Маестро Александар Џамбазов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maestro-aleksandar-dzambazov/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Feb 2024 07:04:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маестро Александар Џамбазов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maestro-aleksandar-dzambazov/ 32 32 Со Златните славејчиња, мурал и книга денеска во Дебар маало ќе се слави денот на раѓањето на маестро Александар Џамбазов https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/so-zlatnite-slavejchina-mural-i-kniga-deneska-vo-debar-maalo-ke-se-slavi-denot-na-raganeto-na-maestro-aleksandar-dhambazov/ Sat, 03 Feb 2024 07:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=739920

Денеска напладне во Дебар маало, на улица „Орце Николов“ ќе се одржи настан по повод роденденот на нашиот голем композитор и диригент, Александар Џамбазов.

Покрај промоцијата на мурал посветен на маестрото, дело на уметниците Драган Китановски-Даш и Марјан Димиќ-Мачка, неговите песни кои ќе бидат изведени од поранешните Развигорчиња и Златни славејчиња, а ќе се одржи и промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ во Дебар Маало од македонските музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ, автор на воведниот текст и Марко Коловски, автор на нотографиите.

Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот.

Како што вели авторката Костиќ-Маровиќ во воведот, насловот на збирката не е случаен.

Сите „славејчиња“, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, го нарекуваа својот диригент Александар Џамбазов, кој ги водеше низ живата фестивалска изведба, „Чичко маестро Џамбаз“. А тој возвратно, на шега, ги нарекуваше „златни гавранчиња“. Песните издвоени во оваа збирка денеска претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации, а авторскиот тим и издавачот ценат дека изданието ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен дополнителен материјал за денешните одделенски и предметни наставници во реализирањето на наставата по музичко образование, но и на секој истражувач и љубител на детската песна, вклучувајќи ги и децата, соопштија од Арс Ламина.

Оваа промоција ќе биде дел од еден поголем настан, „За Маестрото“, кој е во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари.

Книгата е достапна во поголемите книжарници како и онлајн преку „www.literatura.mk“.

The post Со Златните славејчиња, мурал и книга денеска во Дебар маало ќе се слави денот на раѓањето на маестро Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>

Денеска напладне во Дебар маало, на улица „Орце Николов“ ќе се одржи настан по повод роденденот на нашиот голем композитор и диригент, Александар Џамбазов. Покрај промоцијата на мурал посветен на маестрото, дело на уметниците Драган Китановски-Даш и Марјан Димиќ-Мачка, неговите песни кои ќе бидат изведени од поранешните Развигорчиња и Златни славејчиња, а ќе се одржи и промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ во Дебар Маало од македонските музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ, автор на воведниот текст и Марко Коловски, автор на нотографиите. Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот. Како што вели авторката Костиќ-Маровиќ во воведот, насловот на збирката не е случаен.
Сите „славејчиња“, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, го нарекуваа својот диригент Александар Џамбазов, кој ги водеше низ живата фестивалска изведба, „Чичко маестро Џамбаз“. А тој возвратно, на шега, ги нарекуваше „златни гавранчиња“. Песните издвоени во оваа збирка денеска претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации, а авторскиот тим и издавачот ценат дека изданието ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен дополнителен материјал за денешните одделенски и предметни наставници во реализирањето на наставата по музичко образование, но и на секој истражувач и љубител на детската песна, вклучувајќи ги и децата, соопштија од Арс Ламина.
Оваа промоција ќе биде дел од еден поголем настан, „За Маестрото“, кој е во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари. Книгата е достапна во поголемите книжарници како и онлајн преку „www.literatura.mk“.

The post Со Златните славејчиња, мурал и книга денеска во Дебар маало ќе се слави денот на раѓањето на маестро Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>
Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zbirka-detski-pesni-chichko-maestro-dhambaz-vo-svetot-na-detsata/ Fri, 02 Feb 2024 08:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=739606

В сабота, на 3 февруари, со почеток во 12 часот ќе се оддржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ во Дебар Маало, на улица „Орце Николов“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ (автор на воведниот текст) и Марко Коловски (автор на нотографиите). Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот.

Како што вели авторката Костиќ-Маровиќ во воведот, насловот на збирката не е случаен. Сите „славејчиња“, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, го нарекуваа својот диригент Александар Џамбазов, кој ги водеше низ живата фестивалска изведба, „Чичко маестро Џамбаз“. А тој возвратно, на шега, ги нарекуваше „златни гавранчиња“. Песните издвоени во оваа збирка денеска претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации, а авторскиот тим и издавачот ценат дека изданието ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен дополнителен материјал за денешните одделенски и предметни наставници во реализирањето на наставата по музичко образование, но и на секој истражувач и љубител на детската песна, вклучувајќи ги и децата.

Оваа промоција ќе биде дел од еден поголем настан, „За Маестрото“, кој е во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари. На самиот настан ќе биде откриен и муралот со ликот на Александар Џамбазов, во срцето на Дебар Маало. За таа цел е подготвена и мала музичка програма во која заедно со дел од поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ под диригентство на Запро Запров, ќе „оживееме“ четири детски евергрини, кои се вброени во изборот на нотографии во книгата. Тоа се безвременските песни на нашето детство, на детставата на многу генерации, „Песна за Скопје“ („Градот убав“), „За сите деца“, „Мојата учителка“ и „Еј, гулаби, гулаби бели“, за чија изведба специјално од Битола ќе допатува оригиналното „Златно славејче“ од 1972 година, Билјана Дамјановска Јанчевска.

The post Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 3 февруари, со почеток во 12 часот ќе се оддржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ во Дебар Маало, на улица „Орце Николов“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ (автор на воведниот текст) и Марко Коловски (автор на нотографиите). Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот. Како што вели авторката Костиќ-Маровиќ во воведот, насловот на збирката не е случаен. Сите „славејчиња“, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, го нарекуваа својот диригент Александар Џамбазов, кој ги водеше низ живата фестивалска изведба, „Чичко маестро Џамбаз“. А тој возвратно, на шега, ги нарекуваше „златни гавранчиња“. Песните издвоени во оваа збирка денеска претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации, а авторскиот тим и издавачот ценат дека изданието ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен дополнителен материјал за денешните одделенски и предметни наставници во реализирањето на наставата по музичко образование, но и на секој истражувач и љубител на детската песна, вклучувајќи ги и децата. Оваа промоција ќе биде дел од еден поголем настан, „За Маестрото“, кој е во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари. На самиот настан ќе биде откриен и муралот со ликот на Александар Џамбазов, во срцето на Дебар Маало. За таа цел е подготвена и мала музичка програма во која заедно со дел од поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ под диригентство на Запро Запров, ќе „оживееме“ четири детски евергрини, кои се вброени во изборот на нотографии во книгата. Тоа се безвременските песни на нашето детство, на детставата на многу генерации, „Песна за Скопје“ („Градот убав“), „За сите деца“, „Мојата учителка“ и „Еј, гулаби, гулаби бели“, за чија изведба специјално од Битола ќе допатува оригиналното „Златно славејче“ од 1972 година, Билјана Дамјановска Јанчевска.

The post Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ appeared first on Република.

]]>
Во четврток „Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-chetvrtok-omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija/ Mon, 31 Oct 2022 08:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=567616

Оркестарот на Филхармонија в четврток ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор.

Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.

Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент – Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус.

Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна.

Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

The post Во четврток „Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонија в четврток ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“. На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин. Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент – Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус. Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

The post Во четврток „Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Комеморација за маестро Александар Џамбазов: Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, генијалноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/komemoracija-za-maestro-aleksandar-dzambazov-kje-go-pametime-po-dobrinata-humorot-posebniot-sharm-genijalnosta/ Fri, 28 Jan 2022 12:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=450704

Постојат повеќе дефиниции за зборот господин, но господин тешко се станува – таков треба да се родиш, а таква привилегија имаат малку луѓе. Маестро Џамбазов беше навистина тоа, роден господин. Кој ја имал привилегијата да го запознае и кој ја допрел неговата добрина никогаш нема да ја заборави. Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, по генијалноста. Композитор, прв диригент, човек на Сојузот на композиторите на Југославија од далечната 1958 година. Дојдовме овде да се поклониме и да кажеме едно големо благодарам за секој момент, за секој збор со кој несебично не почести. Нека тие светол патот кон идеите мој мил мајсторе, рече денеска директорката на ЗАМП, Антоанета Токовска Котевска на комеморацијата во чест на диригентот и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст.

Комеморацијата во фоајето на Националната опера и балет почна со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк.

Си заминува во музичката историја Александар Џамбазов, човекот чие име повеќе од 50 години растеше и израсна во синоним на македонската популарна музика. Во тој долг творечки период неуморниот творец создаваше многубројни композиции во повеќе музички жанрови. Во последните 15-тина години се повлече од музичката сцена. Последната средба со скопската публика беше на јубилејниот концерт што го организираше Сојузот на композиторите на Македонија по повод 50 годишнината. Тогаш во преполнетата сала на АРМ прозвучеа најубавите композиции на маестро Џамбазов. Тоа беше еден од најубавите музички настани од осамостојувањето на Република Македонија и како да оживеаја надежите дека може да се врати златниот период на македонската популарна музика, рече во својот говор претседателот на Собранието на Сојузот на композитори на Македонија, Јане Коџобашија.

Неговиот колега Стојан Стојков рече дека тешко паѓа кога ќе се изгуби колега и кога полека, полека се помалку и помалку има такви луѓе.

Тој е еден можеби од неколкуте автори културни дејци, културни работници што многу значеше за уметниците затоа што имаше визија, посочи Стојков.

Директорката на ЗАМП, Токовска Котевска истакна дека во неговото досие во ЗАМП уредно се пријавени 982 авторски дела, а како што кажа, Џамбазов несебично дал и голем придонес во авторската заштита, првенствено во претседателството на Сојузот на композиторите на Југославија, но и како долгогодишен член на УО и на НО на ЗАМП.

Неговиот син Игор Џамбазов им изрази благодарност на сите кои во овие лоши времиња присуствува на комеморацијата.

Ја чувствувам љубовта што ја имате кон вашиот омилен маестро, вашиот чичко Ацо, вашиот Џамбаз. Тања јас и целото семејство ви ветуваме дека истата оваа количина љубов ќе ја земеме сега со нас и ќе ја пренесеме во неговиот вечен дом. Денес тоа ќе го направиме само во најблискиот круг на семејството, а вие уште од попладне ќе можете да му оддадете последна почит на еден благодарен човек, на еден кроток, мирен господин, на еден човек кој кога ќе му го споменевте името настрана, прво што предизвикуваше кај луѓето беше насмевка. Човек кој цел живот беше во сенка на други, а всушност е најголем во нашето семејство. Прво викаше што сум јас, цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор – што сум јас. Сега ќе ти кажам – ти си маестро, рече Игор.

Александар Џамбазов иако е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина – Србија, целото детство го поминал во Штип и Скопје каде стекнува основно и средно музичко образование. Дипломирал во 1960 година на Музичката академија во Белград во класата на Марко Тајчевиќ. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио телевизија, најнапред како млад соработник во музичките редакции, а потоа како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Тој е еден од иницијаторите и основоположниците на Скопскиот фестивал на забавни мелодии и на Фестивалот на детски песни „Златно славејче“ на кој го доби и прекарот „чичко Ацо“. Освен во популарните жанрови, во кој има бројни забавни мелодии и детски песни, во творечкиот опус на Џамбазов има дела од класичната музика, оркестарски, хорски и камерни творби, творби за бас и пијано, музика за филм и театарски претстави. За својата музичка дејност е добитник на голем бројни највисоки државни и стручни награди, а неговото дело Рапсодија за пијано и симфониски оркестар има добиено награда на Меѓународниот конкурс во Италија.

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

The post Комеморација за маестро Александар Џамбазов: Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, генијалноста appeared first on Република.

]]>

Постојат повеќе дефиниции за зборот господин, но господин тешко се станува – таков треба да се родиш, а таква привилегија имаат малку луѓе. Маестро Џамбазов беше навистина тоа, роден господин. Кој ја имал привилегијата да го запознае и кој ја допрел неговата добрина никогаш нема да ја заборави. Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, по генијалноста. Композитор, прв диригент, човек на Сојузот на композиторите на Југославија од далечната 1958 година. Дојдовме овде да се поклониме и да кажеме едно големо благодарам за секој момент, за секој збор со кој несебично не почести. Нека тие светол патот кон идеите мој мил мајсторе, рече денеска директорката на ЗАМП, Антоанета Токовска Котевска на комеморацијата во чест на диригентот и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст. Комеморацијата во фоајето на Националната опера и балет почна со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк.
Си заминува во музичката историја Александар Џамбазов, човекот чие име повеќе од 50 години растеше и израсна во синоним на македонската популарна музика. Во тој долг творечки период неуморниот творец создаваше многубројни композиции во повеќе музички жанрови. Во последните 15-тина години се повлече од музичката сцена. Последната средба со скопската публика беше на јубилејниот концерт што го организираше Сојузот на композиторите на Македонија по повод 50 годишнината. Тогаш во преполнетата сала на АРМ прозвучеа најубавите композиции на маестро Џамбазов. Тоа беше еден од најубавите музички настани од осамостојувањето на Република Македонија и како да оживеаја надежите дека може да се врати златниот период на македонската популарна музика, рече во својот говор претседателот на Собранието на Сојузот на композитори на Македонија, Јане Коџобашија.
Неговиот колега Стојан Стојков рече дека тешко паѓа кога ќе се изгуби колега и кога полека, полека се помалку и помалку има такви луѓе.
Тој е еден можеби од неколкуте автори културни дејци, културни работници што многу значеше за уметниците затоа што имаше визија, посочи Стојков.
Директорката на ЗАМП, Токовска Котевска истакна дека во неговото досие во ЗАМП уредно се пријавени 982 авторски дела, а како што кажа, Џамбазов несебично дал и голем придонес во авторската заштита, првенствено во претседателството на Сојузот на композиторите на Југославија, но и како долгогодишен член на УО и на НО на ЗАМП. Неговиот син Игор Џамбазов им изрази благодарност на сите кои во овие лоши времиња присуствува на комеморацијата.
Ја чувствувам љубовта што ја имате кон вашиот омилен маестро, вашиот чичко Ацо, вашиот Џамбаз. Тања јас и целото семејство ви ветуваме дека истата оваа количина љубов ќе ја земеме сега со нас и ќе ја пренесеме во неговиот вечен дом. Денес тоа ќе го направиме само во најблискиот круг на семејството, а вие уште од попладне ќе можете да му оддадете последна почит на еден благодарен човек, на еден кроток, мирен господин, на еден човек кој кога ќе му го споменевте името настрана, прво што предизвикуваше кај луѓето беше насмевка. Човек кој цел живот беше во сенка на други, а всушност е најголем во нашето семејство. Прво викаше што сум јас, цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор – што сум јас. Сега ќе ти кажам – ти си маестро, рече Игор.
Александар Џамбазов иако е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина – Србија, целото детство го поминал во Штип и Скопје каде стекнува основно и средно музичко образование. Дипломирал во 1960 година на Музичката академија во Белград во класата на Марко Тајчевиќ. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио телевизија, најнапред како млад соработник во музичките редакции, а потоа како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Тој е еден од иницијаторите и основоположниците на Скопскиот фестивал на забавни мелодии и на Фестивалот на детски песни „Златно славејче“ на кој го доби и прекарот „чичко Ацо“. Освен во популарните жанрови, во кој има бројни забавни мелодии и детски песни, во творечкиот опус на Џамбазов има дела од класичната музика, оркестарски, хорски и камерни творби, творби за бас и пијано, музика за филм и театарски претстави. За својата музичка дејност е добитник на голем бројни највисоки државни и стручни награди, а неговото дело Рапсодија за пијано и симфониски оркестар има добиено награда на Меѓународниот конкурс во Италија. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

The post Комеморација за маестро Александар Џамбазов: Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, генијалноста appeared first on Република.

]]>