„Macedonia the GReat“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/macedonia-the-great/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 06:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Macedonia the GReat“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/macedonia-the-great/ 32 32 Не може македонското вино да е од Cеверна Македонија, тврди Мицотакис кој ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the GReat“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozhe-makedonskoto-vino-da-e-od-ceverna-makedonija-tvrdi-mitsotakis-koj-ja-aktuelizirashe-trgovskata-oznaka-macedonia-the-great/ Mon, 20 May 2024 19:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=780257

Македонската ознака во моменталните околности станува моќно средство на економската дипломатија. Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Cеверна Македонија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Во говорот на Генералното собрание на Асоцијацијата на грчки извозници (СЕВЕ), Мицотакис се осврна и на трговската ознака „Macedonia the Great“ за грчките производи, промовирана во ноември 2019 година, токму од конкретната Асоцијација, се потсети дека тогаш присуствуваше на презентацијата изразувајќи целосна поддршка, која ја повтори и вечерва.

Ни требаше време да ја регистрираме (трговската ознака), но на добар пат сме. Тоа е потег што добива и актуелно значење по последните провокативни регресии на нашите северни соседи. Нашата дипломатска реакција треба да биде придружена и со трговски контранапад, во прв план со автентичноста и квалитетот на производите и услуги на нашата Македонија и ова е и во ваши раце да го постигнеме заедно, им порача Мицотакис на присутните на Генералното собрание на СЕВЕ.

Освен за трговската ознака, грчкиот премиер се осврна и на Договорот од Преспа и на последните случувања во билатералните односи, уште еднаш порачувајќи дека ЕУ перспективата на Скопје, поминува низ Атина.

Гледајќи го веќе подолго време подемот на национализмот во Скопје, останавме претпазливи во прифаќањето на меморандумите што го придружуваат Договорот. За жал, развојот на настаните ја оправдаа оваа наша претпазливост. Позицијата на новата претседателка и на нејзините поддржувачи таму, за жал, и на мандатарот за премиер е и незаконска и провокативна. Затоа Грција ја отфрла и не ја прифаќа. Соседната држава мора да сфати, и ова мислам дека ги сфаќаат повеќето граѓани на Cеверна Македонија, дека патот кон Европа и напредокот поминува и низ нашата земја. И таму може да застане, истакна грчкиот премиер.

Уште еднаш потсети дека Нова демократија гласаше против Договорот од Преспа, но објаснувајќи дека „не затоа што не сакавме решение на прашањето, туку затоа што конкретниот Договор отстапи националност и јазик, македонска националност и јазик на соседите, поткопувајќи ја на овој начин иднината“.

Истакна дека предупредија, уште пред да дојдат на власт во 2019 година, дека ако овој Договор се ратификува, подоцна не може да се смени.

Како нова Влада го почитувавме овој грчки потпис на меѓународен договор, кој надвладува над секој закон, посочи Мицотакис.

The post Не може македонското вино да е од Cеверна Македонија, тврди Мицотакис кој ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the GReat“ appeared first on Република.

]]>

Македонската ознака во моменталните околности станува моќно средство на економската дипломатија. Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Cеверна Македонија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Во говорот на Генералното собрание на Асоцијацијата на грчки извозници (СЕВЕ), Мицотакис се осврна и на трговската ознака „Macedonia the Great“ за грчките производи, промовирана во ноември 2019 година, токму од конкретната Асоцијација, се потсети дека тогаш присуствуваше на презентацијата изразувајќи целосна поддршка, која ја повтори и вечерва.
Ни требаше време да ја регистрираме (трговската ознака), но на добар пат сме. Тоа е потег што добива и актуелно значење по последните провокативни регресии на нашите северни соседи. Нашата дипломатска реакција треба да биде придружена и со трговски контранапад, во прв план со автентичноста и квалитетот на производите и услуги на нашата Македонија и ова е и во ваши раце да го постигнеме заедно, им порача Мицотакис на присутните на Генералното собрание на СЕВЕ.
Освен за трговската ознака, грчкиот премиер се осврна и на Договорот од Преспа и на последните случувања во билатералните односи, уште еднаш порачувајќи дека ЕУ перспективата на Скопје, поминува низ Атина.
Гледајќи го веќе подолго време подемот на национализмот во Скопје, останавме претпазливи во прифаќањето на меморандумите што го придружуваат Договорот. За жал, развојот на настаните ја оправдаа оваа наша претпазливост. Позицијата на новата претседателка и на нејзините поддржувачи таму, за жал, и на мандатарот за премиер е и незаконска и провокативна. Затоа Грција ја отфрла и не ја прифаќа. Соседната држава мора да сфати, и ова мислам дека ги сфаќаат повеќето граѓани на Cеверна Македонија, дека патот кон Европа и напредокот поминува и низ нашата земја. И таму може да застане, истакна грчкиот премиер.
Уште еднаш потсети дека Нова демократија гласаше против Договорот од Преспа, но објаснувајќи дека „не затоа што не сакавме решение на прашањето, туку затоа што конкретниот Договор отстапи националност и јазик, македонска националност и јазик на соседите, поткопувајќи ја на овој начин иднината“. Истакна дека предупредија, уште пред да дојдат на власт во 2019 година, дека ако овој Договор се ратификува, подоцна не може да се смени.
Како нова Влада го почитувавме овој грчки потпис на меѓународен договор, кој надвладува над секој закон, посочи Мицотакис.

The post Не може македонското вино да е од Cеверна Македонија, тврди Мицотакис кој ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the GReat“ appeared first on Република.

]]>
Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-prodava-kako-grchki-proizvod-grtsite-ni-go-zedoa-i-ajvarot-vlasta-vo-skopje-molchi/ Fri, 30 Dec 2022 14:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=591909

Во маркетите низ Грција и во Европа започна да се продава ајвар. Оваа вест би била сосема нормална и за поздравува ако станува збор за производ направен во некоја од фабриките во Република Македонија. Но, ова е автентичен грчки производ и го прави погонот на „Liakada“.

На теглата стои натписот „Hellenic cousine“ „Paprika-Ajvar“. Тегла од 330 грама се продава за 3,4 евра.

Ова не е прв производ од „нивната“ „Македонија“ да се продава како грчки. Претходно тоа се случи со пиперките и виното.

https://republika.mk/vesti/balkan/brendot-e-zachuvan-grchki-piperki-od-makedonija-vo-germanski-marketi/

Грција веќе наголемо ја прововира кампањата „Мacedoniia the GReat иако специјална комисија меѓу двете земји допрва ќе треба да ги договара трговските марки согласно Договорот од Преспа.

The post Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи appeared first on Република.

]]>

Во маркетите низ Грција и во Европа започна да се продава ајвар. Оваа вест би била сосема нормална и за поздравува ако станува збор за производ направен во некоја од фабриките во Република Македонија. Но, ова е автентичен грчки производ и го прави погонот на „Liakada“. На теглата стои натписот „Hellenic cousine“ „Paprika-Ajvar“. Тегла од 330 грама се продава за 3,4 евра. Ова не е прв производ од „нивната“ „Македонија“ да се продава како грчки. Претходно тоа се случи со пиперките и виното. https://republika.mk/vesti/balkan/brendot-e-zachuvan-grchki-piperki-od-makedonija-vo-germanski-marketi/ Грција веќе наголемо ја прововира кампањата „Мacedoniia the GReat иако специјална комисија меѓу двете земји допрва ќе треба да ги договара трговските марки согласно Договорот од Преспа.

The post Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи appeared first on Република.

]]>