лулка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lulka/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Nov 2022 11:51:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лулка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lulka/ 32 32 „Лулка“ организира Донаторска недела во која дел од собраните средства ќе искористат за средби за поддршка на трудници со ризична бременост и семејства со предвремено родени деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lulka-organizira-donatorska-nedela-vo-koja-del-od-sobranite-sredstva-kje-iskoristat-za-sredbi-za-poddrshka-na-trudnici-so-rizichna-bremenost-i-semejstva-so-predvremeno-rodeni-deca/ Tue, 08 Nov 2022 11:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=571365

За пет години во Македонија, од 2016 до 2021 година смртноста кај предвреме родените бебиња е намалена од 25 на 8 отсто, кажа денеска д-р Денис Ал Калили, претседател на организацијата „Лулка“, Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца.

„Лулка“ 10 години го организира и одбележува Светскиот ден на предвременото породување 17. Ноември во Македонија (WPD - World Prematurity Day). Оваа година слоганот гласи „Родителската прегратка: Моќна терапија“.

За таа цел организираме Донаторска недела од 10 до 17 ноември годинава и ги каниме сите со донација да ги поддржите нашите напори да влијаеме на состојбата на предвреме родените бебиња, на квалитетот на лекувањето и негата и на целокупната добросостојба на семејствата кои се засегнати од предвременото породување, рече д-р Денис Ал Калили.

Со зголемување на бројот на преживеани предвреме родени бебиња и деца, се наметнува прашањето за следење на развојот на предвреме родените деца во првите години од животот, водење на евиденција, лесен пристап до задолжителните прегледи, третмани и услуги.

Бројот на предвремени породувања од година во година постојано расте, и глобално и кај нас во Македонија. Процентот на предвремени породувања од вкупниот број на раѓања варира во различни региони и држави во светот и се движи од 5 отсто во развиените европски земји до 18 отсто во земјите во развој. Со се поголемиот број на прематурни новородени, се наметнува и потребата за отворање на дискусија за навремена детекција на ризичните бремености и превенција на предвременото породување. Силната поврзаност на демографските, социо-економски фактори со предвременото породување, овозможува со едноставни и релативно евтини превентивни мерки да се намали товарот од предвременото породување, во споредба со интензивното лекување и третман на овие бебиња, кое е една од најскапите услуги во здравствениот систем насекаде во светот, смета д-р Денис Ал Калили.

Од „Лулка“, преку донаторката недела очекуваат да обезбедат финансиски средства, со кои ќе овозможат континуирано одржување на средбите за поддршка на трудници со ризична бременост и на семејства со предвреме родено бебе или дете.

Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат насочени за средби на групи за поддршка за семејствата коишто навистина имаат голема потреба, но и за оние кои имаат ризична бременост. Дел од средствата ќе бидат насочени и за опрема и третман на овие бебиња во болниците, но исто така и за обука на лекарите и медицинските сестри кои работат со предвремено родените бебиња. Тоа што ќе биде донирано, ќе биде насочено кон современите типови на нега или на лекување, како што се користење на мајчино млеко, неинвазивна вентилација со цел овие бебиња да имаат подобар развој, рече д-р Ал Калили, додавајќи дека е многу важно да се следат предвемено родените бебиња откако ќе ја напуштат болницата, третманите со дефектолог, логопед, развојно советување.

Во светски рамки, на предвременото породување влијаат социо-економските и демографските фактори, како што се возраст на мајката, националност, живнотни навики, брачната состојбба, вработеност, сиромаштија.

The post „Лулка“ организира Донаторска недела во која дел од собраните средства ќе искористат за средби за поддршка на трудници со ризична бременост и семејства со предвремено родени деца appeared first on Република.

]]>

За пет години во Македонија, од 2016 до 2021 година смртноста кај предвреме родените бебиња е намалена од 25 на 8 отсто, кажа денеска д-р Денис Ал Калили, претседател на организацијата „Лулка“, Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца. „Лулка“ 10 години го организира и одбележува Светскиот ден на предвременото породување 17. Ноември во Македонија (WPD - World Prematurity Day). Оваа година слоганот гласи „Родителската прегратка: Моќна терапија“.
За таа цел организираме Донаторска недела од 10 до 17 ноември годинава и ги каниме сите со донација да ги поддржите нашите напори да влијаеме на состојбата на предвреме родените бебиња, на квалитетот на лекувањето и негата и на целокупната добросостојба на семејствата кои се засегнати од предвременото породување, рече д-р Денис Ал Калили.
Со зголемување на бројот на преживеани предвреме родени бебиња и деца, се наметнува прашањето за следење на развојот на предвреме родените деца во првите години од животот, водење на евиденција, лесен пристап до задолжителните прегледи, третмани и услуги.
Бројот на предвремени породувања од година во година постојано расте, и глобално и кај нас во Македонија. Процентот на предвремени породувања од вкупниот број на раѓања варира во различни региони и држави во светот и се движи од 5 отсто во развиените европски земји до 18 отсто во земјите во развој. Со се поголемиот број на прематурни новородени, се наметнува и потребата за отворање на дискусија за навремена детекција на ризичните бремености и превенција на предвременото породување. Силната поврзаност на демографските, социо-економски фактори со предвременото породување, овозможува со едноставни и релативно евтини превентивни мерки да се намали товарот од предвременото породување, во споредба со интензивното лекување и третман на овие бебиња, кое е една од најскапите услуги во здравствениот систем насекаде во светот, смета д-р Денис Ал Калили.
Од „Лулка“, преку донаторката недела очекуваат да обезбедат финансиски средства, со кои ќе овозможат континуирано одржување на средбите за поддршка на трудници со ризична бременост и на семејства со предвреме родено бебе или дете.
Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат насочени за средби на групи за поддршка за семејствата коишто навистина имаат голема потреба, но и за оние кои имаат ризична бременост. Дел од средствата ќе бидат насочени и за опрема и третман на овие бебиња во болниците, но исто така и за обука на лекарите и медицинските сестри кои работат со предвремено родените бебиња. Тоа што ќе биде донирано, ќе биде насочено кон современите типови на нега или на лекување, како што се користење на мајчино млеко, неинвазивна вентилација со цел овие бебиња да имаат подобар развој, рече д-р Ал Калили, додавајќи дека е многу важно да се следат предвемено родените бебиња откако ќе ја напуштат болницата, третманите со дефектолог, логопед, развојно советување.
Во светски рамки, на предвременото породување влијаат социо-економските и демографските фактори, како што се возраст на мајката, националност, живнотни навики, брачната состојбба, вработеност, сиромаштија.  

The post „Лулка“ организира Донаторска недела во која дел од собраните средства ќе искористат за средби за поддршка на трудници со ризична бременост и семејства со предвремено родени деца appeared first on Република.

]]>
Светска недела на доењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/svetska-nedela-na-doenjeto/ Fri, 29 Jul 2022 08:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=534551

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“ од Скопје, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и компанијата „Хипомед“, оваа година ja одбележуваат Светската недела на доење од 1 до 7 август едукација на сите медицински сестри и акушерки за доење, со јавна кампања за промоција на значењето на доењето и со донација на „Bempu Tempwatch“ алки за хипотермија, за предвреме родените бебиња испишани од Одделението за неонатална интензивна нега на Клиниката.

Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето. Организацијата „Лулка“ ќе организира онлајн обука со стручни предавачи наменета за акушерки, медицински сестри, гинеколози/акушери, педијатри и доктори по семејна доење, за значењето на современата поддршка на доење во духот на Светската недела на доењето 2022. Потоа, ќе дистрибуира флаери за информирање на секоја породена мајка за значењето на доењето, со кратки основни упатства за доење и контакти каде може да добијат соодветни информации и поддршка по доаѓањето дома - се вели во денешното соопштение од Лулка.

Во август и септември, семејствата со предвреме родено бебе кои ќе ја напуштат Клиниката ќе добијат специјален уред (Bempu TempWatch) за контрола на температурата на предвреме роденото бебе, за поттикнување на кенгурирањето и на доењето. Оваа донација, обезбедена од компанијата „Хипомед“, е наменета за предвреме родените бебиња кои се испишуваат од одделението за неонатална интензивна нега на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, во соработка со Клиниката и организацијата „Лулка“.

Преку едукација и трансформација низ повеќе сектори, може да направиме квалитетна промена и да обезбедиме поддржувачка средина, соодветни навремени информации за младите родители, кои се сѐ повеќе свесни за големите предности на доењето и сакаат да го дојат своето бебе - објаснува д-р Денис Ал Калили, претседател на здружението „Лулка“ и доктор на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.

Директорката на Клиниката, д-р. Викторија Јовановска информира дека во рамки на одбележување на Светската недела на доењето, во соработка со организацијата „Лулка“, ќе спроведат едукација на кадарот за значењето на доењето во современ контекст, вклучително и за потенцијалните можности и мерки за заштита поврзани со Ковид-19.

Целта на сите активности е да ги поставиме мајките и бебињата во фокусот и на породените мајки да им обезбедиме основни информации за доењето, како и каде да се обратат за поддршка за доење по испис од родилиште, нешто што сигурно многу ќе им значи. Преземаме и активности да го поттикнеме доењето на предвреме родените бебиња и поврзување на мајките и бебињата, како продолжение на претходно воведените посети во единицата за неонатална интензивна нега, што беше поздравено од семејствата со предвреме родени бебиња. Овие активности се во согласност со препораките на УНИЦЕФ и СЗО и во духот на неделата на доење. И ние како клиника се заложуваме за доењето и посакуваме квалитетен развој на сите бебиња кои се раѓаат на Клиниката - вели Јовановска.

„Лулка“ бара здравствените власти и локалната заедница да се вклучат во заштита, промоција и поддршка на доењето и преку нивно информирање и едукација да се овозможи позитивна околина за доење за семејството. Затоа што, како што нагласуваат, мајчиното млеко е перфектно создадено за да ги задоволи нутритивните и имунолошки потреби на бебето.

Доењето во првите неколку години од животот ги штити децата од инфекција, обезбедува идеален извор на хранливи материи, исто така е економично и безбедно. И покрај овие исклучително значајни придобивки, практиките за доење не се оптимални во многу делови на светот. Голем број од децата не започнуваат со доење доволно рано, не се ексклузивно доени во текот на препорачаните шест месеци или прерано престанува доењето. Мајките често се соочуваат со притисоци да преминат на хранење со формула за бебиња, што може да придонесе кон побавен раст и недоволно внесување на микро-прехранбени состојки. УНИЦЕФ и СЗО препорачуваат новороденчињата да бидат задоени во рок од еден час по раѓањето; исклучиво подојувани во првите шест месеци од животот и да се подојуваат до возраст од 2 години и понатаму - нагласуваат од здружението „Лулка“.

Светската алијанса за доење (WABA) секоја година ја одбележува Светската недела на доењето од 1-7 Август. Организацијата „Лулка“ е застапник (endorser) на WABA во земјава и работи на промоција, заштита и поддршка на доењето во изминатите 13 години. Доењето има многу предности за бебето, за мајката и секако, за општеството.

The post Светска недела на доењето appeared first on Република.