на клиниките и се договориле за алтернативни решенија за хируршките сали кои изминатите денови не работат поради проблеми со компресорската станица и со инсталацијата за кислород.

„Се договоривме да отпочнат со работа сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Се договоривме оперативниот план и редоследот на пациентите да се реализира согласно одлуката од страна на стручните колегиуми на секоја од клиниките во рамки на индивидуалните капацитети на секоја клиника“, вели Манолева.

Хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје изминатите денови се затворени, а како причина за тоа е наведен непријатниот мирис кој се шири во нив.

Од Министерството за здравство до Обвинителството стигнало известување дека имало проблеми со функционирање на вентилацискиот систем во хируршките сали.

Од Обвинителството, пак, известија дека предметот е распореден кај обвинител, кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело, односно дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого.

The post Манолева допрва ќе бара решение за проблемот на Хирургија appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева ќе побара од владата да ја задолжи јавната установа Заеднички служби за потребите на здравството да изврши итна набавка и промена на локацијата на компресорската станица на Клинички центар. Манолева, исто така, вели дека ќе побара и итна набавка и замена и на инсталацијата за довод на кислород и на компримиран воздух. Во изјава за Сител телевизија таа кажа дека имале средба со директорите на клиниките и се договориле за алтернативни решенија за хируршките сали кои изминатите денови не работат поради проблеми со компресорската станица и со инсталацијата за кислород.
„Се договоривме да отпочнат со работа сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Се договоривме оперативниот план и редоследот на пациентите да се реализира согласно одлуката од страна на стручните колегиуми на секоја од клиниките во рамки на индивидуалните капацитети на секоја клиника“, вели Манолева.
Хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје изминатите денови се затворени, а како причина за тоа е наведен непријатниот мирис кој се шири во нив. Од Министерството за здравство до Обвинителството стигнало известување дека имало проблеми со функционирање на вентилацискиот систем во хируршките сали. Од Обвинителството, пак, известија дека предметот е распореден кај обвинител, кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело, односно дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого.

The post Манолева допрва ќе бара решение за проблемот на Хирургија appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dokolku-nekade-ja-vidite-d-r-maja-manoleva-od-sds-potsetete-ja-deka-e-zamenik-minister-za-zdravstvo-i-prashajte-ja-dali-e-ova-nema-otkazhuvane-od-idninata-za-koe-vodeshe-kampana-dva-meset/ Sun, 02 Jun 2024 10:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=784106

„СДС/ДУИ го потврди пресот од петокот дека цел викенд никаде ќе ги нема, поважен е викендот и партиските функции од катастрофата во Хирургија“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? Или дали семејните бизниси, од приватно здравство до трговија со струја се поважни во моментов од Хирургија и колапсот на здравствениот систем? Д-р. Маја Манолева, заменик министер и потпретседател на лекарската комора, никаде ја нема. И уште едно прашање, дали таа ветува заштита на оние 12 директори кои функционираат на Хирургија и молчат пред проблемите?

Здравството тоне, проблемот со Хирургија и уште повеќе немањето волја брзо да се реши не може да се исклучи од аспектот за намерно рушење, односно мини државен удар во здравството.

Оттука, ќе поставам и прашања и до исчезнатиот министер Илир Демири, и до заменичката Маја Манолева, дали се работи за санација која би вредела 120.000 евра? Дали заради 120.000 евра, се создаде колапс на сиот здравствен систем? Каде е сега претприемачкиот дух на ДУИ, каде е претприемачкиот дух на семејството на Али Ахмети, или тој важи само за трговски центри и бизниси со енергенси?

Дали СДС/ДУИ свесно креираа проблем којшто го уништи столбот на терцијалното здравство, Хирургија, 12 оддели се исклучени, а нив никаде ги нема, вклучително и директорите, вклучително и оние Заеднички служби, вклучително и економскиот директор и администраторите кои заминаа на Азурен брег?

Почитувани, ова е срамно, недостоинствено, и над се неетички и нехумано. Трета недела нема никаков план за решавање на проблемот на хирургија, ниту пак некакви решенија се понудени.

12-те директори на оддели кои функционираат на Хирургија се уште немаат доблест да излезат во јавност и да проговорат за проблемите и за тоа колку пациенти со тешка медицинска состојба се оставени на чекање.

Одговорност ќе има, а неа нема да ја сноси повторно некој кабел!

The post Стоилковски: Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? appeared first on Република.

]]>

„СДС/ДУИ го потврди пресот од петокот дека цел викенд никаде ќе ги нема, поважен е викендот и партиските функции од катастрофата во Хирургија“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? Или дали семејните бизниси, од приватно здравство до трговија со струја се поважни во моментов од Хирургија и колапсот на здравствениот систем? Д-р. Маја Манолева, заменик министер и потпретседател на лекарската комора, никаде ја нема. И уште едно прашање, дали таа ветува заштита на оние 12 директори кои функционираат на Хирургија и молчат пред проблемите?
Здравството тоне, проблемот со Хирургија и уште повеќе немањето волја брзо да се реши не може да се исклучи од аспектот за намерно рушење, односно мини државен удар во здравството. Оттука, ќе поставам и прашања и до исчезнатиот министер Илир Демири, и до заменичката Маја Манолева, дали се работи за санација која би вредела 120.000 евра? Дали заради 120.000 евра, се создаде колапс на сиот здравствен систем? Каде е сега претприемачкиот дух на ДУИ, каде е претприемачкиот дух на семејството на Али Ахмети, или тој важи само за трговски центри и бизниси со енергенси? Дали СДС/ДУИ свесно креираа проблем којшто го уништи столбот на терцијалното здравство, Хирургија, 12 оддели се исклучени, а нив никаде ги нема, вклучително и директорите, вклучително и оние Заеднички служби, вклучително и економскиот директор и администраторите кои заминаа на Азурен брег? Почитувани, ова е срамно, недостоинствено, и над се неетички и нехумано. Трета недела нема никаков план за решавање на проблемот на хирургија, ниту пак некакви решенија се понудени. 12-те директори на оддели кои функционираат на Хирургија се уште немаат доблест да излезат во јавност и да проговорат за проблемите и за тоа колку пациенти со тешка медицинска состојба се оставени на чекање. Одговорност ќе има, а неа нема да ја сноси повторно некој кабел!

The post Стоилковски: Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? appeared first on Република.

]]>
Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија и Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-na-bilateralni-sredbi-so-ministrite-za-zdravstvo-na-slovenija-i-tsrna-gora/ Fri, 12 Apr 2024 10:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=765356

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав, министер за здравство на Република Црна Гора, на маргините на десеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар.

На билатералните средби се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат земјите во здравствениот сектор, можностите за обезбедување финансиска одржливост на здравствените системи, зајакнување на превенцијата на болести, како и за продолжување на соработката, посебно во делот на едукација и професионализација на сестрите и акушерките, соопштија од Министествтото за здравство.

The post Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија и Црна Гора appeared first on Република.

Андоновски: Манолева не ја говори вистината за Леонид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-manoleva-ne-ja-govori-vistinata-za-leonid/ Thu, 22 Feb 2024 16:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=747100

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски вели дека заменик министерката Маја Манолева не ја говори вистината.

„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот. Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината. ФЗО – во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас , НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша Андоновски на друштвените мрежи.

Актуелниот закон за здравствено осигурување не дозволува промена на правилниците, дури и ако управниот одбор ги изгласа промените и за тоа добие согласност и од Министерството за здравство, тоа нема да биде возможно бидејќи треба да се смени Законот за здравствено осигурување, рече на денешниот брифинг со новинарите директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска, образложувајќи зошто Фондот го одби барањето да го покрие лекувањето во Австрија на 18-годишниот Леонид Индов.

The post Андоновски: Манолева не ја говори вистината за Леонид appeared first on Република.

Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsientite-koi-ne-doagaat-na-mr-i-na-mamografija-na-vreme-da-gi-otkazhuvaat-terminite-apelira-zamenik-ministerkata-za-zdravstvo/ Thu, 22 Feb 2024 13:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=747024

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.

Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.

Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата.

-Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.
Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.
Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.
Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата. -Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/  

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>
Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-gi-poddrzhuvam-i-stojam-na-raspolagane-na-roditelite-na-leonid-indov-za-sekakva-pomosh/ Thu, 22 Feb 2024 12:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=746977

Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитација во нашите институции.

Ова го одговори заменик-министерката за здравство Маја Манолева, на новинарско прашање дали детално е запознаена со случајот со пациентот Леонид Индов, кој на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише.

Прашана дали ќе има законски измени за тоа како ќе се постапува во иднина со вакви случаи, таа кажа дека како Министерство треба да постапат на иницијатива на пратеници и на граѓани, но посочи дека во земјава има здравствен систем којшто во последниве години во однос на апаратурата е напреднат.

- Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат па дури потоа нашите пациенти да бидат упатувани на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева.

На новинарско прашање дали имала комуникација со Владата и со директорите за испраќањето на Леонид со хеликоптер во Виена, рече дека неговото заминување било на индивидуално барање на родителот упатено до ЦУК, којшто информацијата ја има споделено до МВР, а МВР, заради потпишаниот меморандум за соработка со Министерството за здравство овозможило хеликоптерски транспорт на тежок пациент од Скопје до Виена.

Во однос на тоа зошто тогаш не посочила за можноста за рехабилитација во земјава, рече дека уште пред неколку месеци имала средба со родителите на пациентот, на којашто им образложила, како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето.

-Не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, рече Манолева.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт.

Појасни дека на 4 јануари до ЦУК стигнал мејл од таткото на Леонид, Бранко Индов, во кој побарал медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син кој е болен од параплегија и кажа дека воедно таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање.

Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.

The post Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош appeared first on Република.

]]>

Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитација во нашите институции. Ова го одговори заменик-министерката за здравство Маја Манолева, на новинарско прашање дали детално е запознаена со случајот со пациентот Леонид Индов, кој на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише. Прашана дали ќе има законски измени за тоа како ќе се постапува во иднина со вакви случаи, таа кажа дека како Министерство треба да постапат на иницијатива на пратеници и на граѓани, но посочи дека во земјава има здравствен систем којшто во последниве години во однос на апаратурата е напреднат. - Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат па дури потоа нашите пациенти да бидат упатувани на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева. На новинарско прашање дали имала комуникација со Владата и со директорите за испраќањето на Леонид со хеликоптер во Виена, рече дека неговото заминување било на индивидуално барање на родителот упатено до ЦУК, којшто информацијата ја има споделено до МВР, а МВР, заради потпишаниот меморандум за соработка со Министерството за здравство овозможило хеликоптерски транспорт на тежок пациент од Скопје до Виена. Во однос на тоа зошто тогаш не посочила за можноста за рехабилитација во земјава, рече дека уште пред неколку месеци имала средба со родителите на пациентот, на којашто им образложила, како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето. -Не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, рече Манолева. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт. Појасни дека на 4 јануари до ЦУК стигнал мејл од таткото на Леонид, Бранко Индов, во кој побарал медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син кој е болен од параплегија и кажа дека воедно таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање. Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.  

The post Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош appeared first on Република.

]]>
Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-na-drzhavnite-kliniki-ima-sovremeni-uslovi-i-aparati-za-lekuvane-na-patsienti-kako-leonid/ Wed, 21 Feb 2024 18:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=746703

Заменик министерката за здравство во техничката Влада Маја Манолева вели дека на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација од каде што таа доаѓа има можност за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење.

Ова беше нејзиниот одговор на новинарско прашањето во кои установи во државата има можност да се третира младиот Леонид Индов, кој како неподвижен од тешки повреди пред десетина дена со полициски хеликоптер беше префрлен на третман во Виена, Австрија. Потоа семејството на Леонид беше институционално информирано дека лекувањето не може да го плати Фондот за здравствено осигурување, со образложението е дека во земјава постои можност за рехабилитација.

Јас не сум запознаена со деталите за процесот на барање од страна на родителите за лекување на нашиот сограѓанин ќе кажам во странство, меѓутоа морам да напомнам дека Фондот за здравствено осигурување, а веројатно и вие, ќе бидете известени дека работи врз основа на правилници на основа на коишто се одобрува лекување во странство. Бидејќи сум специјалист по физикална медицина и рехабилитација, знам дека во тие правилници не постои основ за одобрување на лекување во странство за рехабилитација. Тоа е едната работа и втората работа којашто исто така би сакала да ја напомнам, а којашто никој овие денови не ја споменува е дека Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење, истакна Маја Манолева при посетата на Здравствен дом Тетово.

Според неа, за еден пациент да биде вклучен во процес на роботска рехабилитација, треба да исполнува одредени критериуми, коишто ги проценува и ги дава стручниот колегиум на Клиниката.

The post Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за здравство во техничката Влада Маја Манолева вели дека на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација од каде што таа доаѓа има можност за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење. Ова беше нејзиниот одговор на новинарско прашањето во кои установи во државата има можност да се третира младиот Леонид Индов, кој како неподвижен од тешки повреди пред десетина дена со полициски хеликоптер беше префрлен на третман во Виена, Австрија. Потоа семејството на Леонид беше институционално информирано дека лекувањето не може да го плати Фондот за здравствено осигурување, со образложението е дека во земјава постои можност за рехабилитација.
Јас не сум запознаена со деталите за процесот на барање од страна на родителите за лекување на нашиот сограѓанин ќе кажам во странство, меѓутоа морам да напомнам дека Фондот за здравствено осигурување, а веројатно и вие, ќе бидете известени дека работи врз основа на правилници на основа на коишто се одобрува лекување во странство. Бидејќи сум специјалист по физикална медицина и рехабилитација, знам дека во тие правилници не постои основ за одобрување на лекување во странство за рехабилитација. Тоа е едната работа и втората работа којашто исто така би сакала да ја напомнам, а којашто никој овие денови не ја споменува е дека Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење, истакна Маја Манолева при посетата на Здравствен дом Тетово.
Според неа, за еден пациент да биде вклучен во процес на роботска рехабилитација, треба да исполнува одредени критериуми, коишто ги проценува и ги дава стручниот колегиум на Клиниката.

The post Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид appeared first on Република.

]]>
Манолева: Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-zdravstveniot-dom-tetovo-e-pozitiven-primer-za-vlozhuvane-i-podobruvane-na-uslovite-za-patsientite-i-zdravstvenite-rabotnitsi/ Wed, 21 Feb 2024 17:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=746687

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово кадешто оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата.

Интензивно се работи на подобрување на условите преку реконструкција од донации и со сопствени средства на здравствениот дом. Директорот ме информираше дека во завршна фаза е реновирањето на просториите на претшколска вакцинација, а во тек е реновирање на стоматолошките рендген простории и просториите на школска вакцинација. Комплетно се реновирани просториите на ургентна стоматологија, како и седум простории за управата. Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници, рече Манолева.

Таа посочи дека со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите.

The post Манолева: Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници appeared first on Република.

И ќерката на заменик-министерката Маја Манолева му продава струја на ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-kerkata-na-zamenik-ministerkata-maja-manoleva-mu-prodava-struja-na-esm/ Fri, 02 Feb 2024 09:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=739634

Ќерката на заменик министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева е директор на компанијата „Соле 24“, која редовно му продава големи количества струја на ЕСМ, објави „Фактор“.

Минатата недела, Тина Манолева, по професија електротехнички инжињер, стана нов управител на компанијата „Соле 24“, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, па во 2022 прерасна во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар.

Зад компанијата како сопственик стои албански државјанин.

Во последната година, оваа компанија редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија, кога произвотството не може да ги задоволи потребите.

Повеќе на Фактор“

The post И ќерката на заменик-министерката Маја Манолева му продава струја на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Ќерката на заменик министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева е директор на компанијата „Соле 24“, која редовно му продава големи количества струја на ЕСМ, објави „Фактор“. Минатата недела, Тина Манолева, по професија електротехнички инжињер, стана нов управител на компанијата „Соле 24“, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, па во 2022 прерасна во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар. Зад компанијата како сопственик стои албански државјанин. Во последната година, оваа компанија редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија, кога произвотството не може да ги задоволи потребите. Повеќе на Фактор“

The post И ќерката на заменик-министерката Маја Манолева му продава струја на ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-manoleva-zdravstveniot-sistem-funktsonira-neprecheno-za-vreme-na-samitot-na-obse-ekipi-na-brza-pomosh-se-raporedeni-na-odredeni-strateshki-tochki/ Wed, 29 Nov 2023 13:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=717575

Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева.

За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.

Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението.

Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.

Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови.

Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.

The post Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки appeared first on Република.

]]>

Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева. За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.
Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението. Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.
Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови. Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.

The post Д-р Манолева: Здравствениот систем функцонира непречено за време на Самитот на ОБСЕ, екипи на Брза помош се рапоредени на одредени стратешки точки appeared first on Република.

]]>
Манолева: Не сметам дека треба да поднесам оставка поради истрагата за Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manoleva-ne-smetam-deka-treba-da-podnesam-ostavka-poradi-istragata-za-onkologija/ Wed, 25 Oct 2023 15:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=694980

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија попладнево на прашањата на пратениците одговараа актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева и поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Рендевски.

Маја Манолева, заменик министерка за здравство, која ја извршува функцијата од март годинава очекува наводите што се почнати од оваа постапка од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да резултираат со исход и дека ќе дадат точни, прецизни информации дали на Клиниката за онкологија имало злоупотреба на терапијата и на други процедури и доколку имало кои се виновниците со точно име и презиме кои се обиделе да ја злоупотребуваат довербата на пациентите.

Не сметам дека ако во оваа време се отвора еден ваков сериозен проблем, кој треба да финишира, јас треба да си поднесам оставка. Треба да ги чекаме резултатите кои ќе ни ги даде Основното јавно обвинителство за да видиме со што располагаме, какви евентуални дела имаме и дури потоа да видиме како сето тоа ќе резултира на крајот. Не сум имала сознанија претходно во врска со овој случај. Би сакала истрагата да го докаже обвинението на евентуалните кривци во обвинението, но би сакала да кажам  дека ние не сме суд или обвинителство за да носиме одлуки индивидуално и како пратеници и како луѓе, рече Манолева.

Таа нагласи дека не сака да и бидат достапни никакви информации околу овој случај кои не се достапни за останатата јавност.

Според неа, она што требало да заседава, а што е факт дека не заседавало и што е извесно во ревизорскиот извештај, е дека не заседавал онколошкиот колегиум.

Манолева соопшти дека уште веднаш по стапувањето новоименуваната медицинска директорка на Клиниката за онкологија, Виолета Клисаровска, побарала секоја среда да заседава онколошкиот колегиум, на кој, како што рече, транспарентно сите раководители да имаат право на глас освен медицинскиот директор на институцијата.

Заменик-министерката истакна дека долгот на Клиниката за онкологија и радиотерапија е зголемен поради зголемениот број на онколошки пациенти, но и заради воведувањето на биолошката терапија која претставува скапа иновативна терапија.

Владимир Рендевски, поранешен заменик министер за здравство истакна дека за случајот во Онкологија разбрал од медиумите. Со вакви постапки, според Рендевски кој функцијата ја извршуваше од февруари 2022 до февруари 2023 година, се губи довербата кај граѓаните и пациентите во државното здравство.

Како што рече Рендевски, клинички патеки, тумор бордови, на стручен колегиум треба да функционираат за да не ни се случат понатаму вакви работи. Потенцира дека доколку постојат неправилности, треба да има одговорност.

Јас отсекогаш сум бил поборник дека Македонија треба да има јако државно здравство, особено како една земја во развој. Доколку постојат неправилности, треба да има одговорност за оваа работа. Мое гледиште како лекар е дека биолошката терапија реално е многу скапа и мора да постојат јасни критериуми, клинички патеки по кои што ќе се одлучува кај кои пациенти треба да биде спроведена биолошката терапија. Не може за секој пациент кој што е во напреднат стадиум да има биолошка терапија, а од друга страна во здравството ние се соочуваме со огромен недостиг по однос на други работи. Мое мислење е дека и во иднина треба а и требало стручниот колегиум да биде компетентен за спроведување, односно одредување кој пациент да ја добие која биолошка терапија, рече тој.

Според него, ако било која јавно здравствена установа за кратко време наталожува одреден долг, тоа не е добро и секоја институција треба да реагира за тоа.

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска, поранешниот заменик-министер за здравство Илир Хасани.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

The post Манолева: Не сметам дека треба да поднесам оставка поради истрагата за Онкологија appeared first on Република.

]]>

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија попладнево на прашањата на пратениците одговараа актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева и поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Рендевски. Маја Манолева, заменик министерка за здравство, која ја извршува функцијата од март годинава очекува наводите што се почнати од оваа постапка од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да резултираат со исход и дека ќе дадат точни, прецизни информации дали на Клиниката за онкологија имало злоупотреба на терапијата и на други процедури и доколку имало кои се виновниците со точно име и презиме кои се обиделе да ја злоупотребуваат довербата на пациентите.
Не сметам дека ако во оваа време се отвора еден ваков сериозен проблем, кој треба да финишира, јас треба да си поднесам оставка. Треба да ги чекаме резултатите кои ќе ни ги даде Основното јавно обвинителство за да видиме со што располагаме, какви евентуални дела имаме и дури потоа да видиме како сето тоа ќе резултира на крајот. Не сум имала сознанија претходно во врска со овој случај. Би сакала истрагата да го докаже обвинението на евентуалните кривци во обвинението, но би сакала да кажам  дека ние не сме суд или обвинителство за да носиме одлуки индивидуално и како пратеници и како луѓе, рече Манолева.
Таа нагласи дека не сака да и бидат достапни никакви информации околу овој случај кои не се достапни за останатата јавност. Според неа, она што требало да заседава, а што е факт дека не заседавало и што е извесно во ревизорскиот извештај, е дека не заседавал онколошкиот колегиум. Манолева соопшти дека уште веднаш по стапувањето новоименуваната медицинска директорка на Клиниката за онкологија, Виолета Клисаровска, побарала секоја среда да заседава онколошкиот колегиум, на кој, како што рече, транспарентно сите раководители да имаат право на глас освен медицинскиот директор на институцијата. Заменик-министерката истакна дека долгот на Клиниката за онкологија и радиотерапија е зголемен поради зголемениот број на онколошки пациенти, но и заради воведувањето на биолошката терапија која претставува скапа иновативна терапија. Владимир Рендевски, поранешен заменик министер за здравство истакна дека за случајот во Онкологија разбрал од медиумите. Со вакви постапки, според Рендевски кој функцијата ја извршуваше од февруари 2022 до февруари 2023 година, се губи довербата кај граѓаните и пациентите во државното здравство. Како што рече Рендевски, клинички патеки, тумор бордови, на стручен колегиум треба да функционираат за да не ни се случат понатаму вакви работи. Потенцира дека доколку постојат неправилности, треба да има одговорност.
Јас отсекогаш сум бил поборник дека Македонија треба да има јако државно здравство, особено како една земја во развој. Доколку постојат неправилности, треба да има одговорност за оваа работа. Мое гледиште како лекар е дека биолошката терапија реално е многу скапа и мора да постојат јасни критериуми, клинички патеки по кои што ќе се одлучува кај кои пациенти треба да биде спроведена биолошката терапија. Не може за секој пациент кој што е во напреднат стадиум да има биолошка терапија, а од друга страна во здравството ние се соочуваме со огромен недостиг по однос на други работи. Мое мислење е дека и во иднина треба а и требало стручниот колегиум да биде компетентен за спроведување, односно одредување кој пациент да ја добие која биолошка терапија, рече тој.
Според него, ако било која јавно здравствена установа за кратко време наталожува одреден долг, тоа не е добро и секоја институција треба да реагира за тоа. Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска, поранешниот заменик-министер за здравство Илир Хасани. Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

The post Манолева: Не сметам дека треба да поднесам оставка поради истрагата за Онкологија appeared first on Република.

]]>
Заменик-министерката Манолева за скандалот на Онкологија: Ова е напад врз животот и здравјето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zamenik-ministerkata-manoleva-za-skandalot-na-onkologija-ova-e-napad-vrz-zhivotot-i-zdravjeto/ Sat, 02 Sep 2023 14:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=678156

По скандалот што ја тресе Клиниката за онкологија, со свој став се јави и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, која оцени дека со ова се прави напад врз здравјето и животот и побара одговорност.

„Јас како заменик-министерка, но и како доктор, сум згрозена од наводните постапки во случајот на Клиниката за онкологија и најостро ги осудувам тие акти што на бесрамен и криминален начин некој се обидел да заработува врз грбот на нашите пациенти и нивната борба за живот.

Навистина ми е жал за сите пациенти кои биле жртви на оваа криминална мрежа и се надевам дека правдата ќе биде задоволена во нивно име. Ваквиот тип на злоупотреба е напад врз животот и здравјето на нашите сограѓани кои се борат против тешки болести, а исто така, ставаат и црна точка врз медицинската професија, што е спротивно на она за кое ние како медицински персонал се залагаме, а тоа се хуманоста и човечкиот живот.

Нашата одговорност како министерство за здравство е да се бориме против секоја форма на злоупотреба и корупција во здравствениот систем. Како одговорни лица, ќе соработуваме со судските вештаци за да се откријат сите виновници и истите да бидат извадени пред лицето на правдата. Исто така, ќе ги поддржиме сите мерки кои ќе се преземат за заштита на пациентите.

Со целосна поддршка на акцијата на МВР и ОЈО треба да покажеме дека имаме нула толеранција кон криминалот и злоупотребата во здравствениот систем. Нашата цел е да обезбедиме квалитетна и безбедна здравствена услуга за сите наши граѓани, и оваа акција е важен чекор кон постигнување на таа цел“, истакна Манолева.

The post Заменик-министерката Манолева за скандалот на Онкологија: Ова е напад врз животот и здравјето appeared first on Република.

]]>

По скандалот што ја тресе Клиниката за онкологија, со свој став се јави и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, која оцени дека со ова се прави напад врз здравјето и животот и побара одговорност. „Јас како заменик-министерка, но и како доктор, сум згрозена од наводните постапки во случајот на Клиниката за онкологија и најостро ги осудувам тие акти што на бесрамен и криминален начин некој се обидел да заработува врз грбот на нашите пациенти и нивната борба за живот. Навистина ми е жал за сите пациенти кои биле жртви на оваа криминална мрежа и се надевам дека правдата ќе биде задоволена во нивно име. Ваквиот тип на злоупотреба е напад врз животот и здравјето на нашите сограѓани кои се борат против тешки болести, а исто така, ставаат и црна точка врз медицинската професија, што е спротивно на она за кое ние како медицински персонал се залагаме, а тоа се хуманоста и човечкиот живот. Нашата одговорност како министерство за здравство е да се бориме против секоја форма на злоупотреба и корупција во здравствениот систем. Како одговорни лица, ќе соработуваме со судските вештаци за да се откријат сите виновници и истите да бидат извадени пред лицето на правдата. Исто така, ќе ги поддржиме сите мерки кои ќе се преземат за заштита на пациентите. Со целосна поддршка на акцијата на МВР и ОЈО треба да покажеме дека имаме нула толеранција кон криминалот и злоупотребата во здравствениот систем. Нашата цел е да обезбедиме квалитетна и безбедна здравствена услуга за сите наши граѓани, и оваа акција е важен чекор кон постигнување на таа цел“, истакна Манолева.

The post Заменик-министерката Манолева за скандалот на Онкологија: Ова е напад врз животот и здравјето appeared first on Република.

]]>
Заменик министерот за здравство не се согласува со разрешувањето на Јовев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-ministerot-za-zdravstvo-ne-se-soglasuva-so-razreshuvaneto-na-jovev/ Tue, 06 Jun 2023 18:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=648581

Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, контра министерот Фатмир Меџити за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев.

Не се соогласувам ниту со одлуката за разрешување, ниту пак со начинот на кој беше разрешен. Сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи. И како човек и како носител на јавна функција, дотолку повеќе што не ги знам причините за разрешувањето на професорот Јовев“, вели доктор Манолева.

The post Заменик министерот за здравство не се согласува со разрешувањето на Јовев appeared first on Република.

Маја Манолева ја презеде функцијата заменик-министер за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maja-manoleva-ja-prezede-funktsijata-zamenik-minister-za-zdravstvo/ Fri, 03 Mar 2023 17:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=615688

Во просториите на Министерството за здравство денеска Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство, информираше Министерството за здравство на својата веб страна.

Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем, се вели во објавата на Министерството.

The post Маја Манолева ја презеде функцијата заменик-министер за здравство appeared first on Република.