Луфтханза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lufthanza/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 09:51:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Луфтханза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lufthanza/ 32 32 Штрајк во „Луфтханза“, ќе се реализираат само 10 до 20 отсто од летовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajk-vo-lufthanza-ke-se-realiziraat-samo-10-do-20-otsto-od-letovite/ Tue, 20 Feb 2024 09:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=746013

Германската авиокомпанија „Луфтханза ерлајн“ соопшти дека ќе се реализираат само десет до 20 отсто од летовите закажани за денеска поради повиците за штрајк на нејзиниот персонал во рамки на преговорите за платите.

„Во моментов, претпоставуваме дека само околу 10 до 20 отсто од летовите ќе можат да се реализираат“, објави најголемата европска авиокомпанија на својата веб-страница.

Штрајкот започна утринава во 4 часот и треба да трае до утре наутро во 7 часот и 10 минути, соопшти синдикатот „Верди“.

Според компанијата, 100.000 патници се погодени од предупредувачкиот штрајк што се одржува на аеродромите во Франкфурт на Мајна, Минхен, Хамбург, Берлин, Дизелдорф, Келн-Бон и Штутгарт.

„Верди“ повика на нов штрајк како дел од несогласувањата за платите на персоналот на теренот, односно 25.000 вработени.

Претходниот штрајк на почетокот на февруари предизвика откажување на речиси 90 отсто од летовите.

Сидикатот бара зголемување на платите за 12,5 отсто, со најмалку 500 евра повеќе веднаш на месечниот платен список, како и бонус за инфлацијата од 3.000 евра.

The post Штрајк во „Луфтханза“, ќе се реализираат само 10 до 20 отсто од летовите appeared first on Република.

]]>

Германската авиокомпанија „Луфтханза ерлајн“ соопшти дека ќе се реализираат само десет до 20 отсто од летовите закажани за денеска поради повиците за штрајк на нејзиниот персонал во рамки на преговорите за платите.
„Во моментов, претпоставуваме дека само околу 10 до 20 отсто од летовите ќе можат да се реализираат“, објави најголемата европска авиокомпанија на својата веб-страница.
Штрајкот започна утринава во 4 часот и треба да трае до утре наутро во 7 часот и 10 минути, соопшти синдикатот „Верди“. Според компанијата, 100.000 патници се погодени од предупредувачкиот штрајк што се одржува на аеродромите во Франкфурт на Мајна, Минхен, Хамбург, Берлин, Дизелдорф, Келн-Бон и Штутгарт. „Верди“ повика на нов штрајк како дел од несогласувањата за платите на персоналот на теренот, односно 25.000 вработени. Претходниот штрајк на почетокот на февруари предизвика откажување на речиси 90 отсто од летовите. Сидикатот бара зголемување на платите за 12,5 отсто, со најмалку 500 евра повеќе веднаш на месечниот платен список, како и бонус за инфлацијата од 3.000 евра.

The post Штрајк во „Луфтханза“, ќе се реализираат само 10 до 20 отсто од летовите appeared first on Република.

]]>
„Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lufthanza-gi-namaluva-letovite-do-skopje-i-drugi-destinatsii-vo-regionot/ Thu, 25 Jan 2024 08:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=736565

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкуфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“.

Компанијата соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите на пазарите низ поранешна Југославија.

Освен за Скопје, направени се намалувања на одредени услуги и за Белград, Љубљана, Загреб и Сараево.

Авиолинијата меѓу Скопје и Франкфурт, која беше воведена минатата година, од мај ќе биде намалена на осум лета неделно наместо сегашните десет неделни ротации.

Покрај услугите на поранешните југословенски пазари, „Луфтханза“ целосно ќе ги прекине и операциите од Франкфурт до Клуж-Напока, Темишвар, Фридрихшафен, Линц и Инсбрук, како и од Минхен до Лајпциг.

Вкупно, околу 100 неделни летови ќе бидат прекинати во летната сезона бидејќи 64 авиони во групацијата „Луфтханза“ се погодени од проблеми со моторите од производителот „Прат и Витни“.

Од „Луфтханза“ најавија дека во зависност од ситуацијата можни се и дополнителни промени на редот на летање

The post „Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот appeared first on Република.

]]>

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкуфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“. Компанијата соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите на пазарите низ поранешна Југославија. Освен за Скопје, направени се намалувања на одредени услуги и за Белград, Љубљана, Загреб и Сараево. Авиолинијата меѓу Скопје и Франкфурт, која беше воведена минатата година, од мај ќе биде намалена на осум лета неделно наместо сегашните десет неделни ротации. Покрај услугите на поранешните југословенски пазари, „Луфтханза“ целосно ќе ги прекине и операциите од Франкфурт до Клуж-Напока, Темишвар, Фридрихшафен, Линц и Инсбрук, како и од Минхен до Лајпциг. Вкупно, околу 100 неделни летови ќе бидат прекинати во летната сезона бидејќи 64 авиони во групацијата „Луфтханза“ се погодени од проблеми со моторите од производителот „Прат и Витни“. Од „Луфтханза“ најавија дека во зависност од ситуацијата можни се и дополнителни промени на редот на летање

The post „Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот appeared first on Република.

]]>
„Луфтханза“ бара отштета од активистите за климата кои ги нарушија нивните летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lufthanza-bara-otshteta-od-aktivistite-za-klimata-koi-gi-narushija-nivnite-letovi/ Mon, 31 Jul 2023 13:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=667308

Луфтханза планира да бара компензација од групата за климатски активисти „Последна генерација“ поради протестите што ги нарушија летовите на неколку германски аеродроми претходно овој месец.

Портпаролката рече дека компанијата планира да бара компензација во име на сите авиокомпании во групата, која ја вклучува германската Луфтханза, како и Аустриан ерлајнс, Свис ерлајнс, Брисел ерлајнс и Еуровингс.

Климатските активисти кои сакаат да ја истакнат важноста на влијанието на воздушниот сообраќај врз загадувањето, се залепија за пистите на аеродромите во Дизелдорф и Хамбург на 13 јули. Активистичката група претходно организираше сличен протест на аеродромот во Берлин во ноември.

Поради овие протести, бројни летови беа откажани или пренасочени. Еуровингс, нискобуџетната компанија во сопственост на Луфтханза, ги обвинува протестите за откажување на 55 летови.

Луфтханза засега не соопшти колку пари компанијата ќе бара за компензација. Експертот за воздухопловство Џералд Висел за весникот „Рајнише пост“ изјави дека тоа би можело да биде милиони евра. Аеродромот во Дизелдорф, исто така, соопшти дека има намера да поднесе свои барања против Last Generation.

Авиопревозниците Кондор и Туифлај рекоа дека ги разгледуваат нивните барања, но денеска не коментираа дали имаат намера да поднесат тужба.

Членовите на активистичката група кои беа уапсени на аеродромите остануваат под полициска истрага и се соочуваат и со можни граѓански тужби за отштета.

The post „Луфтханза“ бара отштета од активистите за климата кои ги нарушија нивните летови appeared first on Република.

]]>

Луфтханза планира да бара компензација од групата за климатски активисти „Последна генерација“ поради протестите што ги нарушија летовите на неколку германски аеродроми претходно овој месец. Портпаролката рече дека компанијата планира да бара компензација во име на сите авиокомпании во групата, која ја вклучува германската Луфтханза, како и Аустриан ерлајнс, Свис ерлајнс, Брисел ерлајнс и Еуровингс. Климатските активисти кои сакаат да ја истакнат важноста на влијанието на воздушниот сообраќај врз загадувањето, се залепија за пистите на аеродромите во Дизелдорф и Хамбург на 13 јули. Активистичката група претходно организираше сличен протест на аеродромот во Берлин во ноември. Поради овие протести, бројни летови беа откажани или пренасочени. Еуровингс, нискобуџетната компанија во сопственост на Луфтханза, ги обвинува протестите за откажување на 55 летови. Луфтханза засега не соопшти колку пари компанијата ќе бара за компензација. Експертот за воздухопловство Џералд Висел за весникот „Рајнише пост“ изјави дека тоа би можело да биде милиони евра. Аеродромот во Дизелдорф, исто така, соопшти дека има намера да поднесе свои барања против Last Generation. Авиопревозниците Кондор и Туифлај рекоа дека ги разгледуваат нивните барања, но денеска не коментираа дали имаат намера да поднесат тужба. Членовите на активистичката група кои беа уапсени на аеродромите остануваат под полициска истрага и се соочуваат и со можни граѓански тужби за отштета.

The post „Луфтханза“ бара отштета од активистите за климата кои ги нарушија нивните летови appeared first on Република.

]]>
Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-prviot-let-megu-skopje-i-frankfurt-lufthanza-vleguva-na-makedonskiot-pazar/ Sun, 23 Apr 2023 07:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=633133

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

„Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.

Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

„Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик.

Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција.

Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра.

Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К

Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари.

Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација

Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции.

Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид.

Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар. На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем. Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно. Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот. „Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.
Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.
Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје. „Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик. Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција. Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра. Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари. Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции. Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид. Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>
„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар, двапати неделно ќе лета Скопје – Франкфурт https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lufthanza-vleguva-na-makedonskiot-pazar-dvapati-nedelno-ke-leta-skopje-frankfurt/ Fri, 21 Apr 2023 09:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=632705

На Меѓународниот aеродром Скопје в недела ќе биде промовирана новата авиолинија Франкфурт-Скопје на германската „Луфтханза“, со што и ќе се означи влезот на оваа авиокомпанија на македонскиот пазар.

Како што информираат од ТАВ Македонинија, отворањето на новата линија ќе биде одбележано со слетување на првиот авион на Луфтханза од Франкфурт на скопскиот аеродром.

Предвидено е на настанот да присуствуваат и да се обратат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата Луфтханза Петер Пулем.

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок. Од ТАВ Македон

Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Виз Ер“, од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и до Љубљана. „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

The post „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар, двапати неделно ќе лета Скопје – Франкфурт appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот aеродром Скопје в недела ќе биде промовирана новата авиолинија Франкфурт-Скопје на германската „Луфтханза“, со што и ќе се означи влезот на оваа авиокомпанија на македонскиот пазар. Како што информираат од ТАВ Македонинија, отворањето на новата линија ќе биде одбележано со слетување на првиот авион на Луфтханза од Франкфурт на скопскиот аеродром. Предвидено е на настанот да присуствуваат и да се обратат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата Луфтханза Петер Пулем. Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок. Од ТАВ Македон Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно. Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот. Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Виз Ер“, од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и до Љубљана. „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

The post „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар, двапати неделно ќе лета Скопје – Франкфурт appeared first on Република.

]]>
Визер и Луфтханза побарале субвенции за воведување нови авиолинии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vizer-i-lufthanza-pobarale-subventsii-za-voveduvane-novi-aviolinii/ Tue, 04 Apr 2023 05:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=626907

Вчера во просториите на Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании и тоа Визер и Луфтханза.

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Македонија.

The post Визер и Луфтханза побарале субвенции за воведување нови авиолинии appeared first on Република.

]]>

Вчера во просториите на Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании и тоа Визер и Луфтханза. Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик. Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија. Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Македонија.

The post Визер и Луфтханза побарале субвенции за воведување нови авиолинии appeared first on Република.

]]>
Авионите ќе останат приземјени: Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avionite-kje-ostanat-prizemjeni-pilotite-na-lufthanza-utre-kje-shtrajkuvaat/ Thu, 01 Sep 2022 08:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=546292

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството.

Од нивниот синдикат, „Vereinigung Cockpit (ВЦ)“, соопштија дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на „Луфтханза“ од Германија.

ВЦ, за повеќе од 5.000 пилоти, бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.

The post Авионите ќе останат приземјени: Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат appeared first on Република.

]]>

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе штрајкуваат откако не успеаја да постигнат договор за платите со раководството. Од нивниот синдикат, „Vereinigung Cockpit (ВЦ)“, соопштија дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на „Луфтханза“ од Германија. ВЦ, за повеќе од 5.000 пилоти, бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.

The post Авионите ќе останат приземјени: Пилотите на Луфтханза утре ќе штрајкуваат appeared first on Република.

]]>
Пилотите на „Луфтханза“ ќе одат на штрајк доколку не се исполнат барањата на синдикатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pilotite-na-lufthanza-kje-odat-na-shtrajk-dokolku-ne-se-ispolnat-baranjata-na-sindikatot/ Sun, 31 Jul 2022 15:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=535390

Германските пилоти на авиокомпанијата „Луфтханза“ гласале за штрајк, соопштија од синдикатот, од каде наведуваат дека, сепак, таквото сценарио може да се избегне.

Синдикатот „Ферајнигунг кокпит“ (Vereinigung Cockpit) бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година и автоматско усогласување со инфлацијата почнувајќи од следната година.

Синдикатот наведува дека „Луфтханза“ сè уште нема презентирано понуда во шесте рунди преговори.

Синдикатот соопшти дека 97,6 отсто од пилотите кои учествувале во гласањето дале зелено светло за повикот на штрајк.

Во соопштението се вели дека гласањето „можеби сè уште нема да доведе до штрајк, но тоа е сигнал за „Луфтханза“ сериозно да ги сфати потребите на персоналот во пилотската кабина“.

Во спор со компанијата се и аеродромските работници кои штрајкуваа во средата, што доведе до откажување на повеќе од 1.000 летови.

 

 

The post Пилотите на „Луфтханза“ ќе одат на штрајк доколку не се исполнат барањата на синдикатот appeared first on Република.

]]>

Германските пилоти на авиокомпанијата „Луфтханза“ гласале за штрајк, соопштија од синдикатот, од каде наведуваат дека, сепак, таквото сценарио може да се избегне. Синдикатот „Ферајнигунг кокпит“ (Vereinigung Cockpit) бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година и автоматско усогласување со инфлацијата почнувајќи од следната година. Синдикатот наведува дека „Луфтханза“ сè уште нема презентирано понуда во шесте рунди преговори. Синдикатот соопшти дека 97,6 отсто од пилотите кои учествувале во гласањето дале зелено светло за повикот на штрајк. Во соопштението се вели дека гласањето „можеби сè уште нема да доведе до штрајк, но тоа е сигнал за „Луфтханза“ сериозно да ги сфати потребите на персоналот во пилотската кабина“. Во спор со компанијата се и аеродромските работници кои штрајкуваа во средата, што доведе до откажување на повеќе од 1.000 летови.    

The post Пилотите на „Луфтханза“ ќе одат на штрајк доколку не се исполнат барањата на синдикатот appeared first on Република.

]]>
Германија ќе се соочи со влошување на хаосот на аеродромите, синдикатот „Верди“ ги повика работниците на Луфтханза на штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-kje-se-soochi-so-vloshuvanje-na-haosot-na-aerodromite-sindikatot-verdi-gi-povika-rabotnicite-na-lufthanza-na-shtrajk/ Mon, 25 Jul 2022 20:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=533156

Германија ќе се соочи со влошување на хаосот на аеродромите во среда, бидејќи синдикатот „Верди“ ги повика работниците на Луфтханза на еднодневен предупредувачки штрајк.

Во среда, патниците на Луфтханза ќе мора да ги поднесат доцнењата и откажувањата на летовите.

Синдикатот повика на штрајк поради тековните преговори за зголемување на платите на околу 20.000 вработени лица од земја, како техничари, логистичари и други без кои авионите не можат да полетаат.

„Верди“ ја одби првата понуда на Луфтханза, а преговорите беа договорени за 3 и 4 август.

Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто, а предупредувачкиот штрајк ќе се одржи во среда од 03:45 до 6 часот во четврток.

На штрајк повикани се вработените на аеродромите во Франкфурт, Дизелдорф, Келн, Хамбург, Минхен, Берлин, Бремен, Хановер, Штутгарт.

Луфтханза оцени дека штрајкот е неприфатлива мерка за патниците, а штрајкот што ги покрива сите аеродроми не може, велат, да се смета за предупредувачки штрајк.

The post Германија ќе се соочи со влошување на хаосот на аеродромите, синдикатот „Верди“ ги повика работниците на Луфтханза на штрајк appeared first on Република.

]]>

Германија ќе се соочи со влошување на хаосот на аеродромите во среда, бидејќи синдикатот „Верди“ ги повика работниците на Луфтханза на еднодневен предупредувачки штрајк. Во среда, патниците на Луфтханза ќе мора да ги поднесат доцнењата и откажувањата на летовите. Синдикатот повика на штрајк поради тековните преговори за зголемување на платите на околу 20.000 вработени лица од земја, како техничари, логистичари и други без кои авионите не можат да полетаат. „Верди“ ја одби првата понуда на Луфтханза, а преговорите беа договорени за 3 и 4 август. Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто, а предупредувачкиот штрајк ќе се одржи во среда од 03:45 до 6 часот во четврток. На штрајк повикани се вработените на аеродромите во Франкфурт, Дизелдорф, Келн, Хамбург, Минхен, Берлин, Бремен, Хановер, Штутгарт. Луфтханза оцени дека штрајкот е неприфатлива мерка за патниците, а штрајкот што ги покрива сите аеродроми не може, велат, да се смета за предупредувачки штрајк.

The post Германија ќе се соочи со влошување на хаосот на аеродромите, синдикатот „Верди“ ги повика работниците на Луфтханза на штрајк appeared first on Република.

]]>
Копнениот персонал на „Луфтанза“ ќе штрајкува в среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kopneniot-personal-na-luftanza-kje-shtrajkuva-v-sreda/ Mon, 25 Jul 2022 09:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=532910

Германскиот синдикат Верди го повика копнениот персонал на „Луфтанза“ на штрајк в среда, со цел да се зголеми поддршката за преговорите за плати со водечкиот авиопревозник на Германија, јави ДПА.

Најавено е штрајкот да почне во 3:45 часот в среда и да трае до шест часот в четврток.

Верди преговара во име на околу 20.000 членови на копнен персонал, вклучувајќи техничари и логистички работници, без чии услуги авионите не можат да полетаат.

Верди ја одби првичната понуда за плата од „Луфтанза“, а се согласи преговорите да продолжат на 3-4 август. Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто на платите.

Според Кристин Беле, која преговара, во поглед на обем на работа, висока инфлација и на жртвување на дел од платите за време на пандемијата, значителни зголемувања на платите се оправдани.

The post Копнениот персонал на „Луфтанза“ ќе штрајкува в среда appeared first on Република.

]]>

Германскиот синдикат Верди го повика копнениот персонал на „Луфтанза“ на штрајк в среда, со цел да се зголеми поддршката за преговорите за плати со водечкиот авиопревозник на Германија, јави ДПА. Најавено е штрајкот да почне во 3:45 часот в среда и да трае до шест часот в четврток. Верди преговара во име на околу 20.000 членови на копнен персонал, вклучувајќи техничари и логистички работници, без чии услуги авионите не можат да полетаат. Верди ја одби првичната понуда за плата од „Луфтанза“, а се согласи преговорите да продолжат на 3-4 август. Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто на платите. Според Кристин Беле, која преговара, во поглед на обем на работа, висока инфлација и на жртвување на дел од платите за време на пандемијата, значителни зголемувања на платите се оправдани.

The post Копнениот персонал на „Луфтанза“ ќе штрајкува в среда appeared first on Република.

]]>