Маја Јанеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maja-janeska/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Dec 2022 21:01:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маја Јанеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maja-janeska/ 32 32 Владо Јаневски скршен: Кој не ја познавал, тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/vlado-janevski-skrshen-koj-ne-ja-poznaval-toj-ne-znae-kako-e-koga-ubavinata-e-odnadvor-i-odvnatre/ Sun, 11 Dec 2022 20:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=584418

Веста за смртта на младата инфлуенсерка од Охрид Маја Миа Јанеска, која има над милион следбеници на социјалните мрежи длабоко ги потресе луѓето кои ја познавале лично. Од неа се прости нејзиниот школски другар Фиат Цаноски, а тоа го стори и  пејачо Владо Јаневски.

Неколку дена пред смртта Маја, која со години живее во Африка, беше во Македонија и својот роден град Охрид.

Пејачот Владо Јаневски кој објави низа нивни заеднички фотографии, како и видео на кое Маја го пее неговиот хит „Црно тиквешко“ и само кратко напиша: „Кој не ја познавал тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре“.

The post Владо Јаневски скршен: Кој не ја познавал, тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре appeared first on Република.

]]>

Веста за смртта на младата инфлуенсерка од Охрид Маја Миа Јанеска, која има над милион следбеници на социјалните мрежи длабоко ги потресе луѓето кои ја познавале лично. Од неа се прости нејзиниот школски другар Фиат Цаноски, а тоа го стори и  пејачо Владо Јаневски. Неколку дена пред смртта Маја, која со години живее во Африка, беше во Македонија и својот роден град Охрид. Пејачот Владо Јаневски кој објави низа нивни заеднички фотографии, како и видео на кое Маја го пее неговиот хит „Црно тиквешко“ и само кратко напиша: „Кој не ја познавал тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре“.

The post Владо Јаневски скршен: Кој не ја познавал, тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре appeared first on Република.

]]>
Маја се плашела за својот живот: Енигма за смртта на македонската инфуенсерка, која заврши со дупка во главата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maja-se-plashela-za-svojot-zivot-enigma-za-smrtta-na-makedonskata-infuenserka-koja-zavrshi-so-dupka-vo-glavata/ Mon, 05 Dec 2022 17:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=582289

Полицијата потврди дека Маја Јанеска во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата. Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти.

Полицијата не ја третира смртта на познатата шминкерка и бизнисменка, Маја Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите изјавија за News24 дека не можат да веруваат дека таа би си го одзела животот. Истовремено, како што се наведува за News24 отворена е истрага, но во оваа фаза, органите на прогонот не се третираат како сомнителни.

Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта е констатирана од страна на болничарите, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.

Инаку, „Њуз24“ од свои извори дознава дека тајкунот со цигари, Кајл Филипс во моментот на смртта на Јанеска бил во куќата и се упатил кон собата каде што била пронајдена, а истовремено неговата поранешна сопруга, Трејси, изјави дека тој е „уништен и шокиран од оваа трагедија“.

Таа вели дека тој „ќе соработува со истрагата“.

Смртта на популарната инфлуенсерка која на Инстаграм, има 1,2 милиони следбеници, а ги вклучуваа Малема и познати личности како Боити, Перл Туси и Тамара Деј, го остави нејзиното семејство во Европа, и нејзините пријатели во Јужна Африка ги зави во црно.

Роднина, кој побара да остане анонимен, изјави за News24 дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести.

Нашите телефони не престанаа да ѕвонат; сето ова е ново за нас. Ние сме во Европа, а рацете ни се врзани затоа што не можеме да дојдеме во Јужна Африка поради проблеми со визите. Маја лежи таму во некоја мртовечница и немаме поим што всушност се случува, додаде роднината.

Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче работеше со луѓе од кои таа се плашеше. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме.

Роднината додаде дека, кога Филипс ги контактирал за смртта на Јанеска, тој изгледал „вознемирен“. За блиската пријателка на Јанеска, Ива Ристиќ, веста за нејзината прерана смрт беше вистински шок. „Разговарав со неа во четвртокот, и таа не сакаше да се самоубие. Таа не беше таква личност“, рече таа.

Штотуку се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Таа беше добро запознаена со министрите во земјава и други функционери. Таа го сакаше животот и не разбирам зошто некој би и наштетил на каков било начин.

Во обраќањето до студентите на универзитетот ФОН, само девет дена пред нејзината смрт, Јанеска раскажа како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија, каде што добила понуда да работи во хотел. Таму научила свахили и започнала кариера како шминкер и стилист.

Таа ја повика својата млада публика да не се откажува од своите соништа.

Можете да имате добри и лоши моменти во животот, но вие сте тој кој може и треба да прави промени. Желбата е едно, самодовербата е друго. Верувајте во себе, бидејќи само така ќе успеете, рекла таа.

 

The post Маја се плашела за својот живот: Енигма за смртта на македонската инфуенсерка, која заврши со дупка во главата appeared first on Република.

]]>

Полицијата потврди дека Маја Јанеска во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата. Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти. Полицијата не ја третира смртта на познатата шминкерка и бизнисменка, Маја Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите изјавија за News24 дека не можат да веруваат дека таа би си го одзела животот. Истовремено, како што се наведува за News24 отворена е истрага, но во оваа фаза, органите на прогонот не се третираат како сомнителни. Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта е констатирана од страна на болничарите, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо. Инаку, „Њуз24“ од свои извори дознава дека тајкунот со цигари, Кајл Филипс во моментот на смртта на Јанеска бил во куќата и се упатил кон собата каде што била пронајдена, а истовремено неговата поранешна сопруга, Трејси, изјави дека тој е „уништен и шокиран од оваа трагедија“. Таа вели дека тој „ќе соработува со истрагата“. Смртта на популарната инфлуенсерка која на Инстаграм, има 1,2 милиони следбеници, а ги вклучуваа Малема и познати личности како Боити, Перл Туси и Тамара Деј, го остави нејзиното семејство во Европа, и нејзините пријатели во Јужна Африка ги зави во црно. Роднина, кој побара да остане анонимен, изјави за News24 дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести. Нашите телефони не престанаа да ѕвонат; сето ова е ново за нас. Ние сме во Европа, а рацете ни се врзани затоа што не можеме да дојдеме во Јужна Африка поради проблеми со визите. Маја лежи таму во некоја мртовечница и немаме поим што всушност се случува, додаде роднината. Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче работеше со луѓе од кои таа се плашеше. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме. Роднината додаде дека, кога Филипс ги контактирал за смртта на Јанеска, тој изгледал „вознемирен“. За блиската пријателка на Јанеска, Ива Ристиќ, веста за нејзината прерана смрт беше вистински шок. „Разговарав со неа во четвртокот, и таа не сакаше да се самоубие. Таа не беше таква личност“, рече таа. Штотуку се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Таа беше добро запознаена со министрите во земјава и други функционери. Таа го сакаше животот и не разбирам зошто некој би и наштетил на каков било начин. Во обраќањето до студентите на универзитетот ФОН, само девет дена пред нејзината смрт, Јанеска раскажа како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија, каде што добила понуда да работи во хотел. Таму научила свахили и започнала кариера како шминкер и стилист. Таа ја повика својата млада публика да не се откажува од своите соништа. Можете да имате добри и лоши моменти во животот, но вие сте тој кој може и треба да прави промени. Желбата е едно, самодовербата е друго. Верувајте во себе, бидејќи само така ќе успеете, рекла таа.  

The post Маја се плашела за својот живот: Енигма за смртта на македонската инфуенсерка, која заврши со дупка во главата appeared first on Република.

]]>
Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prostrelna-rana-vo-glavata-i-pishtol-do-teloto-oskudni-informacii-za-smrtta-na-maja-mia-vo-juzna-afrika/ Mon, 05 Dec 2022 16:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=582286

Без многу детали, но со официјална потврда за трагичниот крај. Пронајдена е Македонката Маја Јанеска, почината дома во својата спална соба.

Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од оскудните информации кои пристигнуваат од јужноафриканската полиција.

На социјалните мрежи позната како Маја Миа, инфлуенсерката го загубила својот живот во место блиску до Јоханесбург – на околу осум илјади километри воздушна оддалеченост од родниот Охрид.

Сега истрагата е отворена, но во оваа фаза случајот не се третира како сомнителен, иако јавноста го перцепира како обвиткан во мистерија. Телото на Јанеска го пронашол нејзиниот партнер кој бил во куќата, известува тамошниот медиум „Њуз24“, кој се повикува на извори од полицијата.

Веста за трагедијата за Телма  ја потврдуваат и од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што наведуваат дека помагаат за транспорт на телото во Македонија.

Министерството за надворешни работи преку надлежната амбасада во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите, така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од МНР.

Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

The post Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>

Без многу детали, но со официјална потврда за трагичниот крај. Пронајдена е Македонката Маја Јанеска, почината дома во својата спална соба. Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од оскудните информации кои пристигнуваат од јужноафриканската полиција. На социјалните мрежи позната како Маја Миа, инфлуенсерката го загубила својот живот во место блиску до Јоханесбург – на околу осум илјади километри воздушна оддалеченост од родниот Охрид. Сега истрагата е отворена, но во оваа фаза случајот не се третира како сомнителен, иако јавноста го перцепира како обвиткан во мистерија. Телото на Јанеска го пронашол нејзиниот партнер кој бил во куќата, известува тамошниот медиум „Њуз24“, кој се повикува на извори од полицијата. Веста за трагедијата за Телма  ја потврдуваат и од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што наведуваат дека помагаат за транспорт на телото во Македонија. Министерството за надворешни работи преку надлежната амбасада во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите, така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од МНР. Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

The post Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>
Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/koja-beshe-ohridskata-influenserka-zivot-na-visoka-noga-so-privatni-avioni-i-kamioni/ Mon, 05 Dec 2022 14:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=582246

Главна тема во муабетите на социјалните мрежи е смртта на Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид,

Таа пред неколку дена беше во Македонија а повеќе од  две децении  живееше во Танзанија и Јужна Африка.

Која е Јанеска

Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.

 

 

 

Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици.

За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.

 

Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.

Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници.

Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.

 

 

Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.

Зошто беше во Македонија

Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите.

На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

The post Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони appeared first on Република.

]]>

Главна тема во муабетите на социјалните мрежи е смртта на Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид, Таа пред неколку дена беше во Македонија а повеќе од  две децении  живееше во Танзанија и Јужна Африка. Која е Јанеска Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.       Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици. За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.   Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан. Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници. Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.     Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки. Зошто беше во Македонија Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите. На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

The post Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони appeared first on Република.

]]>