Махмуд Абас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mahmud-abas/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 16:57:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Махмуд Абас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mahmud-abas/ 32 32 Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/abas-pred-on-prestanete-so-genotsidot-tseliot-svet-e-odgovoren-za-ona-shto-se-sluchuva-vo-gaza/ Thu, 26 Sep 2024 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=819960

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди Израел и неговата офанзива во Појасот Газа пред Генералното собрание на ОН. Тој ги повика другите држави да ја запрат војната.

Абас, претседателот на Палестинската власт, која управува со Западниот Брег, но не и со Појасот Газа, повика меѓународната заедница да престане да испраќа оружје во Израел.

Тој истакна дека неговата влада треба да управува со поствоена Газа како дел од независна Држава Палестина.

Палестина ќе остане наша. И ако некој треба да замине, тоа ќе бидат окупаторските узурпатори, потенцираше Абас.

Во своето обраќање пред ОН, палестинскиот претседател посочи дека Палестинците речиси една година го трпат она што тој го опиша како едно од најтешките злосторства на нашето време.

Престанете со овој криминал. Престанете веднаш. Престанете со убивањето на децата и жените. Престанете со геноцидот. Престанете да испраќате оружје во Израел. Ова лудило не може да продолжи. Целиот свет е одговорен за тоа што им се случува на нашите луѓе во Газа и на Западниот Брег, изјави тој.

Абас додаде дека Палестинците се „подложени на еден од најгнасните злосторства на нашето време, тоа е злосторството на целосна војна, на геноцид кој го извршува Израел.“

Меѓународниот суд на правдата истражува случај поднесен од Јужноафриканската Република, кој обвинува дека Израел врши „геноцидни акти“ во својата офанзива во Газа, што е прекршување на Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година. Израел силно ги отфрли овие обвинувања.

Абас истакна дека во војната се убиени повеќе од 40,000 луѓе само во Газа и ранети се десетици илјади други.

„Стотици палестински семејства се уништени,“ рече тој. „Илјадници умреа поради ширењето на болести и епидемии, како и поради недостаток на лекови и вода.“

Тој додаде дека Израел го уништил Појасот Газа „речиси целосно,“ изјавувајќи дека територијата „веќе не е погодна за живот.“

Абас, исто така, го обвини Израел за „нова агресија“ врз Либан, кој во последните денови е погоден од бранови на израелски напади.

„Ја осудуваме оваа агресија и бараме таа веднаш да престане,“ додаде тој.

Конфликтот започна откако милитантите предводени од Хамас извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1,200 луѓе и беа земени околу 250 заложници. Потоа Израел започна одмазнички напади во Газа, каде се убиени над 40 илјади луѓе.

The post Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа appeared first on Република.

]]>

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди Израел и неговата офанзива во Појасот Газа пред Генералното собрание на ОН. Тој ги повика другите држави да ја запрат војната. Абас, претседателот на Палестинската власт, која управува со Западниот Брег, но не и со Појасот Газа, повика меѓународната заедница да престане да испраќа оружје во Израел. Тој истакна дека неговата влада треба да управува со поствоена Газа како дел од независна Држава Палестина.
Палестина ќе остане наша. И ако некој треба да замине, тоа ќе бидат окупаторските узурпатори, потенцираше Абас.
Во своето обраќање пред ОН, палестинскиот претседател посочи дека Палестинците речиси една година го трпат она што тој го опиша како едно од најтешките злосторства на нашето време.
Престанете со овој криминал. Престанете веднаш. Престанете со убивањето на децата и жените. Престанете со геноцидот. Престанете да испраќате оружје во Израел. Ова лудило не може да продолжи. Целиот свет е одговорен за тоа што им се случува на нашите луѓе во Газа и на Западниот Брег, изјави тој.
Абас додаде дека Палестинците се „подложени на еден од најгнасните злосторства на нашето време, тоа е злосторството на целосна војна, на геноцид кој го извршува Израел.“ Меѓународниот суд на правдата истражува случај поднесен од Јужноафриканската Република, кој обвинува дека Израел врши „геноцидни акти“ во својата офанзива во Газа, што е прекршување на Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година. Израел силно ги отфрли овие обвинувања. Абас истакна дека во војната се убиени повеќе од 40,000 луѓе само во Газа и ранети се десетици илјади други. „Стотици палестински семејства се уништени,“ рече тој. „Илјадници умреа поради ширењето на болести и епидемии, како и поради недостаток на лекови и вода.“ Тој додаде дека Израел го уништил Појасот Газа „речиси целосно,“ изјавувајќи дека територијата „веќе не е погодна за живот.“ Абас, исто така, го обвини Израел за „нова агресија“ врз Либан, кој во последните денови е погоден од бранови на израелски напади. „Ја осудуваме оваа агресија и бараме таа веднаш да престане,“ додаде тој. Конфликтот започна откако милитантите предводени од Хамас извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1,200 луѓе и беа земени околу 250 заложници. Потоа Израел започна одмазнички напади во Газа, каде се убиени над 40 илјади луѓе.

The post Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа appeared first on Република.

]]>
Палестинската управа формира нова влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/palestinskata-uprava-formira-nova-vlada/ Thu, 28 Mar 2024 16:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=759881

Претседателот на Палестинска управа, Махмуд Абас денеска со декрет најави формирање на нова влада. Претседателскиот декрет уследи по меѓународниот притисок за спроведување на реформи.

Абас претходно го именува долгогодишниот советник Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа. Мустафа, кој е економист, не е член на ниту една партија и вети дека ќе формира технократска влада, ќе воспостави независен фонд за надзор на реконструкцијата во Појасот Газа.

Палестинската управа нема ингеренции во Појасот Газа откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата во 2007 година, победувајќи ги силите лојални на ривалот Фатах, но има ограничена контрола врз делови од Западниот Брег.

Мустафа ќе биде и министер за надворешни работи, додека министер за внатрешни работи ќе остане Зиад Хаб ал Рих од движењето Фатах на Абас.

Најмалку пет од 23-те нови министри се од Појасот Газа, но не се знае дали сè уште се во енклавата.

The post Палестинската управа формира нова влада appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Палестинска управа, Махмуд Абас денеска со декрет најави формирање на нова влада. Претседателскиот декрет уследи по меѓународниот притисок за спроведување на реформи. Абас претходно го именува долгогодишниот советник Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа. Мустафа, кој е економист, не е член на ниту една партија и вети дека ќе формира технократска влада, ќе воспостави независен фонд за надзор на реконструкцијата во Појасот Газа. Палестинската управа нема ингеренции во Појасот Газа откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата во 2007 година, победувајќи ги силите лојални на ривалот Фатах, но има ограничена контрола врз делови од Западниот Брег. Мустафа ќе биде и министер за надворешни работи, додека министер за внатрешни работи ќе остане Зиад Хаб ал Рих од движењето Фатах на Абас. Најмалку пет од 23-те нови министри се од Појасот Газа, но не се знае дали сè уште се во енклавата.

The post Палестинската управа формира нова влада appeared first on Република.

]]>
Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/abas-go-naznachi-mohamed-mustafa-za-premier/ Thu, 14 Mar 2024 20:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=754910

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас денеска го именуваше претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд, Мохамед Мустафа за премиер и го задолжи да формира нова влада.

Назначувањето на Мустафа и формирањето технократска влада претставува прв политички чекор кон реформирање на палестинската управа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година.

Арапските и западните земји се поделени околу тоа дали новиот палестински премиер ќе биде доволно независен во однос на Абас кога станува збор за спроведување внатрешни реформи.

Главната цел на новата влада е да ја стабилизира палестинската управа на Западниот брег и да ја подготви палестинската управа за нејзината потенцијална улога во управувањето со Појасот Газа по завршувањето на војната.

The post Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер appeared first on Република.

]]>

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас денеска го именуваше претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд, Мохамед Мустафа за премиер и го задолжи да формира нова влада. Назначувањето на Мустафа и формирањето технократска влада претставува прв политички чекор кон реформирање на палестинската управа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година. Арапските и западните земји се поделени околу тоа дали новиот палестински премиер ќе биде доволно независен во однос на Абас кога станува збор за спроведување внатрешни реформи. Главната цел на новата влада е да ја стабилизира палестинската управа на Западниот брег и да ја подготви палестинската управа за нејзината потенцијална улога во управувањето со Појасот Газа по завршувањето на војната.

The post Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер appeared first on Република.

]]>
Абас: САД се соучесници во израелските воени злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/abas-sad-se-souchesnitsi-vo-izraelskite-voeni-zlostorstva/ Sat, 09 Dec 2023 13:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=721267

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас изјави дека ветото од САД на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара хуманитарен прекин на огнот во Газа ги направи Американците соучесници во „воените злосторства против Палестинците“.

Претседателот Абас ја опиша американската позиција како агресивна и неморална, како флагрантно кршење на сите хуманитарни принципи и вредности и смета дека САД се одговорни за крвопролевањето на палестинските деца, жени и постари лица во Појасот Газа, соопшти канцеларијата на Абас во писмена изјава.

Абас го припиша потегот на САД на американската „срамна политика која ја поддржува израелската окупација и бруталната агресија“.

Таа американска политика ги прави соучесници во злосторствата на геноцид, етничко чистење и воени злосторства извршени од израелските окупаторски сили против Палестинците во Газа, Западниот Брег и Ерусалим, потенцира Абас.

Тој предупреди дека таквите политики станаа опасни за светот и претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност.

Абас истакна дека палестинските власти ќе заземат цврст став како одговор на случувањата.

The post Абас: САД се соучесници во израелските воени злосторства appeared first on Република.

]]>

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас изјави дека ветото од САД на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара хуманитарен прекин на огнот во Газа ги направи Американците соучесници во „воените злосторства против Палестинците“. Претседателот Абас ја опиша американската позиција како агресивна и неморална, како флагрантно кршење на сите хуманитарни принципи и вредности и смета дека САД се одговорни за крвопролевањето на палестинските деца, жени и постари лица во Појасот Газа, соопшти канцеларијата на Абас во писмена изјава. Абас го припиша потегот на САД на американската „срамна политика која ја поддржува израелската окупација и бруталната агресија“. Таа американска политика ги прави соучесници во злосторствата на геноцид, етничко чистење и воени злосторства извршени од израелските окупаторски сили против Палестинците во Газа, Западниот Брег и Ерусалим, потенцира Абас. Тој предупреди дека таквите политики станаа опасни за светот и претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност. Абас истакна дека палестинските власти ќе заземат цврст став како одговор на случувањата.

The post Абас: САД се соучесници во израелските воени злосторства appeared first on Република.

]]>
Палестински медиуми: Абас е подготвен да ја преземе контролата врз Газа по завршувањето на војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/palestinski-mediumi-abas-e-podgotven-da-ja-prezeme-kontrolata-vrz-gaza-po-zavrshuvaneto-na-vojnata/ Fri, 10 Nov 2023 18:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=700375

Шефот на палестинската управа Махмуд Абас денеска изјави дека власта што ја предводи е подготвена да ја преземе контролата врз Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, како дел од решението на конфликтот со создавање на две држави, објави палестинската новинска агенција ВАФА.

Целосно ќе ја преземеме нашата одговорност како дел од сеопфатното политичко решение, рече Абас, мислејќи на создавањето независна палестинска држава која ќе ги вклучи Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа.

Но, сегашната израелска религиозно десничарска влада и повеќето нејзини членови се против ваквото решение на израелско-палестинскиот конфликт. Некои екстремно десничарски израелски министри бараат анексија на Западниот Брег, па дури и на Појасот Газа.

Хамас воспостави контрола врз Газа во 2007 година кога го собори движењето Фатах на Абас, кој ја задржа контролата врз палестинските територии на Западниот Брег.

По масакрите што ги изврши Хамас на 7 октомври, Израел сака да го прекине своето владеење и да го уништи својот воен потенцијал. САД бараат палестинската управа да биде вклучена во дискусиите за повоената иднина на Газа.

Но, многу Палестинци сакаат Абас да се повлече и сметаат дека не треба да се врати на власт во Газа со помош на Израел.

The post Палестински медиуми: Абас е подготвен да ја преземе контролата врз Газа по завршувањето на војната appeared first on Република.

]]>

Шефот на палестинската управа Махмуд Абас денеска изјави дека власта што ја предводи е подготвена да ја преземе контролата врз Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, како дел од решението на конфликтот со создавање на две држави, објави палестинската новинска агенција ВАФА. Целосно ќе ја преземеме нашата одговорност како дел од сеопфатното политичко решение, рече Абас, мислејќи на создавањето независна палестинска држава која ќе ги вклучи Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа. Но, сегашната израелска религиозно десничарска влада и повеќето нејзини членови се против ваквото решение на израелско-палестинскиот конфликт. Некои екстремно десничарски израелски министри бараат анексија на Западниот Брег, па дури и на Појасот Газа. Хамас воспостави контрола врз Газа во 2007 година кога го собори движењето Фатах на Абас, кој ја задржа контролата врз палестинските територии на Западниот Брег. По масакрите што ги изврши Хамас на 7 октомври, Израел сака да го прекине своето владеење и да го уништи својот воен потенцијал. САД бараат палестинската управа да биде вклучена во дискусиите за повоената иднина на Газа. Но, многу Палестинци сакаат Абас да се повлече и сметаат дека не треба да се врати на власт во Газа со помош на Израел.

The post Палестински медиуми: Абас е подготвен да ја преземе контролата врз Газа по завршувањето на војната appeared first on Република.

]]>
Макрон на средбата со Абас упати апел за обнова на мировните преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-na-sredbata-so-abas-upati-apel-za-obnova-na-mirovnite-pregovori/ Wed, 20 Jul 2022 14:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=531484

Францускиот претседател Емануел Макрон, по денешната средба со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас, повика на обнова на израелско-палестинските преговори.

Макрон ја потенцира потребата за „обнова на директниот политички дијалог помеѓу Израел и Палестинците, како и дека преговорите немаат алтернатива.

Абас на заедничката прес-конференција ги осуди активностите на Израел и неодамнешното убиство на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех, истакнувајќи оти „таа е ладнокрвно убиена без причина“.

Макрон и Абас телефонски разговараа во јуни кога францускиот претседател изрази загриженост за вложување на ситуацијата во палестинските територии бидејќи мировниот процес е во застој од 2014 година.

The post Макрон на средбата со Абас упати апел за обнова на мировните преговори appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон, по денешната средба со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас, повика на обнова на израелско-палестинските преговори. Макрон ја потенцира потребата за „обнова на директниот политички дијалог помеѓу Израел и Палестинците, како и дека преговорите немаат алтернатива. Абас на заедничката прес-конференција ги осуди активностите на Израел и неодамнешното убиство на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех, истакнувајќи оти „таа е ладнокрвно убиена без причина“. Макрон и Абас телефонски разговараа во јуни кога францускиот претседател изрази загриженост за вложување на ситуацијата во палестинските територии бидејќи мировниот процес е во застој од 2014 година.

The post Макрон на средбата со Абас упати апел за обнова на мировните преговори appeared first on Република.

]]>
Бајден инсистира на формирање независна палестинска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-insistira-na-formiranje-nezavisna-palestinska-drzava/ Fri, 15 Jul 2022 16:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=529410

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека продолжува да го поддржува создавањето на независна палестинска држава, но додаде дека „се уште не е моментот“ за обновување на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците.

Светот „едвај чека“ за мировен договор - порача Бајден на прес-конференција со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег на реката Јордан.

Бајден повика да се преземат чекори за подобрување на животот на палестинскиот народ.

Клучот за мирот во регионот почнува со ставање крај на израелската окупација на нашата земја - рече палестинскиот претседател.

Абас предупреди дека се намалуваат можностите за решавање на израелско-палестинскиот конфликт преку соживот на две држави.

Можноста за решение со две држави врз основа на границите од 1967 година може да постои и денес, но можеби нема да трае уште долго - изјави Абас.

Во однос на убиството на палестинско-американската новинарка, Ширин Абу Акл, Бајден рече дека е „огромна загуба за важната работа за споделување на приказната за палестинскиот народ со светот“.

Соединетите Американски Држави ќе продолжат да вршат притисок за целосно и транспарентно објаснување на нејзината смрт и ќе продолжат да се залагаат за слободата на медиумите ширум светот - додаде Бајден.

Абас повика да се побара одговорност од убијците на новинарката, која беше застрелана од страна на израелската војска во операција во градот Џенин на Западниот Брег на 11 мај.

По средбата, Бајден ја посети црквата Рождество Христово во Витлеем. Тој се ракуваше со претставници на локалната власт пред да влезе во историската базилика, која христијаните од сите вери ја сметаат за света.

Посетата на Бајден на храмот има за цел „да ги поддржи христијаните кои се соочуваат со предизвици во целиот регион“, соопшти Белата куќа.

 

2022-07-15 16:37:50, од Пандорка Арс

The post Бајден инсистира на формирање независна палестинска држава appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека продолжува да го поддржува создавањето на независна палестинска држава, но додаде дека „се уште не е моментот“ за обновување на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците.
Светот „едвај чека“ за мировен договор - порача Бајден на прес-конференција со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег на реката Јордан.
Бајден повика да се преземат чекори за подобрување на животот на палестинскиот народ.
Клучот за мирот во регионот почнува со ставање крај на израелската окупација на нашата земја - рече палестинскиот претседател.
Абас предупреди дека се намалуваат можностите за решавање на израелско-палестинскиот конфликт преку соживот на две држави.
Можноста за решение со две држави врз основа на границите од 1967 година може да постои и денес, но можеби нема да трае уште долго - изјави Абас.
Во однос на убиството на палестинско-американската новинарка, Ширин Абу Акл, Бајден рече дека е „огромна загуба за важната работа за споделување на приказната за палестинскиот народ со светот“.
Соединетите Американски Држави ќе продолжат да вршат притисок за целосно и транспарентно објаснување на нејзината смрт и ќе продолжат да се залагаат за слободата на медиумите ширум светот - додаде Бајден.
Абас повика да се побара одговорност од убијците на новинарката, која беше застрелана од страна на израелската војска во операција во градот Џенин на Западниот Брег на 11 мај. По средбата, Бајден ја посети црквата Рождество Христово во Витлеем. Тој се ракуваше со претставници на локалната власт пред да влезе во историската базилика, која христијаните од сите вери ја сметаат за света. Посетата на Бајден на храмот има за цел „да ги поддржи христијаните кои се соочуваат со предизвици во целиот регион“, соопшти Белата куќа.   2022-07-15 16:37:50, од Пандорка Арс

The post Бајден инсистира на формирање независна палестинска држава appeared first on Република.

]]>
Палестинскиот претседател со критика за двојните стандарди на западните земји кон Украина и Палестина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/palestinskiot-pretsedatel-so-kritika-za-dvojnite-standardi-na-zapadnite-zemji-kon-ukraina-i-palestina/ Mon, 28 Mar 2022 06:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=479535

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди на „двојните стандарди“ на западните земји, кои, повикувајќи се на меѓународното право, брзо воведоа санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, но не и кон Израел за „злосторствата“ на палестинските територии.

Палестинската управа на Абас не ја осуди воената акција на Русија, членка на Квартетот за Блискиот Исток и земја која официјално ја признава Палестина како држава, за разлика од САД и повеќето европски земји.

Таквата воздржаност ги налути западните дипломати во Ерусалим и на палестинските територии, пренесува Хина.

Многу западни дипломатски извори, кои сакаа да останат анонимни, за француските медиуми велат дека побарале од Палестинската управа, која главно е финансирана од Европската Унија, да ја осуди инвазијата на Украина.

На прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестинскиот претседател, кој во саботата го прослави својот 87-ми роденден, ги критикуваше „двојните стандарди“ на Западот во однос на Украина и палестинските територии.

Амнести интернешенел (АИ), Хјуман рајтс воч (ХРВ) и израелската невладина организација Б’Тселем го обвинуваат Израел за „апартхејд“ врз Палестинците.

Актуелните настани во Европа јасно покажуваат дека се применуваат двојни стандарди. И покрај злосторствата на израелската окупација, кои можат да се споредат со етничко чистење и расна дискриминација, и се признати од меѓународните организации за човекови права (…), не наоѓаме никој да бара одговорност од Израел дека дејствува како држава над законот - истакна Абас.

Палестинскиот претседател додава дека тоа што се случува во Палестина не може да се толерира.

Меѓународното право не може да се гази и се прашуваме дали надмоќта на израелската окупаторска моќ над палестинскиот народ, понижувањето на неговото достоинство и неговите легитимни права, ќе продолжи без ништо да се преземе за да му се застане на крајот на тоа - додаде Абас на арапски јазик.

The post Палестинскиот претседател со критика за двојните стандарди на западните земји кон Украина и Палестина appeared first on Република.

]]>

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди на „двојните стандарди“ на западните земји, кои, повикувајќи се на меѓународното право, брзо воведоа санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, но не и кон Израел за „злосторствата“ на палестинските територии. Палестинската управа на Абас не ја осуди воената акција на Русија, членка на Квартетот за Блискиот Исток и земја која официјално ја признава Палестина како држава, за разлика од САД и повеќето европски земји. Таквата воздржаност ги налути западните дипломати во Ерусалим и на палестинските територии, пренесува Хина. Многу западни дипломатски извори, кои сакаа да останат анонимни, за француските медиуми велат дека побарале од Палестинската управа, која главно е финансирана од Европската Унија, да ја осуди инвазијата на Украина. На прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестинскиот претседател, кој во саботата го прослави својот 87-ми роденден, ги критикуваше „двојните стандарди“ на Западот во однос на Украина и палестинските територии. Амнести интернешенел (АИ), Хјуман рајтс воч (ХРВ) и израелската невладина организација Б’Тселем го обвинуваат Израел за „апартхејд“ врз Палестинците.
Актуелните настани во Европа јасно покажуваат дека се применуваат двојни стандарди. И покрај злосторствата на израелската окупација, кои можат да се споредат со етничко чистење и расна дискриминација, и се признати од меѓународните организации за човекови права (…), не наоѓаме никој да бара одговорност од Израел дека дејствува како држава над законот - истакна Абас.
Палестинскиот претседател додава дека тоа што се случува во Палестина не може да се толерира.
Меѓународното право не може да се гази и се прашуваме дали надмоќта на израелската окупаторска моќ над палестинскиот народ, понижувањето на неговото достоинство и неговите легитимни права, ќе продолжи без ништо да се преземе за да му се застане на крајот на тоа - додаде Абас на арапски јазик.

The post Палестинскиот претседател со критика за двојните стандарди на западните земји кон Украина и Палестина appeared first on Република.

]]>