маестра Ѓурѓица Дашиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maestra-gurgitsa-dashik/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 12:12:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маестра Ѓурѓица Дашиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maestra-gurgitsa-dashik/ 32 32 Едвај чекам да музицираме со оркестарот „Профундис“ и маестра Ѓурѓица Дашиќ, рече виртуозот на виолина Роман Симовиќ пред концертот во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/edvaj-chekam-da-muzitsirame-so-orkestarot-profundis-i-maestra-gurgitsa-dashik-reche-virtuozot-na-violina-roman-simovik-pred-kontsertot-vo-skopje/ Thu, 12 Oct 2023 11:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=690545

Виртуозниот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат на концертниот спектакл „Роман“ на 16 октомври во големата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20:30 часот.

На денешната прес-конференција по повод најавениот концерт беа презентирани деталите за овој спектакуларен настан.

Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, првиот е брилијатноста во изведбата на светски прославениот Роман Симовиќ, концерт-мајстор на престижната Лондонска филхармонија и еден од моментално водечките виолинисти во светот, чие гостување како солист на нашиот концерт уште еднаш го потврдува статусот на „Профундис“ како водечки уметнички камерен состав во Македонија, но и во регионот. Понатаму, уникатноста на програмата, па така на големата сцена на Филхармонија ќе прозвучат делата на тројцата најголеми британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Сето ова, проткаено со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“ се гаранција за концертен спектакл кој со сигурност ќе ги воодушеви присутните, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на камерниот оркестар.

Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, вели маесетра Ѓурѓица Дашиќ

На прес-конференција свое обраќање имаше и Симовиќ, кој не ја криеше возбудата за најавениот настап во Скопје.

Многу сум среќен што доаѓам во Скопје после подолг период. Возбуден сум од можноста за соработка со македонскиот камерен оркестар „Профундис“ за кого имам слушнато само пофалби и убави зборови од моите колеги, а особено драга ми е средбата со диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Во Скопје ќе престојувам неколку дена, ќе имаме неколку заеднички проби и едвај чекам да музицираме заедно. Особено драга ќе ми биде изведбата на Пјацола, врвно и многу ефективно дело за кое ветувам дека ќе го оставам срцето и душата на сцена!“ – кажа Роман Симовиќ пред присутните новинари.

Инаку, камерниот оркестар „Профундис“ уметникува на македонската културна сцена веќе четири години, а на оваа прва официјална средба со новинарите беа презентирани и најистакнатите проекти на овој уметнички состав низ годините.

Имаме реализирано 27 концерти овие четири години, интернационални гостувања и мултимедијални спектакли, со врвни македонски солисти, но и со познати имиња од светската класична музичка сцена како Ирина Мурезану, Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, Јован Богосављевиќ, Огњен Поповиќ, Данијеле Ајело, Џузепе Нова, Антонио ди Кристофано, Благој Нацоски, Владимир Костор, Ема Попивода и многу други. Оставаме публиката и концертите да бидат потврда за квалитетот и вредноста која „Профундис“ ја има како изграден бренд., додаде Јане Бакевски, креативен директор во „Профундис“.

Климент Тодороски, концерт-мајстор на „Профундис“, уште еднаш ја потенцираше важноста на соработката со овој голем музички великан, за кој како што кажа, е врвен инструменталист, свири на исклучително скап и редок инструмент и му е драго што „Профундис“ ќе биде дел од листата на имиња со кои Роман Симовиќ има настапувано, упатувајќи покана кон колегите од фелата да бидат сведоци на овој мајсторски концерт.

Влезниците за концертниот спектакл „Роман“ се достапни во ограничен број преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС како и онлајн (https://www.karti.com.mk/roman.nspx), по цени кои почнуваат од 500 денари.

The post Едвај чекам да музицираме со оркестарот „Профундис“ и маестра Ѓурѓица Дашиќ, рече виртуозот на виолина Роман Симовиќ пред концертот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Виртуозниот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат на концертниот спектакл „Роман“ на 16 октомври во големата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20:30 часот. На денешната прес-конференција по повод најавениот концерт беа презентирани деталите за овој спектакуларен настан.
Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, првиот е брилијатноста во изведбата на светски прославениот Роман Симовиќ, концерт-мајстор на престижната Лондонска филхармонија и еден од моментално водечките виолинисти во светот, чие гостување како солист на нашиот концерт уште еднаш го потврдува статусот на „Профундис“ како водечки уметнички камерен состав во Македонија, но и во регионот. Понатаму, уникатноста на програмата, па така на големата сцена на Филхармонија ќе прозвучат делата на тројцата најголеми британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Сето ова, проткаено со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“ се гаранција за концертен спектакл кој со сигурност ќе ги воодушеви присутните, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на камерниот оркестар.
Концертот дефинитивно го најавивме како спектакл поради повеќе аспекти, вели маесетра Ѓурѓица Дашиќ На прес-конференција свое обраќање имаше и Симовиќ, кој не ја криеше возбудата за најавениот настап во Скопје.
Многу сум среќен што доаѓам во Скопје после подолг период. Возбуден сум од можноста за соработка со македонскиот камерен оркестар „Профундис“ за кого имам слушнато само пофалби и убави зборови од моите колеги, а особено драга ми е средбата со диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Во Скопје ќе престојувам неколку дена, ќе имаме неколку заеднички проби и едвај чекам да музицираме заедно. Особено драга ќе ми биде изведбата на Пјацола, врвно и многу ефективно дело за кое ветувам дека ќе го оставам срцето и душата на сцена!“ – кажа Роман Симовиќ пред присутните новинари.
Инаку, камерниот оркестар „Профундис“ уметникува на македонската културна сцена веќе четири години, а на оваа прва официјална средба со новинарите беа презентирани и најистакнатите проекти на овој уметнички состав низ годините.
Имаме реализирано 27 концерти овие четири години, интернационални гостувања и мултимедијални спектакли, со врвни македонски солисти, но и со познати имиња од светската класична музичка сцена како Ирина Мурезану, Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, Јован Богосављевиќ, Огњен Поповиќ, Данијеле Ајело, Џузепе Нова, Антонио ди Кристофано, Благој Нацоски, Владимир Костор, Ема Попивода и многу други. Оставаме публиката и концертите да бидат потврда за квалитетот и вредноста која „Профундис“ ја има како изграден бренд., додаде Јане Бакевски, креативен директор во „Профундис“.
Климент Тодороски, концерт-мајстор на „Профундис“, уште еднаш ја потенцираше важноста на соработката со овој голем музички великан, за кој како што кажа, е врвен инструменталист, свири на исклучително скап и редок инструмент и му е драго што „Профундис“ ќе биде дел од листата на имиња со кои Роман Симовиќ има настапувано, упатувајќи покана кон колегите од фелата да бидат сведоци на овој мајсторски концерт. Влезниците за концертниот спектакл „Роман“ се достапни во ограничен број преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС како и онлајн (https://www.karti.com.mk/roman.nspx), по цени кои почнуваат од 500 денари.  