мафија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mafija/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 09:12:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мафија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mafija/ 32 32 Сега во Македонија подземјето е надземје и владее со улиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sega-vo-makedonija-podzemjeto-e-nadzemje-i-vladee-so-ulitsite/ Wed, 03 Jan 2024 09:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=729195

Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Безбедноста и јавниот ред никогаш не биле позагрозени како сега со Оливер Спасовски. Сега подземјето е надземје и владее со улиците.

Мафијашките пресметки станаа секојдневие, а најголем број од убиствата остануваат нерасветлени. Нема криминалец кој не се сликал со некој функционер на власта. Наместо борба против криминалот, институциите станаа јатаци на криминалците, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Пропаѓаат акции, затвореници бегаат од затвори, лица со дебело досиеја слободно се шетаат по улици и го повторуваат делото.Едноставно неказнивоста царува. Заради неказнивоста и пропустите во истрагата настрадаа малата Вања и велешанецот Панче. Најмалку едно од овие убиства можеше и требаше да биде спречено.

Граѓаните не може да добијат лична карта, ама затоа белосветски мафијаши добиваа македонски пасоши, во канцеларии на МВР со злоупотреба на идентитети на македонски граѓани.

Децата со месеци беа цел на лажни дојави на бомби во училиштата и МВР не направи ништо, ама затоа набавиле шпионски софтвер со кој може да го следат секој паметен уред на граѓаните и го користат за следење на неистомисленици.

Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски, СДС и ДУИ се директно одговорни за застрашувачкиот криминал. Важно е криминалот да биде поразен. Важно е да ја поразиме оваа власт.

The post Сега во Македонија подземјето е надземје и владее со улиците appeared first on Република.

]]>

Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Безбедноста и јавниот ред никогаш не биле позагрозени како сега со Оливер Спасовски. Сега подземјето е надземје и владее со улиците. Мафијашките пресметки станаа секојдневие, а најголем број од убиствата остануваат нерасветлени. Нема криминалец кој не се сликал со некој функционер на власта. Наместо борба против криминалот, институциите станаа јатаци на криминалците, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Пропаѓаат акции, затвореници бегаат од затвори, лица со дебело досиеја слободно се шетаат по улици и го повторуваат делото.Едноставно неказнивоста царува. Заради неказнивоста и пропустите во истрагата настрадаа малата Вања и велешанецот Панче. Најмалку едно од овие убиства можеше и требаше да биде спречено.
Граѓаните не може да добијат лична карта, ама затоа белосветски мафијаши добиваа македонски пасоши, во канцеларии на МВР со злоупотреба на идентитети на македонски граѓани. Децата со месеци беа цел на лажни дојави на бомби во училиштата и МВР не направи ништо, ама затоа набавиле шпионски софтвер со кој може да го следат секој паметен уред на граѓаните и го користат за следење на неистомисленици. Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски, СДС и ДУИ се директно одговорни за застрашувачкиот криминал. Важно е криминалот да биде поразен. Важно е да ја поразиме оваа власт.

The post Сега во Македонија подземјето е надземје и владее со улиците appeared first on Република.

]]>
Почина шефот на италијанската мафија Месина Денаро https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-shefot-na-italijanskata-mafija-mesina-denaro/ Mon, 25 Sep 2023 06:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=684859

Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по 30 години бегство, почина, пренесе ДПА повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА.

Денаро по обемно крварење во петокот падна во неповратна кома. Тој боледуваше од рак на дебелото црево и неговите лекари рекоа дека нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување во живот беа прекинати, соопштија лекарите од болницата во централниот италијански град Л’Аквила.

На почетокот на август, 61-годишниот мафијаш беше подложен на операција на цревата во болницата Сан Салваторе во централниот италијански град Л’Аквила. Иако операцијата беше успешна, ракот на дебелото црево во поодмината фаза предизвика неповратно влошување на неговата здравствена состојба.

Месина Денаро, осудениот шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, беше фатен од полицијата во јануари по три децении во бегство.

Шефот на мафијата, кој долго време важеше за најбараниот бегалец во Италија, беше фатен од специјализирана полициска единица во клиниката за рак во Палермо, каде што се лекуваше под лажно име.

Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во серија сурови убиства и бомбашки напади со автомобили во Италија. Помеѓу другите злосторства, тој е обвинет и за бомбашките напади со автомобили во 1992 година, во кои меѓу другите беа убиени водечките обвинители против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино.

Месина Денаро важеше за блиска доверлива личност на поранешните мафијашки криминални босови Бернардо Провенцано и Салваторе „Тото“ Риина

The post Почина шефот на италијанската мафија Месина Денаро appeared first on Република.

]]>

Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по 30 години бегство, почина, пренесе ДПА повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА. Денаро по обемно крварење во петокот падна во неповратна кома. Тој боледуваше од рак на дебелото црево и неговите лекари рекоа дека нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување во живот беа прекинати, соопштија лекарите од болницата во централниот италијански град Л’Аквила. На почетокот на август, 61-годишниот мафијаш беше подложен на операција на цревата во болницата Сан Салваторе во централниот италијански град Л’Аквила. Иако операцијата беше успешна, ракот на дебелото црево во поодмината фаза предизвика неповратно влошување на неговата здравствена состојба. Месина Денаро, осудениот шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, беше фатен од полицијата во јануари по три децении во бегство. Шефот на мафијата, кој долго време важеше за најбараниот бегалец во Италија, беше фатен од специјализирана полициска единица во клиниката за рак во Палермо, каде што се лекуваше под лажно име. Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во серија сурови убиства и бомбашки напади со автомобили во Италија. Помеѓу другите злосторства, тој е обвинет и за бомбашките напади со автомобили во 1992 година, во кои меѓу другите беа убиени водечките обвинители против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Месина Денаро важеше за блиска доверлива личност на поранешните мафијашки криминални босови Бернардо Провенцано и Салваторе „Тото“ Риина

The post Почина шефот на италијанската мафија Месина Денаро appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Не може мафијата сама да се уапси, зрело е можеби за војска да интервенира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-ne-mozhe-mafijata-sama-da-se-uapsi-zrelo-e-mozhebi-za-vojska-da-intervenira/ Sat, 24 Jun 2023 09:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=654636

Не може мафијата сама да се уапси, чесните се на страна, правичен систем нема, институциите се празни школки, не знам ова е зрело можеби само војска да интервенира пишува Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.

Реално дотаму сме заглавени во криминал и корупција што едино би не спасило веднаш да се уапсат првите луѓе на Јавното обвинителството, Судскиот совет, МВР, Правда, генералните секретари на сите партии, да се стават во самица месец дена и да почнат да зборат, да издаваат се што знаат и кријат.
Ама кој тоа да го направи, не може мафијата сама да се уапси, чесните се на страна, правичен систем нема, институциите се празни школки, не знам ова е зрело можеби само војска да интервенира.

The post Мицковски: Не може мафијата сама да се уапси, зрело е можеби за војска да интервенира appeared first on Република.

]]>

Не може мафијата сама да се уапси, чесните се на страна, правичен систем нема, институциите се празни школки, не знам ова е зрело можеби само војска да интервенира пишува Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.
Реално дотаму сме заглавени во криминал и корупција што едино би не спасило веднаш да се уапсат првите луѓе на Јавното обвинителството, Судскиот совет, МВР, Правда, генералните секретари на сите партии, да се стават во самица месец дена и да почнат да зборат, да издаваат се што знаат и кријат. Ама кој тоа да го направи, не може мафијата сама да се уапси, чесните се на страна, правичен систем нема, институциите се празни школки, не знам ова е зрело можеби само војска да интервенира.

The post Мицковски: Не може мафијата сама да се уапси, зрело е можеби за војска да интервенира appeared first on Република.

]]>
Под „закрила“ на прославата на титулата убиен синот на водачот на мафијата во Неапол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pod-zakrila-na-proslavata-na-titulata-ubien-sinot-na-vodachot-na-mafijata-vo-neapol/ Sat, 06 May 2023 17:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=637508

Откако фудбалскиот клуб Наполи го обезбеди освојувањето на титулата во Серија А, прва по 33 години, деновиве целиот град Неапол е претворен во една голема забава. Но, не минува се во родост и дух на прослава. За време на прославите е убиен синот на еден од шефовите на неаполската мафија - Камора.

Како што објавија италијанските медиуми, убиен е Винченцо Костанцо (26), кој има „значајно“ криминално досие во италијанската полиција, а за време на прославите на улиците на Неапол бил застрелан. Починатиот бил син на Маурицио Костанцо, осуден за мафијашко здружување и кој се смета за еден од водачите на Камора во областа Понтичели, место каде што има големо непријателство меѓу различните кланови.

Како што потврдиле од италијанската полиција, Костанцо починал во болница како последица на раните нанесени од куршумите. Обвинителите и италијанските карабинери истражуваат дали тој бил убиен од ривалски клан Камора или, пак, тој бил жртва на случајно пукање, со оглед на тоа што во некои градови на југот на земјата, вообичаено е луѓето да слават пукајќи во воздух.

Клаудио Паломба, префект на градот, за „Газета дело спорт“ изјави дека смртта на младиот човек не е поврзана со прославите, а на сличен начин, пред микрофоните на „Радио Анчио“ се изјасни и градоначалникот на Неапол, Гаетено Манфреди.

Оваа смрт има врска со динамика која нема никаква врска со веселбите. Веројатно тоа беше пресметка што ја искористила некоја криминална група, изјави Манфреди.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците да ја прослават третата титула, прва по 33 години, титула на нивниот тим, но прославата мина со црн биланс од над сто луѓе, кои морале да бидат однесени во болница, вклучително и млади луѓе со повреди на рацете и телото од огномет, убодни рани и повреди од тепачки.

Меѓу повредените е и 20-годишна жена во која удрил автомобил, како и тројца полицајци, кои минале со полесни повреди.

The post Под „закрила“ на прославата на титулата убиен синот на водачот на мафијата во Неапол appeared first on Република.

]]>

Откако фудбалскиот клуб Наполи го обезбеди освојувањето на титулата во Серија А, прва по 33 години, деновиве целиот град Неапол е претворен во една голема забава. Но, не минува се во родост и дух на прослава. За време на прославите е убиен синот на еден од шефовите на неаполската мафија - Камора. Како што објавија италијанските медиуми, убиен е Винченцо Костанцо (26), кој има „значајно“ криминално досие во италијанската полиција, а за време на прославите на улиците на Неапол бил застрелан. Починатиот бил син на Маурицио Костанцо, осуден за мафијашко здружување и кој се смета за еден од водачите на Камора во областа Понтичели, место каде што има големо непријателство меѓу различните кланови. Како што потврдиле од италијанската полиција, Костанцо починал во болница како последица на раните нанесени од куршумите. Обвинителите и италијанските карабинери истражуваат дали тој бил убиен од ривалски клан Камора или, пак, тој бил жртва на случајно пукање, со оглед на тоа што во некои градови на југот на земјата, вообичаено е луѓето да слават пукајќи во воздух. Клаудио Паломба, префект на градот, за „Газета дело спорт“ изјави дека смртта на младиот човек не е поврзана со прославите, а на сличен начин, пред микрофоните на „Радио Анчио“ се изјасни и градоначалникот на Неапол, Гаетено Манфреди.
Оваа смрт има врска со динамика која нема никаква врска со веселбите. Веројатно тоа беше пресметка што ја искористила некоја криминална група, изјави Манфреди.
Десетици илјади луѓе излегоа на улиците да ја прослават третата титула, прва по 33 години, титула на нивниот тим, но прославата мина со црн биланс од над сто луѓе, кои морале да бидат однесени во болница, вклучително и млади луѓе со повреди на рацете и телото од огномет, убодни рани и повреди од тепачки. Меѓу повредените е и 20-годишна жена во која удрил автомобил, како и тројца полицајци, кои минале со полесни повреди.

The post Под „закрила“ на прославата на титулата убиен синот на водачот на мафијата во Неапол appeared first on Република.

]]>
Петмина српски пејачи работат за мафијата https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/petmina-srpski-pejachi-rabotat-za-mafijata/ Thu, 13 Apr 2023 20:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=630632

Пет српски пејачки работат за мафијашки кланови, а цената на луксузниот живот ја плаќаат со валканата работа што ја работат, пишува „Република.рс“.

Според оперативните информации од полицијата пејачите често настапуваат во странство но и во околните земји.

Нивните услуги им се потребни на мафијашите од повеќе причини. Пред  тоа се луѓе кои многу патуваат бидејќи секој викенд пеат во странство. Исто така, тие се јавни личности, па на границите и на аеродромите, барем овде во регионот, ги знаат и помалку ги контролираат. Од друга страна, бидејќи патуваат со години, имаат изградено многу контакти меѓу аеродромскиот персонал, цариниците и дел од полицајците. Истото важи и за граничните премини - објаснува „Република.рс“.

The post Петмина српски пејачи работат за мафијата appeared first on Република.

]]>

Пет српски пејачки работат за мафијашки кланови, а цената на луксузниот живот ја плаќаат со валканата работа што ја работат, пишува „Република.рс“. Според оперативните информации од полицијата пејачите често настапуваат во странство но и во околните земји.
Нивните услуги им се потребни на мафијашите од повеќе причини. Пред  тоа се луѓе кои многу патуваат бидејќи секој викенд пеат во странство. Исто така, тие се јавни личности, па на границите и на аеродромите, барем овде во регионот, ги знаат и помалку ги контролираат. Од друга страна, бидејќи патуваат со години, имаат изградено многу контакти меѓу аеродромскиот персонал, цариниците и дел од полицајците. Истото важи и за граничните премини - објаснува „Република.рс“.

The post Петмина српски пејачи работат за мафијата appeared first on Република.

]]>
Уапсена сестрата на шефот на сицилијанската мафија „Коза Ностра“, пронајдени тајни белешки со инструкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsena-sestrata-na-shefot-na-sitsilijanskata-mafija-koza-nostra-pronajdeni-tajni-beleshki-so-instruktsii/ Sat, 04 Mar 2023 11:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=615804

Сестрата на Матео Месина Денаро, последниот кум на сицилијанската мафија, е уапсена откако полицијата ја пребарала нејзината куќа и во фотелја пронашла белешки во кои имало упатства до соработниците на оваа мафијашка група, пишува Гардијан.

Розалијa била уапсена откако полицијата извршила претрес во нејзината куќа во Кастелветрано, Сицилија и пронашла белешки со кои нејзиниот брат давал инструкции на соработници во криминални активности.

Според истражителите, пренесува Гардијан, Розалијa 30 години го молела својот брат да избегне апсење. Исто така, таа била задолжена да ги чува парите и да им пренесува информации на нивните соработници цело време додека нејзиниот брат бил во бегство.

Италијанската полиција соопшти дека во фотелјата на куќата на неговата сестра Росалија биле пронајдени рачно напишаните пораки и упатства на Матео Месина Денаро.

„Обвинет сум дека сум член на мафијата, во овој момент тоа го сметам за чест“, напишал во своја рака Матео Денаро на едно од парчињата хартија што ги пронашла полицијата.

Додека се криел, Денаро управувал со криминалните активности преку пронајдените белешки, притоа давајќи им упатства на другите членови на организацијата за следните чекори во извршувањето на задачите.

-Розалија Месина Денаро беше личност од апсолутна доверба на мафијашкиот бос. Таа раководеше со мрежа на инструкции преку кои Денаро им доставуваше наредби на други соработници, рече Алфредо Монталто, судијата кој го нареди нејзиното апсење.

The post Уапсена сестрата на шефот на сицилијанската мафија „Коза Ностра“, пронајдени тајни белешки со инструкции appeared first on Република.

]]>

Сестрата на Матео Месина Денаро, последниот кум на сицилијанската мафија, е уапсена откако полицијата ја пребарала нејзината куќа и во фотелја пронашла белешки во кои имало упатства до соработниците на оваа мафијашка група, пишува Гардијан. Розалијa била уапсена откако полицијата извршила претрес во нејзината куќа во Кастелветрано, Сицилија и пронашла белешки со кои нејзиниот брат давал инструкции на соработници во криминални активности. Според истражителите, пренесува Гардијан, Розалијa 30 години го молела својот брат да избегне апсење. Исто така, таа била задолжена да ги чува парите и да им пренесува информации на нивните соработници цело време додека нејзиниот брат бил во бегство. Италијанската полиција соопшти дека во фотелјата на куќата на неговата сестра Росалија биле пронајдени рачно напишаните пораки и упатства на Матео Месина Денаро. „Обвинет сум дека сум член на мафијата, во овој момент тоа го сметам за чест“, напишал во своја рака Матео Денаро на едно од парчињата хартија што ги пронашла полицијата. Додека се криел, Денаро управувал со криминалните активности преку пронајдените белешки, притоа давајќи им упатства на другите членови на организацијата за следните чекори во извршувањето на задачите. -Розалија Месина Денаро беше личност од апсолутна доверба на мафијашкиот бос. Таа раководеше со мрежа на инструкции преку кои Денаро им доставуваше наредби на други соработници, рече Алфредо Монталто, судијата кој го нареди нејзиното апсење.

The post Уапсена сестрата на шефот на сицилијанската мафија „Коза Ностра“, пронајдени тајни белешки со инструкции appeared first on Република.

]]>
„Принцот“ шеф на мафијата „Камора“ починал во затвор под неразјаснети околности https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/princot-shef-na-mafijata-kamora-pochinal-vo-zatvor-pod-nerazjasneti-okolnosti/ Wed, 15 Jun 2022 17:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=515665

Козимо, синот на Паоло Ди Лауро, легендарниот бос на еден од најмоќните мафијашки кланови во Неапол, „Камора“ починал во затвор во засега неразјаснети околности.

Козимо, познат како „Дизајнерскиот Дон“ според неговата страст за дизајнерска облека, беше најстариот син на капо Ди Лауро, од кого ја наследи контролата врз неговата криминална династија.

Козимо Ди Лауро, кој е роден во Неапол во 1973 година, починал во затворото во својот роден град, но во овој случај во затвор, е криминалецот Роберто Савијано инспириран за ликот на Џенаро Савастано, главниот лик на серијата „Гомора“ кој, како и во реалниот живот, ги презема организационите узди да владее во светот на дрогата, пред неговиот татко.

Тој почина сам, очаен, буквално полуден во затворот. Можеше да се обиде да се откупи, но не сакаше да се покае. Тој не сакаше да биде првиот во семејството што ќе го направи тоа. Сите го изневерија, тој предаде се - објави Роберто Савијано, креаторот на телевизиската серија и успешната книга од која е инспирирана, „Камора“ (објавена во 2006 година), на своите социјални мрежи.

Овој писател му посвети на починатиот мафијаш неколку редови и во италијанскиот печат.

Козимо ди Лауро беше генералот на една од најжестоките војни меѓу криминалните организации: војната во Скампија. Сè уште не ги знаеме причините за смртта, но значењето е: за човек од Камора, дури и кога ќе умре, доаѓа мирот - објави Савијано

Ди Лауро беше уапсен во 2005 година во неаполската населба Сендилјано, бастион на организираниот криминал, особено на неговото семејство, а три години подоцна, во декември 2008 година беше осуден на доживотен затвор за неговите повеќекратни злосторства.

Оттогаш тој беше изолиран во она што во Италија е познато како режим 41Bis, строг облик на затвор кој има за цел да ги спречи гангстерите да продолжат да им командуваат на своите послушници од ќелијата.

Кланот Ди Лауро беше еден од воинствените учесници во „првата војна во Скампија“ помеѓу 2004 и 2005 година, против огранокот на истото семејство познат како „Шпанците“ кои сакаа да се разделат и се мачеа да добијат контрола над трговијата со дрога.

Смртоносната активност на мафијата резултираше со речиси 60 потврдени убиства.

The post „Принцот“ шеф на мафијата „Камора“ починал во затвор под неразјаснети околности appeared first on Република.

]]>

Козимо, синот на Паоло Ди Лауро, легендарниот бос на еден од најмоќните мафијашки кланови во Неапол, „Камора“ починал во затвор во засега неразјаснети околности. Козимо, познат како „Дизајнерскиот Дон“ според неговата страст за дизајнерска облека, беше најстариот син на капо Ди Лауро, од кого ја наследи контролата врз неговата криминална династија. Козимо Ди Лауро, кој е роден во Неапол во 1973 година, починал во затворото во својот роден град, но во овој случај во затвор, е криминалецот Роберто Савијано инспириран за ликот на Џенаро Савастано, главниот лик на серијата „Гомора“ кој, како и во реалниот живот, ги презема организационите узди да владее во светот на дрогата, пред неговиот татко. Тој почина сам, очаен, буквално полуден во затворот. Можеше да се обиде да се откупи, но не сакаше да се покае. Тој не сакаше да биде првиот во семејството што ќе го направи тоа. Сите го изневерија, тој предаде се - објави Роберто Савијано, креаторот на телевизиската серија и успешната книга од која е инспирирана, „Камора“ (објавена во 2006 година), на своите социјални мрежи. Овој писател му посвети на починатиот мафијаш неколку редови и во италијанскиот печат.
Козимо ди Лауро беше генералот на една од најжестоките војни меѓу криминалните организации: војната во Скампија. Сè уште не ги знаеме причините за смртта, но значењето е: за човек од Камора, дури и кога ќе умре, доаѓа мирот - објави Савијано
Ди Лауро беше уапсен во 2005 година во неаполската населба Сендилјано, бастион на организираниот криминал, особено на неговото семејство, а три години подоцна, во декември 2008 година беше осуден на доживотен затвор за неговите повеќекратни злосторства. Оттогаш тој беше изолиран во она што во Италија е познато како режим 41Bis, строг облик на затвор кој има за цел да ги спречи гангстерите да продолжат да им командуваат на своите послушници од ќелијата. Кланот Ди Лауро беше еден од воинствените учесници во „првата војна во Скампија“ помеѓу 2004 и 2005 година, против огранокот на истото семејство познат како „Шпанците“ кои сакаа да се разделат и се мачеа да добијат контрола над трговијата со дрога. Смртоносната активност на мафијата резултираше со речиси 60 потврдени убиства.

The post „Принцот“ шеф на мафијата „Камора“ починал во затвор под неразјаснети околности appeared first on Република.

]]>
Залудно набавил блиндирано возило: Tурскиот бизнисмен бил изрешетан со 16 куршуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaludno-nabavil-blindirano-vozilo-turskiot-biznismen-bil-izreshetan-so-16-kurshumi/ Thu, 10 Feb 2022 19:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=456934

Три лица се уапсени во Истанбул во врска со убиството на шефот на турската мафија Халил Фаљали. Еден од нив е Мустафа Сојлемез, шефот на криминалната организација позната како „Браќата Сојлемез“ и уште двајца негови соработници.

По убиството, тројцата со глисер заминале од Северен Кипар во Турција, каде за момент на пат кон брегот биле фатени и од безбедносните камери.Тројцата се на распит во полициската управа во Истанбул.

Возачот Мурат Демирташ го загуби животот за време на нападот, Халил Фаљали облеан во крв со возило на брза помош е пренесен во болницата во Никозија. Му била дадена континуирана масажа и вештачко дишење. И покрај сите интервенции, Фаљали починал во болница. Главниот доктор на болницата проф. Имал повеќе прострелни рани од глава до пети, и не можело да се спаси. Од телото на Фаљали биле извадени 16 куршуми.

https://republika.mk/vesti/balkan/izreshetan-najpoznatiot-kriminalec-vo-severen-kipar-sedat-peker-se-zalel-deka-mu-go-prezel-biznisot-so-kokain-od-juzna-amerika/

Организираното убиство се случило во населбата Чаталкој. Халил Фаљали, поседува хотели, казина и бизниси за виртуелно обложување надвор од Кипар.

Тој како нешто да претчуствувал па неодамна го зголемил бројот на чувари и патувал со оклопно возило. Откако го ставил семејството во блиндираното возило, за прв пат по подолго време патувал со друго возило.

Додека конвојот од три возила, од кои едното му припаѓаше на неговите телохранители, се приближувло кон вилата во Чаталкој, по тесниот и мрачен пат се забавил поради возило што го блокирало патот.

Првиот напаѓач, кој излегол од возилото кое го блокирало патот, прво отворил оган кон возачот Мурат Демирташ, а потоа и врз Халил Фаљали, кој седел на предното седиште од возилото. Тој бил застрелан со калашников. Во оклопното возило зад неговото семејство и третото возило со неговите телохранители не било пукано. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот со две возила, од кои едното било изнајмено, додека чуварите се обидувале да го обезбедат семејството.

The post Залудно набавил блиндирано возило: Tурскиот бизнисмен бил изрешетан со 16 куршуми appeared first on Република.

]]>

Три лица се уапсени во Истанбул во врска со убиството на шефот на турската мафија Халил Фаљали. Еден од нив е Мустафа Сојлемез, шефот на криминалната организација позната како „Браќата Сојлемез“ и уште двајца негови соработници. По убиството, тројцата со глисер заминале од Северен Кипар во Турција, каде за момент на пат кон брегот биле фатени и од безбедносните камери.Тројцата се на распит во полициската управа во Истанбул. Возачот Мурат Демирташ го загуби животот за време на нападот, Халил Фаљали облеан во крв со возило на брза помош е пренесен во болницата во Никозија. Му била дадена континуирана масажа и вештачко дишење. И покрај сите интервенции, Фаљали починал во болница. Главниот доктор на болницата проф. Имал повеќе прострелни рани од глава до пети, и не можело да се спаси. Од телото на Фаљали биле извадени 16 куршуми. https://republika.mk/vesti/balkan/izreshetan-najpoznatiot-kriminalec-vo-severen-kipar-sedat-peker-se-zalel-deka-mu-go-prezel-biznisot-so-kokain-od-juzna-amerika/ Организираното убиство се случило во населбата Чаталкој. Халил Фаљали, поседува хотели, казина и бизниси за виртуелно обложување надвор од Кипар. Тој како нешто да претчуствувал па неодамна го зголемил бројот на чувари и патувал со оклопно возило. Откако го ставил семејството во блиндираното возило, за прв пат по подолго време патувал со друго возило. Додека конвојот од три возила, од кои едното му припаѓаше на неговите телохранители, се приближувло кон вилата во Чаталкој, по тесниот и мрачен пат се забавил поради возило што го блокирало патот. Првиот напаѓач, кој излегол од возилото кое го блокирало патот, прво отворил оган кон возачот Мурат Демирташ, а потоа и врз Халил Фаљали, кој седел на предното седиште од возилото. Тој бил застрелан со калашников. Во оклопното возило зад неговото семејство и третото возило со неговите телохранители не било пукано. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот со две возила, од кои едното било изнајмено, додека чуварите се обидувале да го обезбедат семејството.

The post Залудно набавил блиндирано возило: Tурскиот бизнисмен бил изрешетан со 16 куршуми appeared first on Република.

]]>