мачење животни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/machenje-zivotni/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 17:07:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мачење животни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/machenje-zivotni/ 32 32 Кривична пријава за мачење животни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-machene-zhivotni/ Fri, 22 Nov 2024 17:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=840918

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Н.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

На 06.10.2024 во с.Долна Бањица, гостиварско, пријавениот со воздушна пушка пукал кон куче, соопшти МВР.

The post Кривична пријава за мачење животни appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Н.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
На 06.10.2024 во с.Долна Бањица, гостиварско, пријавениот со воздушна пушка пукал кон куче, соопшти МВР.

The post Кривична пријава за мачење животни appeared first on Република.

]]>
Уапсен крвникот кој со метална шипка по глава претепа куче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-krvnikot-koj-so-metalna-shipka-po-glava-pretepa-kuche/ Thu, 21 Nov 2024 16:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=840469

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

МВР соопшти дека со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од Казнениот законик.

За случајот се алармираше на социјалните медиуми, каде и беше објавено видеото на кое се гледа измачувањето на младото куче, кое во моментов е во ЈП „Лајка“.

Од таму информираат дека по два дена го виделе првиот знак на подобрување на состојбата.

Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме. Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење. Важно е дека е свесен и респонзивен!, велат од „Лајка“

Вознемирувачките видеа може да се погледат во коментарите од нивниот претходен пост:

The post Уапсен крвникот кој со метална шипка по глава претепа куче appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди. МВР соопшти дека со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од Казнениот законик. За случајот се алармираше на социјалните медиуми, каде и беше објавено видеото на кое се гледа измачувањето на младото куче, кое во моментов е во ЈП „Лајка“. Од таму информираат дека по два дена го виделе првиот знак на подобрување на состојбата.
Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме. Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење. Важно е дека е свесен и респонзивен!, велат од „Лајка“
Вознемирувачките видеа може да се погледат во коментарите од нивниот претходен пост:

The post Уапсен крвникот кој со метална шипка по глава претепа куче appeared first on Република.

]]>
Во домот на гостиварец пронајдени остатоци од мачки, неговата ја убил фрлајќи ја од шести спрат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-domot-na-gostivarets-pronajdeni-ostatotsi-od-machki-negovata-ja-ubil-frlajki-ja-od-shesti-sprat/ Thu, 25 Jul 2024 07:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=800015

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесена кривична пријава против Џ.Р.(44) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Како што соопштуваат од МВР, на 3 јули годинава пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.

 

The post Во домот на гостиварец пронајдени остатоци од мачки, неговата ја убил фрлајќи ја од шести спрат appeared first on Република.

]]>

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесена кривична пријава против Џ.Р.(44) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. Како што соопштуваат од МВР, на 3 јули годинава пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.  

The post Во домот на гостиварец пронајдени остатоци од мачки, неговата ја убил фрлајќи ја од шести спрат appeared first on Република.

]]>
20.000 евра казна за пресечените крилја на двата папагали во Пефкохори https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/20-000-evra-kazna-za-presechenite-krilja-na-dvata-papagali-vo-pefkohori/ Wed, 03 Jul 2024 14:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=793131

Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“.

Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.

Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.

The post 20.000 евра казна за пресечените крилја на двата папагали во Пефкохори appeared first on Република.

]]>

Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина. Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“. Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.
Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.

The post 20.000 евра казна за пресечените крилја на двата папагали во Пефкохори appeared first on Република.

]]>
Осум години затвор за Грк за убивање на бездомни мачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osum-godini-zatvor-za-grk-za-ubivane-na-bezdomni-machki/ Wed, 17 Jan 2024 17:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=734091

На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Во февруари минатата година, сега веќе осудениот беше уапсен по пријави од граѓани и видеа од безбедносни камери дека убива и измачува улични мачки, по што му беше одредена мерка притвор.

На судењето одржано вчера, според грчките медиуми, 33-годишниот бил осуден без никакви олеснувања, му се судело за убиства на две мачки, иако против него имало пријави за поглем број.

Ова е втор случај во Грција лице да биде осудено на затворска казна поради мачење или убиство на животно.

The post Осум години затвор за Грк за убивање на бездомни мачки appeared first on Република.

]]>

На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Во февруари минатата година, сега веќе осудениот беше уапсен по пријави од граѓани и видеа од безбедносни камери дека убива и измачува улични мачки, по што му беше одредена мерка притвор. На судењето одржано вчера, според грчките медиуми, 33-годишниот бил осуден без никакви олеснувања, му се судело за убиства на две мачки, иако против него имало пријави за поглем број. Ова е втор случај во Грција лице да биде осудено на затворска казна поради мачење или убиство на животно.

The post Осум години затвор за Грк за убивање на бездомни мачки appeared first on Република.

]]>
Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rasfrlal-salama-so-otrov-pred-tuga-kuka-dobi-samo-uslovna-i-3-000-evra-kazna/ Thu, 30 Nov 2023 12:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=717962

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.

Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.

Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело.

Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.
Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.
Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело. Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>
Фатени мажите што денеска влечеа и мачеа коњ низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-mazhite-shto-deneska-vlechea-i-machea-kon-niz-skopje/ Thu, 02 Mar 2023 19:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=615254

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.

Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

The post Фатени мажите што денеска влечеа и мачеа коњ низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“. Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

The post Фатени мажите што денеска влечеа и мачеа коњ низ Скопје appeared first on Република.

]]>