махмут тат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mahmut-tat/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Dec 2022 13:42:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png махмут тат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mahmut-tat/ 32 32 Шведска екстрадира во Турција член на курдската ПКК https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-ekstradira-vo-turcija-chlen-na-kurdskata-pkk/ Sat, 03 Dec 2022 14:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=581360

Шведска го екстрадирала во Турција Махмут Тат, првиот човек осуден за членство во Курдска работничка партија (ПКК), која за Анкара е терористичка организација.

Тат, кој во Турција е осуден на шест години и 10 месеци затвор, синоќа е донесен во Истанбул и одведен во притвор.

Тат поднел барање за азил во Шведска во 2015 година, но тоа било одбиено, а неодамна бил приведен од шведската полиција.

Тоа е прв конкретен чекор на Шведска во реализација на меморандумот за членство во НАТО, потпишан со Турција во јуни, што вклучува екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.

Екстрадицијата на Тат доаѓа два дена по разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Турција и Шведска на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт.

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу по средбата истакна дека Анкара ја почитува одлучната намера на Шведска да влезе во НАТО, но дека очекува конкретни чекори во спроведувањето на договорот за екстрадиција на терористите во Турција.

The post Шведска екстрадира во Турција член на курдската ПКК appeared first on Република.

]]>

Шведска го екстрадирала во Турција Махмут Тат, првиот човек осуден за членство во Курдска работничка партија (ПКК), која за Анкара е терористичка организација. Тат, кој во Турција е осуден на шест години и 10 месеци затвор, синоќа е донесен во Истанбул и одведен во притвор. Тат поднел барање за азил во Шведска во 2015 година, но тоа било одбиено, а неодамна бил приведен од шведската полиција. Тоа е прв конкретен чекор на Шведска во реализација на меморандумот за членство во НАТО, потпишан со Турција во јуни, што вклучува екстрадиција на лица вклучени во терористички активности. Екстрадицијата на Тат доаѓа два дена по разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Турција и Шведска на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт. Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу по средбата истакна дека Анкара ја почитува одлучната намера на Шведска да влезе во НАТО, но дека очекува конкретни чекори во спроведувањето на договорот за екстрадиција на терористите во Турција.

The post Шведска екстрадира во Турција член на курдската ПКК appeared first on Република.

]]>