Луѓето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lugjeto/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 08:37:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Луѓето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lugjeto/ 32 32 Премиера на претставата „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“ во која како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-pretstavata-nie-lugeto-na-teatar-pi-vo-koja-kako-akteri-se-vklucheni-litsa-so-poprechenost-i-litsa-so-atipichen-razvoj/ Mon, 11 Nov 2024 08:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=836238

Театарската претстава „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“, во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска вечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура во Ѓорче Петров.

Асистент на режија и едукатор е режисерката од Бугарија, Гергана Тодева. Во претставата како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој.

Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој поминаа низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, информира Театар „Пи“.

Претставата е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби, како и лица со атипичен развој во културата почната во јануари 2023 година, а завршува со театарска премиера. Проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

Театар „Пи“ е создаден пред 15 години и единствениот на Балканот кој континуирано работи со лица со интелектуална попреченост и лица со атипичен развој. Тој е основан и предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска. 

The post Премиера на претставата „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“ во која како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој appeared first on Република.

]]>

Промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков во Салонот 19.19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-lugeto-a-ne-gradot-od-snezhana-mladenovska-angelkov-vo-salonot-19-19/ Tue, 07 Mar 2023 08:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=616692

Вечерва, на 7 март во 19 часот во Салонот 19.19 на Културно информативниот центар (КИЦ) ќе се одржи промоцијата на новото прозно дело „Луѓето, а не градот“ на Снежана Младеновска Анѓелков посветено на старо Скопје, градот кој веќе го нема, но кој сепак и понатаму живее во сеќавањата на неговите жители. Низ соодветен визуелен третман надополнет со извадоци од книгата кои ќе ги презентираат актерите Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Предраг Павловски, промоцијата ќе понуди и видео-посвета на скопскиот прозен хроничар, писателот Благоја Иванов, кој неодамна нè напушти.

За новата книга, професорката и писателка Калина Малеска забележа: „Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“.

Критичарката и теоретичарката од областа на книжевноста, Соња Стојменска-Елзесер, пак, нагласува:

Мемоари на урбофилија, полифонична хроника, архива на носталгијата, документарна проза, скопски сведоштва, прозно кроки на Скопје, колаж од сеќавања... сите овие одредници укажуваат на тоа дека од многуте документарни предлошки е искомбинирано нешто што легитимно се препознава како постмодерна проза“.

Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето „Магистер по уметности - област филмска и ТВ монтажа“ се стекнува во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и истиот потоа доживеа уште две изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда. Таа ја издаде и филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. Како авторка е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press.

The post Промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков во Салонот 19.19 appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на 7 март во 19 часот во Салонот 19.19 на Културно информативниот центар (КИЦ) ќе се одржи промоцијата на новото прозно дело „Луѓето, а не градот“ на Снежана Младеновска Анѓелков посветено на старо Скопје, градот кој веќе го нема, но кој сепак и понатаму живее во сеќавањата на неговите жители. Низ соодветен визуелен третман надополнет со извадоци од книгата кои ќе ги презентираат актерите Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Предраг Павловски, промоцијата ќе понуди и видео-посвета на скопскиот прозен хроничар, писателот Благоја Иванов, кој неодамна нè напушти. За новата книга, професорката и писателка Калина Малеска забележа: „Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“. Критичарката и теоретичарката од областа на книжевноста, Соња Стојменска-Елзесер, пак, нагласува:
Мемоари на урбофилија, полифонична хроника, архива на носталгијата, документарна проза, скопски сведоштва, прозно кроки на Скопје, колаж од сеќавања... сите овие одредници укажуваат на тоа дека од многуте документарни предлошки е искомбинирано нешто што легитимно се препознава како постмодерна проза“.
Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето „Магистер по уметности - област филмска и ТВ монтажа“ се стекнува во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и истиот потоа доживеа уште две изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда. Таа ја издаде и филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. Како авторка е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press.

The post Промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков во Салонот 19.19 appeared first on Република.

]]>
„Луѓето, а не градот“ – нова книга од Снежана Младеновска-Анѓелков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lugjeto-a-ne-gradot-nova-kniga-od-snezana-mladenovska-angjelkov/ Mon, 21 Nov 2022 08:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=576312

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска-Анѓелков, која во 2012 ја доби наградата „Роман на годината“ за нејзината дебитантска книга „Единаесет жени“.

Според рецензијата, новата прозна книга на авторката е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении.

Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот, се наведува за книгата.

Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ-монтажа во 2000 година и е магистер по уметности – област филмска и ТВ-монтажа.

Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и потоа имаше уште две изданија. Во финалето за оваа награда беше и вториот нејзин роман – „Молчи со отворена уста“ (2019).

Таа е авторка и на филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски.

The post „Луѓето, а не градот“ – нова книга од Снежана Младеновска-Анѓелков appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска-Анѓелков, која во 2012 ја доби наградата „Роман на годината“ за нејзината дебитантска книга „Единаесет жени“. Според рецензијата, новата прозна книга на авторката е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении.
Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот, се наведува за книгата.
Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ-монтажа во 2000 година и е магистер по уметности – област филмска и ТВ-монтажа. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и потоа имаше уште две изданија. Во финалето за оваа награда беше и вториот нејзин роман – „Молчи со отворена уста“ (2019). Таа е авторка и на филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски.  

The post „Луѓето, а не градот“ – нова книга од Снежана Младеновска-Анѓелков appeared first on Република.

]]>