Маџар Телеком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/madzar-telekom/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 10:57:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маџар Телеком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/madzar-telekom/ 32 32 Хајредини: Во Македонија не се казнети тие што од „Телеком“ примиле по 2,5 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-vo-makedonija-ne-se-kazneti-tie-shto-od-telekom-primile-po-2-5-milioni-evra/ Tue, 21 May 2024 10:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=780473

Oткако врховниот судија Наке Георгиев беше уапсен за земени 10.000 евра поради примање на награда поради противзаконтио влијание, пораншениот министер за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајрединипотсетува дека неказнети останале лицата вмешени во аферата со „Телеком“.

Не ми е познато колку е казната за мито од 10.000 евра, меѓутоа, познато е дека во Македонија не се казнети тие што од „Телеком“ примиле по 2,5 милиони евра, вели Хајредини.

Хајредини неколкупати јавно го прашуваше поранешниот премиер Димитар Ковачевски кога Владата ќе го избрка „Телеком“ од земјава, по скандалот со поткупувањето политичари во земјава и во други држави од регионот, за кој компанијата-мајка, „Дојче Телеком“ беше тужена и спогодбено плати казна во САД.

По десетти пат, истото прашање до Ковачевски: Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земја? Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции. 

П.С. Сигурно и самиот не мисли дека на прашањето одговорил кога вели: „Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го цениме што се јавивте”.

Не случајно, и Зоран Заев, при една средба во својот кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети „искрена соработка” на Владата и во иднина, исто како во минатото. Заев пред да замине изјави дека во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските ешалони.

Уште нешто: Компанија која ги корумпира државните функционери, како што е случајот со „Телеком“, од каде Вие сте дојдени, не може да биде „препознатлив бренд”, како, од само на Вас познати причини, така ја нарекувате, пишуваше Хајредини.

The post Хајредини: Во Македонија не се казнети тие што од „Телеком“ примиле по 2,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Oткако врховниот судија Наке Георгиев беше уапсен за земени 10.000 евра поради примање на награда поради противзаконтио влијание, пораншениот министер за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајрединипотсетува дека неказнети останале лицата вмешени во аферата со „Телеком“.
Не ми е познато колку е казната за мито од 10.000 евра, меѓутоа, познато е дека во Македонија не се казнети тие што од „Телеком“ примиле по 2,5 милиони евра, вели Хајредини.
Хајредини неколкупати јавно го прашуваше поранешниот премиер Димитар Ковачевски кога Владата ќе го избрка „Телеком“ од земјава, по скандалот со поткупувањето политичари во земјава и во други држави од регионот, за кој компанијата-мајка, „Дојче Телеком“ беше тужена и спогодбено плати казна во САД.
По десетти пат, истото прашање до Ковачевски: Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земја? Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции.  П.С. Сигурно и самиот не мисли дека на прашањето одговорил кога вели: „Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го цениме што се јавивте”. Не случајно, и Зоран Заев, при една средба во својот кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети „искрена соработка” на Владата и во иднина, исто како во минатото. Заев пред да замине изјави дека во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските ешалони. Уште нешто: Компанија која ги корумпира државните функционери, како што е случајот со „Телеком“, од каде Вие сте дојдени, не може да биде „препознатлив бренд”, како, од само на Вас познати причини, така ја нарекувате, пишуваше Хајредини.

The post Хајредини: Во Македонија не се казнети тие што од „Телеком“ примиле по 2,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Со име и презиме треба да се извадат луѓето кои 12 години не го суделе Маѓар Телеком и другите предмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-so-ime-i-prezime-treba-da-se-izvadat-lugeto-koi-12-godini-ne-go-sudele-magar-telekom-i-drugite-predmeti/ Thu, 21 Dec 2023 19:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=725420

Во интервју за Канал 5 претседателот Пендаровски вечерва зборуваше за неодамнешните измени во Кривичниот законик и реакциите во јавноста откако тој го потпиша Указот за прогласување на законот.

Претседателот Пендаровски истакна дека е недозволиво во една демократска држава еден процес да трае 10 или повеќе години.

„Јас мислам дека со име и презиме треба да се извадат луѓето кои 12 години не го суделе Маѓар Телеком, луѓето кои осум години не ги суделе овие другите предмети. Значи не е проблемот до законот, до човечкиот материјал е“, потенцираше претседателот Пендаровски.

Во оваа насока претседателот Пендаровски се осврна и на работата на Судскиот совет чија задача е да ги санкционира судиите за кои ќе утврди дека ги одолговлекуваат судските процеси.

„Судиите коишто решиле да не судат, а Судскиот Совет не ги казнува, не ги дисциплинира, не ги дистанцира од судењето, зошто не се во судница?!“, рече претседателот Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5.

The post Пендаровски: Со име и презиме треба да се извадат луѓето кои 12 години не го суделе Маѓар Телеком и другите предмети appeared first on Република.

]]>

Во интервју за Канал 5 претседателот Пендаровски вечерва зборуваше за неодамнешните измени во Кривичниот законик и реакциите во јавноста откако тој го потпиша Указот за прогласување на законот. Претседателот Пендаровски истакна дека е недозволиво во една демократска држава еден процес да трае 10 или повеќе години.
„Јас мислам дека со име и презиме треба да се извадат луѓето кои 12 години не го суделе Маѓар Телеком, луѓето кои осум години не ги суделе овие другите предмети. Значи не е проблемот до законот, до човечкиот материјал е“, потенцираше претседателот Пендаровски.
Во оваа насока претседателот Пендаровски се осврна и на работата на Судскиот совет чија задача е да ги санкционира судиите за кои ќе утврди дека ги одолговлекуваат судските процеси. „Судиите коишто решиле да не судат, а Судскиот Совет не ги казнува, не ги дисциплинира, не ги дистанцира од судењето, зошто не се во судница?!“, рече претседателот Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5.

The post Пендаровски: Со име и презиме треба да се извадат луѓето кои 12 години не го суделе Маѓар Телеком и другите предмети appeared first on Република.

]]>
По 8 години затвор за Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас за случајот „Маџар Телеком“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-8-godini-zatvor-za-atila-sendrej-rolf-plat-i-zoltan-kishjuhas-za-sluchajot-madhar-telekom/ Wed, 22 Mar 2023 06:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=622235

Kривичниот суд Скопје ја објави првостепената пресуда за предметот „Маџар Телеком“ против три лица, двајца Унгарци и еден Германец, на кои им се судеше во отсуство, бидејќи не се достапни за органите на прогон.

Станува збор за Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас.

Тројцата обвинети се прогласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата. Поранешните високи функционери во компанијата беа обвинети дека ги оштетиле буџетот и домашниот Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.

Секој од обвинетите доби по 8 години затворска казна. Воедно, обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата во висина од 67.407.760 денари за Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

The post По 8 години затвор за Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас за случајот „Маџар Телеком“ appeared first on Република.

]]>

Kривичниот суд Скопје ја објави првостепената пресуда за предметот „Маџар Телеком“ против три лица, двајца Унгарци и еден Германец, на кои им се судеше во отсуство, бидејќи не се достапни за органите на прогон. Станува збор за Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас. Тројцата обвинети се прогласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата. Поранешните високи функционери во компанијата беа обвинети дека ги оштетиле буџетот и домашниот Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа. Секој од обвинетите доби по 8 години затворска казна. Воедно, обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата во висина од 67.407.760 денари за Македонија, како и судските трошоци за постапката. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

The post По 8 години затвор за Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас за случајот „Маџар Телеком“ appeared first on Република.

]]>
Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vkupna-kazna-od-24-godini-za-trojtsata-obvineti-za-predmetot-madhar-telekom/ Tue, 21 Mar 2023 16:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=622149

Основниот кривичен суд Скопје, денеска јавно ја објави првостепената пресуда за предметот со К.бр. 817/11 од обвинителството означен како „Маџар телеком“ против обвинетите А.И.С., Р.П. и З.К. на кои им се судеше во отсуство со оглед дека не беа достапни за органите на прогон.

Како што е објавено на веб страницата на Основниот суд Скопје 1, согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ од чл. 353 – в ст.4 в.в. со ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ и се осудуваат на казни затвор од по осум години за секој од обвинетите.

Воедно, со пресудата, обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Репбулика Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје, наведуваат од Основен кривичен суд Скопје.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа во 2016 година случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Золтан Кешиус, кои беа осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на државата.

 

The post Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“ appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје, денеска јавно ја објави првостепената пресуда за предметот со К.бр. 817/11 од обвинителството означен како „Маџар телеком“ против обвинетите А.И.С., Р.П. и З.К. на кои им се судеше во отсуство со оглед дека не беа достапни за органите на прогон. Како што е објавено на веб страницата на Основниот суд Скопје 1, согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ од чл. 353 – в ст.4 в.в. со ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ и се осудуваат на казни затвор од по осум години за секој од обвинетите. Воедно, со пресудата, обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Репбулика Македонија, како и судските трошоци за постапката. Против оваа пресуда странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје, наведуваат од Основен кривичен суд Скопје. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа во 2016 година случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Золтан Кешиус, кои беа осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на државата.  

The post Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски препорача да се пријави корупција, па Божиновски го пријави него за Маџар Телеком https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-preporacha-da-se-prijavi-korupcija-pa-bozinovski-go-prijavi-nego-za-madzar-telekom/ Tue, 06 Dec 2022 14:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=582587

Во објава со наслов „ДОПРЕН“ КОРУМПИРАН ПРЕМИЕР новинарот Зоран Божиновски јавно пријавува дека премиерот Ковачевски е корумпиран за случајот „Маѓар Телеком“:

Во однос на заложбите на Владата, јас апсолутно ги поттикнувам сите коишто се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институции коишто се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности, изјави претседателот на Владата.

По ова Божиновски јавно го обвинува за корупција објавувајќи досега малку познати детали за Ковачевски додека работел во Телеком.

Еве јас си го слушам ПРЕМИЕРОТ, па јавно пријавувам дека е КОРУМПИРАН, а нудам доказ во прилог на оваа објава. Нудам маил порака од 6 јули 2006 година, предпладне. АНДРАШ БАЛОГ, во Њујорк осуден бивш директор во „Маѓар Телеком“ му пишува маил порака на АТИЛА СЕНДРЕИ, бивш директор во истата компанија, инаку баран со меѓународна потерница од Македонија. Во маилот БАЛОГ пишува вака:

Атила,

препорака од Германски Телеком.

Славко Пројкоски и Димитар Ковачевски мораме да ги наградиме бидејки сите трансакции идеа преку нив. Прашајте ги дали сакаат сметки во Дојче Банк. Мислам дека таму е посигурно отколку во Македонија.
Препорака од Германски Телеком.

Мораме да ги задоволиме владините барања за менаџерски работни позиции. Да се изврши подготовка за набавка на нова опрема за надзор на комуникации.
Набавките мора да одат преку ЕКСИКО.
Одговорни лица ке бидат Димитар Ковачевски и Славко Пројкоски. За оваа работа да се известат Жарко Луковски, Небојша Станковиќ и Мр Мирослав Хавлик.

Поздрав, АНДРАШ БАЛОГ
………………………………………………

Според Божиновски во електронската порака БАЛОГ и СЕНДРЕИ комуницираат по подмитувањето на македонските владини и опозициони функционери.

После купувањето од нив (ДУИ, ДПМНЕ и СДС од Нашата земја) на МОНОПОЛСКА ПОЗИЦИЈА на територија на МАКЕДОНИЈА, преку гласање во Собрание на Закон каков нарачале. Главни лица преку кои биле исплаќани парите за подмитување биле актуелниот премиер ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ и СЛАВКО ПРОЈКОСКИ актуелен директор во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ.

Наша актуелна несреќа е да имаме премиер КОРУМПИРАН ДО СРЖ! Читаме дека за извршување на сите трансакции, заедно со Пројкоски биле исплатени преку новоотворени сметки во ДОЈЧЕ БАНК, оти така било посигурно отколку преку македонските банки. ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ корумпира, па во ДОЈЧЕ БАНК ги исплаќа корумпираните!

Понатаму читаме за дадена задача, а по препорака на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, преку фирма на Жарко Луковски, ,,ЕКСИКО,, да се набави нова опрема за надзор на комуникации т.е. опрема за прислушување на граѓаните. Нели после ова имавме афера ,,БОМБИ,, и 20.000 прислушувани граѓани…

Вчера новоименуваната амбасадорка на САД во Македонија, г. АГЕЛЕР се сретна со премиерот Ковачевски и разговарале за ,,БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА!,,. Ни помалку ни повеќе.

Добивам прашања во инбокс на ФБ од типот: зошто не и пишеш на американската амбасадорка и зошто не бараш да те прими!?

Искрено, не знам зошто НЕ и пишувам и зошто НЕ барам да ме прими! Можеби треба неа да ја прашате. Јас чекам обвинителство да реагира по ДОПРЕН ГЛАС. Американската амбасадорка лесно може да провери дали нашиот премиер воопшто учел средно училиште и дали завршил во Вотервил, САД. После може да проверува и како докторирал ,,КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ,, во Подгорица…

Па ќе се допишуваме и среќаваме со амбасадорката…

п.с. САД имаше амбасадор на почеток на овој век во Македонија, ЛОРЕНС БАТЛЕР. Заради корупција баш од страна на таткото на нашиот актуелен премиер, СЛЛОБОДАН КОВАЧЕВСКИ, тогашен градоначалник на Куманово, БАТЛЕР недостојно беше отпуштен од служба и испратен по казна во поствоен Ирак…”, пишува Божиновски.

Денеска Ковачевски, владата и СДСМ немаат реакција за обвинувањата од Божиновски.

Засега нема реакција ниту од Јавното обвинителство кое може да го третира случајот откако Божиновски објавува порака во која се спомнува Ковачевски.

The post Ковачевски препорача да се пријави корупција, па Божиновски го пријави него за Маџар Телеком appeared first on Република.

]]>

Во објава со наслов „ДОПРЕН“ КОРУМПИРАН ПРЕМИЕР новинарот Зоран Божиновски јавно пријавува дека премиерот Ковачевски е корумпиран за случајот „Маѓар Телеком“:
Во однос на заложбите на Владата, јас апсолутно ги поттикнувам сите коишто се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институции коишто се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности, изјави претседателот на Владата.
По ова Божиновски јавно го обвинува за корупција објавувајќи досега малку познати детали за Ковачевски додека работел во Телеком.
Еве јас си го слушам ПРЕМИЕРОТ, па јавно пријавувам дека е КОРУМПИРАН, а нудам доказ во прилог на оваа објава. Нудам маил порака од 6 јули 2006 година, предпладне. АНДРАШ БАЛОГ, во Њујорк осуден бивш директор во „Маѓар Телеком“ му пишува маил порака на АТИЛА СЕНДРЕИ, бивш директор во истата компанија, инаку баран со меѓународна потерница од Македонија. Во маилот БАЛОГ пишува вака: Атила, препорака од Германски Телеком. Славко Пројкоски и Димитар Ковачевски мораме да ги наградиме бидејки сите трансакции идеа преку нив. Прашајте ги дали сакаат сметки во Дојче Банк. Мислам дека таму е посигурно отколку во Македонија. Препорака од Германски Телеком. Мораме да ги задоволиме владините барања за менаџерски работни позиции. Да се изврши подготовка за набавка на нова опрема за надзор на комуникации. Набавките мора да одат преку ЕКСИКО. Одговорни лица ке бидат Димитар Ковачевски и Славко Пројкоски. За оваа работа да се известат Жарко Луковски, Небојша Станковиќ и Мр Мирослав Хавлик. Поздрав, АНДРАШ БАЛОГ ………………………………………………
Според Божиновски во електронската порака БАЛОГ и СЕНДРЕИ комуницираат по подмитувањето на македонските владини и опозициони функционери.
После купувањето од нив (ДУИ, ДПМНЕ и СДС од Нашата земја) на МОНОПОЛСКА ПОЗИЦИЈА на територија на МАКЕДОНИЈА, преку гласање во Собрание на Закон каков нарачале. Главни лица преку кои биле исплаќани парите за подмитување биле актуелниот премиер ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ и СЛАВКО ПРОЈКОСКИ актуелен директор во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ. Наша актуелна несреќа е да имаме премиер КОРУМПИРАН ДО СРЖ! Читаме дека за извршување на сите трансакции, заедно со Пројкоски биле исплатени преку новоотворени сметки во ДОЈЧЕ БАНК, оти така било посигурно отколку преку македонските банки. ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ корумпира, па во ДОЈЧЕ БАНК ги исплаќа корумпираните! Понатаму читаме за дадена задача, а по препорака на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, преку фирма на Жарко Луковски, ,,ЕКСИКО,, да се набави нова опрема за надзор на комуникации т.е. опрема за прислушување на граѓаните. Нели после ова имавме афера ,,БОМБИ,, и 20.000 прислушувани граѓани… Вчера новоименуваната амбасадорка на САД во Македонија, г. АГЕЛЕР се сретна со премиерот Ковачевски и разговарале за ,,БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА!,,. Ни помалку ни повеќе. Добивам прашања во инбокс на ФБ од типот: зошто не и пишеш на американската амбасадорка и зошто не бараш да те прими!? Искрено, не знам зошто НЕ и пишувам и зошто НЕ барам да ме прими! Можеби треба неа да ја прашате. Јас чекам обвинителство да реагира по ДОПРЕН ГЛАС. Американската амбасадорка лесно може да провери дали нашиот премиер воопшто учел средно училиште и дали завршил во Вотервил, САД. После може да проверува и како докторирал ,,КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ,, во Подгорица… Па ќе се допишуваме и среќаваме со амбасадорката… п.с. САД имаше амбасадор на почеток на овој век во Македонија, ЛОРЕНС БАТЛЕР. Заради корупција баш од страна на таткото на нашиот актуелен премиер, СЛЛОБОДАН КОВАЧЕВСКИ, тогашен градоначалник на Куманово, БАТЛЕР недостојно беше отпуштен од служба и испратен по казна во поствоен Ирак…”, пишува Божиновски.
Денеска Ковачевски, владата и СДСМ немаат реакција за обвинувањата од Божиновски. Засега нема реакција ниту од Јавното обвинителство кое може да го третира случајот откако Божиновски објавува порака во која се спомнува Ковачевски.

The post Ковачевски препорача да се пријави корупција, па Божиновски го пријави него за Маџар Телеком appeared first on Република.

]]>
Хајредини до премиерот: Се правиш или не знаеш за митото од по 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-do-premierot-se-pravish-ili-ne-znaesh-za-mitoto-od-po-2-5-milioni-evra-od-telekom-za-drzavni-funkcioneri/ Sun, 04 Dec 2022 15:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=581687

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини го прашува премиерот дали се прави, или не знае за митото од 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери – случај за кој судот во Њујорк ги казни директорите на Маѓар Телеком, а овдешниот суд чека делото да застари.

Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на Телеком го исплатиле на нашите државни функционери? За ова дело судот во Њујорк директорите на Маѓар Телеком ги казнил, а во Македонија се чека делото да застари, иако Врховниот Суд, по нивна жалба, одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел, пишува Хајредини.

The post Хајредини до премиерот: Се правиш или не знаеш за митото од по 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери? appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини го прашува премиерот дали се прави, или не знае за митото од 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери – случај за кој судот во Њујорк ги казни директорите на Маѓар Телеком, а овдешниот суд чека делото да застари.
Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на Телеком го исплатиле на нашите државни функционери? За ова дело судот во Њујорк директорите на Маѓар Телеком ги казнил, а во Македонија се чека делото да застари, иако Врховниот Суд, по нивна жалба, одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел, пишува Хајредини.

The post Хајредини до премиерот: Се правиш или не знаеш за митото од по 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери? appeared first on Република.

]]>