Луке Галески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luke-galeski/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 08:36:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Луке Галески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luke-galeski/ 32 32 Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/galeski-sigurno-e-samo-deka-makedonija-ke-bide-povtorno-tvoja/ Mon, 06 May 2024 07:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=774626

Муса Куса беше либиски разузнавач и подоцна еден од најактивните министри за надворешни работи на режимот на Гадафи. Тој беше ревносен бранител до последниот час на сите политики на системот, но пред да падне Гадафи го напушти и подоцна замина во егзил, прикажувајќи се за жртва, но и бранител на прозападните вредности против кои се бореше кога беше на државна функција. Во реалноста, ниту режимот на Гадафи го почитуваше и истиот го сметаа за грешка, ниту пак западните држави го сметаа за релевантен борец против тоа што Гадафи го претставуваше. Ова го пишувам затоа што многумина од власта, кои до последниот час го бранат неодбранливото, потребно е да го видат примерот во кој безмалку се претвараат, кога налудничаво произведуваат лаги, шпекулации и наметнуваат погрешни претстави, пишува Луке Галески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во отворено писмо до јавноста.

Потребно е човек и во поразот да биде достоинствен, но очигледно овие денови истите оние кои се причина за тоа народот да биде незадоволен го загубија и тоа малку достоинство што им остана.

Како одговорен за Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и за кампањата, се чуствувам повикан да одговорам на сите оние прозивки кои во последно време доаѓаат од ДУИ и Бујар Османи дека кампањата и слоганот биле шовинистички, или пак оние од СДСМ дека Македонија повторно твоја, значело враќање на некаков режим... И сочекав да видам дали е ова најдоброто што можат да го произведат, но очигледно, тоа е единственото нешто што и можеа да го кажат, во отсуство на реален наратив.

Тврдењето на домашниот Муса Куса во обликот на Бујар дека ВМРО-ДПМНЕ има шовинистички слоган потекнува пред сè поради различното поимање и гледање на Македонија. Тој, на државата која го плаќа гледа како за туѓо ткиво, терајќи етноцентрична агенда која гледаме дека завршува во милионски грабеж грубо злоупотребувајќи ја судбината и на Албанците и на Македонците. А ние на Македонија гледаме како на наше единствено парче земја, едно исто небо, кое ги обединува сите луѓе што живеат во неа. И практично, Македонија повторно твоја е огледалото на неговата немоќ да се спротивстави на концептот кој го надминува она што досега го претставуваше ДУИ, партија која ја монополизираше темата, но и ја киднапира слободата да се говори за правата на Албанците од еден поинаков неполитички и чисто граѓански апсект, ним многу поважен. Затоа што, на крајот кога ќе се сведат сметките, не е важно колку Артан или Бујар ќе повторат ЕУ, ЕУ, туку колку ќе може народот да си ги плати сметките и да обезбеди пристојна живечка за своите семејства.

И ќе треба да им објаснат на Албанците како е можно тие да живеат со 200 денари на ден, а Артан и Бујар со по 2000 евра на ден. И колку да ја продуцираат темата на поделба на граѓанското ткиво и да јаваат на бранот на Македонци и Албанци, на западна и источна Македонија, на лев и десен брег на Вардар во Скопје, иако звучи клише, тие зборови ја потврдуваат вистината и овој пат дека нема ваша и наша, нема сдсмовска, вмровска, има само една Македонија.

И освен граѓаните ја злоупотребија и довербата на партнерите на државата кои и мислат добро на земјава, затоа што тоа е и систем на вредности и начин на живот, каков ние немаме и како оваа власт во заминување нема ниту намера да има и да застапува. Тоа го бараат и граѓаните. Власта кога ќе каже ЕУ, мисли на завеса со која го покрива срамот од криминалот, ние кога ќе кажеме ЕУ мислиме на вредности за кои ќе се бориме со аргументи и работа.

Што се однесува до тврдењата на СДСМ за наводно повторно враќање на режимот, за некакви си епски битки и отпор на СДСМ, од кои на крајот се сеќавањата за протестите за заштита на пеперутките во Пештани, кога денес молчат за Онкологија, а тогаш кога протестираа за кучето Идриз, кога денес молчат за 14 живи изгорени во модуларната болница во Тетово, Венко им е визионерот и најдобриот избор во 4та ИЕ, а тогаш протестираа за малечката Тамара, и тогаш кога славеа за укинатата радиодифузна такса, а денес кога си подмолчуваат за двоцифрената инфлација. И тогаш кога велеа дека ја бранеле слободата, а денес кога отворено се караат и се пресметуваат со медиуми и новинари... таквото лицемиерие секој ден одново им се удира од глава.

Исто како што е лицемерие да се говори за режим, а толку гласно, ревносно, со воодушевување и изразена насмевка на лицето како стрип јунак од Монти Пајтон, Ковачевски аплаудираше на отворањето на новата зграда на Стариот Театар. Исто како што е вештачка и неприродна наметнатата амнезија дека ДУИ, денес најдобриот партнер на СДСМ, тогаш беа власт во тој период и се дел од сите одлуки врз кои денес го градат тој мит. И на крајот, ставовите за борба против некаков режим, седум години потоа, се тотално ирелевантни, затоа што вистинското и суштинско прашање е како се живее денес. Проблемот е што денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден, системот што е создаден да служи на народот, служи на стотина луѓе од власта.

И го немате правото за да говорите за слобода и демократија, затоа што во времињата кога најмногу говоревте за правда и право, тогаш најмногу крадевте и во исто време ја газевте правдата. Затоа што го посеавте семето на злото, и тоа во моментите кога малтретиравте стотина луѓе по судови, кога внесувавте прво во пртивори, а дури потоа измислувавте обвиненија, и кога главните ликови на криминалот се нечепнати, а лисиците на обични граѓани го викавте „еве дојде живтот“. И за себе ја задоволувавте суетата, а го храневте гневот кај сите останати кога малтретиравте луѓе со милион истраги од кои не произлезе ништо, и тогаш кога се удиравте во гради дека ќе ја згаснете ВМРО, а вашите апологети безобѕирно го хранеа вашето его ситејќи се над туѓите несреќи. Прашајте ги и тие луѓе од медиумите кои ги малтретиравте со истраги и обвиненија, кои ги етикетиравте и бесрамно жигосувавте, а и тие кои тогаш силно ве поддржуваа дали ги направивте вистински среќни или по малку направивте да се срамат од вас. Да не зборувам оние кои пак грубо и денес ги злоупотребивте и на кои гледате како на производна машина за лажни вести од вашиот штаб.

Затоа и жестоко ќе изгубите. И нема да ве спасат не само некакви фалсификувани документи или оперативни планови со кои влеговте во кампањата, ниту 100-тина Асафци или какви и други мешетари кои ви даваат совети од кои треба да си ги побарате парите што ви ги земале, затоа што оваа ваша кампања не само што има спот во кој Ковачевски го промашува голот, туку во својата суштина со своите пораки жестоко го иритира народот и го потсетува зошто треба да ве казнат.

И не заборавајте, бранот што сега ви се случува започна и во моментите кога пред неколку години неколкумина од нас ви протестираа на улиците за штетните договори а вие молчевте, кога ВМРО правеше маршеви и велеше не го слушате народот, државата ја уништувавте, а вие седнати во авиончето лажевте дека сте донеле датум за преговори. Почнавте да паѓате кога арогантно започнавте да се карате и со медиумите, кога мислевте дека можете да удрите и по образованието, да крадете и од печатење на учебници кои ги нема, и да оставате пациенти без лекови и да ги малтретирате докторите и дека сево ова ќе помине. Чекајте го бранот на промени, тој ќе дојде на 8-ми.

И тој револт на народот нема да биде само поради купувањето на Соравија од голобрадо дете, или поради делењето на шамарите во контролата на летањето. Ова се само последните скандали во редицата скандали и криминали поради кои ќе паднете. А имаше безбројно многу. Револтот е и поради името, и поради договорот со Бугарија, и поради модуларната болница, и поради тендерите во РЕК, фалсификуваните пасоши, поради крвавите раце на министрите во здравството... Сметката е отворена, а наплата се собира.

Македонија повторно твоја е и концепт кој укажува на тоа дека државата создадена за народот во моментот ја нема, не функционира и е киднапирана од стотина политичари на ДУИ и СДСМ, а сите останати се од втор ред. Овој концепт е едноставна рефлексија на тоа што е гола реалност, но и дека ВМРО-ДПМНЕ мора да учи од грешките на сите минати власти и не смее да ги повторува, затоа што народот не смее да се изневери. Овој концепт го нуди сето ова, додека власта не го согледува бидејќи е длабоко забраздена и надвор од реалноста.

Народот е мудар и доаѓа време на надеж и верба во принципи и вредности кои мора да победат. Испораката е на 8-ми мај. Останете така. Следува одговорност. Сигурно е само дека Македонија се враќа кај народот, заклучува Галески.

The post Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја appeared first on Република.

]]>

Муса Куса беше либиски разузнавач и подоцна еден од најактивните министри за надворешни работи на режимот на Гадафи. Тој беше ревносен бранител до последниот час на сите политики на системот, но пред да падне Гадафи го напушти и подоцна замина во егзил, прикажувајќи се за жртва, но и бранител на прозападните вредности против кои се бореше кога беше на државна функција. Во реалноста, ниту режимот на Гадафи го почитуваше и истиот го сметаа за грешка, ниту пак западните држави го сметаа за релевантен борец против тоа што Гадафи го претставуваше. Ова го пишувам затоа што многумина од власта, кои до последниот час го бранат неодбранливото, потребно е да го видат примерот во кој безмалку се претвараат, кога налудничаво произведуваат лаги, шпекулации и наметнуваат погрешни претстави, пишува Луке Галески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во отворено писмо до јавноста. Потребно е човек и во поразот да биде достоинствен, но очигледно овие денови истите оние кои се причина за тоа народот да биде незадоволен го загубија и тоа малку достоинство што им остана. Како одговорен за Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и за кампањата, се чуствувам повикан да одговорам на сите оние прозивки кои во последно време доаѓаат од ДУИ и Бујар Османи дека кампањата и слоганот биле шовинистички, или пак оние од СДСМ дека Македонија повторно твоја, значело враќање на некаков режим... И сочекав да видам дали е ова најдоброто што можат да го произведат, но очигледно, тоа е единственото нешто што и можеа да го кажат, во отсуство на реален наратив. Тврдењето на домашниот Муса Куса во обликот на Бујар дека ВМРО-ДПМНЕ има шовинистички слоган потекнува пред сè поради различното поимање и гледање на Македонија. Тој, на државата која го плаќа гледа како за туѓо ткиво, терајќи етноцентрична агенда која гледаме дека завршува во милионски грабеж грубо злоупотребувајќи ја судбината и на Албанците и на Македонците. А ние на Македонија гледаме како на наше единствено парче земја, едно исто небо, кое ги обединува сите луѓе што живеат во неа. И практично, Македонија повторно твоја е огледалото на неговата немоќ да се спротивстави на концептот кој го надминува она што досега го претставуваше ДУИ, партија која ја монополизираше темата, но и ја киднапира слободата да се говори за правата на Албанците од еден поинаков неполитички и чисто граѓански апсект, ним многу поважен. Затоа што, на крајот кога ќе се сведат сметките, не е важно колку Артан или Бујар ќе повторат ЕУ, ЕУ, туку колку ќе може народот да си ги плати сметките и да обезбеди пристојна живечка за своите семејства. И ќе треба да им објаснат на Албанците како е можно тие да живеат со 200 денари на ден, а Артан и Бујар со по 2000 евра на ден. И колку да ја продуцираат темата на поделба на граѓанското ткиво и да јаваат на бранот на Македонци и Албанци, на западна и источна Македонија, на лев и десен брег на Вардар во Скопје, иако звучи клише, тие зборови ја потврдуваат вистината и овој пат дека нема ваша и наша, нема сдсмовска, вмровска, има само една Македонија. И освен граѓаните ја злоупотребија и довербата на партнерите на државата кои и мислат добро на земјава, затоа што тоа е и систем на вредности и начин на живот, каков ние немаме и како оваа власт во заминување нема ниту намера да има и да застапува. Тоа го бараат и граѓаните. Власта кога ќе каже ЕУ, мисли на завеса со која го покрива срамот од криминалот, ние кога ќе кажеме ЕУ мислиме на вредности за кои ќе се бориме со аргументи и работа. Што се однесува до тврдењата на СДСМ за наводно повторно враќање на режимот, за некакви си епски битки и отпор на СДСМ, од кои на крајот се сеќавањата за протестите за заштита на пеперутките во Пештани, кога денес молчат за Онкологија, а тогаш кога протестираа за кучето Идриз, кога денес молчат за 14 живи изгорени во модуларната болница во Тетово, Венко им е визионерот и најдобриот избор во 4та ИЕ, а тогаш протестираа за малечката Тамара, и тогаш кога славеа за укинатата радиодифузна такса, а денес кога си подмолчуваат за двоцифрената инфлација. И тогаш кога велеа дека ја бранеле слободата, а денес кога отворено се караат и се пресметуваат со медиуми и новинари... таквото лицемиерие секој ден одново им се удира од глава. Исто како што е лицемерие да се говори за режим, а толку гласно, ревносно, со воодушевување и изразена насмевка на лицето како стрип јунак од Монти Пајтон, Ковачевски аплаудираше на отворањето на новата зграда на Стариот Театар. Исто како што е вештачка и неприродна наметнатата амнезија дека ДУИ, денес најдобриот партнер на СДСМ, тогаш беа власт во тој период и се дел од сите одлуки врз кои денес го градат тој мит. И на крајот, ставовите за борба против некаков режим, седум години потоа, се тотално ирелевантни, затоа што вистинското и суштинско прашање е како се живее денес. Проблемот е што денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден, системот што е создаден да служи на народот, служи на стотина луѓе од власта. И го немате правото за да говорите за слобода и демократија, затоа што во времињата кога најмногу говоревте за правда и право, тогаш најмногу крадевте и во исто време ја газевте правдата. Затоа што го посеавте семето на злото, и тоа во моментите кога малтретиравте стотина луѓе по судови, кога внесувавте прво во пртивори, а дури потоа измислувавте обвиненија, и кога главните ликови на криминалот се нечепнати, а лисиците на обични граѓани го викавте „еве дојде живтот“. И за себе ја задоволувавте суетата, а го храневте гневот кај сите останати кога малтретиравте луѓе со милион истраги од кои не произлезе ништо, и тогаш кога се удиравте во гради дека ќе ја згаснете ВМРО, а вашите апологети безобѕирно го хранеа вашето его ситејќи се над туѓите несреќи. Прашајте ги и тие луѓе од медиумите кои ги малтретиравте со истраги и обвиненија, кои ги етикетиравте и бесрамно жигосувавте, а и тие кои тогаш силно ве поддржуваа дали ги направивте вистински среќни или по малку направивте да се срамат од вас. Да не зборувам оние кои пак грубо и денес ги злоупотребивте и на кои гледате како на производна машина за лажни вести од вашиот штаб. Затоа и жестоко ќе изгубите. И нема да ве спасат не само некакви фалсификувани документи или оперативни планови со кои влеговте во кампањата, ниту 100-тина Асафци или какви и други мешетари кои ви даваат совети од кои треба да си ги побарате парите што ви ги земале, затоа што оваа ваша кампања не само што има спот во кој Ковачевски го промашува голот, туку во својата суштина со своите пораки жестоко го иритира народот и го потсетува зошто треба да ве казнат. И не заборавајте, бранот што сега ви се случува започна и во моментите кога пред неколку години неколкумина од нас ви протестираа на улиците за штетните договори а вие молчевте, кога ВМРО правеше маршеви и велеше не го слушате народот, државата ја уништувавте, а вие седнати во авиончето лажевте дека сте донеле датум за преговори. Почнавте да паѓате кога арогантно започнавте да се карате и со медиумите, кога мислевте дека можете да удрите и по образованието, да крадете и од печатење на учебници кои ги нема, и да оставате пациенти без лекови и да ги малтретирате докторите и дека сево ова ќе помине. Чекајте го бранот на промени, тој ќе дојде на 8-ми. И тој револт на народот нема да биде само поради купувањето на Соравија од голобрадо дете, или поради делењето на шамарите во контролата на летањето. Ова се само последните скандали во редицата скандали и криминали поради кои ќе паднете. А имаше безбројно многу. Револтот е и поради името, и поради договорот со Бугарија, и поради модуларната болница, и поради тендерите во РЕК, фалсификуваните пасоши, поради крвавите раце на министрите во здравството... Сметката е отворена, а наплата се собира. Македонија повторно твоја е и концепт кој укажува на тоа дека државата создадена за народот во моментот ја нема, не функционира и е киднапирана од стотина политичари на ДУИ и СДСМ, а сите останати се од втор ред. Овој концепт е едноставна рефлексија на тоа што е гола реалност, но и дека ВМРО-ДПМНЕ мора да учи од грешките на сите минати власти и не смее да ги повторува, затоа што народот не смее да се изневери. Овој концепт го нуди сето ова, додека власта не го согледува бидејќи е длабоко забраздена и надвор од реалноста. Народот е мудар и доаѓа време на надеж и верба во принципи и вредности кои мора да победат. Испораката е на 8-ми мај. Останете така. Следува одговорност. Сигурно е само дека Македонија се враќа кај народот, заклучува Галески.    

The post Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја appeared first on Република.

]]>
Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galeski-dodeka-vladata-i-arsovska-si-ja-prefrlaat-topkata-stradaat-1000-semejstva-bez-plati-i-skopjani/ Wed, 19 Oct 2022 15:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=563204

Она што претставува вистинска штета е што додека Владата и Градот си ја префрлаат топката едни на други, едните велат дека на другите им должат два милиони евра, а првите велат дека не е точно. Најмногу трпат граѓаните кои се вработени во ЈСП кои се над илјада семејства кои не добиваат плата редовно, и оние кои ги користат услугите на ова јавно претпријатие, а чие користење е доведено во прашање, рече советникот во Град Скопје, Луке Галески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него „она што е вистинска штета е дека дури и да ја донесеме оваа одлука денес која ќе ги залечи раните на претпријатието нема да го реши проблемот, прашање на време е кога повторно ЈСП ќе заглави вака, иако помагаме не го решаваме проблемот затоа што изворот на проблемот е двостран Владата и неспособноста на градската админиситрација“.

Галсеки истакна дека прашања кои заслужуваат одговори се: “зошто ако Владата должела два милиони евра на ЈСП, Градот и Арсовска не кажаа збор за тоа дека на пример Клинички должи два милиони евра на Водовод каде Арсовска си направи политичко харикири, зошто директорот на Улици и патишта молчи што Градот му должи милион евра и зошто ако сето ова го има на товар Арсовска со толку многу долгови прави тендери и троши пари за анкети“.

„Госпоѓо Арсовска вака ако продолжите вашиот рејтинг оди кон нула. Помина месец дена од политичкото разидување со ВМРО-ДПМНЕ, а денес на дневен ред разговараме за банкротирано претпријатие, банкрот, хаос, огромни долгови, матни ликови за кои се говори дека одат по институции и договараат тендери, и една политички чудна но логично криминална и медарски расположена коалиција составена од една партија на власт, друга партија на власт која што полутајно ја поддржува градоначалничката и секако Арсовска со неколку луѓе околу неа. За жал вака изглледа Скопје кога Арсосвска го води“, рече Галески.

Тој укажа дека за прв пат по формирањето на ЈСП, претпријатието не е во состојба да ја извршува функцијата за која е формирано. Тоа, додаде Галески, говори дека менаџерката на Градот не менаџира со она што е основна функција на претпријатието и за ова може да се бараат изговори во ВМРО-ДПМНЕ, но факт е дека таа си го постави директорот.

„Директорот е предвесник на полутајната коалиција. И да ги кажеме состојбите какви што се, зошто СДСМ за состојбите во ЈСП го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, на вакво прашање не треба да се ловат политички поени, но доколку ги гледаме низ политичка призма јасно кажува фотографијата на која до директорот во седиштето на СДСМ седат советници од СДСМ и ова кажува дека не е професионален кадар, туку кадар по медарскиот карактер на Арсовска“

Галески потенцираше:

„жално е што се расправа за ова, градоначалничките имате мед, медот го добивате, ама треба да знаете дека по медот доаѓа и пелинот, со здравје да си го носите“.

The post Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани appeared first on Република.

]]>

Она што претставува вистинска штета е што додека Владата и Градот си ја префрлаат топката едни на други, едните велат дека на другите им должат два милиони евра, а првите велат дека не е точно. Најмногу трпат граѓаните кои се вработени во ЈСП кои се над илјада семејства кои не добиваат плата редовно, и оние кои ги користат услугите на ова јавно претпријатие, а чие користење е доведено во прашање, рече советникот во Град Скопје, Луке Галески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него „она што е вистинска штета е дека дури и да ја донесеме оваа одлука денес која ќе ги залечи раните на претпријатието нема да го реши проблемот, прашање на време е кога повторно ЈСП ќе заглави вака, иако помагаме не го решаваме проблемот затоа што изворот на проблемот е двостран Владата и неспособноста на градската админиситрација“. Галсеки истакна дека прашања кои заслужуваат одговори се: “зошто ако Владата должела два милиони евра на ЈСП, Градот и Арсовска не кажаа збор за тоа дека на пример Клинички должи два милиони евра на Водовод каде Арсовска си направи политичко харикири, зошто директорот на Улици и патишта молчи што Градот му должи милион евра и зошто ако сето ова го има на товар Арсовска со толку многу долгови прави тендери и троши пари за анкети“.
„Госпоѓо Арсовска вака ако продолжите вашиот рејтинг оди кон нула. Помина месец дена од политичкото разидување со ВМРО-ДПМНЕ, а денес на дневен ред разговараме за банкротирано претпријатие, банкрот, хаос, огромни долгови, матни ликови за кои се говори дека одат по институции и договараат тендери, и една политички чудна но логично криминална и медарски расположена коалиција составена од една партија на власт, друга партија на власт која што полутајно ја поддржува градоначалничката и секако Арсовска со неколку луѓе околу неа. За жал вака изглледа Скопје кога Арсосвска го води“, рече Галески.
Тој укажа дека за прв пат по формирањето на ЈСП, претпријатието не е во состојба да ја извршува функцијата за која е формирано. Тоа, додаде Галески, говори дека менаџерката на Градот не менаџира со она што е основна функција на претпријатието и за ова може да се бараат изговори во ВМРО-ДПМНЕ, но факт е дека таа си го постави директорот.
„Директорот е предвесник на полутајната коалиција. И да ги кажеме состојбите какви што се, зошто СДСМ за состојбите во ЈСП го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, на вакво прашање не треба да се ловат политички поени, но доколку ги гледаме низ политичка призма јасно кажува фотографијата на која до директорот во седиштето на СДСМ седат советници од СДСМ и ова кажува дека не е професионален кадар, туку кадар по медарскиот карактер на Арсовска“
Галески потенцираше:
„жално е што се расправа за ова, градоначалничките имате мед, медот го добивате, ама треба да знаете дека по медот доаѓа и пелинот, со здравје да си го носите“.

The post Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани appeared first on Република.

]]>
Аркан Керим: Не сум експерт за водовод, ниту сум турски државјанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/arkan-kerim-ne-sum-ekspert-za-vodovod-nitu-sum-turski-drzavjanin/ Thu, 15 Sep 2022 21:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=551199

Освен туризмот ништо друго не ме интересира, напиша на својот профил на Фејсбук Аркан Керим откако денеска советникот Луке Галески побара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да одговори дали тој е мотивот за нејзините постапки во врска со проектот за Прочистителна станица во Скопје.

Навистина ми е смешно да ме претставуваат како експерт за водовод и канализација кога освен туризмот ништо друго не ме интересира. Најодговорно ги отфрлам сите шпекулации. Ниту сум турски државјанин, ниту сум имал комуникација со актуелното градско раководство по ниеден основ. Категорично и целосно ја отфрлам содржината на изјавата како невистинита и тендециозна. Тврдам дека немам никаква поврзаност со турската компанија за која што се тврди дека е учесник на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје. Јас, како претприемач и стопанственик долги години работам во секторот туризам и угостителство и ниту со актуелното градско раководство имам некаква комуникација иако како претседател на ТУК би требал да имам интензивна соработка со Град Скопје за афирмација и заеднички проекти во сферата на туризмот и промоција на Скопје како дестинација за посета на странски туристи, напиша тој.

Можеби мотивот зошто тоа го направивте лежи во овој лик тука. Овој човек се вика Аркан Керим и јавно ја прашувам градоначалничката дали го познава ова лице и дали ова лице има поврзаност со турската компанија со која што медиумите, не знам од каде дознале, дека е учесник на тендерот вреден 160 милиони евра – ја праша Галески Арсовска.

https://republika.mk/vesti/skopje/luke-galevski-do-arsovska-dali-go-znaete-ovoj-lik/

Керим е претседател на Комората на туристички агенции, хотели, превозници на патници и ресторани при Сојуз на стопански комори на Македонија и претседател на совет во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ.

The post Аркан Керим: Не сум експерт за водовод, ниту сум турски државјанин appeared first on Република.

]]>

Освен туризмот ништо друго не ме интересира, напиша на својот профил на Фејсбук Аркан Керим откако денеска советникот Луке Галески побара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да одговори дали тој е мотивот за нејзините постапки во врска со проектот за Прочистителна станица во Скопје.
Навистина ми е смешно да ме претставуваат како експерт за водовод и канализација кога освен туризмот ништо друго не ме интересира. Најодговорно ги отфрлам сите шпекулации. Ниту сум турски државјанин, ниту сум имал комуникација со актуелното градско раководство по ниеден основ. Категорично и целосно ја отфрлам содржината на изјавата како невистинита и тендециозна. Тврдам дека немам никаква поврзаност со турската компанија за која што се тврди дека е учесник на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје. Јас, како претприемач и стопанственик долги години работам во секторот туризам и угостителство и ниту со актуелното градско раководство имам некаква комуникација иако како претседател на ТУК би требал да имам интензивна соработка со Град Скопје за афирмација и заеднички проекти во сферата на туризмот и промоција на Скопје како дестинација за посета на странски туристи, напиша тој.
Можеби мотивот зошто тоа го направивте лежи во овој лик тука. Овој човек се вика Аркан Керим и јавно ја прашувам градоначалничката дали го познава ова лице и дали ова лице има поврзаност со турската компанија со која што медиумите, не знам од каде дознале, дека е учесник на тендерот вреден 160 милиони евра – ја праша Галески Арсовска. https://republika.mk/vesti/skopje/luke-galevski-do-arsovska-dali-go-znaete-ovoj-lik/ Керим е претседател на Комората на туристички агенции, хотели, превозници на патници и ресторани при Сојуз на стопански комори на Македонија и претседател на совет во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ.

The post Аркан Керим: Не сум експерт за водовод, ниту сум турски државјанин appeared first on Република.

]]>
Арсовска излезе од колосек: „Каде е шпицниот градоначалник“, „советниче ви се тресе рачето“, „Мицкоски да си поднесе оставка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-izleze-od-kolosek-kade-e-shpicniot-gradonachalnik-sovetniche-vi-se-trese-racheto-mickoski-da-si-podnese-ostavka/ Thu, 15 Sep 2022 11:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=551041

Говорот на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Гелески не ѝ се допадна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која со доцнење пристигна на седницата на Советот на Град Скопје и ја следеше од „магарешка клупа“.

https://republika.mk/vesti/skopje/luke-galevski-do-arsovska-dali-go-znaete-ovoj-lik/

Арсовска не штедеше зборови против ВМРО-ДПМНЕ, пред сè, партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Советниче, кога лажете и мавтате со документи, ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Кај се крие Мицкоски? Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе. Мицкоски за жал не е еден од тие, му се обрати Арсовска на Гелески.

И таа го праша Галески како до вчера за нив била најдобар градоначалник на Скопје, но сега не е.

Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но јас како што гледаш, не ми трепери гласот, и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како треба. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер, рече таа.

Арсовска го прозва и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски барајќи од него да не се крие.

На шпицниот градоначалник да му кажам нешто: Мицкоски да не се крие, да се бореше со власта, да се бореше против спорните договори како што се бори овие 3-4 дена со мене ќе ја спасеше Македонија. Сите знаат дека е така, рече градоначалничката.

Своето обраќање таа го заврши и со барање за оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Гледам што зборува шпицниот за оставките, ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне од себе, рече градоначалничката.

Додека таа зборуваше неколку пати и се исклучуваше микрофонот на говорницата, а претседателот на Советот, Трајко Славески, при крајот ја прекина велејќи дека ќе даде пауза за да се договорат за форматот на давањето одговори на советничките прашања.

Форматот на одговорите е немој да се закануваш Мицкоски, немој да се криеш, рече Арсовска.

По ова, Славески даде пауза, а Арсовска си замина од седницата.

Жалам што си замина и што јавноста имаше прилика да види една голема омраза, неконтролирано однесување кое скопјани не го заслужуваат. Не можам да бидам задоволен од одговорите бидејќи не добив одговор на ниту едно прашање, рече Галески по паузата.

Потоа следуваше уште една пауза за да се види дали градоначалничката ќе се врати. Во моментов, советничките прашања се во тек, но седницата тече со отсуство на Арсовска.

The post Арсовска излезе од колосек: „Каде е шпицниот градоначалник“, „советниче ви се тресе рачето“, „Мицкоски да си поднесе оставка“ appeared first on Република.

]]>

Говорот на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Гелески не ѝ се допадна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која со доцнење пристигна на седницата на Советот на Град Скопје и ја следеше од „магарешка клупа“. https://republika.mk/vesti/skopje/luke-galevski-do-arsovska-dali-go-znaete-ovoj-lik/ Арсовска не штедеше зборови против ВМРО-ДПМНЕ, пред сè, партискиот лидер Христијан Мицкоски.
Советниче, кога лажете и мавтате со документи, ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Кај се крие Мицкоски? Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе. Мицкоски за жал не е еден од тие, му се обрати Арсовска на Гелески.
И таа го праша Галески како до вчера за нив била најдобар градоначалник на Скопје, но сега не е.
Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но јас како што гледаш, не ми трепери гласот, и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како треба. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер, рече таа.
Арсовска го прозва и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски барајќи од него да не се крие.
На шпицниот градоначалник да му кажам нешто: Мицкоски да не се крие, да се бореше со власта, да се бореше против спорните договори како што се бори овие 3-4 дена со мене ќе ја спасеше Македонија. Сите знаат дека е така, рече градоначалничката.
Своето обраќање таа го заврши и со барање за оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Гледам што зборува шпицниот за оставките, ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне од себе, рече градоначалничката.
Додека таа зборуваше неколку пати и се исклучуваше микрофонот на говорницата, а претседателот на Советот, Трајко Славески, при крајот ја прекина велејќи дека ќе даде пауза за да се договорат за форматот на давањето одговори на советничките прашања.
Форматот на одговорите е немој да се закануваш Мицкоски, немој да се криеш, рече Арсовска.
По ова, Славески даде пауза, а Арсовска си замина од седницата.
Жалам што си замина и што јавноста имаше прилика да види една голема омраза, неконтролирано однесување кое скопјани не го заслужуваат. Не можам да бидам задоволен од одговорите бидејќи не добив одговор на ниту едно прашање, рече Галески по паузата.
Потоа следуваше уште една пауза за да се види дали градоначалничката ќе се врати. Во моментов, советничките прашања се во тек, но седницата тече со отсуство на Арсовска.

The post Арсовска излезе од колосек: „Каде е шпицниот градоначалник“, „советниче ви се тресе рачето“, „Мицкоски да си поднесе оставка“ appeared first on Република.

]]>
Галески до Арсовска: Демантот не е само од Перински, не е само од ВМРО-ДПМНЕ туку и од Европската инвестициска банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galeski-do-arsovska-demantot-ne-e-samo-od-perinski-ne-e-samo-od-vmro-dpmne-tuku-i-od-evropskata-investiciska-banka/ Thu, 15 Sep 2022 11:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=551045

„Јас ќе поставам три прашања, а сите три прашања се однесуваат до градоначалничката Данела Арсовска, ќе отворам повеќе дилеми и на крај ќе го поставам конкретното прашање. Првото прашање се однесува на најжешката тема оваа недела, а тоа е компромитацијата на проектот за изградба на пречистителната станица, проект кој што е тежок 160 милиони евра. Како што кажа директорот на „Водовод и канализација“, кој што беше разрешен Златко Перински, тој е жртва на притисок од страна на градоначалничката Данела Арсовска која побарала смена на Комисијата за еваулација на понудите за овој проект. Дека овие тврдења имаат поткрепа тоа е и дописот кој што го држам во рака, и каде што со потпис на Данела Арсовска се бара смена на членовите на Комисијата. Овој допис е испратен на 25.07.2022 година односно пред повеќе од месец и половина, и ако се точни тврдењата дека е Перински кој тој вршел притисок и влијание врз процесот и демонстрирал самоволие како што кажа градоначалничката, тогаш овој документ кој што го држам во рака потврдува дека Вие сте знаеле за тоа, а не сте ги известиле надлежните институции повеќе од месец и половина. Останува неодговорено прашањето зошто сте чекале месец и половина и зошто и покрај јасното тврдење на Европската инвестициона банка која што одговорила негативно за разрешување на членовите, Вие тоа сте го барале“, ја запраша градоначалничката на град Скопје, Луке Галески, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната седница на советнички прашања.

Галески додаде дека се работи за сериозен сомнеж за влијание на процесот преку упад на смена членови на Комисијата за еваулација потврда стигна и вчера вечер од Европската инвестициона банка.

„Банката вели, слушајте добро градоначалничке – „Секој обид за ревидирање на стратегија за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост ќе предизвика одложување на процесот за набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата“. Се надевам дека добро слушате“, и нагласи Галески на Арсовска.

Советникот посочи дека ЕИБ заклучува од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата, набавките се спроведени согласно Водичот за набавки на ЕИБ и во согласност на одобрената стратегија. До денес комитетот за еваулација потпомогнат од искусен тим на меѓународни консултанти ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Галески нагласи дека сето тоа пишува во реакцијата на ЕИБ.

„Значи согласно ова загрозен е проект за кој што Европската инвестициона банка определила огромна сума на пари. Значи демантот на Арсовска не е само од Перински, не е само од ВМРО-ДПМНЕ туку и од ЕИБ. А, она што исто така привлекува внимание е тоа што градоначалничката во светот на медиумите важи за доста прилично затворена, жена која што има слаба комуникација со новинарите, но затоа истиот ден кога се отвораа понудите во „Водовод и канализација“ , таа имаше мотив да упадне на прес конференцијата. Можеби мотивот зошто тоа направивте лежи во овој лик тука, овој човек се вика Аркан Керим и јавно ја прашувам градоначалничката дали го познава ова лице и дали ова лице има поврзаност со турската компанија со која што медиумите не знам од каде дознале дека е учесник на тендерот 160 милиони евра“, ја запраша Галески Арсовска.

„Во јавноста излезе дека понудата на турска компанија имала 20 милиони евра пониска понуда од останатите. Навистина е симптоматично од каде се таквите информации кога понудите се уште не биле отворени. Дали за ова требаше промена на членовите на Комисија за еваулација? И факт е дека уште двајца други директори си поднесоа оставки. Истите директори кои што Арсовска ги фалеше претходниот ден дека се исполнителни, дека ги извршуваат своите обврски веќе следниот ден беа разрешени. Е сега кога беа добри, дента кога ги фалевте или следниот ден кога баравте оставка? Тие сами си заминаа. Но, веднаш потоа беше пуштена информација во медиумите од страна на Градот Скопје и од Арсовска дека понудата била или дајте си оставки или заминете. Непотврдени информации говорат дека се случувал вистински хаос во Архивата на Градот Скопје. Па, така само ќе предупредам дека лицата Ѓорѓи Грковски, Филип Силјановски ако не биле предупредени треба да знаат дека антидатирањето на документи е кривично дело“, предупреди Галески.

Тој истакна дека главните забелешки на скопјани не се за пречистелната станица, не е само за целиот овој искреиран хаос туку во насока на неисполнувањето на ветеното.

„Главната поента на ова прашање е дали сте го знаеле ликот кој што го посочив? И второто потпрашање е зошто кога сте знаеле за обиди за влијание пред месец и половина тие не сте ги искажале односно не сте ги пренеле во Обвинителство“, ја запраша Галески градоначалничката.

„Второто прашање исто така се однесува до градоначалничката, а тоа е колку должи Градот и на кои компании? Дали има вистина дека се плаќа само на оние компании кои што ќе исполнат еден услов? И кој е тој услов, треба да ни каже градоначалничката. А, третото прашање се однесува на ветувањето за бесплатен јавен превоз исто така до градоначалничката. Ова ветување беше клучно во кампањата и добро е јавноста да знае дали конечно ќе се реализира. И на крај претпоставувам дека градоначалничката нема да има одговор на ништо од ова ама некогаш молчењето значи потврда повеќе од зборувањето“, нагласи Галески.

The post Галески до Арсовска: Демантот не е само од Перински, не е само од ВМРО-ДПМНЕ туку и од Европската инвестициска банка appeared first on Република.

Луке Галески до Арсовска: Дали го знаете овој лик? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/luke-galevski-do-arsovska-dali-go-znaete-ovoj-lik/ Thu, 15 Sep 2022 11:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=551034

Има една песна од Игор Џамбазов ,,Каква е оваа ситуација”. Се искаравте за милионски провизии, се скаравте кој да ги земе провизиите! Која е оваа фарса и иронија, каква е ова перверзија која ја креирате во јавноста. Ова на денешните советнички прашања во Град Скопје го истакна советникот Гордан Шутаров од редовите на СДСМ, алудирајќи на кавгата на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, околу тендерот за прочистителната станица вреден околу 125 милиони евра.

Со прашања за милионскиот спорен тендер пак се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески.

Тој ја праша градоначалничката зошто чекала месец и половина доколку имала сомнежи за тендерот, бидејќи дописот за смена на членовите на комисијата за евалуација го испратила на 25 јули.

Тој и презентираше и фотографија од турски државјанин, за кој рече дека бил линк со турската компанија која учествува на тендерот.

-Дали го знаете овој лик? Не би сакале по една година да се сетите во обвинителство на овој лик. Дали за ова баравте промена на комисијата за евалуација? Од каде знаевте дека понудата на турската компанија е пониска, праша советникот Галески.

Арсовска одлучи само на овој советник да му одговори усно, па рече:

-Советниче, кога лажете и кога ви се тресе рачето, смалете доживјај. Кај е шпицниот градоначалник, каде се крие Мицкоски?

Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни луѓе, а Мицкоски не е еден од нив. Откако ви го фатив директорот со рачете во медот одеднаш не чинам. За спорниот тендер има кој да одговори. Јас ќе си продолжам по патот на правдата, ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Да се бореше со власта како што се бори со мене ќе ја спасаше Мкедонија. Кога ги фативме директорчињата на Мицкоски со рацете во медот од тогаш јас не чинам, повтори Арсовска.

The post Луке Галески до Арсовска: Дали го знаете овој лик? appeared first on Република.

]]>

Има една песна од Игор Џамбазов ,,Каква е оваа ситуација”. Се искаравте за милионски провизии, се скаравте кој да ги земе провизиите! Која е оваа фарса и иронија, каква е ова перверзија која ја креирате во јавноста. Ова на денешните советнички прашања во Град Скопје го истакна советникот Гордан Шутаров од редовите на СДСМ, алудирајќи на кавгата на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, околу тендерот за прочистителната станица вреден околу 125 милиони евра. Со прашања за милионскиот спорен тендер пак се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески. Тој ја праша градоначалничката зошто чекала месец и половина доколку имала сомнежи за тендерот, бидејќи дописот за смена на членовите на комисијата за евалуација го испратила на 25 јули. Тој и презентираше и фотографија од турски државјанин, за кој рече дека бил линк со турската компанија која учествува на тендерот.
-Дали го знаете овој лик? Не би сакале по една година да се сетите во обвинителство на овој лик. Дали за ова баравте промена на комисијата за евалуација? Од каде знаевте дека понудата на турската компанија е пониска, праша советникот Галески.
Арсовска одлучи само на овој советник да му одговори усно, па рече:
-Советниче, кога лажете и кога ви се тресе рачето, смалете доживјај. Кај е шпицниот градоначалник, каде се крие Мицкоски?
Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни луѓе, а Мицкоски не е еден од нив. Откако ви го фатив директорот со рачете во медот одеднаш не чинам. За спорниот тендер има кој да одговори. Јас ќе си продолжам по патот на правдата, ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Да се бореше со власта како што се бори со мене ќе ја спасаше Мкедонија. Кога ги фативме директорчињата на Мицкоски со рацете во медот од тогаш јас не чинам, повтори Арсовска.

The post Луке Галески до Арсовска: Дали го знаете овој лик? appeared first on Република.

]]>
Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galeski-jp-gradski-parking-bila-kidnapirana-institucija-od-strana-na-lica-od-vlasta-rodnini-i-prijateli-na-lider-na-politichka-partija-na-vlast-del-od-vrabotenite-vo-ovaa-institucija/ Thu, 24 Feb 2022 14:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=463224

Јас ќе бидам по конкретен, очигледно информациите говорат за големи злоупотреби во ова јавно претпријатие и од тоа не смеат да бидат амнестирани ниту еден од учесниците во овој предмети и би рекол скандал и за ова мора да се говори јавно, вели Галески советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје.

Во однос на финансиската состојба на јавното претпријатие Градски паркинг, Галески посочи дека и покрај субвенциите од 37 милиони денари доделени од Град Скопје, истото е со долг кон градот од 33 милиони денари што покажува злоупотреба на институцијата и создавање на паралелен систем, односно како што рече тој и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта не плаќале.

Финансиската ситуација на претпријатието говори дека градот Скопје на ова претпријатие има доделено 37 милиони денари субвенции, а епилогот на работата од ова е 33 милиони денари долг кон Град Скопје на ова претпријатие. Како се креираат долговите видовме во јавноста имиња на пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта кои што практично го злоупотребувале системот и создале паралелен систем и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат овие луѓе не плаќале, рече тој.

Галески смета дека втора причина за лошата финансиска состојба се и вработувањата во претпријатието, додавајќи дека на списокот кој што го добил од свиркачи може да се забележат имиња на роднини и лица блиски до власта кои што практично ја киднапирале институцијата.

И зошто се креираа долгови втората причина е овој список кој што го држам во рака кој што ми е даден од свиркач каде што може да се прочитаат имиња на вработени, роднини на луѓе кои што се од власта и кои што практично ја киднапирале самата институција. Ќе го прочитам главниот критериум за вработување во оваа институција. Едниот вработен е член на претседателството на една политичка партија, таму е вработена и неговата сопруга, едно од лицата кое што беше често споменувано од јавност доби и унапредување, сега е директор на друга државна институција под надлежност на централната власт. Во ова киднапирано претпријатие има и внука на основачот на една политичка партија на власт, има роднина на претседател на една политичка партија која што е на власт, исто така неговата сестра е таму вработено. Исто така има вработено една роднина на генерален секретар на една политичка партија која што е на власт, кумашин на политички лидери од власта, кумови итн, потенцираше Галески.

Ова говори дека оваа институција била силно киднапирана и сега се дава одговор зошто има таква финансиска состојба каква што има. Значи не е само паралелниот систем кој што бил воведен а преку кои што биле злоупотребувани финансиите на претпријатието, туку и самото претпријатие било киднапирано, нагласи Галески.

The post Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција appeared first on Република.

]]>

Јас ќе бидам по конкретен, очигледно информациите говорат за големи злоупотреби во ова јавно претпријатие и од тоа не смеат да бидат амнестирани ниту еден од учесниците во овој предмети и би рекол скандал и за ова мора да се говори јавно, вели Галески советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје.  
Во однос на финансиската состојба на јавното претпријатие Градски паркинг, Галески посочи дека и покрај субвенциите од 37 милиони денари доделени од Град Скопје, истото е со долг кон градот од 33 милиони денари што покажува злоупотреба на институцијата и создавање на паралелен систем, односно како што рече тој и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта не плаќале. Финансиската ситуација на претпријатието говори дека градот Скопје на ова претпријатие има доделено 37 милиони денари субвенции, а епилогот на работата од ова е 33 милиони денари долг кон Град Скопје на ова претпријатие. Како се креираат долговите видовме во јавноста имиња на пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта кои што практично го злоупотребувале системот и создале паралелен систем и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат овие луѓе не плаќале, рече тој. Галески смета дека втора причина за лошата финансиска состојба се и вработувањата во претпријатието, додавајќи дека на списокот кој што го добил од свиркачи може да се забележат имиња на роднини и лица блиски до власта кои што практично ја киднапирале институцијата. И зошто се креираа долгови втората причина е овој список кој што го држам во рака кој што ми е даден од свиркач каде што може да се прочитаат имиња на вработени, роднини на луѓе кои што се од власта и кои што практично ја киднапирале самата институција. Ќе го прочитам главниот критериум за вработување во оваа институција. Едниот вработен е член на претседателството на една политичка партија, таму е вработена и неговата сопруга, едно од лицата кое што беше често споменувано од јавност доби и унапредување, сега е директор на друга државна институција под надлежност на централната власт. Во ова киднапирано претпријатие има и внука на основачот на една политичка партија на власт, има роднина на претседател на една политичка партија која што е на власт, исто така неговата сестра е таму вработено. Исто така има вработено една роднина на генерален секретар на една политичка партија која што е на власт, кумашин на политички лидери од власта, кумови итн, потенцираше Галески. Ова говори дека оваа институција била силно киднапирана и сега се дава одговор зошто има таква финансиска состојба каква што има. Значи не е само паралелниот систем кој што бил воведен а преку кои што биле злоупотребувани финансиите на претпријатието, туку и самото претпријатие било киднапирано, нагласи Галески.