магнезиум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magnezium/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 17:22:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png магнезиум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magnezium/ 32 32 Колку помалку овој микроелемент влегува во телото, толку е поголем ризикот од онколошки заболувања https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kolku-pomalku-ovoj-mikroelement-vleguva-vo-teloto-tolku-e-pogolem-rizikot-od-onkoloshki-zaboluvana/ Wed, 28 Aug 2024 17:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=810988

„Она со што се храни човекот, тоа го разболува“, гласи една древна изрека. Понекогаш навистина можеме да оздравиме или да се чувствуваме подобро без да земаме лекови. Доволно е да се надомести недостигот од потребните супстанции. Овој пат зборуваме за магнезиумот.

За што е неопходен магнезиумот открива Алберт Богдасаров, професор по геологија во Брест.

* Активира повеќе од 300 ензими што учествуваат во метаболизмот, важен е за производство на енергија, помага во апсорпцијата на витамините од Б-комплексот, калиумот и калциумот.

* Учествува во преносот на нервните сигнали, помага при приспособување на студ, влијае на здравјето на забната глеѓ, ги опушта мускулите, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.

* Ја нормализира состојбата на нервниот систем во случај на нервна напнатост, депресија и нервоза.

* Спречува васкуларни компликации кај дијабетес, ја подобрува функцијата на панкреасот.

* Придонесува за проширување на бронхиите и за отстранување бронхијален спазам кај заболувања на дишните органи.

КОЛКУ МАГНЕЗИУМ НИ ТРЕБА?
Магнезиумот слабо се апсорбира во цревата и во голема мера се излачува, така што потребите на телото за него се секогаш високи. Дневната доза за возрасни е 4,5 мг на килограм телесна тежина. Тоа е во просек 280 мг за жени и 300-350 мг за мажи.

Важно! Колку помалку овој микроелемент влегува во телото, толку е поголем ризикот од онколошки заболувања.

КАДЕ ГО ИМА?

*Во храната: во семките од тиква и сончоглед, просото, хелдата, оризот, гравот, грашокот, сојата, јаткастите плодови, кикиритките, јаболката, кајсиите, бананите, авокадото, ананасот, грејпфрутот, боровинките, праските, компирите, млекото, рибата и морската храна, триците.

* Во растенијата: во луцерката (алфаалфа), камилицата, глуварчето, хмељот, коњската опашка, штавејот, жалфијата, копривата, ајдучката трева, листовите од малина и капина, женшенот.

Напомена: Организмот многу подобро го апсорбира магнезиумот доколку дополнително се земаат витамините Д и Ц.

The post Колку помалку овој микроелемент влегува во телото, толку е поголем ризикот од онколошки заболувања appeared first on Република.

]]>

„Она со што се храни човекот, тоа го разболува“, гласи една древна изрека. Понекогаш навистина можеме да оздравиме или да се чувствуваме подобро без да земаме лекови. Доволно е да се надомести недостигот од потребните супстанции. Овој пат зборуваме за магнезиумот. За што е неопходен магнезиумот открива Алберт Богдасаров, професор по геологија во Брест. * Активира повеќе од 300 ензими што учествуваат во метаболизмот, важен е за производство на енергија, помага во апсорпцијата на витамините од Б-комплексот, калиумот и калциумот. * Учествува во преносот на нервните сигнали, помага при приспособување на студ, влијае на здравјето на забната глеѓ, ги опушта мускулите, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. * Ја нормализира состојбата на нервниот систем во случај на нервна напнатост, депресија и нервоза. * Спречува васкуларни компликации кај дијабетес, ја подобрува функцијата на панкреасот. * Придонесува за проширување на бронхиите и за отстранување бронхијален спазам кај заболувања на дишните органи. КОЛКУ МАГНЕЗИУМ НИ ТРЕБА? Магнезиумот слабо се апсорбира во цревата и во голема мера се излачува, така што потребите на телото за него се секогаш високи. Дневната доза за возрасни е 4,5 мг на килограм телесна тежина. Тоа е во просек 280 мг за жени и 300-350 мг за мажи. Важно! Колку помалку овој микроелемент влегува во телото, толку е поголем ризикот од онколошки заболувања. КАДЕ ГО ИМА? *Во храната: во семките од тиква и сончоглед, просото, хелдата, оризот, гравот, грашокот, сојата, јаткастите плодови, кикиритките, јаболката, кајсиите, бананите, авокадото, ананасот, грејпфрутот, боровинките, праските, компирите, млекото, рибата и морската храна, триците. * Во растенијата: во луцерката (алфаалфа), камилицата, глуварчето, хмељот, коњската опашка, штавејот, жалфијата, копривата, ајдучката трева, листовите од малина и капина, женшенот. Напомена: Организмот многу подобро го апсорбира магнезиумот доколку дополнително се земаат витамините Д и Ц.

The post Колку помалку овој микроелемент влегува во телото, толку е поголем ризикот од онколошки заболувања appeared first on Република.

]]>
Магнезиум за здраво тело и здрав живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/magnezium-za-zdravo-telo-i-zdrav-zhivot/ Thu, 01 Feb 2024 10:57:00 +0000 https://republika.mk/?p=739329

Недостатокот на магнезиум е многу честа појава кај човекот, иако овој минерал се наоѓа во многу намирници, како што се риба, млеко, јаткасти плодови и лиснат зеленчук.

Магнезиумот, пред сѐ, ја регулира работата на мускулите, но всушност има и други важни улоги во човековото тело. Имено, ги регулира и нервите, нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и делува на потрошувањето на енергијата. Недоволниот внос на магнезиум може да ја зголеми опасноста од дијабетес, висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза и други болести. Британскиот лекар Кишан Витлани наведува четири предупредувачки симптоми што укажуваат на недостаток на магнезиум.

Губење апетит

Оваа негативна појава може да укаже на различни здравствени проблеми како стрес, стомачни проблеми или несакани последици од лекови, но може да биде и резултат на недостаток на магнезиум. При чувствуво на гадење и повраќање, покрај губењето апетит, важно е да се провери нивото на магнезиум, особено затоа што повраќањето исто така ќе придонесе за дополнително намалување на нивото на тој корисен минерал.

Грчеви во мускулите

Мускулните грчеви се меѓу најчестите признаци за недостаток од магнезиум. Во тешки случаи, може да предизвика дури и напади. Понекогаш грчевите може да бидат последица на прекумерен замор или премногу кофеин, но и недостигот од магнезиум исто така може да биде причина. Научниците веруваат дека овие симптоми се предизвикани од зголемен проток на калциум во нервните клетки, што ги стимулира мускулните нерви.

Чувство на слабост и вкочанетост

Ниското ниво на магнезиум влијае на повеќе телесни процеси, вклучително и нервното сигнализирање и нивоа на калиум во мускулните клетки, што може да предизвика замор, слабост и вкочанетост. Заморот и слабоста сами по себе можеби не се знак за недостаток на магнезиум, но во комбинација со други симптоми може да укажуваат на ниско ниво на тој минерал.

Проблеми со менталното здравје

Луѓето со пониски нивоа магнезиум може да почувствуваат и анксиозноост. Некои истражувања посочуваат и поврзаност меѓу недостатокот на магнезиум и депресијата. с

The post Магнезиум за здраво тело и здрав живот appeared first on Република.

]]>

Недостатокот на магнезиум е многу честа појава кај човекот, иако овој минерал се наоѓа во многу намирници, како што се риба, млеко, јаткасти плодови и лиснат зеленчук. Магнезиумот, пред сѐ, ја регулира работата на мускулите, но всушност има и други важни улоги во човековото тело. Имено, ги регулира и нервите, нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и делува на потрошувањето на енергијата. Недоволниот внос на магнезиум може да ја зголеми опасноста од дијабетес, висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза и други болести. Британскиот лекар Кишан Витлани наведува четири предупредувачки симптоми што укажуваат на недостаток на магнезиум. Губење апетит Оваа негативна појава може да укаже на различни здравствени проблеми како стрес, стомачни проблеми или несакани последици од лекови, но може да биде и резултат на недостаток на магнезиум. При чувствуво на гадење и повраќање, покрај губењето апетит, важно е да се провери нивото на магнезиум, особено затоа што повраќањето исто така ќе придонесе за дополнително намалување на нивото на тој корисен минерал. Грчеви во мускулите Мускулните грчеви се меѓу најчестите признаци за недостаток од магнезиум. Во тешки случаи, може да предизвика дури и напади. Понекогаш грчевите може да бидат последица на прекумерен замор или премногу кофеин, но и недостигот од магнезиум исто така може да биде причина. Научниците веруваат дека овие симптоми се предизвикани од зголемен проток на калциум во нервните клетки, што ги стимулира мускулните нерви. Чувство на слабост и вкочанетост Ниското ниво на магнезиум влијае на повеќе телесни процеси, вклучително и нервното сигнализирање и нивоа на калиум во мускулните клетки, што може да предизвика замор, слабост и вкочанетост. Заморот и слабоста сами по себе можеби не се знак за недостаток на магнезиум, но во комбинација со други симптоми може да укажуваат на ниско ниво на тој минерал. Проблеми со менталното здравје Луѓето со пониски нивоа магнезиум може да почувствуваат и анксиозноост. Некои истражувања посочуваат и поврзаност меѓу недостатокот на магнезиум и депресијата. с

The post Магнезиум за здраво тело и здрав живот appeared first on Република.

]]>
Зошто е важно да конзумираме храна богата со магнезиум https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-e-vazhno-da-konzumirame-hrana-bogata-so-magnezium/ Wed, 01 Nov 2023 17:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=697175

Во исхраната не треба да се игнорира интегралниот леб, гравот, зелениот зеленчук како кељ, спанаќ и блитва. По присуството на магнезиум се познати и семките од тиква и сончоглед, бадемите, оревите, меленото ленено семе, сусамот. Овие намирници претставуваат ризница на магнезиум, минерал неопходен за оптимална работа на организмот, особено срцето, мускулите и нервите. Во организмот, инаку, не се создава, а поради погрешна исхрана често го нема во доволни количини.

На ова треба да се обрне внимание, бидејќи поради долготраен стрес, загадување на животната средина, прекумерни количини на никотин и алкохол, а во летните жештини поради потење, доаѓа до негова голема потрошувачка. Последиците од дефицитот се нервоза и раздразливост, а ноќе грчеви во листовите кои го нарушуваат сонот. Практично, целокупната состојба на умот и телото се исфрла од рамнотежа при недостаток на магнезиум.

Ако се покаже дека овој начин на исхрана не е доволен за да ги обезбеди потребните количества на магнезиум, треба да се земаат и таблети во консултација со докторот.

 

The post Зошто е важно да конзумираме храна богата со магнезиум appeared first on Република.

]]>

Во исхраната не треба да се игнорира интегралниот леб, гравот, зелениот зеленчук како кељ, спанаќ и блитва. По присуството на магнезиум се познати и семките од тиква и сончоглед, бадемите, оревите, меленото ленено семе, сусамот. Овие намирници претставуваат ризница на магнезиум, минерал неопходен за оптимална работа на организмот, особено срцето, мускулите и нервите. Во организмот, инаку, не се создава, а поради погрешна исхрана често го нема во доволни количини. На ова треба да се обрне внимание, бидејќи поради долготраен стрес, загадување на животната средина, прекумерни количини на никотин и алкохол, а во летните жештини поради потење, доаѓа до негова голема потрошувачка. Последиците од дефицитот се нервоза и раздразливост, а ноќе грчеви во листовите кои го нарушуваат сонот. Практично, целокупната состојба на умот и телото се исфрла од рамнотежа при недостаток на магнезиум. Ако се покаже дека овој начин на исхрана не е доволен за да ги обезбеди потребните количества на магнезиум, треба да се земаат и таблети во консултација со докторот.  

The post Зошто е важно да конзумираме храна богата со магнезиум appeared first on Република.

]]>