мафијашки пресметки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mafijashki-presmetki/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 08:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мафијашки пресметки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mafijashki-presmetki/ 32 32 Пукање средe Скопје, „Шиша бар“, „Ист гејт“, Вања, Панче… – нема разрешница за ниту една мафијашка пресметка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pukane-srede-skopje-shisha-bar-ist-gejt-vana-panche-nema-razreshnitsa-za-nitu-edna-mafijashka-presmetka/ Tue, 09 Jan 2024 08:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=731013

Во Македонија, само минатата година, се случија еден куп мафијашки пресметки и криминални дејствија, од најлош тип, како низ улиците во Скопје, така низ државата, а за ниеден од тие случаи, нема разрешница од страна на неспособниот Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пукотниците среде Скопје, во Шиша Бар, каде криминалното подземје ги решаваше своите сметки, заврши со мртви и повредени, но полицијата на Оливер Спасовски, нема мрднато со прст во истрагата, а тоа само посочува на тоа дека, тука се вмешани луѓе, кои биле поддржувачи од страна на власта, каде јавноста можеше тоа да го увиди, од многуте фотографии, каде овие криминалци, се сликале со високи функционери на ДУИ и СДС. Се случи и пукање во најголемиот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол, каде во сред бел ден, повторно се случи пресметка со пукање и повредени, меѓу криминалното подземје во Македонија, а ни во овој случај, се уште нема разрешница, ни уапсени луѓе. Во случајот со грозоморното убиство на Вања и Панче, се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, додека возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат. Спасовски ја лажеше целата јавност пред камери, дека возилото не било користено во тие денови, што се потврди како голема лага. Јавноста до ден денес нема одговор. Се случи и упадот во М-НАВ, каде партиска војска на ДУИ влезе и нападна контролори на летање, додека авиони летаа над македонското небо, а дел чекаа и зелено светло за слетување. Овој случај Спасовски го сфати сериозно откако цел народ стана на нозе барајќи одговори, но заврши со бегство на четворица напаѓачи, а другите четворица, место притвор, беа пуштени дома. Ова лудило веќе мора да престане, на оваа криминална и неспособна власт, ќе и пресудат граѓаните на следните избори.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, порачаа од партијата.

https://youtu.be/Hw-LIMwqgjM?si=2yWN_1KecbxDSvxN

The post Пукање средe Скопје, „Шиша бар“, „Ист гејт“, Вања, Панче… – нема разрешница за ниту една мафијашка пресметка appeared first on Република.

]]>

Во Македонија, само минатата година, се случија еден куп мафијашки пресметки и криминални дејствија, од најлош тип, како низ улиците во Скопје, така низ државата, а за ниеден од тие случаи, нема разрешница од страна на неспособниот Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пукотниците среде Скопје, во Шиша Бар, каде криминалното подземје ги решаваше своите сметки, заврши со мртви и повредени, но полицијата на Оливер Спасовски, нема мрднато со прст во истрагата, а тоа само посочува на тоа дека, тука се вмешани луѓе, кои биле поддржувачи од страна на власта, каде јавноста можеше тоа да го увиди, од многуте фотографии, каде овие криминалци, се сликале со високи функционери на ДУИ и СДС. Се случи и пукање во најголемиот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол, каде во сред бел ден, повторно се случи пресметка со пукање и повредени, меѓу криминалното подземје во Македонија, а ни во овој случај, се уште нема разрешница, ни уапсени луѓе. Во случајот со грозоморното убиство на Вања и Панче, се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, додека возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат. Спасовски ја лажеше целата јавност пред камери, дека возилото не било користено во тие денови, што се потврди како голема лага. Јавноста до ден денес нема одговор. Се случи и упадот во М-НАВ, каде партиска војска на ДУИ влезе и нападна контролори на летање, додека авиони летаа над македонското небо, а дел чекаа и зелено светло за слетување. Овој случај Спасовски го сфати сериозно откако цел народ стана на нозе барајќи одговори, но заврши со бегство на четворица напаѓачи, а другите четворица, место притвор, беа пуштени дома. Ова лудило веќе мора да престане, на оваа криминална и неспособна власт, ќе и пресудат граѓаните на следните избори. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, порачаа од партијата.
https://youtu.be/Hw-LIMwqgjM?si=2yWN_1KecbxDSvxN

The post Пукање средe Скопје, „Шиша бар“, „Ист гејт“, Вања, Панче… – нема разрешница за ниту една мафијашка пресметка appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Мафијашките пресметки станаа секојдневие, со владата на СДС и ДУИ Македонија е далеку од Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-mafijashkite-presmetki-stanaa-sekojdnevie-so-vladata-na-sds-i-dui-makedonija-e-daleku-od-evropa/ Sun, 27 Aug 2023 07:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=676220

Во време кога имаме посета од страна на висок дипломатски претставник во Скопје на само неколку метри од владата се случува криминална пресметка. Крвавите пресметки континуирано растат, а наместо одговорност од СДС, Ковачевски и Спасовски слушаме фалби дека Македонија била безбедна држава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека само за Ковачевски и СДС е европски пукањето сред бел ден во главниот град.

Македонија се претвори во криминална серија, во која речиси да нема месец, а да не се случи некоја мафијашка пресметка или убиство. Криминалците се пукаат сред бел ден, Ковачевски не убедува дека само што не сме влегле во ЕУ, а министерот за внатрешни работи Спасовски никаден го нема. Нема разлика меѓу подземјето и власта. Тоа е едно! Македонија е далеку од Европа со владата на СДС и ДУИ. Никој во Европа не сака држава во која владеат криминалнот и подземјето. Спасовски не може да пронајде две лица кои вееле знаме на Голема Албанија, а како може да се очекува дека ќе ги пронајде пукачите и убијците. Се палат автомобили на политички опоненти, се киднапираат луѓе, се случуваат мафијашки пресметки, убиства а до денеска нема никаква разрешница, ниту одговор кој стои позади ова, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметат дека СДСМ и Спасовски 7 години не можат да обезбедат државата да е безбедна и велат, затоа се потребни избори.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Мафијашките пресметки станаа секојдневие, со владата на СДС и ДУИ Македонија е далеку од Европа appeared first on Република.

]]>

Во време кога имаме посета од страна на висок дипломатски претставник во Скопје на само неколку метри од владата се случува криминална пресметка. Крвавите пресметки континуирано растат, а наместо одговорност од СДС, Ковачевски и Спасовски слушаме фалби дека Македонија била безбедна држава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека само за Ковачевски и СДС е европски пукањето сред бел ден во главниот град.