Маја Јаневска Илиева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maja-janevska-ilieva/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Dec 2022 08:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маја Јаневска Илиева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maja-janevska-ilieva/ 32 32 Го видов Живко Јаневски, татко ми, како автор, фотограф и професионалец и неговиот личен стил, вели Маја Јаневска Илиева по отворањето на изложбата „Точки на интерес“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/go-vidov-zivko-janevski-tatko-mi-kako-avtor-fotograf-i-profesionalec-i-negoviot-lichen-stil-veli-maja-janevska-ilieva-po-otvoranjeto-na-izlozbata-tochki-na-interes/ Fri, 02 Dec 2022 10:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=580732

Го видов Живко Јаневски, татко ми, како автор, фотограф и професионалец. Неговиот личен стил кој го негувал и начин на работа – во репортажите секогаш има и широк и крупен кадар, протрет и пејзаж, доколку е возможно. Нешто што уште се учи на часовите за новинска фотографија, вели Маја Јаневска Илиева, ќерка на доајенот на македонската фотографија Живко Јаневски.

Синоќа во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје беше отворена изложбата „Живко Јаневски: Точки на интерес“, која ја подготви и уреди Станко Неделковски, кустос во Музеј на Град Скопје. Станува збор за истражувачки проект од 2020 година во Музејот на град Скопје на Оделот за „Современа фотографија и филмски материјал“, на случајно пронајдени фотографски материјали (филмски негативи) кој доведе до сознание дека целокупниот материјал е од фоторепортерот и доајенот на македонската фотографија Живко Јаневски работен за потребите на „НИП Нова Македонија“.

На изложбата беа прикажни фотографии од првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички претставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани во период од 1989 до 1994 година.

Јаневски почина на 15 март 2000 година во Скопје како уредник на фотографија во дневниот весник „Нова Македонија“.

Највредното нешто на оваа изложба за мене е сознанието дека сè уште постојат луѓе како Станко Неделковски. Тоа е човекот кој знаеше да препознае што е вредност, напорно и трпеливо работеше, вредно, студиозно и слободно можам да кажам со многу љубов не само знаење, ја подготви оваа изложба. Сите аплаузи треба да ги упатиме нему. Луѓето како Неделковски мене лично ми ја враќаат надежта дека тука сè уште постојат и работат етички професионалци во својата работа, вели Јаневска Илиева, која работи како фоторепортерка во „Нова Македонија“.

Според Јаневска Илиева, уметноста, особено добрата, носи во себе универзални етички пораки и затоа е прекрасна.

Оваа изложба лично ми потенцираше неколку работи. Иако ова е само дел од секојдневната работа на Живко, овие фотографии според времето кога се снимени се од историско значење за државата. Впрочем, секоја работа на фоторепортерот како документарист на дневните збиднувања е значајна за општеството, додава Јаневска Илиева.

Таа ја нагласува и улогата и значењето на весникот „Нова Македонија“ кој ја имал тогаш, како се третирале сите случувања, политички, културни, спортски...

Ова покажува како сериозно се пристапувало на обработката на настаните. Од оваа сериозност следи изненадувањето за историјата на овие негативи, вели Јаневска Илиева.

Неделковски, кој ги пронајде негативите, пребарувајќи низ материјалите од тогашниот новински гигант НИП „Нова Македонија“ се заблагодари на КИЦ што ги отвори вратите за изложбата. Во жолтите коверти на кои било испишано „Црно – бели Живко“ имало 285 негативи, осносно околу 9.500 фотографии. Неделковски успеа да ги дигитализира и од тој материјал направи селекција од 110 фотографии што се поставени на изложбата.

Моето задоволство е огромно кога Музејот на град Скопје прави изложба како во времињата кога се создадени овие фотогафии. Овие 110 фотографии ќе останат засекогаш во Музејот на Град Скопје, ќе зборуваат за едно време и ќе имаме сочувани фотогафии, рече Неделковски.

Директорот на КИЦ Антонио Димитров се заблагодари на Неделковски и на Музејот на Град Скопје за можеби, како што рече тој највозбудливата изложба што ја имале оваа година.

Неделковски дојде со спремен каталог, со спремна изложба, да поразговарме околу просторот и јас му реков дека нема термини. Годишната програма е подготовена однапред и сите термини беа зафатени. Почна да ми ја раскажува приказната. Почнав да ги разгледувам фотографиите и си реков: Оваа изложба мора тука да ја направиме. Ја поместивме нашата јубилеејна изложба, 55 години КИЦ за да ја вметнеме оваа фантастична изложба, рече Димиторв.

На крајот самоиницијативно пред присутните се обрати, Димитрија Ќуркчиев, новинар во „Екран“ и „Нова Македонија“ кој раскажа анегдота со Живко Јаневски од времето кога работеле заедно.

Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 14 декември годинава.

Александра М. Бундалевска

фото: Културно информативен центар

The post Го видов Живко Јаневски, татко ми, како автор, фотограф и професионалец и неговиот личен стил, вели Маја Јаневска Илиева по отворањето на изложбата „Точки на интерес“ appeared first on Република.

]]>

Го видов Живко Јаневски, татко ми, како автор, фотограф и професионалец. Неговиот личен стил кој го негувал и начин на работа – во репортажите секогаш има и широк и крупен кадар, протрет и пејзаж, доколку е возможно. Нешто што уште се учи на часовите за новинска фотографија, вели Маја Јаневска Илиева, ќерка на доајенот на македонската фотографија Живко Јаневски. Синоќа во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје беше отворена изложбата „Живко Јаневски: Точки на интерес“, која ја подготви и уреди Станко Неделковски, кустос во Музеј на Град Скопје. Станува збор за истражувачки проект од 2020 година во Музејот на град Скопје на Оделот за „Современа фотографија и филмски материјал“, на случајно пронајдени фотографски материјали (филмски негативи) кој доведе до сознание дека целокупниот материјал е од фоторепортерот и доајенот на македонската фотографија Живко Јаневски работен за потребите на „НИП Нова Македонија“. На изложбата беа прикажни фотографии од првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички претставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани во период од 1989 до 1994 година. Јаневски почина на 15 март 2000 година во Скопје како уредник на фотографија во дневниот весник „Нова Македонија“.
Највредното нешто на оваа изложба за мене е сознанието дека сè уште постојат луѓе како Станко Неделковски. Тоа е човекот кој знаеше да препознае што е вредност, напорно и трпеливо работеше, вредно, студиозно и слободно можам да кажам со многу љубов не само знаење, ја подготви оваа изложба. Сите аплаузи треба да ги упатиме нему. Луѓето како Неделковски мене лично ми ја враќаат надежта дека тука сè уште постојат и работат етички професионалци во својата работа, вели Јаневска Илиева, која работи како фоторепортерка во „Нова Македонија“.
Според Јаневска Илиева, уметноста, особено добрата, носи во себе универзални етички пораки и затоа е прекрасна.
Оваа изложба лично ми потенцираше неколку работи. Иако ова е само дел од секојдневната работа на Живко, овие фотографии според времето кога се снимени се од историско значење за државата. Впрочем, секоја работа на фоторепортерот како документарист на дневните збиднувања е значајна за општеството, додава Јаневска Илиева.
Таа ја нагласува и улогата и значењето на весникот „Нова Македонија“ кој ја имал тогаш, како се третирале сите случувања, политички, културни, спортски...
Ова покажува како сериозно се пристапувало на обработката на настаните. Од оваа сериозност следи изненадувањето за историјата на овие негативи, вели Јаневска Илиева.
Неделковски, кој ги пронајде негативите, пребарувајќи низ материјалите од тогашниот новински гигант НИП „Нова Македонија“ се заблагодари на КИЦ што ги отвори вратите за изложбата. Во жолтите коверти на кои било испишано „Црно – бели Живко“ имало 285 негативи, осносно околу 9.500 фотографии. Неделковски успеа да ги дигитализира и од тој материјал направи селекција од 110 фотографии што се поставени на изложбата.
Моето задоволство е огромно кога Музејот на град Скопје прави изложба како во времињата кога се создадени овие фотогафии. Овие 110 фотографии ќе останат засекогаш во Музејот на Град Скопје, ќе зборуваат за едно време и ќе имаме сочувани фотогафии, рече Неделковски.
Директорот на КИЦ Антонио Димитров се заблагодари на Неделковски и на Музејот на Град Скопје за можеби, како што рече тој највозбудливата изложба што ја имале оваа година.
Неделковски дојде со спремен каталог, со спремна изложба, да поразговарме околу просторот и јас му реков дека нема термини. Годишната програма е подготовена однапред и сите термини беа зафатени. Почна да ми ја раскажува приказната. Почнав да ги разгледувам фотографиите и си реков: Оваа изложба мора тука да ја направиме. Ја поместивме нашата јубилеејна изложба, 55 години КИЦ за да ја вметнеме оваа фантастична изложба, рече Димиторв.
На крајот самоиницијативно пред присутните се обрати, Димитрија Ќуркчиев, новинар во „Екран“ и „Нова Македонија“ кој раскажа анегдота со Живко Јаневски од времето кога работеле заедно. Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 14 декември годинава. Александра М. Бундалевска фото: Културно информативен центар