Луксембург Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luksemburg/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 12:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Луксембург Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luksemburg/ 32 32 Муцунски од Луксембург: Новата Влада ќе биде фокусирана на европските интеграции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-od-luksemburg-novata-vlada-ke-bide-fokusirana-na-evropskite-integratsii/ Mon, 24 Jun 2024 12:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=790262

Новата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, јави дописникот на МИА од Белград.

Ќе бидеме силно фокусирани на спроведувањето на реформите, рече Муцунски по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и претставници на регионот на Западен Балкан, што се одржува во Луксембург, соопшти Танјуг.

Муцунски, чиј прв работен ден на оваа функција е денеска, рече дека дошол во Луксембург за да се сретне со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и заедно со своите колеги од Западен Балкан да потврди колку е важен процесот на европската интеграција за стабилноста на регионот.

Ќе разговараме со колегите од земјите-членки на Европската унија за тоа што може ЕУ да направи, важноста на Планот за раст за Западен Балкан, кој ќе има сериозни позитивни фискални импликации за Западен Балкан. Веруваме дека ова е еден од форумите преку кои можеме заеднички да го забрзаме напредокот на целиот регион кон полноправно членство во ЕУ, рече Муцунски.

Тој додаде дека Скопје сака да напредува кон полноправно членство во ЕУ врз основа на вредностите и критериумите што ги бара самата ЕУ и рече дека Скопје смета дека процесот на европските интеграции не треба да биде оптоварен со билатерални спорови.

Во Луксембург, во рамките на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и на Косово, беше соопштено претходно од Советот на ЕУ.

The post Муцунски од Луксембург: Новата Влада ќе биде фокусирана на европските интеграции appeared first on Република.

]]>

Новата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе бидеме силно фокусирани на спроведувањето на реформите, рече Муцунски по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и претставници на регионот на Западен Балкан, што се одржува во Луксембург, соопшти Танјуг.
Муцунски, чиј прв работен ден на оваа функција е денеска, рече дека дошол во Луксембург за да се сретне со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и заедно со своите колеги од Западен Балкан да потврди колку е важен процесот на европската интеграција за стабилноста на регионот.
Ќе разговараме со колегите од земјите-членки на Европската унија за тоа што може ЕУ да направи, важноста на Планот за раст за Западен Балкан, кој ќе има сериозни позитивни фискални импликации за Западен Балкан. Веруваме дека ова е еден од форумите преку кои можеме заеднички да го забрзаме напредокот на целиот регион кон полноправно членство во ЕУ, рече Муцунски.
Тој додаде дека Скопје сака да напредува кон полноправно членство во ЕУ врз основа на вредностите и критериумите што ги бара самата ЕУ и рече дека Скопје смета дека процесот на европските интеграции не треба да биде оптоварен со билатерални спорови. Во Луксембург, во рамките на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и на Косово, беше соопштено претходно од Советот на ЕУ.

The post Муцунски од Луксембург: Новата Влада ќе биде фокусирана на европските интеграции appeared first on Република.

]]>
Првиот ден како министер, Муцунски на маса со министрите за надворешни работи на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prviot-den-kako-minister-mutsunski-na-masa-so-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu/ Mon, 24 Jun 2024 06:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=790119

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург, каде ќе учествува на Состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Настанот се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Како што соопштуваат утрово од МНР, на состанокот ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во нашиот регион.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе присуствува на аудиенција кај Големиот војвода од Луксембург, Анри, како и на работна вечера со министрите за надворешни работи на Европската унија и Западен Балкан на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел.

Муцунски од Луксембург ќе продолжи во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија.

The post Првиот ден како министер, Муцунски на маса со министрите за надворешни работи на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург, каде ќе учествува на Состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Настанот се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Како што соопштуваат утрово од МНР, на состанокот ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во нашиот регион. Во рамки на посетата, Муцунски ќе присуствува на аудиенција кај Големиот војвода од Луксембург, Анри, како и на работна вечера со министрите за надворешни работи на Европската унија и Западен Балкан на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел. Муцунски од Луксембург ќе продолжи во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија.

The post Првиот ден како министер, Муцунски на маса со министрите за надворешни работи на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Најголема пензија во ЕУ има Луксембург, а најмала Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/najgolema-penzija-vo-eu-ima-luksemburg-a-najmala-bugarija/ Sun, 02 Jun 2024 17:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=784145

Просечната месечна пензија на ниво на Европската унија е 1.294 евра, пренесува „Блиц.рс“. Меѓу десетте земји со највисока просечна месечна пензија се Луксембург (2.575 евра), Норвешка (2.438 евра), Данска (2.417 евра), Швајцарија (2.138 евра), Австрија (1.962 евра), Холандија (1.931 евра), Ирска ( 1.906 евра, Шведска (1.838 евра) и Белгија (1.737 евра), објави Евростат.

Од поранешните ју-држави, Босна и Херцеговина е меѓу европските земји со најниска просечна месечна пензија (237 евра или 474 км). Во Бугарија со 226 евра и во Албанија со 131 евро, пониски се просечните месечни пензии од оние во БиХ.

Кога станува збор за другите земји од поранешна Југославија, највисока просечна месечна пензија има во Словенија (692 евра). Во Хрватска пензионерите добиваат 388 евра, а во Црна Гора 291 евро.

Недостигаат податоци на Евростат за Македонија и Косово.

Според последните податоци на српскиот пензиски Фонд, просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45.731 динари (23.000 денари).

The post Најголема пензија во ЕУ има Луксембург, а најмала Бугарија appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна пензија на ниво на Европската унија е 1.294 евра, пренесува „Блиц.рс“. Меѓу десетте земји со највисока просечна месечна пензија се Луксембург (2.575 евра), Норвешка (2.438 евра), Данска (2.417 евра), Швајцарија (2.138 евра), Австрија (1.962 евра), Холандија (1.931 евра), Ирска ( 1.906 евра, Шведска (1.838 евра) и Белгија (1.737 евра), објави Евростат. Од поранешните ју-држави, Босна и Херцеговина е меѓу европските земји со најниска просечна месечна пензија (237 евра или 474 км). Во Бугарија со 226 евра и во Албанија со 131 евро, пониски се просечните месечни пензии од оние во БиХ. Кога станува збор за другите земји од поранешна Југославија, највисока просечна месечна пензија има во Словенија (692 евра). Во Хрватска пензионерите добиваат 388 евра, а во Црна Гора 291 евро. Недостигаат податоци на Евростат за Македонија и Косово. Според последните податоци на српскиот пензиски Фонд, просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45.731 динари (23.000 денари).

The post Најголема пензија во ЕУ има Луксембург, а најмала Бугарија appeared first on Република.

]]>
Луксембург можеби нема да победи, но ја има најзгодната претставничка на Евросонг https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/luksemburg-mozhebi-nema-da-pobedi-no-ja-ima-najzgodnata-pretstavnichka/ Sat, 11 May 2024 20:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=777129

Луксембург не е еден од фаворитите на Евросонг.Но оваа земја ја има можеби најзгодната претавничка.Се вика Тали, има 23 години и настапува со пената T "Fighter".

Слушнете ја и видете ја Тали.

https://www.youtube.com/watch?v=TCWH3Nq5y9A

 

The post Луксембург можеби нема да победи, но ја има најзгодната претставничка на Евросонг appeared first on Република.

]]>

Луксембург не е еден од фаворитите на Евросонг.Но оваа земја ја има можеби најзгодната претавничка.Се вика Тали, има 23 години и настапува со пената T "Fighter". Слушнете ја и видете ја Тали. https://www.youtube.com/watch?v=TCWH3Nq5y9A  

The post Луксембург можеби нема да победи, но ја има најзгодната претставничка на Евросонг appeared first on Република.

]]>
Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-brisel-i-luksemburg-go-odbelezhaa-veligden/ Sun, 05 May 2024 15:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=774551

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел.

Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел.

Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски.

Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург.

И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.

 

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел. Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел. Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски. Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург. И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.  

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>
По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/po-31-godina-luksemburg-se-vraka-na-evrovizija/ Mon, 11 Dec 2023 17:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=721874

По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“. Земјата последен пат учествуваше на натпреварот за најдобра песна во Европа во 1993 година. На натпреварот, песната испратена од Луксембург е избрана за најдобра пет пати - во 1961, 1965, 1972, 1973 и во 1983 година.

„РТЛ Луксембург“ сега ги откри осумте кандидати што ќе се натпреваруваат за да ја претставуваат државата на „Евровизија“ во 2024 година, која ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај.

Од речиси 300 артисти, „РТЛ Луксембург“ ги избра најдобрите осум. Тие ќе се натпреваруваат во првата сезона на „Luxembourg song contest“. Најавено е песните на осумте најдобри да бидат објавени во наредните недели, пред да се одржи натпреварот во Луксембург на 27 јануари.

The post По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>

По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“. Земјата последен пат учествуваше на натпреварот за најдобра песна во Европа во 1993 година. На натпреварот, песната испратена од Луксембург е избрана за најдобра пет пати - во 1961, 1965, 1972, 1973 и во 1983 година. „РТЛ Луксембург“ сега ги откри осумте кандидати што ќе се натпреваруваат за да ја претставуваат државата на „Евровизија“ во 2024 година, која ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај. Од речиси 300 артисти, „РТЛ Луксембург“ ги избра најдобрите осум. Тие ќе се натпреваруваат во првата сезона на „Luxembourg song contest“. Најавено е песните на осумте најдобри да бидат објавени во наредните недели, пред да се одржи натпреварот во Луксембург на 27 јануари.

The post По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>
Парламентарни избори во Луксембург: Неизвесно формирањето на идната влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/parlamentarni-izbori-vo-luksemburg-neizvesno-formiraneto-na-idnata-vlada/ Sun, 08 Oct 2023 07:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=689083

Државјаните на Луксембург денеска го избираат новиот состав на 60-челниот Парламент на земјата, на кои се очекува најмногу гласови да освои опозициската Христијанско социјална народна партија (ЦСВ), но и трипартиската „Гамбија“ владина коалиција на премиерот Ксавиер Бетел да го задржи тесното парламентарно мнозинство, што отвора неколку опции за формирање на идната влада на земјата.

Гласањето на парламентарните избори во Луксембург е задолжително за сите полнолетни луксембуршки државјани на возраст до 75 години. Странците кои живеат во земјата можат да гласаат на локални и на избори за членови на Европскиот парламент, но не и на парламентарните избори.

Последната анкета на јавното мислење, спроведена кон средината на август, покажува дека ЦСВ може да се надева на нешто над 28 проценти од гласовите, пред трите владејачки партии - Социјалистичката работничка партија на Луксембург (ЛСАП) со околу 20 отсто, либералната Демократска партија (ДП) со 17,5 и Зелените (ДГ) со нешто под 11 проценти. Изборниот праг би го минале уште и левичарската популистичка Пиратска парија на Луксембург (ППЛУ) со околу 10 отсто гласови, десничарската Алтернативна демократска реформска партија (АДР) со околу седум проценти и партијата Левица (ДЛ) со пет отсто. Останатите пет партии учеснички на изборите имаат поддршка од под еден процент.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на локалните избори во јуни годинава, ЦСВ освои 23,06 отсто од гласовите, ЛСАП - 21,3, ДП - 20,64, ДГ - 12,69, ППЛУ - 3,98, а АДР и ДЛ по 3,22 проценти од гласовите.

Прогнозите се дека ЦСВ на денешните избори ќе освои 19 пратеници, ЛСАП 13, ДП 11, ДГ 7, Пиратите 5, АДР 3 и Левицата 2 места во Парламентот. Ова би значело дека трите партии од владината „Гамбија“ (црвено–сино–зелена) коалиција би освоиле 31 пратеник што е доволно за неопходното парламентарно мнозинство. Трите партии и во досегашниот парламентарен состав има мнозинство од 31 пратеник – демократите 12, социјалистите 10 и зелените 9.

Но, дури и актуелната владина коалиција да го задржи мнозинството, многу веројатно Луксембург ќе добие нов премиер, бидејќи ако ЛСАП освои повеќе пратеници од ДП на Бетел, тогаш веројатно ќе инсистира да го даде идниот прв човек на Владата. Во такви услови, неизвесно е дали Бетел, кој веќе во втор мандат ја извршува премиерската функција, би се согласил „да седне на совозачкото седиште“, што би ја отворила можноста и за рекомпозиција на владината коалиција.

Луксембуршкиот премиер, Ксавие Бетел, најави нови построги мерки против коронавирусот откако во оваа земја почна повторно да расте бројот на заразени.

Тоа евентуално би можело да го отвори патот до премиерската столица за Лук Фриден, поранешен министер за финансии и лидер на конзервативната Христијанско социјална народна партија (ЦСВ), која со децении е доминантна политичка сила во Луксембург, но во изминатите години се соочува со континуиран пад на популарноста и се очекува на денешните избори да го оствари историски најлошиот изборен резултат. Но, ЦСВ победуваше и на претходните два изборни циклуси, па сепак не успеваше да најде коалициски партнери за формирање влада.

Од друга страна, Пиратската партија на Луксембург, формирана во 2009 година, се очекува да го оствари својот најдобар изборен резултат во својата куса историја и првпат на едни избори да има двоцифрен процент на гласови, што би ја ставило во позиција и да влијае на формирањето на новата влада.

Во такви услови се очекува уште вечерва по соопштувањето на првите резултати да започне трката по коалициски партнери и обезбедувањето на неопходните 31 пратеник за мнозинство во Парламентот.

Професорот по политички науки на Универзитетот во Луксембург, Филип Поаре смета дека во услови на зголемена политичка поларизација, клучна улога во формирањето на новата влада би можеле да одиграат помалите партии.

Овие партии во суштина не се екстремистички, но тие го критикуваат функционирањето на системот, изјави Поаре за „Политико“.

Според него, изборниот резултат на малите партии би можел да биде клучен за ставање крај на сегашната коалиција на либералите, социјалистите и зелените и да влијае на тоа дали новата влада ќе биде составена од две или три партии.

Кристоф Хансен од ЦСВ, пак, смета дека неговата партија како очекуван победник на изборите би требало прва да ја добие шансата да формира влада. Тој нагласува дека не е исклучено на ЦСВ да и биде потребен само еден партнер за обезбедување мнозинство - ЛСАП или ДП, со што би се добила двопартиска Влада, која, според него, би била пофункционалнa од досегашната „Гамбија“ коалиција.

Постои јасна предност ако имаме коалиција само со еден партнер, бидејќи е полесно да се најдат конструктивни компромиси кои навистина ќе ги движат работите напред. Сегашната коалиција од три партии влече во спротивни насоки за клучните прашања, изјави Хансен.

Дури и да дојде до смена на владината коалиција, тоа речиси сигурно нема да ја промени позицијата на Луксембург во однос на внатрешните случувања во ЕУ или поддршката за Украина, но од неа сепак ќе зависи кој ќе биде следниот луксембуршки еврокомесар.

Актуелниот луксембуршки член на Европската комисија, еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит доаѓа од редовите на ЛСАП и ако неговата партија не биде членка на идната Влада, тој сигурно нема да остане во Брисел за следниот петгодишен мандат на ЕК. Иако има 70 години, Шмит не ја отфрла можноста за задржување на функцијата, па така неодамна во интервју за РТЛ на прашањето за негов евентуален втор мандат во Еврокомисијата, тој одговори дека „никогаш немал вистински план во својот живот“.

Но, и конзервативците доколку ја предводат новата Влада, сигурно дека ќе сакаат да го добијат еврокомесарското место.

Од друга страна, во игра е и опцијата доколку ја напушти премиерската функција, Бетел да биде идниот еврокомесар од Луксембург или да добие некоја друга висока позиција во следниот мандат на институции на ЕУ.

Сепак и покрај неколкуте можни опции за идната владина коалиција, се очекува веќе до следниот Самит на ЕУ во декември да се знае кој ќе биде претставникот на Луксембург на заедничката маса во Европскиот совет, имајќи предвид дека земјата нема традиција на долги преговори за формирање Влада.

The post Парламентарни избори во Луксембург: Неизвесно формирањето на идната влада appeared first on Република.

]]>

Државјаните на Луксембург денеска го избираат новиот состав на 60-челниот Парламент на земјата, на кои се очекува најмногу гласови да освои опозициската Христијанско социјална народна партија (ЦСВ), но и трипартиската „Гамбија“ владина коалиција на премиерот Ксавиер Бетел да го задржи тесното парламентарно мнозинство, што отвора неколку опции за формирање на идната влада на земјата. Гласањето на парламентарните избори во Луксембург е задолжително за сите полнолетни луксембуршки државјани на возраст до 75 години. Странците кои живеат во земјата можат да гласаат на локални и на избори за членови на Европскиот парламент, но не и на парламентарните избори. Последната анкета на јавното мислење, спроведена кон средината на август, покажува дека ЦСВ може да се надева на нешто над 28 проценти од гласовите, пред трите владејачки партии - Социјалистичката работничка партија на Луксембург (ЛСАП) со околу 20 отсто, либералната Демократска партија (ДП) со 17,5 и Зелените (ДГ) со нешто под 11 проценти. Изборниот праг би го минале уште и левичарската популистичка Пиратска парија на Луксембург (ППЛУ) со околу 10 отсто гласови, десничарската Алтернативна демократска реформска партија (АДР) со околу седум проценти и партијата Левица (ДЛ) со пет отсто. Останатите пет партии учеснички на изборите имаат поддршка од под еден процент. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на локалните избори во јуни годинава, ЦСВ освои 23,06 отсто од гласовите, ЛСАП - 21,3, ДП - 20,64, ДГ - 12,69, ППЛУ - 3,98, а АДР и ДЛ по 3,22 проценти од гласовите. Прогнозите се дека ЦСВ на денешните избори ќе освои 19 пратеници, ЛСАП 13, ДП 11, ДГ 7, Пиратите 5, АДР 3 и Левицата 2 места во Парламентот. Ова би значело дека трите партии од владината „Гамбија“ (црвено–сино–зелена) коалиција би освоиле 31 пратеник што е доволно за неопходното парламентарно мнозинство. Трите партии и во досегашниот парламентарен состав има мнозинство од 31 пратеник – демократите 12, социјалистите 10 и зелените 9. Но, дури и актуелната владина коалиција да го задржи мнозинството, многу веројатно Луксембург ќе добие нов премиер, бидејќи ако ЛСАП освои повеќе пратеници од ДП на Бетел, тогаш веројатно ќе инсистира да го даде идниот прв човек на Владата. Во такви услови, неизвесно е дали Бетел, кој веќе во втор мандат ја извршува премиерската функција, би се согласил „да седне на совозачкото седиште“, што би ја отворила можноста и за рекомпозиција на владината коалиција. Луксембуршкиот премиер, Ксавие Бетел, најави нови построги мерки против коронавирусот откако во оваа земја почна повторно да расте бројот на заразени. Тоа евентуално би можело да го отвори патот до премиерската столица за Лук Фриден, поранешен министер за финансии и лидер на конзервативната Христијанско социјална народна партија (ЦСВ), која со децении е доминантна политичка сила во Луксембург, но во изминатите години се соочува со континуиран пад на популарноста и се очекува на денешните избори да го оствари историски најлошиот изборен резултат. Но, ЦСВ победуваше и на претходните два изборни циклуси, па сепак не успеваше да најде коалициски партнери за формирање влада. Од друга страна, Пиратската партија на Луксембург, формирана во 2009 година, се очекува да го оствари својот најдобар изборен резултат во својата куса историја и првпат на едни избори да има двоцифрен процент на гласови, што би ја ставило во позиција и да влијае на формирањето на новата влада. Во такви услови се очекува уште вечерва по соопштувањето на првите резултати да започне трката по коалициски партнери и обезбедувањето на неопходните 31 пратеник за мнозинство во Парламентот. Професорот по политички науки на Универзитетот во Луксембург, Филип Поаре смета дека во услови на зголемена политичка поларизација, клучна улога во формирањето на новата влада би можеле да одиграат помалите партии.
Овие партии во суштина не се екстремистички, но тие го критикуваат функционирањето на системот, изјави Поаре за „Политико“.
Според него, изборниот резултат на малите партии би можел да биде клучен за ставање крај на сегашната коалиција на либералите, социјалистите и зелените и да влијае на тоа дали новата влада ќе биде составена од две или три партии. Кристоф Хансен од ЦСВ, пак, смета дека неговата партија како очекуван победник на изборите би требало прва да ја добие шансата да формира влада. Тој нагласува дека не е исклучено на ЦСВ да и биде потребен само еден партнер за обезбедување мнозинство - ЛСАП или ДП, со што би се добила двопартиска Влада, која, според него, би била пофункционалнa од досегашната „Гамбија“ коалиција.
Постои јасна предност ако имаме коалиција само со еден партнер, бидејќи е полесно да се најдат конструктивни компромиси кои навистина ќе ги движат работите напред. Сегашната коалиција од три партии влече во спротивни насоки за клучните прашања, изјави Хансен.
Дури и да дојде до смена на владината коалиција, тоа речиси сигурно нема да ја промени позицијата на Луксембург во однос на внатрешните случувања во ЕУ или поддршката за Украина, но од неа сепак ќе зависи кој ќе биде следниот луксембуршки еврокомесар. Актуелниот луксембуршки член на Европската комисија, еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит доаѓа од редовите на ЛСАП и ако неговата партија не биде членка на идната Влада, тој сигурно нема да остане во Брисел за следниот петгодишен мандат на ЕК. Иако има 70 години, Шмит не ја отфрла можноста за задржување на функцијата, па така неодамна во интервју за РТЛ на прашањето за негов евентуален втор мандат во Еврокомисијата, тој одговори дека „никогаш немал вистински план во својот живот“. Но, и конзервативците доколку ја предводат новата Влада, сигурно дека ќе сакаат да го добијат еврокомесарското место. Од друга страна, во игра е и опцијата доколку ја напушти премиерската функција, Бетел да биде идниот еврокомесар од Луксембург или да добие некоја друга висока позиција во следниот мандат на институции на ЕУ. Сепак и покрај неколкуте можни опции за идната владина коалиција, се очекува веќе до следниот Самит на ЕУ во декември да се знае кој ќе биде претставникот на Луксембург на заедничката маса во Европскиот совет, имајќи предвид дека земјата нема традиција на долги преговори за формирање Влада.

The post Парламентарни избори во Луксембург: Неизвесно формирањето на идната влада appeared first on Република.

]]>
ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-gi-tuzhi-shvedska-estonija-i-luksemburg-pred-sudot-na-pravdata-poradi-neusoglasuvane-so-regulativite-na-eu/ Fri, 14 Jul 2023 13:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=661379

Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување со регулативите на Европската Унија.

Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, додека Луксембург е обвинет за несоодветно усогласување со Директивата против даночно затајување.

Според Еврокомисија, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Шведска не ги применила правилата за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје согласно Директивата на ЕУ за огнено оружје, со кои се бара оружјето да има јасна, трајна и единствена ознака.

Шведска не успеа целосно да ја имплементира Директивата до крајниот рок - 17 јануари 2020 година. Нецелосното усогласување од страна на Шведска ја загрозува целта на самата Директива за зајакнување на јавната безбедност во Унијата, посочува Европската комисија.

Брисел покрена прекршочна постапка против Шведска во мај 2020 година со испраќање на официјално писмо, по што во февруари 2022 година достави и образложение за одлуката. На 9 јуни годинава, шведските власти на Комисијата и доставија Нацрт-закон кој има за цел да ја имплементира Директивата, но тој се уште не е донесен, поради што извршното тело на Унијата реши да покрене постапка пред Судот на правдата.

Во однос на Естонија, Еврокомисијата смета дека земјата не успела да ја импементира Директивата ЕЦН+ за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, која ги обврзува власите на членките на ЕУ да ги спроведуваат антимонополските правила на Унијата.

Земјите членки на ЕУ беа обврзани да усвојат препораки и мерки за целосно усогласување со Директивата ЕЦН+ до 4 февруари 2021 година, Естонија доега не доставила до Брисел никакви одлуки во тој правец, поради што Европската комисија одлучи да ја тужи земјата пред Судот на правдата на ЕУ.

Луксембург, пак, се товари дека несоодветно го усогласил своето законодавство со Директивата против даночно затајување (АТАД1), во делот кој предвидува отстапки од обврската за плаќање камати на даночната основа за одредени финансиски друштва. Луксембург во својата регулатива во овие финанскиски друштва ги вклучил и правните субјектите што тргуваат со хартии од вредност, кои не се наоѓаат на листата утврдена со Директивата АТАД1.

Во мај 2020 година, Европската комисијата до Луксембург испрати писмо за формално известување за оваа неусогласеност, проследено со образложение доставено на 2 декември 2021 година и со барање земјата да изврши измени во своето законодавство во рок од два месеци.

- Бидејќи луксембуршкиот одговор на образложението не беше задоволителен, Комисијата сега одлучи да го упати Луксембург пред Судот на правдата на Европската Унија, се посочува во одлуката.

The post ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување со регулативите на Европската Унија. Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, додека Луксембург е обвинет за несоодветно усогласување со Директивата против даночно затајување. Според Еврокомисија, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Шведска не ги применила правилата за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје согласно Директивата на ЕУ за огнено оружје, со кои се бара оружјето да има јасна, трајна и единствена ознака.
Шведска не успеа целосно да ја имплементира Директивата до крајниот рок - 17 јануари 2020 година. Нецелосното усогласување од страна на Шведска ја загрозува целта на самата Директива за зајакнување на јавната безбедност во Унијата, посочува Европската комисија.
Брисел покрена прекршочна постапка против Шведска во мај 2020 година со испраќање на официјално писмо, по што во февруари 2022 година достави и образложение за одлуката. На 9 јуни годинава, шведските власти на Комисијата и доставија Нацрт-закон кој има за цел да ја имплементира Директивата, но тој се уште не е донесен, поради што извршното тело на Унијата реши да покрене постапка пред Судот на правдата. Во однос на Естонија, Еврокомисијата смета дека земјата не успела да ја импементира Директивата ЕЦН+ за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, која ги обврзува власите на членките на ЕУ да ги спроведуваат антимонополските правила на Унијата. Земјите членки на ЕУ беа обврзани да усвојат препораки и мерки за целосно усогласување со Директивата ЕЦН+ до 4 февруари 2021 година, Естонија доега не доставила до Брисел никакви одлуки во тој правец, поради што Европската комисија одлучи да ја тужи земјата пред Судот на правдата на ЕУ. Луксембург, пак, се товари дека несоодветно го усогласил своето законодавство со Директивата против даночно затајување (АТАД1), во делот кој предвидува отстапки од обврската за плаќање камати на даночната основа за одредени финансиски друштва. Луксембург во својата регулатива во овие финанскиски друштва ги вклучил и правните субјектите што тргуваат со хартии од вредност, кои не се наоѓаат на листата утврдена со Директивата АТАД1. Во мај 2020 година, Европската комисијата до Луксембург испрати писмо за формално известување за оваа неусогласеност, проследено со образложение доставено на 2 декември 2021 година и со барање земјата да изврши измени во своето законодавство во рок од два месеци. - Бидејќи луксембуршкиот одговор на образложението не беше задоволителен, Комисијата сега одлучи да го упати Луксембург пред Судот на правдата на Европската Унија, се посочува во одлуката.

The post ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Граѓаните на Луксембург се уште се најбогати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/graganite-na-luksemburg-se-ushte-se-najbogati/ Thu, 23 Mar 2023 13:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=622890

Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.

Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот на Луксембург, наведува Евростат.

Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.

Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија. Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.

The post Граѓаните на Луксембург се уште се најбогати appeared first on Република.

]]>

Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ. Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот на Луксембург, наведува Евростат. Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ. Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија. Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.

The post Граѓаните на Луксембург се уште се најбогати appeared first on Република.

]]>
Селекторот Лазаров го објави конечниот список за вечерашниот дуел со Луксембург https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/selektorot-lazarov-go-objavi-konechniot-spisok-za-vecherashniot-duel-so-luksemburg/ Wed, 12 Oct 2022 09:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=560008

Кирил Лазаров, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го состави финалниот тим од 16 ракометари кои ќе настапат на вечерашниот дуел со Луксембург во Скопје.

Лазаров на подготовките за дуелите со Луксембург и Турција на списокот имаше 21 ракометар од кои ќе се комбинираат составите за овие два натпревари.

Денеска беше финализиран составот за првиот меч. Селекторот нема да смета на Дејан Манасков за кого беше најавено дека ќе биде поштеден на овој меч.

Другите ракометари кои шансата да настапат за репрезентацијата ќе ја чекаат на мечот со Турција во недела се Мартин Томовски, Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ.

Луксембург е можност да се даде шанса на играчи што веќе извесен период конкурираат за место во тимот. Следниот состав што ќе патува во Ван, Турција веројатно ќе биде малку поинаков.

Натпреварот со Луксембург се игра денеска од 19:00 часот, во Борис Трајковски. Билетите за натпреварот се по цена од 50 и 100 денари.

The post Селекторот Лазаров го објави конечниот список за вечерашниот дуел со Луксембург appeared first on Република.

]]>

Кирил Лазаров, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го состави финалниот тим од 16 ракометари кои ќе настапат на вечерашниот дуел со Луксембург во Скопје. Лазаров на подготовките за дуелите со Луксембург и Турција на списокот имаше 21 ракометар од кои ќе се комбинираат составите за овие два натпревари. Денеска беше финализиран составот за првиот меч. Селекторот нема да смета на Дејан Манасков за кого беше најавено дека ќе биде поштеден на овој меч. Другите ракометари кои шансата да настапат за репрезентацијата ќе ја чекаат на мечот со Турција во недела се Мартин Томовски, Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ. Луксембург е можност да се даде шанса на играчи што веќе извесен период конкурираат за место во тимот. Следниот состав што ќе патува во Ван, Турција веројатно ќе биде малку поинаков. Натпреварот со Луксембург се игра денеска од 19:00 часот, во Борис Трајковски. Билетите за натпреварот се по цена од 50 и 100 денари.

The post Селекторот Лазаров го објави конечниот список за вечерашниот дуел со Луксембург appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Донкел: Сега е момент за почеток на преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-donkel-sega-e-moment-za-pochetok-na-pregovorite-na-makedonija-i-na-albanija-so-eu/ Tue, 05 Apr 2022 17:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=483748

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Филипе Донкел, нерезидентен амбасадор на Големото војводство Луксембург за земјава, придружуван од Петар Арсовски, почесен конзул на Луксембург во нашата држава.

На состанокот се потврдени добрите пријателски односи на Македонија со Луксембург и заедничката определба за унапредување на соработката на сите нивоа.

Воедно е пренесен и поздрав до премиерот Ковачевски од премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и целосна поддршка на евроинтеграциите на Република Македонија.

Оценето е дека нашата држава во пракса применува европски вредности, што го покажа и со имплементацијата на политиките на линија на Европската Унија, на коишто се постави во однос на ситуацијата во Украина.

Исто така се смета дека државава има направено голем напредок во реформските процеси за кратко време, што се почитува и поради што, како што е соопштено, продолжува силната поддршка за скорешно отворање на преговорите на Република Македонија со ЕУ.

При тоа, заеднички е констатирано дека почетокот на преговорите на Македонија и на Албанија со Европската Унија е во функција на стабилноста на Западен Балкан и дека сега е моментот за тоа.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата поддршка од Луксембург и за искреното пријателство со Македонија кое што се интензивира.

Владата е посветена кон потребите на граѓаните и предизвиците по војната во Украина. Македонија се постави стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ во однос на војната во Украина и со тоа на вистинската страна на историјата. Разговорите со бугарскиот премиер Петков се водат на принципиелно ниво. Во голем дел го хармонизиравме домашното законодавство со европското. Тоа сега треба да се валоризира од ЕУ, бидејќи е значајно и за регионот и за ЕУ, рече премиерот Ковачевски.

На средбата се разговараше и за можностите за унапредување на економската соработка со Луксембург, при што премиерот Ковачевски посочи на предностите за инвестирање во земјава.

Претседателот на Владата, Ковачевски, упати покана до премиерот на Луксембург, Бетел, за официјална посета на Македонија.

 

The post Ковачевски – Донкел: Сега е момент за почеток на преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Филипе Донкел, нерезидентен амбасадор на Големото војводство Луксембург за земјава, придружуван од Петар Арсовски, почесен конзул на Луксембург во нашата држава. На состанокот се потврдени добрите пријателски односи на Македонија со Луксембург и заедничката определба за унапредување на соработката на сите нивоа. Воедно е пренесен и поздрав до премиерот Ковачевски од премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и целосна поддршка на евроинтеграциите на Република Македонија. Оценето е дека нашата држава во пракса применува европски вредности, што го покажа и со имплементацијата на политиките на линија на Европската Унија, на коишто се постави во однос на ситуацијата во Украина. Исто така се смета дека државава има направено голем напредок во реформските процеси за кратко време, што се почитува и поради што, како што е соопштено, продолжува силната поддршка за скорешно отворање на преговорите на Република Македонија со ЕУ. При тоа, заеднички е констатирано дека почетокот на преговорите на Македонија и на Албанија со Европската Унија е во функција на стабилноста на Западен Балкан и дека сега е моментот за тоа. Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата поддршка од Луксембург и за искреното пријателство со Македонија кое што се интензивира.
Владата е посветена кон потребите на граѓаните и предизвиците по војната во Украина. Македонија се постави стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ во однос на војната во Украина и со тоа на вистинската страна на историјата. Разговорите со бугарскиот премиер Петков се водат на принципиелно ниво. Во голем дел го хармонизиравме домашното законодавство со европското. Тоа сега треба да се валоризира од ЕУ, бидејќи е значајно и за регионот и за ЕУ, рече премиерот Ковачевски.
На средбата се разговараше и за можностите за унапредување на економската соработка со Луксембург, при што премиерот Ковачевски посочи на предностите за инвестирање во земјава. Претседателот на Владата, Ковачевски, упати покана до премиерот на Луксембург, Бетел, за официјална посета на Македонија.  

The post Ковачевски – Донкел: Сега е момент за почеток на преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ appeared first on Република.

]]>