Мадагаскар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/madagaskar/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 21:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мадагаскар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/madagaskar/ 32 32 Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dva-broda-so-migranti-se-prevrtea-kaj-madagaskar-25-zaginati/ Mon, 25 Nov 2024 21:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=841707

Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.

На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе. Мајот е на околу 1.600 километри од Могадишу.

Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.

Министерството за надворешни работи на Мадагаскар побара помош од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН.

Секоја година, многу млади Сомалијци тргнуваат на опасни патувања во потрага по подобар живот во странство.

 

The post Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати appeared first on Република.

]]>

Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти. Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот. На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе. Мајот е на околу 1.600 километри од Могадишу. Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек. Министерството за надворешни работи на Мадагаскар побара помош од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН. Секоја година, многу млади Сомалијци тргнуваат на опасни патувања во потрага по подобар живот во странство.  

The post Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати appeared first on Република.

]]>
32 лица загинаа во напад на локална банда во Мадагаскар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/32-lica-zaginaa-vo-napad-na-lokalna-banda-vo-madagaskar/ Sun, 31 Jul 2022 14:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=535373

Најмалку 32 лица загинаа во Мадагаскар во област северно од главниот град, откако локални бандити познати како „дахало“ ја нападнале областа и запалиле приватни куќи, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Убиствата се случиле во текот на ноќта во областа Анказобе, околу 75 километри северно од главниот град Антананариво, пренесува Ројтерс.

„Луѓето овде доживеаја вистинска трагедија…загубени многу животи. Загинаа 32 лица. Тоа е злосторство извршено од безмилосни дахало (бандити) кои живи запалија дури и жени и деца“, рече министерот за одбрана, генерал Ричард Ракотонирина во видеото објавено на Фејсбук страница на Министерството за одбрана.

„Дахало“ се организирани криминални банди кои дејствуваат во некои делови на Мадагаскар, крадејќи добиток од членовите на заедницата и организирајќи други различни форми на бандитизам.

„Ќе ги ловиме сторителите на ова злосторство и нивните соучесници“, рече Ракотонирина, додавајќи дека безбедносните сили се распоредени во областа за да ги фатат сторителите.

МАДАГАСКАР

The post 32 лица загинаа во напад на локална банда во Мадагаскар appeared first on Република.

]]>

Најмалку 32 лица загинаа во Мадагаскар во област северно од главниот град, откако локални бандити познати како „дахало“ ја нападнале областа и запалиле приватни куќи, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. Убиствата се случиле во текот на ноќта во областа Анказобе, околу 75 километри северно од главниот град Антананариво, пренесува Ројтерс.
„Луѓето овде доживеаја вистинска трагедија…загубени многу животи. Загинаа 32 лица. Тоа е злосторство извршено од безмилосни дахало (бандити) кои живи запалија дури и жени и деца“, рече министерот за одбрана, генерал Ричард Ракотонирина во видеото објавено на Фејсбук страница на Министерството за одбрана.
„Дахало“ се организирани криминални банди кои дејствуваат во некои делови на Мадагаскар, крадејќи добиток од членовите на заедницата и организирајќи други различни форми на бандитизам. „Ќе ги ловиме сторителите на ова злосторство и нивните соучесници“, рече Ракотонирина, додавајќи дека безбедносните сили се распоредени во областа за да ги фатат сторителите. МАДАГАСКАР

The post 32 лица загинаа во напад на локална банда во Мадагаскар appeared first on Република.

]]>