Љупка Галазка Василев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lupka-galazka-vasilev/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 09:04:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љупка Галазка Василев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lupka-galazka-vasilev/ 32 32 Изложбата „Лирско интермецо“ од Љупка Галазка Василев во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-lirsko-intermetso-od-lupka-galazka-vasilev-vo-prilep/ Wed, 11 Sep 2024 09:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=815208

„Лирско интермецо“ е изложбата од уметницата Љупка Галазка Василев отворена синоќа во ликовната гакерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Поставката содржи 15 дела, насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно, создадени во последните неколку години.
Изложбата е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови, копнежи , желби и очекувања. Делата се отсликување на човечката душа, нежна и кршлива, а во исто време толку моќна.

Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека делата од Галазка Василев се богати со имагинација и метафоричен јазик.

Во лирските асоцијативни композиции разновидните форми создаваат раскошен наратив прераскажан на автентичен личен начин. Низ асоцијативните композиции се преплетуваат многубројни хроматски и ахроматски линии и површини кои се разликуваат според својата големина, Слободната креативна игра е збогатена со многубројни колоритни форми кои се движат во различни насоки. Авторката создава ликовно единство во слободните композиции со примена на контрасти, градација и повторување на линијата, бојата и формата - посочи Димеска.

Љупка Галазка Василев, дипломирала на Ликовната академија во Софија, професор е по ликовна уметност во Струмица, досега реализирала повеќе групни изложби, а била автор на десетина самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувала на бројни ликовни колонии и на едукации.

The post Изложбата „Лирско интермецо“ од Љупка Галазка Василев во Прилеп appeared first on Република.

]]>

„Лирско интермецо“ е изложбата од уметницата Љупка Галазка Василев отворена синоќа во ликовната гакерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Поставката содржи 15 дела, насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно, создадени во последните неколку години. Изложбата е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови, копнежи , желби и очекувања. Делата се отсликување на човечката душа, нежна и кршлива, а во исто време толку моќна. Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека делата од Галазка Василев се богати со имагинација и метафоричен јазик.