магистри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magistri/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Jun 2023 11:53:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png магистри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magistri/ 32 32 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/53-otsto-od-novite-inzheneri-i-magistri-na-feit-se-devojki/ Tue, 20 Jun 2023 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=653364

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети.

Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93.

На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година.

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.

Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.

Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.

 

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети. Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93. На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.
Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.
Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.  

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>
Попис 2021: Во Македонија има невработени 100 доктори на науки и 1.541 магистри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popis-2021-vo-makedonija-ima-nevraboteni-100-doktori-na-nauki-i-1-541-magistri/ Sat, 11 Jun 2022 08:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=513780

Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.

Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1 545 невработени со магистратура 60 проценти се жени.

Во земјава има и 100 невработени доктори на науки.

Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование.

Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени.

Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

Над половина од невработените со основно се постари од 40 години

Над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади.

Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години.

Гледано по статистички региони најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион.

По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел или над 1 500 во Чаир. Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово.

Најголем дел од невработените со средно – над 14 илјади или 26 процени живеат во Скопскиот регион, потоа над девет илјади или 17 проценти во Полошкиот регион и над седум илјади или 14 проценти во Североисточниот регион.

По градови речиси 13 илјади или 23 проценти живеат во Скопје, од кои над две и пол илјади во Чаир. На второ место е Куманово, каде живеат речиси пет илјади невработени со средно или девет проценти. На трето место е Тетово со 3 744 или седум проценти.

Над две и пол илјади невработени со средно образование има и во Битола и Прилеп, додека над две илјади невработени со средно живеат во Гостивар.

Над една третина од невработените доктори на науки се на возраст од 30 до 39 години

Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25).

Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години.

Од вкупно 100 невработени доктори на науки во земјава, над половината или 52 се во главниот град Скопје.

Во Куманово има 5, Охрид и Штип по 4, Гостивар – 4, Кочани и Тетово по 3, а по двајца невработени доктори на науки има и во Битола, Дебар, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга.

Еден процент од невработените се магистри, третината од нив се во Скопје

Од вкупно 109 249 невработени во земјава 1 541 се магистри. Речиси две третини се млади на возраст од 25 до 34 години, додека над една третина се во Скопје.

Седум проценти или 112 невработени магистри се во Тетово, а по шест проценти во Битола, Куманово и Прилеп.

По околу педесетина невработени магистри има и во Кичево, Гостивар, Охрид и Струга.

Една третина од невработените магистри во земјава се млади на возраст од 25 до 29 години, а 31 процент се на возраст од 30 до 34 години.

Една петтина се на возраст од 35 до 44 години, а околу стотина се меѓу 45 и 54 години.

The post Попис 2021: Во Македонија има невработени 100 доктори на науки и 1.541 магистри appeared first on Република.

]]>

Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование. Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1 545 невработени со магистратура 60 проценти се жени. Во земјава има и 100 невработени доктори на науки. Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование. Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени. Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика. Над половина од невработените со основно се постари од 40 години Над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади. Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години. Гледано по статистички региони најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион. По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел или над 1 500 во Чаир. Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово. Најголем дел од невработените со средно – над 14 илјади или 26 процени живеат во Скопскиот регион, потоа над девет илјади или 17 проценти во Полошкиот регион и над седум илјади или 14 проценти во Североисточниот регион. По градови речиси 13 илјади или 23 проценти живеат во Скопје, од кои над две и пол илјади во Чаир. На второ место е Куманово, каде живеат речиси пет илјади невработени со средно или девет проценти. На трето место е Тетово со 3 744 или седум проценти. Над две и пол илјади невработени со средно образование има и во Битола и Прилеп, додека над две илјади невработени со средно живеат во Гостивар. Над една третина од невработените доктори на науки се на возраст од 30 до 39 години Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25). Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години. Од вкупно 100 невработени доктори на науки во земјава, над половината или 52 се во главниот град Скопје. Во Куманово има 5, Охрид и Штип по 4, Гостивар – 4, Кочани и Тетово по 3, а по двајца невработени доктори на науки има и во Битола, Дебар, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга. Еден процент од невработените се магистри, третината од нив се во Скопје Од вкупно 109 249 невработени во земјава 1 541 се магистри. Речиси две третини се млади на возраст од 25 до 34 години, додека над една третина се во Скопје. Седум проценти или 112 невработени магистри се во Тетово, а по шест проценти во Битола, Куманово и Прилеп. По околу педесетина невработени магистри има и во Кичево, Гостивар, Охрид и Струга. Една третина од невработените магистри во земјава се млади на возраст од 25 до 29 години, а 31 процент се на возраст од 30 до 34 години. Една петтина се на возраст од 35 до 44 години, а околу стотина се меѓу 45 и 54 години.

The post Попис 2021: Во Македонија има невработени 100 доктори на науки и 1.541 магистри appeared first on Република.

]]>