Лувр Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luvr/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 11:52:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лувр Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luvr/ 32 32 Синиша Кашавелски: На Зимскиот салон во Париз конкурирав со истата слика која ја одбија на македонскиот зимски салон и добив бронзена награда https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sinisha-kashavelski-na-zimskiot-salon-vo-pariz-konkurirav-so-istata-slika-koja-ja-odbija-na-makedonskiot-zimski-salon-i-dobiv-bronzena-nagrada/ Mon, 11 Mar 2024 11:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=753603

Синиша Кашавелски е меѓу Топ 10-те реалисти во светот, изложувал во Франција, Германија, Италија, Њујорк, Сингапур, во Пекинг во галерија која е меѓу најпрестижните во светски рамки, буквално нема земја каде што немал изложба или свое дело. Апсолутен победник е на бројни интернационални конкурси како што е Marchionni Prize“ во Сардинија, Италија, Гран при на „Art Eхpo“ во Венеција,  Jumbish World Art Competition во Индија со делото „Судбоносно време“ кое е наградено и во Рим и Америка и многу други. Најновото признание кое уметникот го доби деновиве, пак, е специјалната награда Artelibre на ModPortrait Contest, а награденото дело оди на изложбата на финалистите на Европскиот музеј за модерна уметност MEAM во Шпанија.

Неговиот невообичаен професионален успех почнува пред 12 години кога домашната уметничка фела ќе му каже „не“ и ќе го одбие неговото пријавено дело на Зимскиот салон во 2012 година во Скопје. Но, затоа, пак, Зимскиот салон во Париз, Art Capital, еден од најголемите и најстари  во светот, со традиција од над 200-300 години и со учество на над 2.000 уметници, ќе го препознае и награди талентот на кумановскиот сликар.

Интересно е што во Париз конкурирав со истата слика која ја одбија на македонскиот зимски салон и добив бронзена награда. Бев шокиран од самото тоа што влегов на изложбата и бев селектиран да го изложам своето дело, а не пак што добив и награда. Затоа, ова го сметам за почеток на мојот интернационален успех. Потоа, следуваа сребрената, па златната награда, и оттогаш редовно изложувам во Парискиот зимски салон“, вели Кашавелски во разговор за Кумановоњуз.

Целиот текст овде.

The post Синиша Кашавелски: На Зимскиот салон во Париз конкурирав со истата слика која ја одбија на македонскиот зимски салон и добив бронзена награда appeared first on Република.

]]>

Синиша Кашавелски е меѓу Топ 10-те реалисти во светот, изложувал во Франција, Германија, Италија, Њујорк, Сингапур, во Пекинг во галерија која е меѓу најпрестижните во светски рамки, буквално нема земја каде што немал изложба или свое дело. Апсолутен победник е на бројни интернационални конкурси како што е Marchionni Prize“ во Сардинија, Италија, Гран при на „Art Eхpo“ во Венеција,  Jumbish World Art Competition во Индија со делото „Судбоносно време“ кое е наградено и во Рим и Америка и многу други. Најновото признание кое уметникот го доби деновиве, пак, е специјалната награда Artelibre на ModPortrait Contest, а награденото дело оди на изложбата на финалистите на Европскиот музеј за модерна уметност MEAM во Шпанија. Неговиот невообичаен професионален успех почнува пред 12 години кога домашната уметничка фела ќе му каже „не“ и ќе го одбие неговото пријавено дело на Зимскиот салон во 2012 година во Скопје. Но, затоа, пак, Зимскиот салон во Париз, Art Capital, еден од најголемите и најстари  во светот, со традиција од над 200-300 години и со учество на над 2.000 уметници, ќе го препознае и награди талентот на кумановскиот сликар.
Интересно е што во Париз конкурирав со истата слика која ја одбија на македонскиот зимски салон и добив бронзена награда. Бев шокиран од самото тоа што влегов на изложбата и бев селектиран да го изложам своето дело, а не пак што добив и награда. Затоа, ова го сметам за почеток на мојот интернационален успех. Потоа, следуваа сребрената, па златната награда, и оттогаш редовно изложувам во Парискиот зимски салон“, вели Кашавелски во разговор за Кумановоњуз.
Целиот текст овде.

The post Синиша Кашавелски: На Зимскиот салон во Париз конкурирав со истата слика која ја одбија на македонскиот зимски салон и добив бронзена награда appeared first on Република.

]]>
Лувр затворен поради безбедносни причини, посетителите евакуирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/luvr-zatvoren-poradi-bezbednosni-prichini-posetitelite-evakuirani/ Sat, 14 Oct 2023 12:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=691174

Музејот Лувр во Париз денеска е затворен поради безбедносни причини, бидејќи Франција е во состојба на готовност по нападот во североисточниот град Арас.

„Лувр доби писмена порака во која се наведува дека постои ризик за музејот и неговите посетители“, изјави портпаролката на Музејот по објавувањето на затворањето на социјалните мрежи.

Таа посочи дека одлучиле да го евакуираат Музејот и да го затворат цел ден, додека не ги извршат потребните проверки

The post Лувр затворен поради безбедносни причини, посетителите евакуирани appeared first on Република.

]]>

Музејот Лувр во Париз денеска е затворен поради безбедносни причини, бидејќи Франција е во состојба на готовност по нападот во североисточниот град Арас.
„Лувр доби писмена порака во која се наведува дека постои ризик за музејот и неговите посетители“, изјави портпаролката на Музејот по објавувањето на затворањето на социјалните мрежи.
Таа посочи дека одлучиле да го евакуираат Музејот и да го затворат цел ден, додека не ги извршат потребните проверки

The post Лувр затворен поради безбедносни причини, посетителите евакуирани appeared first on Република.

]]>
Маскиран напаѓач во инвалидска количка фрлил торта врз Мона Лиза во Лувр https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/maskiran-napagjach-vo-invalidska-kolichka-frlil-torta-vrz-mona-liza-vo-luvr/ Mon, 30 May 2022 07:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=508530

Сликата на Мона Лиза била цел на напад извршен од еден од посетителите на музејот Лувр оваа недела. Според видеата објавени на социјалните мрежи, напаѓачот фрлил торта кон стаклото што го штити платното.

Напаѓачот, чиј идентитет се уште не е објавен, веднаш бил протеран од обезбедувањето. Поради заштитата што ја обезбедува стаклото, сликата не претрпела никакви оштетувања.

На објавените снимки, може да се види како вработените во парискиот музеј веднаш пристапиле кон чистење на стаклото кое ја штити сликата.

https://www.youtube.com/watch?v=Af9tjNalgoI

Сведоците кои биле сведоци на вандализмот, изјавиле дека напаѓачот дошол во музејот во инвалидска количка, а бил камуфлиран со перика. Според верзијата посетителите, ова лице ја искористило оваа ситуација и се нашло во просторот резервиран за лица со намалена подвижност.

https://twitter.com/elsalonrojo/status/1530964995873316864?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530964995873316864%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.marca.com%2Fen%2Flifestyle%2Fworld-news%2F2022%2F05%2F29%2F6293b4df22601dc3408b45b6.html

Мона Лиза е една од главните атракции на Лувр. Сликата е едно од најпознатите дела на италијанската ренесансен сликар Леонардо да Винчи, портретот на Лиза Герардини, сопруга на Франческо дел Џокондо, познат и како Џоконда. Тоа е едно од најважните дела на италијанскиот сликар, а е едно од најпроучените и најпризнаените дела во историјата на уметноста.

The post Маскиран напаѓач во инвалидска количка фрлил торта врз Мона Лиза во Лувр appeared first on Република.

]]>

Сликата на Мона Лиза била цел на напад извршен од еден од посетителите на музејот Лувр оваа недела. Според видеата објавени на социјалните мрежи, напаѓачот фрлил торта кон стаклото што го штити платното. Напаѓачот, чиј идентитет се уште не е објавен, веднаш бил протеран од обезбедувањето. Поради заштитата што ја обезбедува стаклото, сликата не претрпела никакви оштетувања. На објавените снимки, може да се види како вработените во парискиот музеј веднаш пристапиле кон чистење на стаклото кое ја штити сликата. https://www.youtube.com/watch?v=Af9tjNalgoI Сведоците кои биле сведоци на вандализмот, изјавиле дека напаѓачот дошол во музејот во инвалидска количка, а бил камуфлиран со перика. Според верзијата посетителите, ова лице ја искористило оваа ситуација и се нашло во просторот резервиран за лица со намалена подвижност. https://twitter.com/elsalonrojo/status/1530964995873316864?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530964995873316864%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.marca.com%2Fen%2Flifestyle%2Fworld-news%2F2022%2F05%2F29%2F6293b4df22601dc3408b45b6.html Мона Лиза е една од главните атракции на Лувр. Сликата е едно од најпознатите дела на италијанската ренесансен сликар Леонардо да Винчи, портретот на Лиза Герардини, сопруга на Франческо дел Џокондо, познат и како Џоконда. Тоа е едно од најважните дела на италијанскиот сликар, а е едно од најпроучените и најпризнаените дела во историјата на уметноста.

The post Маскиран напаѓач во инвалидска количка фрлил торта врз Мона Лиза во Лувр appeared first on Република.

]]>