магда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magda/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 11:34:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png магда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/magda/ 32 32 Следниот викенд MAGDA 1UP Hyper Jam – 48-часовен маратон во правење игри https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/sledniot-vikend-magda-1up-hyper-jam-48-chasoven-maraton-vo-pravenje-igri/ Mon, 13 Jun 2022 11:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=514483

MAGDA 1UP Hyper Jam e 48 часовен маратон во правење игри којшто ќе се одржи следиот викенд, на 18 и 19 јуни во организација на Македонска асоцијација за правење игри МАГДА. Настанот ќе се одржи во просториите на CrazyLabs во Скопје, а ќе има обезбедено храна и пијалоци за сите учесници. Пријавувањето за настанот е бесплатно и се врши на следниов линк: https://magda.org.mk.

Темите на кои ќе се изработуваат игрите се Hyper Casual Simulation и Hyper Casual Puzzle игри за кои има линкови со примери на Facebook најавата за настанот.

Паричните награди ќе се движат од 300, 400 и 500 евра. А исто така ќе има и награда која е екслузивен договор со CrazyLabs за „прототипирање и тестирање на вашата игра како и пристап до нивниот Click дашборд“.

Ќе има и предавање од Наум Михајловски од македонското студио за игри “Furious Avocado”, македонска фирма која го направи светскиот хит игра “Tie Dye” чии издавачи се CrazyLabs. “Tie Dye” e хит игра кој достигна преку сто милиони симнувања -игра за која повеќе инфо можете да видите во нашите претходени написи.

 

The post Следниот викенд MAGDA 1UP Hyper Jam – 48-часовен маратон во правење игри appeared first on Република.

]]>

MAGDA 1UP Hyper Jam e 48 часовен маратон во правење игри којшто ќе се одржи следиот викенд, на 18 и 19 јуни во организација на Македонска асоцијација за правење игри МАГДА. Настанот ќе се одржи во просториите на CrazyLabs во Скопје, а ќе има обезбедено храна и пијалоци за сите учесници. Пријавувањето за настанот е бесплатно и се врши на следниов линк: https://magda.org.mk. Темите на кои ќе се изработуваат игрите се Hyper Casual Simulation и Hyper Casual Puzzle игри за кои има линкови со примери на Facebook најавата за настанот. Паричните награди ќе се движат од 300, 400 и 500 евра. А исто така ќе има и награда која е екслузивен договор со CrazyLabs за „прототипирање и тестирање на вашата игра како и пристап до нивниот Click дашборд“. Ќе има и предавање од Наум Михајловски од македонското студио за игри “Furious Avocado”, македонска фирма која го направи светскиот хит игра “Tie Dye” чии издавачи се CrazyLabs. “Tie Dye” e хит игра кој достигна преку сто милиони симнувања -игра за која повеќе инфо можете да видите во нашите претходени написи.  

The post Следниот викенд MAGDA 1UP Hyper Jam – 48-часовен маратон во правење игри appeared first on Република.

]]>
Прва онлајн конференцијата за развивање на дигитални игри MAGDA Game Dev 1UP https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/prva-onlajn-konferencijata-za-razvivanje-na-digitalni-igri-magda-game-dev-1up/ Tue, 17 May 2022 09:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=503273

Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, утре (18 мај), со почеток од 18 часот ќе се одржат две нови предавања на првата онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP, информираат од МАГДА.

Иво Нешковиќ, ко-основач на Furious Avocado утре ќе говори на темата “Developing Hyper-casual Games”, додека Мартин Петковски, мултидисциплинарен програмер во KAMAI MEDIA ќе одржи предавање на тема „Креирање на последователни дијалози во игри и нивно разгранување“. Следењето на предавањата е бесплатно, а сите предавања се со симултан превод на знаковен јазик. Регистрацијата и следењето на предавањата се прави на веб страницата www.magda.org.mk.

Инаку, оваа конференција започна на 5. мај и ќе се одвива во период од месец и половина. Предавањата се одржуваат неделно, секоја среда, а водени се од професионалци во гејм индустријата кои од прва рака ќе ги пренесат нивните искуства. Опфатени се повеќе аспекти на развивање на дигитални игри вклучувајќи Level Design, Game Design, Character Art, Sound Design, Game Production, Game Programming, Monetization и AI in Games.

Како најава за следните предавања, на 25. мај Doug North Cook, раководител на ВР фондот во Robot Teddy ќе говори на темата “Making a Tasty VR Game”, додека Петар Котевски, основач на KAMAI MEDIA ќе го одржи предавањето “AI Doesn’t Want to Kill You”.

Следно на агендата, на 1. јуни се предавањата “Monetization and Economy in F2P Games”, со Небојша Митриќески, Senior Game10 Economy Designer во Kabam и “Music for Video Games 101” со Нино Васков, Game Composer во Half Past Yellow.

На крајот на конференцијата, викендот на 18. и 19. јуни во Скопје ќе се одржи дводневен game jam настан со физичко присуство, кој ќе има натпреварувачки карактер. Учесниците ќе имаат можност да осмислат идеја и да креираат прототип на дигитална игра. Поканети се да учествувааат сите кои ги следеа предавањата, како и секој кој би сакал да се обиде да развие игра. Пред почетокот на настанот ќе може да се проследи предавањето на Наум Михајловски, ко-основач и раководител на Furious Avocado, на тема „Како да дизајнирате Хајпер-кежуал хит игра“.

Конференцијата е дел од проектот Creative Producers in the Western Balkans 2021 – 2022 на British Council. Наменета е за сите кои професионално работат на развивање на дигитални игри, но и за тие кои би сакале да ја насочат својата кариера во овој правец.

Организатор на конференцијата е Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, невладина организација формирана во 2013 година со мисија да го поддржи и промовира развивањето на игри во Македонија.

 

The post Прва онлајн конференцијата за развивање на дигитални игри MAGDA Game Dev 1UP appeared first on Република.

]]>

Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, утре (18 мај), со почеток од 18 часот ќе се одржат две нови предавања на првата онлајн конференција за развивање на дигитални игри во Македонија, MAGDA Game Dev 1UP, информираат од МАГДА. Иво Нешковиќ, ко-основач на Furious Avocado утре ќе говори на темата “Developing Hyper-casual Games”, додека Мартин Петковски, мултидисциплинарен програмер во KAMAI MEDIA ќе одржи предавање на тема „Креирање на последователни дијалози во игри и нивно разгранување“. Следењето на предавањата е бесплатно, а сите предавања се со симултан превод на знаковен јазик. Регистрацијата и следењето на предавањата се прави на веб страницата www.magda.org.mk. Инаку, оваа конференција започна на 5. мај и ќе се одвива во период од месец и половина. Предавањата се одржуваат неделно, секоја среда, а водени се од професионалци во гејм индустријата кои од прва рака ќе ги пренесат нивните искуства. Опфатени се повеќе аспекти на развивање на дигитални игри вклучувајќи Level Design, Game Design, Character Art, Sound Design, Game Production, Game Programming, Monetization и AI in Games. Како најава за следните предавања, на 25. мај Doug North Cook, раководител на ВР фондот во Robot Teddy ќе говори на темата “Making a Tasty VR Game”, додека Петар Котевски, основач на KAMAI MEDIA ќе го одржи предавањето “AI Doesn’t Want to Kill You”. Следно на агендата, на 1. јуни се предавањата “Monetization and Economy in F2P Games”, со Небојша Митриќески, Senior Game10 Economy Designer во Kabam и “Music for Video Games 101” со Нино Васков, Game Composer во Half Past Yellow. На крајот на конференцијата, викендот на 18. и 19. јуни во Скопје ќе се одржи дводневен game jam настан со физичко присуство, кој ќе има натпреварувачки карактер. Учесниците ќе имаат можност да осмислат идеја и да креираат прототип на дигитална игра. Поканети се да учествувааат сите кои ги следеа предавањата, како и секој кој би сакал да се обиде да развие игра. Пред почетокот на настанот ќе може да се проследи предавањето на Наум Михајловски, ко-основач и раководител на Furious Avocado, на тема „Како да дизајнирате Хајпер-кежуал хит игра“. Конференцијата е дел од проектот Creative Producers in the Western Balkans 2021 – 2022 на British Council. Наменета е за сите кои професионално работат на развивање на дигитални игри, но и за тие кои би сакале да ја насочат својата кариера во овој правец. Организатор на конференцијата е Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, невладина организација формирана во 2013 година со мисија да го поддржи и промовира развивањето на игри во Македонија.  

The post Прва онлајн конференцијата за развивање на дигитални игри MAGDA Game Dev 1UP appeared first on Република.

]]>