Лука Мједа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luka-mjeda/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Sep 2023 12:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лука Мједа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luka-mjeda/ 32 32 Изложба „Загреб“ на фотографот Лука Мједа во Музеј на град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-zagreb-na-fotografot-luka-mjeda-vo-muzej-na-grad-skopje/ Wed, 27 Sep 2023 12:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=685691

Фотографот Лука Мједа од Загреб,  Хрватска на изложбата со едноставен наслов „Загреб“ што ќе биде отворена во Музејот на град Скопје на 28.09.2023. во 19.30 часот ќе се престави со 50 црно бели фотографии во дигитален печат создадени изминативе триесетина години.

Мједа, наизглед ни го доловува само градот Загреб. Меѓутоа, авторот на оваа изложба ја открива присутноста на градот преку архитектурата со негово ликовно експонирање. Човекот и не е важен во оваа изложба, тој се чувствува, претпоставува. Без колоритност во овие фотографии, но со голем визуелен ефект со изборот на светлото и темното, авторот е со интенција да се почувствува релацијата и вклопеноста на класичното и современото. Фотографиите како ликовни дела се посветени и се сведоштво за минатото и сегашноста со оставина за иднината, успевајќи да се регистрира присутноста, а да се почувствува отсутноста.

Мједа е магистер на Машинскиот факултет и бродоградба во Загреб. По соработката со американските фотографи Мери Елен Марк, Мајкл О'Нил и Џери Уелсман на работилница во Загреб во 1975 година развива силен интерес за фотографија, станува член на Фотоклубот Загреб и ја започнува својата соработка со Јозо Ќетковиќ, мајстор за фотографија.

Со повеќе од триесетина самостојни изложби и фото монографии Лука Мједа се наметнува како еден од најплодните хрватски фотографи.

Лука Мједа денес е посветен на ликовната фотографија.

Изложбата и каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје и Град Загреб во соработка со Хрватскиот фотографски центар.

The post Изложба „Загреб“ на фотографот Лука Мједа во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

]]>

Фотографот Лука Мједа од Загреб,  Хрватска на изложбата со едноставен наслов „Загреб“ што ќе биде отворена во Музејот на град Скопје на 28.09.2023. во 19.30 часот ќе се престави со 50 црно бели фотографии во дигитален печат создадени изминативе триесетина години. Мједа, наизглед ни го доловува само градот Загреб. Меѓутоа, авторот на оваа изложба ја открива присутноста на градот преку архитектурата со негово ликовно експонирање. Човекот и не е важен во оваа изложба, тој се чувствува, претпоставува. Без колоритност во овие фотографии, но со голем визуелен ефект со изборот на светлото и темното, авторот е со интенција да се почувствува релацијата и вклопеноста на класичното и современото. Фотографиите како ликовни дела се посветени и се сведоштво за минатото и сегашноста со оставина за иднината, успевајќи да се регистрира присутноста, а да се почувствува отсутноста. Мједа е магистер на Машинскиот факултет и бродоградба во Загреб. По соработката со американските фотографи Мери Елен Марк, Мајкл О'Нил и Џери Уелсман на работилница во Загреб во 1975 година развива силен интерес за фотографија, станува член на Фотоклубот Загреб и ја започнува својата соработка со Јозо Ќетковиќ, мајстор за фотографија. Со повеќе од триесетина самостојни изложби и фото монографии Лука Мједа се наметнува како еден од најплодните хрватски фотографи. Лука Мједа денес е посветен на ликовната фотографија. Изложбата и каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје и Град Загреб во соработка со Хрватскиот фотографски центар.

The post Изложба „Загреб“ на фотографот Лука Мједа во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

]]>