лулзим баша Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lulzim-basha/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jul 2023 09:21:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лулзим баша Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lulzim-basha/ 32 32 Љуљзим Баша повторно избран за лидер на албанскaтa опозицискa Демократска партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lulzim-basha-povtorno-izbran-za-lider-na-albanskata-opozitsiska-demokratska-partija/ Sun, 30 Jul 2023 09:21:10 +0000 https://republika.mk/?p=666841

Најголемата албанска опозициска Демократска партија (ДП) на гласање по принципот „еден член, еден глас“ за лидер на Партијата го избра Љуљзим Баша.

Тој освои 16.196 наспроти неговиот против кандидат Ѓерѓ Хани кој освои 1657 гласови.

Баша (49) оставка од функцијата поднесе во септември пред две години, по големите недоразбирања со историскиот лидер на демократите Сали Бериша, кого на оваа функција Баша го наследи во 2013 година.

Во претходните влади на Бериша тој беше шеф на дипломатијата и министер за транспорт.

Демократската партија не сопственост на ниту еден поединец, туку заедничка инвестиција на демократите, кои ја заштитуваа во тешките денови и по секој предизвик успеаја да ја направат уште посилна. Убеден сум дека тоа ќе се повтори, бидејќи тоа го очекуваат повеќето Албанци од нас, рече Баша.

Тој оцени дека она што е битно за денес и иднината на ДП е непоколебливиот став за националниот интерес и евроатлантските стандарди на демократијата, еднаквоста пред законот и фер конкуренција во политиката, економијата и секаде.

Демократската партија ја преживува најдлабоката криза. Фракцијата на Бериша „За обнова на ДП“ е многу побројна, таа насилно го зазеде партиското седиште, но судот за лидер го призна Баша кој потоа го ополномошти генералниот секретар Газменд Барди, кој го поседува и печатот на партијата.

Соопштувајќи резултатите претседателот на изборната комисија Јемин Ѓана синоќа рече дека на списокот за гласање биле 25 илјади членови, при што гласале 18.052 или 71 отсто од нив. Неважечки биле 199 гласачки ливчиња.

Членството на ДП претходно броеше 75 илјади, што значи дека поголемиот број членови се во фракцијата на Бериша.

The post Љуљзим Баша повторно избран за лидер на албанскaтa опозицискa Демократска партија appeared first on Република.

]]>

Најголемата албанска опозициска Демократска партија (ДП) на гласање по принципот „еден член, еден глас“ за лидер на Партијата го избра Љуљзим Баша. Тој освои 16.196 наспроти неговиот против кандидат Ѓерѓ Хани кој освои 1657 гласови. Баша (49) оставка од функцијата поднесе во септември пред две години, по големите недоразбирања со историскиот лидер на демократите Сали Бериша, кого на оваа функција Баша го наследи во 2013 година. Во претходните влади на Бериша тој беше шеф на дипломатијата и министер за транспорт.
Демократската партија не сопственост на ниту еден поединец, туку заедничка инвестиција на демократите, кои ја заштитуваа во тешките денови и по секој предизвик успеаја да ја направат уште посилна. Убеден сум дека тоа ќе се повтори, бидејќи тоа го очекуваат повеќето Албанци од нас, рече Баша.
Тој оцени дека она што е битно за денес и иднината на ДП е непоколебливиот став за националниот интерес и евроатлантските стандарди на демократијата, еднаквоста пред законот и фер конкуренција во политиката, економијата и секаде. Демократската партија ја преживува најдлабоката криза. Фракцијата на Бериша „За обнова на ДП“ е многу побројна, таа насилно го зазеде партиското седиште, но судот за лидер го призна Баша кој потоа го ополномошти генералниот секретар Газменд Барди, кој го поседува и печатот на партијата. Соопштувајќи резултатите претседателот на изборната комисија Јемин Ѓана синоќа рече дека на списокот за гласање биле 25 илјади членови, при што гласале 18.052 или 71 отсто од нив. Неважечки биле 199 гласачки ливчиња. Членството на ДП претходно броеше 75 илјади, што значи дека поголемиот број членови се во фракцијата на Бериша.

The post Љуљзим Баша повторно избран за лидер на албанскaтa опозицискa Демократска партија appeared first on Република.

]]>
Бериша удри и против Рама и против Баша: Бара истрага за перење пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/berisha-udri-i-protiv-rama-i-protiv-basha-bara-istraga-za-perenje-pari/ Thu, 27 Jan 2022 13:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=450287

По неколкумесечно отсуство од собраниската сала, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, од собраниското столче упати тешки обвинувања на адреса на премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Бериша побара парламентот да расправа за отворање истрага против „двете глави на медузата“, кои според него се Рама и Баша.

Против двајцата политичари треба да се почне истрага за перење пари, преку криминални дејствија. Доколку сакаме да бидеме сериозни во борбата на овој грозен криминал кој ги храни сите други видови криминали, вклучително и тероризмот, треба да спроведеме темелна истрага, како за главата на медузата (Рама), која испра над 200 милиони евра, така и за неговиот заложник (Баша), чие прашање го затвори во Апелацискиот суд и не го испрати до Врховен со посебна наредба - обвини Бериша.

Во моментите додека Бериша продолжуваше да зборува со остар и навредлив тон, претседателката на законодавниот дом, Линдита Никола, му го исклучи микрофонот, но тоа не го спречи да продолжи со обвинувањата и без вклучен микрофон.

Откако во септември Баша го исклучи Бериша од пратеничката група на демократите, тој со уште шест пратеници, кои се негови подржувачи, седат оддвоено од останатите нивни сопартијци.

The post Бериша удри и против Рама и против Баша: Бара истрага за перење пари appeared first on Република.

]]>

По неколкумесечно отсуство од собраниската сала, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, од собраниското столче упати тешки обвинувања на адреса на премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша. Бериша побара парламентот да расправа за отворање истрага против „двете глави на медузата“, кои според него се Рама и Баша.
Против двајцата политичари треба да се почне истрага за перење пари, преку криминални дејствија. Доколку сакаме да бидеме сериозни во борбата на овој грозен криминал кој ги храни сите други видови криминали, вклучително и тероризмот, треба да спроведеме темелна истрага, како за главата на медузата (Рама), која испра над 200 милиони евра, така и за неговиот заложник (Баша), чие прашање го затвори во Апелацискиот суд и не го испрати до Врховен со посебна наредба - обвини Бериша.
Во моментите додека Бериша продолжуваше да зборува со остар и навредлив тон, претседателката на законодавниот дом, Линдита Никола, му го исклучи микрофонот, но тоа не го спречи да продолжи со обвинувањата и без вклучен микрофон. Откако во септември Баша го исклучи Бериша од пратеничката група на демократите, тој со уште шест пратеници, кои се негови подржувачи, седат оддвоено од останатите нивни сопартијци.

The post Бериша удри и против Рама и против Баша: Бара истрага за перење пари appeared first on Република.

]]>