магнетна резонанца копјутерска томографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magnetna-rezonantsa-kopjuterska-tomografija/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Nov 2023 10:47:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png магнетна резонанца копјутерска томографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magnetna-rezonantsa-kopjuterska-tomografija/ 32 32 За што се сликаа? Месец по сечената лента уште не е достапен апаратот за компјутерска томографија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-shto-se-slikaa-mesets-po-sechenata-lenta-ushte-ne-e-dostapen-aparatot-za-kompjuterska-tomografija/ Tue, 21 Nov 2023 10:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=714709

Апаратот за комјутерска томографија во болницата во Струга не е во функција иако директорот Арменд Арслани и заменик директорот ма ФЗОМ, Асаф Абдурамани се сликаа за негова промоција, алармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека пациентите не ја добиваат оваа здравствена услуга и дека од сликањето со опремата во пракса нема ништо за пациентите.

Потенцираат дека, исто така, надвор од функција се ехото и ехокардиограмот во одделот за интерна медицина.

Од оваа болница до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат поплаки од средно-медицинскиот персонал за зголемен број дежурства, без да се исплатат тие часови, а исто така поплаки има и од административниот кадар за притисоци од претпоставените и непочитување прописи. Вакви неправилности во изминатиот период пристигнуваат од неколку клиники, болници и здравствени домови.
Сето тоа директно влијае на демотивирање на кадарот и напуштање на јавното здравство што е јасно нотирано и во последниот извештај на ЕК каде ова прашање е сериозен предизвик за целиот здравствен систем, велат од Комисијата.

The post За што се сликаа? Месец по сечената лента уште не е достапен апаратот за компјутерска томографија appeared first on Република.

]]>

Апаратот за комјутерска томографија во болницата во Струга не е во функција иако директорот Арменд Арслани и заменик директорот ма ФЗОМ, Асаф Абдурамани се сликаа за негова промоција, алармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека пациентите не ја добиваат оваа здравствена услуга и дека од сликањето со опремата во пракса нема ништо за пациентите. Потенцираат дека, исто така, надвор од функција се ехото и ехокардиограмот во одделот за интерна медицина.
Од оваа болница до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат поплаки од средно-медицинскиот персонал за зголемен број дежурства, без да се исплатат тие часови, а исто така поплаки има и од административниот кадар за притисоци од претпоставените и непочитување прописи. Вакви неправилности во изминатиот период пристигнуваат од неколку клиники, болници и здравствени домови. Сето тоа директно влијае на демотивирање на кадарот и напуштање на јавното здравство што е јасно нотирано и во последниот извештај на ЕК каде ова прашање е сериозен предизвик за целиот здравствен систем, велат од Комисијата.

The post За што се сликаа? Месец по сечената лента уште не е достапен апаратот за компјутерска томографија appeared first on Република.

]]>
Магнетна резонанца не работи во Болницата во Штип, директорот Ѓеорѓиев им сугерира на матичните лекари да не даваат беспотребно итни упати за снимање на компјутерскиот томограф https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/magnetna-rezonantsa-ne-raboti-vo-bolnitsata-vo-shtip-direktorot-georgiev-im-sugerira-na-matichnite-lekari-da-ne-davaat-bespotrebno-itni-upati-za-snimane-na-kompjuterskiot-tomograf/ Tue, 17 Oct 2023 11:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=692102

Магнетната резонанца се уште не работи во Клиничка болница, се чека на сервисорот да го обезбеди делот, по што ќе почне и нејзиното сервисирање, а компјутерскиот томограф кој секојдневно е оптоварен од страна на пациентите веќе треба да се сервисира. Директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев вели дека проблемот со дефектите на овие два големи и сензитивни апарати е тоа што секојдневно се користат десет или дванаесет години.

Овие апарти интензивно се користат, а вториот поголем од проблемот е што многу се користат овие апарати, еве и за јавноста ќе кажам компјутерската томографија е максимално оптеретена, се случува да имаме по 60-70 томографии во денот, од коишто во најголем дел имаме негативни наоди на тие компјутерски томографии, вели Ѓеорѓијев.

Тој апелира до матичните лекари да не ги прескокнуваат специјалистите во Клиничка болница-Штип, кои треба да дадат точна дијагноза, но и да утврдат дали пациентите треба да одат на компјутерски томограф или резонанца. Праксата покажува дека матичните лекари директно на пациентите им даваат итни упати за компјутерски томограф и магнетната резонанца.

Првобитно пациентите треба да бидат упатени кај специјалистите во Клиничка болница-Штип. Тие да бидат оние коишто ќе ја утврдат индикацијата, дали треба да се прави компјутерски томограф и да во моментот кога тие слободни прегледи, термини ги ставиме во системот „Мој термин“ да не бидат беспотребно зафатени, бидејќи понекогаш се случува и дел од тие термини бидат зафатени се случува многу бргу во рок од 15 до 20 минути сите термини за цел месеци да бидат зафатени за компјутер, со што создава нервози, кај оние што реално имаат потреба да направат томографија, вели Ѓеорѓијев.

Забележа дека мора да се има предвид дека треба да се заштитат и вработените кои работат на овие апарати. Прашан која е оптиминалната бројка за снимање на компјутрскиот томограф, Ѓеорѓијев вели дека тоа било околу 20, а секојдневно се прават од 60 до 70 снимки.

The post Магнетна резонанца не работи во Болницата во Штип, директорот Ѓеорѓиев им сугерира на матичните лекари да не даваат беспотребно итни упати за снимање на компјутерскиот томограф appeared first on Република.