Магна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magna/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 07:31:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Магна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magna/ 32 32 Во ТИРЗ Струга започна со работа канадската инвестиција „Магна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-tirz-struga-zapochna-so-rabota-kanadskata-investicija-magna/ Wed, 12 Oct 2022 12:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=560127

Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на канадската инвестиција во Македонија, поточно во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, истакна дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.

Премиерот Ковачевски посочи дека новата инвестицијата во Струга за Владата е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија.

„Ваквите инвестиции се јасен сигнал дека Македонија нуди предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. И според Индексот на „Инвестмент монитор” за 2022 година, кој го споредува Бруто-домашниот производ во однос на странските директни инвестиции, постигнавме импресивни резултати. Како земја сме значително над глобалниот просек кога станува збор за привлекување гринфилд инвестиции. Речиси 90 проценти од инвестициите потекнуваат од нови проекти, додека останатите 10 проценти се од инвестиции за проширување. Инвестициите во обновливите извори на енергија се водечки сектор за влезни Странски директни инвестиции во земјава со седум проекти, а веднаш потоа на второ место се рангирани секторот за автомобили, софтвер и ИТ-услуги, секој со шест инвестиции. Ова е резултат на нашиот стабилен деловен амбиент, на членството во НАТО, како и на почетокот на преговорите со Европската Унија. За нас како Влада ова е силна потврда за успешниот концепт на ТИРЗ и Владата, кој го спроведуваме веќе 18 месеци. И во време на глобални предизвици, постигнавме договори од над 620 милиони евра инвестиции, што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години”, рече премиерот Ковачевски и упати порака до инвеститорите и покрај најголемата светска криза и предизвиците пред кои сме сите исправени, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Македонија.

Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал” истакна дека новата инвестиција на „Магна” во Струга е првиот производствен капацитет на компанијата во Македонија, кој ќе поддржи неколку европски производители на автомобили.

„Зафаќа површина од приближно 17.000 метри квадратни, во објектот веќе се работи и од почетокот на оваа година има повеќе од 300 вработени, а се очекува да вработи над 1.000 вработени до 2024 година како што се ќе зголемува бизнисот ќе расте и бројот на вработени. Возбудени сме поради отворањето на првата фабрика на Магна во Македонија и можности што ги носи да го зголемиме нашиот удел во Источна Европа и да создадеме нови работни места во регионот”, рече Креспи и потенцира дека Владата на Македонија и локалната заедницата се многу кооперативна и силно верува во континуираната соработка со цел поддршка на нашите клиенти понатаму”.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ ги истакна позитивните политики за привлекување на странските инвеститори, кои значат нови вложувања и вработувања.

„За мене вистински развој е кога вложуваме во подобар живот за луѓето и отвораме можности за напредок, оти луѓето се тие што ја движат и развиваат економијата, а не капиталот. Токму затоа сум горд дека со вложување во вакви технолошко напредни компании како „Магна” кои носат добро платени работни места, отвораме шанса за пристоен живот на над 1.300 наши сограѓани овде. Особено ме охрабрува тоа што во време на глобални економски предизвици со паметен пристап успеваме да креираме добра деловна клима и да ја добиеме довербата на постојните и нови инвеститори. Само во изминативе 18 месеци со новиот концепт на ТИРЗ постигнавме договори во висина од 620 милиони евра кои носат над 4.000 нови работни места. Владата и ТИРЗ остануваат посветени партнери на ваквите инвеститори. Продолжуваме заедно во уште вакви нови успешни приказни”, рече Деспотовски во своето обраќање.

На настанот присуствуваа и претставници на менаџментот на компанијата, вработени, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќим како и бројни гости.

The post Во ТИРЗ Струга започна со работа канадската инвестиција „Магна“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на канадската инвестиција во Македонија, поточно во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, истакна дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Премиерот Ковачевски посочи дека новата инвестицијата во Струга за Владата е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија.