луис суарез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luis-suarez/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 09:19:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png луис суарез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luis-suarez/ 32 32 Легендата се повлекува: Суарез го одигра последниот натпревар за Уругвај https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/legendata-se-povlekuva-suarez-go-odigra-posledniot-natprevar-za-urugvaj/ Sat, 07 Sep 2024 09:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=814045

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез (37) синоќа се збогува од националниот тим со ремито 0:0 против Парагвај во Монтевидео во квалификациите за јужноамериканската зона за Светското првенство 2026 година.

Суарез на крајот не успеа да стигне до бројката од 70 голови, во натпревар во кој уругвајските фудбалери направија дури 24 прекршоци и упатија само еден удар кон противничкиот гол. Тој удар беше токму во режија на Суарез, кој ја погоди стативата во 18. минута.

Популарниот „Пистолеро“ по 17 години се збогуваше од небесно синиот дрес во кој постигна 69 голови на 143 натпревари, како најдобар стрелец во историјата на Уругвај.

„Ти благодарам за се Лучо“, „Ти беше и ќе останеш мој вечен идол“, „Ти си единствен и неспоредлив“ – имаше многу проштални пораки на стадионот „Сентенарио“, каде се собраа повеќе од 60.000 гледачи.

Со освоен бод во прошталниот натпревар на својот херој, Уругвај и натаму е втор со 14 бодови, зад Аргентина (18), во овие квалификации од јужноамериканската зона.

The post Легендата се повлекува: Суарез го одигра последниот натпревар за Уругвај appeared first on Република.

]]>

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез (37) синоќа се збогува од националниот тим со ремито 0:0 против Парагвај во Монтевидео во квалификациите за јужноамериканската зона за Светското првенство 2026 година. Суарез на крајот не успеа да стигне до бројката од 70 голови, во натпревар во кој уругвајските фудбалери направија дури 24 прекршоци и упатија само еден удар кон противничкиот гол. Тој удар беше токму во режија на Суарез, кој ја погоди стативата во 18. минута. Популарниот „Пистолеро“ по 17 години се збогуваше од небесно синиот дрес во кој постигна 69 голови на 143 натпревари, како најдобар стрелец во историјата на Уругвај. „Ти благодарам за се Лучо“, „Ти беше и ќе останеш мој вечен идол“, „Ти си единствен и неспоредлив“ – имаше многу проштални пораки на стадионот „Сентенарио“, каде се собраа повеќе од 60.000 гледачи. Со освоен бод во прошталниот натпревар на својот херој, Уругвај и натаму е втор со 14 бодови, зад Аргентина (18), во овие квалификации од јужноамериканската зона.

The post Легендата се повлекува: Суарез го одигра последниот натпревар за Уругвај appeared first on Република.

]]>
Луис Суарез официјално е нов член на славниот Гремио https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/luis-suarez-ofitsijalno-e-nov-chlen-na-slavniot-gremio/ Sun, 01 Jan 2023 10:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=592441

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (35) и официјално е нов член на славниот бразилски фудбалски клуб, Гремио.

Суарез во редовите на бразилскиот клуб доаѓа без обесштетување, потпишувајќи договор до крајот на 2024 година.

Еден од најдобрите светски напаѓачи е најново засилување на Гремио“, објави двократниот бразилски (1981, 1996) и трократен јужноамерикански (1983, 1995, 2017) шампион.

Суарез кариерата ја почна на 13-годишна возраст во Национал од Монтевидео, а во 2005 година се пресели во Европа и настапуваше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Кон средината на 2022 година се врати во Национал и му помогна на матичниот клуб да ја освои титулата во Уругвај.

The post Луис Суарез официјално е нов член на славниот Гремио appeared first on Република.

]]>

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (35) и официјално е нов член на славниот бразилски фудбалски клуб, Гремио. Суарез во редовите на бразилскиот клуб доаѓа без обесштетување, потпишувајќи договор до крајот на 2024 година.
Еден од најдобрите светски напаѓачи е најново засилување на Гремио“, објави двократниот бразилски (1981, 1996) и трократен јужноамерикански (1983, 1995, 2017) шампион.
Суарез кариерата ја почна на 13-годишна возраст во Национал од Монтевидео, а во 2005 година се пресели во Европа и настапуваше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид. Кон средината на 2022 година се врати во Национал и му помогна на матичниот клуб да ја освои титулата во Уругвај.

The post Луис Суарез официјално е нов член на славниот Гремио appeared first on Република.

]]>
Луис Суарез го засили Гремио https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/luis-suarez-go-zasili-gremio/ Sun, 25 Dec 2022 21:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=589721

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез ќе ја продолжи кариерата во бразилскиот прволигаш Гремио.

Откако го раскина договорот со мадридски Атлетико, Суарез во текот на летото се врати во уругвајски Национал со кога ја освои шампионската титула.

Во ноември се збогува со матичниот клуб и кариерата ќе ја продолжи во еден од најтрофејните бразилски клубови.

Суарез е единствениот фудбалер кој во ерата на Лионел Меси и Кристијан Роналдо два пати ја освоил „Златната копачка“, а во кариерата настапуваше и за Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона

The post Луис Суарез го засили Гремио appeared first on Република.

]]>

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез ќе ја продолжи кариерата во бразилскиот прволигаш Гремио. Откако го раскина договорот со мадридски Атлетико, Суарез во текот на летото се врати во уругвајски Национал со кога ја освои шампионската титула. Во ноември се збогува со матичниот клуб и кариерата ќе ја продолжи во еден од најтрофејните бразилски клубови. Суарез е единствениот фудбалер кој во ерата на Лионел Меси и Кристијан Роналдо два пати ја освоил „Златната копачка“, а во кариерата настапуваше и за Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона

The post Луис Суарез го засили Гремио appeared first on Република.

]]>
Суарез го надмина Меси и стана најдобар стрелец од Јужна Америка во квалификациите за СП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/suarez-go-nadmina-mesi-i-stana-najdobar-strelec-od-juzna-amerika-vo-kvalifikaciite-za-sp/ Wed, 02 Feb 2022 09:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=452822

Луис Суарез погоди пенал во победата на Уругвај против Венецуела со 4:1 во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

За напаѓачот на Атлетико Мадрид тоа беше 28. гол во едни мундијалски квалификации, со што се искачи на првото место во Јужна Америка пред Аргентинецот Лионел Меси, кој има 27 гола во квалификациските натпревари.

Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола.

Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала, кој има 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35).

The post Суарез го надмина Меси и стана најдобар стрелец од Јужна Америка во квалификациите за СП appeared first on Република.

]]>

Луис Суарез погоди пенал во победата на Уругвај против Венецуела со 4:1 во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. За напаѓачот на Атлетико Мадрид тоа беше 28. гол во едни мундијалски квалификации, со што се искачи на првото место во Јужна Америка пред Аргентинецот Лионел Меси, кој има 27 гола во квалификациските натпревари. Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола. Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала, кој има 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35).

The post Суарез го надмина Меси и стана најдобар стрелец од Јужна Америка во квалификациите за СП appeared first on Република.

]]>
Астон Вила прави супер тим: Доаѓа и Суарез? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/aston-vila-pravi-super-tim-doagja-i-suarez/ Wed, 19 Jan 2022 13:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=446694

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец, и член на Атлетико, Луис Суарез може да го напушти клубот од Мадрид. Ова го објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро на Твитер.

Како што е наведено, тој има понуди од клубови од Јужна Америка и Саудиска Арабија. Сепак, 34-годишниот напаѓач сака да продолжи да игра во Европа, па како една од погодните опции ја гледа Астон вила која е предводена од тренерот Стивен Џерард.

Суарез со Џерард заедно играа за Ливерпул. Уругваецот верува дека и покрај неговата возраст е способен да игра во толку силно првенство како што е Премиер лигата.

Во тековната сезона Суарез одигра 25 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи осум голови и една асистенција

The post Астон Вила прави супер тим: Доаѓа и Суарез? appeared first on Република.

]]>

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец, и член на Атлетико, Луис Суарез може да го напушти клубот од Мадрид. Ова го објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро на Твитер. Како што е наведено, тој има понуди од клубови од Јужна Америка и Саудиска Арабија. Сепак, 34-годишниот напаѓач сака да продолжи да игра во Европа, па како една од погодните опции ја гледа Астон вила која е предводена од тренерот Стивен Џерард. Суарез со Џерард заедно играа за Ливерпул. Уругваецот верува дека и покрај неговата возраст е способен да игра во толку силно првенство како што е Премиер лигата. Во тековната сезона Суарез одигра 25 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи осум голови и една асистенција

The post Астон Вила прави супер тим: Доаѓа и Суарез? appeared first on Република.

]]>