Лудус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ludus/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Mar 2023 11:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лудус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ludus/ 32 32 „Лудус“ ја објави новата колекција за есен-зима 2023/24 https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ludus-ja-objavi-novata-kolektsija-za-esen-zima-2023-24/ Wed, 29 Mar 2023 11:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=625047

Со повеќе од 30 производи и вкупно 15 целосни изгледи „Лудус“ ја претставува последната колекција за есен-зима 2023/24 што е резултат на повеќегодишна интелектуална разработка на постулатите на брендот и принципите за кои се залага – безродовоста, одржливоста и еколошките аспекти, нула отпад во производството, природното боење и ревитализацијата на нашите занаети.

„Иако денешната одржлива мода може да излгеда хомогено и здодевно, со нашата работа сакаме да покажеме дека брендовите истовремено може да бидат и одржливи и етички и да понудат интересен, свеж и возбудлив дизајн. Особено беше важно да се продолжи во насока на експериментирање со формите, материјалите, боите и природното боење, родот и носливоста“ – вели Драган Христов.

Така, создадени се парчиња што го повикуваат клиентот да поигра со нив и да ја открие нивната повеќекратна форма – да гo трансформира волуменот на волнените кошули или панталони во здолништа или да избере меѓу различните начини на драпирање на предимензионираните парчиња облека. Облеките од оваа колекција се во меѓусебна интеракција, и тоа на повеќе начини, овозможувајќи им на клиентите да пронајдат индивидуални и нови начини на носење и комбинирање.

Обрнато е внимание квалитативно да се подобрат и усовршат постоечките препознатливи производи на брендот и да се понудат нови. Па така и оваа колекција содржи рачно обоени производи со ботанички состојки каде што природното боење се користи како уникатен принт на природните ткаенини. Колекцијата „Пост-родовост VIII“ е направена со локално набавени материјали во соработка со локални занаетчии и мајстори – соработници на брендот и извонредно вештиот технички тим што е постојан дел од современите дизајнерски колекции на „Лудус“.

Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија, Кипар и Словенија.

Каталогот беше изработен во студиото на „Лудус“ во Скопје, со фотографот Филип Бојковски, моделите Ана Кичеец и Душан Стефановски, а стајлингот, шминката и фризурата ги сработи Мартина Ивановска.

 

The post „Лудус“ ја објави новата колекција за есен-зима 2023/24 appeared first on Република.

]]>

Со повеќе од 30 производи и вкупно 15 целосни изгледи „Лудус“ ја претставува последната колекција за есен-зима 2023/24 што е резултат на повеќегодишна интелектуална разработка на постулатите на брендот и принципите за кои се залага – безродовоста, одржливоста и еколошките аспекти, нула отпад во производството, природното боење и ревитализацијата на нашите занаети. „Иако денешната одржлива мода може да излгеда хомогено и здодевно, со нашата работа сакаме да покажеме дека брендовите истовремено може да бидат и одржливи и етички и да понудат интересен, свеж и возбудлив дизајн. Особено беше важно да се продолжи во насока на експериментирање со формите, материјалите, боите и природното боење, родот и носливоста“ – вели Драган Христов. Така, создадени се парчиња што го повикуваат клиентот да поигра со нив и да ја открие нивната повеќекратна форма – да гo трансформира волуменот на волнените кошули или панталони во здолништа или да избере меѓу различните начини на драпирање на предимензионираните парчиња облека. Облеките од оваа колекција се во меѓусебна интеракција, и тоа на повеќе начини, овозможувајќи им на клиентите да пронајдат индивидуални и нови начини на носење и комбинирање. Обрнато е внимание квалитативно да се подобрат и усовршат постоечките препознатливи производи на брендот и да се понудат нови. Па така и оваа колекција содржи рачно обоени производи со ботанички состојки каде што природното боење се користи како уникатен принт на природните ткаенини. Колекцијата „Пост-родовост VIII“ е направена со локално набавени материјали во соработка со локални занаетчии и мајстори – соработници на брендот и извонредно вештиот технички тим што е постојан дел од современите дизајнерски колекции на „Лудус“. Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија, Кипар и Словенија. Каталогот беше изработен во студиото на „Лудус“ во Скопје, со фотографот Филип Бојковски, моделите Ана Кичеец и Душан Стефановски, а стајлингот, шминката и фризурата ги сработи Мартина Ивановска.  

The post „Лудус“ ја објави новата колекција за есен-зима 2023/24 appeared first on Република.

]]>
Проширено кино: „Терански фрагменти“ на Кумјана Новакова во „Центар – Јадро“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proshireno-kino-teranski-fragmenti-na-kumjana-novakova-vo-centar-jadro/ Thu, 26 May 2022 07:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=507071

На 27 мај (петок) од 20 часот во културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ ќе се претстави еднодневна уметничка интервенција под наслов „Терански фрагменти" на Кумјана Новакова во соработка со „Лудус“.

На настанот ќе биде прикажан експерименталниот филм на филмската авторка Кумјана Новакова базиран на серијата колекции на „Лудус“ насловени како Пост-родовост, надополнети со 4-канална видео инсталација и неколку креации од последната колекција на брендот.

Реализиран како привремена изложба на проширено кино, овој проект создава нова интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на односите помеѓу филмското, уметничкото, концептуалната мода и политичкото.

Авторка на проектот е Кумјана Новакова (кураторка, истражувачка и филмска авторка), а проектот е во продукција на „Лудус“. Соработници на проектот се Драган Христов, Кристијан Караџовски, Борјана Насева, Елена Диновска Зарапчиев, Филип Бојковски, Стефан Китановиќ, Сара Перчинкова, Марија Павловиќ и Харис Реџепи.

Настанот ќе започне во 20:00 и ќе трае до 00:00.

The post Проширено кино: „Терански фрагменти“ на Кумјана Новакова во „Центар – Јадро“ appeared first on Република.

]]>

На 27 мај (петок) од 20 часот во културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ ќе се претстави еднодневна уметничка интервенција под наслов „Терански фрагменти" на Кумјана Новакова во соработка со „Лудус“. На настанот ќе биде прикажан експерименталниот филм на филмската авторка Кумјана Новакова базиран на серијата колекции на „Лудус“ насловени како Пост-родовост, надополнети со 4-канална видео инсталација и неколку креации од последната колекција на брендот. Реализиран како привремена изложба на проширено кино, овој проект создава нова интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на односите помеѓу филмското, уметничкото, концептуалната мода и политичкото. Авторка на проектот е Кумјана Новакова (кураторка, истражувачка и филмска авторка), а проектот е во продукција на „Лудус“. Соработници на проектот се Драган Христов, Кристијан Караџовски, Борјана Насева, Елена Диновска Зарапчиев, Филип Бојковски, Стефан Китановиќ, Сара Перчинкова, Марија Павловиќ и Харис Реџепи. Настанот ќе започне во 20:00 и ќе трае до 00:00.

The post Проширено кино: „Терански фрагменти“ на Кумјана Новакова во „Центар – Јадро“ appeared first on Република.

]]>
Новата колекција на „Лудус“ на Љубљанската модна недела https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/novata-kolekcija-na-ludus-na-ljubljanskata-modna-nedela/ Mon, 09 May 2022 08:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=499815

На 14. Април македонскиот моден бренд „Лудус“ ја прикажа новата колекција за претстојната сезона есен-зима 2022/23 година во рамките на Љубљанската модна недела. По покана на организаторите ова беше петто претставување на „Лудус“ на словенечката публика и покрај одушевувањето на публиката и интересот што клиентите го покажаа на продажниот шоурум што се одржа ден по ревијата, македонската модна етикета се најде во интернет статија на престижниот магазин „Форбс“ меѓу 10-те најдобри брендови од Љубљанската модна недела.

Колекцијата прикажа 20 целосни изгледи и преку 40 производи од различни категории. Меѓу популарните кошули со издолжени пропорции, по кои брендот е познат на словенечката публика, се најдоа и сакоа, мантили и јакни од 100% природна волна со деконструирани шал-крагни и куси плисирани пантолони искомбинирани во безродови стајлинзи. Беа претставени рачно боени производи од памук и рачно плетени хеланки од памук како и чевли направени во соработка со локален занаетчија - кондураџија.

Доследно на визијата започната со првата колекција од серијалот насловен „Пост-родовост“, шестото поглавје ја зајакнува темата на елиминирање на родовите улоги и ги преиспитува концептите на женственост и машкост во модната индустрија.

Брендот се залага за еколошко и етичко производство, па така материјалите се 100% природни, дел се обоени со природни состојки, а дел ги оживуваат локалните занаети и им даваат употреба во современото дизајнерско производство.

фото

The post Новата колекција на „Лудус“ на Љубљанската модна недела appeared first on Република.

]]>

На 14. Април македонскиот моден бренд „Лудус“ ја прикажа новата колекција за претстојната сезона есен-зима 2022/23 година во рамките на Љубљанската модна недела. По покана на организаторите ова беше петто претставување на „Лудус“ на словенечката публика и покрај одушевувањето на публиката и интересот што клиентите го покажаа на продажниот шоурум што се одржа ден по ревијата, македонската модна етикета се најде во интернет статија на престижниот магазин „Форбс“ меѓу 10-те најдобри брендови од Љубљанската модна недела. Колекцијата прикажа 20 целосни изгледи и преку 40 производи од различни категории. Меѓу популарните кошули со издолжени пропорции, по кои брендот е познат на словенечката публика, се најдоа и сакоа, мантили и јакни од 100% природна волна со деконструирани шал-крагни и куси плисирани пантолони искомбинирани во безродови стајлинзи. Беа претставени рачно боени производи од памук и рачно плетени хеланки од памук како и чевли направени во соработка со локален занаетчија - кондураџија. Доследно на визијата започната со првата колекција од серијалот насловен „Пост-родовост“, шестото поглавје ја зајакнува темата на елиминирање на родовите улоги и ги преиспитува концептите на женственост и машкост во модната индустрија. Брендот се залага за еколошко и етичко производство, па така материјалите се 100% природни, дел се обоени со природни состојки, а дел ги оживуваат локалните занаети и им даваат употреба во современото дизајнерско производство. фото

The post Новата колекција на „Лудус“ на Љубљанската модна недела appeared first on Република.

]]>