Лучано Спалети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luchano-spaleti/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 17:07:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лучано Спалети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/luchano-spaleti/ 32 32 Вечерва супер дуел Италија-Белгија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vecherva-super-duel-italija-belgija/ Thu, 10 Oct 2024 11:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=824841

Селекторот на Италија, Лучано Спалети е заинтересиран неговата екипа да продолжи со успешната серија во Лигата на нации, која започна со победи над Франција и Израел во септември.

Вечерва „азурите“ ја пречекуваат екипата на Белгија.

-Треба да го продолжиме она што го започнавме во септември. Значи мора да победиме против Белгија, иако нема да биде воопшто лесно. Ги видов играчите во многу добра форма. Можам да кажам дека веќе имам многу интересен состав. Сите покажуваат неверојатна енергија и сакаат да бидат на врвно ниво, го коментираше Спалети пред заминувањето на тимот од базата во Коверчиано во Рим, каде утре ќе се игра натпреварот на „Олимпико“

The post Вечерва супер дуел Италија-Белгија appeared first on Република.

]]>

Селекторот на Италија, Лучано Спалети е заинтересиран неговата екипа да продолжи со успешната серија во Лигата на нации, која започна со победи над Франција и Израел во септември. Вечерва „азурите“ ја пречекуваат екипата на Белгија.
-Треба да го продолжиме она што го започнавме во септември. Значи мора да победиме против Белгија, иако нема да биде воопшто лесно. Ги видов играчите во многу добра форма. Можам да кажам дека веќе имам многу интересен состав. Сите покажуваат неверојатна енергија и сакаат да бидат на врвно ниво, го коментираше Спалети пред заминувањето на тимот од базата во Коверчиано во Рим, каде утре ќе се игра натпреварот на „Олимпико“

The post Вечерва супер дуел Италија-Белгија appeared first on Република.

]]>
Спалети ја презеде одговорноста за елиминацијата на Италија од ЕП: Јас го направив изборот на играчи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-ja-prezede-odgovornosta-za-eliminatsijata-na-italija-od-ep-jas-go-napraviv-izborot-na-igrachi/ Sat, 29 Jun 2024 20:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=791983

Селекторот на Италија, Лучано Спалети, беше видно разочаран по мечот со Швајцарија и раната елиминација од Европското првенство.

Стратегот на „азурите“ сепак не бега од одговорност и веќе најави средба со претседателот на италијанската ФА.

Одговорноста за елиминацијата е само моја. Јас го направив овој избор, изјави Спалети по мечот.

Италијанските новинари се интересираа дали Спалети сепак ќе поднесе оставка.

Ќе разговарам со претседателот Гравина. Тој отсекогаш ме третирал како голема личност. Ќе видам што ќе каже, објасни Спалети.

Италијанските медиуми веднаш по натпреварот тргнаа во офанзива против селекторот, пред се поради лошиот избор на играчи кои ги однесе на ЕП.

Велам, сето тоа е дел од процесот. Сите други тренери имаа најмалку 20 натпревари пред ова ЕП, јас имав само 10 и секогаш под притисок - мора да победиш, мора да победиш. Веројатно треба малку подобро да го запознаам мојот тим, за да ги поставам работите подобро. Исто така, имавме голем број повредени играчи на кои нормално би сметал. Пробавме различни работи, но чувствувам дека треба да менувам. Ова не е толку скандалозен резултат како што луѓето ќе го претстават. Поминавме во тешка група, но немавме карактер, заврши Спалети.

The post Спалети ја презеде одговорноста за елиминацијата на Италија од ЕП: Јас го направив изборот на играчи appeared first on Република.

]]>

Селекторот на Италија, Лучано Спалети, беше видно разочаран по мечот со Швајцарија и раната елиминација од Европското првенство. Стратегот на „азурите“ сепак не бега од одговорност и веќе најави средба со претседателот на италијанската ФА.
Одговорноста за елиминацијата е само моја. Јас го направив овој избор, изјави Спалети по мечот.
Италијанските новинари се интересираа дали Спалети сепак ќе поднесе оставка.
Ќе разговарам со претседателот Гравина. Тој отсекогаш ме третирал како голема личност. Ќе видам што ќе каже, објасни Спалети.
Италијанските медиуми веднаш по натпреварот тргнаа во офанзива против селекторот, пред се поради лошиот избор на играчи кои ги однесе на ЕП.
Велам, сето тоа е дел од процесот. Сите други тренери имаа најмалку 20 натпревари пред ова ЕП, јас имав само 10 и секогаш под притисок - мора да победиш, мора да победиш. Веројатно треба малку подобро да го запознаам мојот тим, за да ги поставам работите подобро. Исто така, имавме голем број повредени играчи на кои нормално би сметал. Пробавме различни работи, но чувствувам дека треба да менувам. Ова не е толку скандалозен резултат како што луѓето ќе го претстават. Поминавме во тешка група, но немавме карактер, заврши Спалети.
 
The post Спалети ја презеде одговорноста за елиминацијата на Италија од ЕП: Јас го направив изборот на играчи appeared first on Република.

]]>
Спалети признава дека Италија ништо не одигра против Шпанија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-priznava-deka-italija-nishto-ne-odigra-protiv-shpanija/ Fri, 21 Jun 2024 06:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=789465

Лучано Спалети, селекторот на Италија, беше разочаран по мечот со Шпанија. Актуелниот европски првак го доживеа првиот пораз и сега треба да се бори со Хрватска во последното коло од групната фаза за да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.

На „азурите“ им одговара и нерешено на овој меч, а тешко е да се очекува дека Албанија може да ја изненади Шпанија. Во секој случај, се освен пораз ги води Италијанците во осминафиналето на ЕП.

-Разликата ја направи свежината на Шпанците, тие беа многу побрзи од нас. Често доцневме со читањето на нивните постапки. Клучот на проблемот е секогаш ист, бевме под секое ниво во однос на правилните реакции. Не реагиравме на нивните постапки, изјави Спалети.

Потоа се осврна на продолжението од мечот, кој и покрај промените не им донесе ништо добро на Италијанците.

-Во второто полувреме успеавме да бидеме поенергични и поагресивни, создадовме ситуации кои можеа да не доведат до реми, но сепак беа пресилни за нас, како и за Хрватска, и заслужено беа први. Треба да размислиме како ќе бидеме во осминафиналето, а тоа ќе зависи од нашиот избор на игра, тактика, се: ако изборот не е добар, ако нема вистински решенија, тогаш работите се комплицираат, рече Спалети

The post Спалети признава дека Италија ништо не одигра против Шпанија appeared first on Република.

]]>

Лучано Спалети, селекторот на Италија, беше разочаран по мечот со Шпанија. Актуелниот европски првак го доживеа првиот пораз и сега треба да се бори со Хрватска во последното коло од групната фаза за да се пласира во следната фаза од натпреварувањето. На „азурите“ им одговара и нерешено на овој меч, а тешко е да се очекува дека Албанија може да ја изненади Шпанија. Во секој случај, се освен пораз ги води Италијанците во осминафиналето на ЕП.
-Разликата ја направи свежината на Шпанците, тие беа многу побрзи од нас. Често доцневме со читањето на нивните постапки. Клучот на проблемот е секогаш ист, бевме под секое ниво во однос на правилните реакции. Не реагиравме на нивните постапки, изјави Спалети.
Потоа се осврна на продолжението од мечот, кој и покрај промените не им донесе ништо добро на Италијанците.
-Во второто полувреме успеавме да бидеме поенергични и поагресивни, создадовме ситуации кои можеа да не доведат до реми, но сепак беа пресилни за нас, како и за Хрватска, и заслужено беа први. Треба да размислиме како ќе бидеме во осминафиналето, а тоа ќе зависи од нашиот избор на игра, тактика, се: ако изборот не е добар, ако нема вистински решенија, тогаш работите се комплицираат, рече Спалети

The post Спалети признава дека Италија ништо не одигра против Шпанија appeared first on Република.

]]>
Спалети не се плаши од Албанија, Хрватска и Шпанија на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-ne-se-plashi-od-albanija-hrvatska-i-shpanija-na-ep/ Mon, 04 Dec 2023 15:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=719482

 Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети ги сумираше резултатите од ждрепката за Европското првенство 2024 година.

Извлекувањето се одржа вчера во Хамбург (Германија). Репрезентацијата на Италија ќе игра во групата Б против Шпанија, Хрватска и Албанија.

-Работите можеа да одат подобро, но никогаш не заборавајте дека ние сме Италија! Секој кој сака фудбал мора да ужива во предизвиците, инаку може да ја изгубите целата радост од нив, рече Спалети за „Sky Sport Italia“.

Евро 2024 ќе се одржи во 10 градови во Германија од 14 јуни до 14 јули 2024 година

The post Спалети не се плаши од Албанија, Хрватска и Шпанија на ЕП appeared first on Република.

]]>

 Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети ги сумираше резултатите од ждрепката за Европското првенство 2024 година. Извлекувањето се одржа вчера во Хамбург (Германија). Репрезентацијата на Италија ќе игра во групата Б против Шпанија, Хрватска и Албанија.
-Работите можеа да одат подобро, но никогаш не заборавајте дека ние сме Италија! Секој кој сака фудбал мора да ужива во предизвиците, инаку може да ја изгубите целата радост од нив, рече Спалети за „Sky Sport Italia“.
Евро 2024 ќе се одржи во 10 градови во Германија од 14 јуни до 14 јули 2024 година

The post Спалети не се плаши од Албанија, Хрватска и Шпанија на ЕП appeared first on Република.

]]>
Спалети: На Руди Гарсија не му беше дадено доволно време https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-na-rudi-garsija-ne-mu-beshe-dadeno-dovolno-vreme/ Thu, 16 Nov 2023 07:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=701975

 - Поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети реагираше на отказот на Руди Гарсија. Французинот ги водеше наполитанците од летото 2023 година.

- Мислам дека нема смисла да се оценува работата на Руди во споредба со мојата. Секој тренер има своја приказна, мора да го судиме според неговите дела. Тој се покажа како добар стручњак, но не му беше дадено време, го цитира „ITASportPress“ Спалети.

Пред два дена, Наполи објави оставка на Руди Гарсија и назначување на Мацари за нов тренер на тимот.

Наполи кој е актуелен шампион, во моментов е четврти на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 21 бод од 12 натпревари

The post Спалети: На Руди Гарсија не му беше дадено доволно време appeared first on Република.

]]>

 - Поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети реагираше на отказот на Руди Гарсија. Французинот ги водеше наполитанците од летото 2023 година.
- Мислам дека нема смисла да се оценува работата на Руди во споредба со мојата. Секој тренер има своја приказна, мора да го судиме според неговите дела. Тој се покажа како добар стручњак, но не му беше дадено време, го цитира „ITASportPress“ Спалети.
Пред два дена, Наполи објави оставка на Руди Гарсија и назначување на Мацари за нов тренер на тимот. Наполи кој е актуелен шампион, во моментов е четврти на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 21 бод од 12 натпревари

The post Спалети: На Руди Гарсија не му беше дадено доволно време appeared first on Република.

]]>
Спалети: Игравме добар фудбал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-igravme-dobar-fudbal/ Sun, 15 Oct 2023 11:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=691378

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети, ги кажа своите очекувања за натпреварот со Англија во квалификациите за Европското првенство 2024.

Италија синоќа во Бари ја победи Малта со 4:0.

- Важно беше да освоиме три бода без да ризикуваме и лесно да го добиеме натпреварот. Тимот добро се развива. Јасно е дека постои желба подобро да се запознаеме. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија на „Вембли“ е еден од оние кои навистина можат да ни помогнат да разбереме какви се нашите шанси во иднина, изјави Спалети, за официјалниот сајт на УЕФА.

Репрезентацијата на Италија со 10 бодови е на второто место во групата Ц по 5 натпревари. Малта е последна без освоен бод по шест одиграни натпревари.

Во следниот натпревар избраниците на Лучијано Спалети ќе играат на гости против Англија, а Малта ќе и гостува на Украина. Двете средби ќе се одржат на 17 октомври.

Во оваа група македонската репрезентација има освоено седум бода од шест натпревари.

The post Спалети: Игравме добар фудбал appeared first on Република.

]]>

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети, ги кажа своите очекувања за натпреварот со Англија во квалификациите за Европското првенство 2024. Италија синоќа во Бари ја победи Малта со 4:0. - Важно беше да освоиме три бода без да ризикуваме и лесно да го добиеме натпреварот. Тимот добро се развива. Јасно е дека постои желба подобро да се запознаеме. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија на „Вембли“ е еден од оние кои навистина можат да ни помогнат да разбереме какви се нашите шанси во иднина, изјави Спалети, за официјалниот сајт на УЕФА. Репрезентацијата на Италија со 10 бодови е на второто место во групата Ц по 5 натпревари. Малта е последна без освоен бод по шест одиграни натпревари. Во следниот натпревар избраниците на Лучијано Спалети ќе играат на гости против Англија, а Малта ќе и гостува на Украина. Двете средби ќе се одржат на 17 октомври. Во оваа група македонската репрезентација има освоено седум бода од шест натпревари.

The post Спалети: Игравме добар фудбал appeared first on Република.

]]>
Спалети: Не се игра фудбал на ваков терен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-ne-se-igra-fudbal-na-vakov-teren/ Sun, 10 Sep 2023 06:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=680442

Лучано Спалети нема по добро да го памети фудбалското селекторско деби на клупата на Италија. Во Скопје, Италија не успеа да ја победи Македонија, натпреварот заврши без победник 1-1, а стрелец на голот за „црвено-жолтите“ беше Енис Барди во 81.минута.

На прес конференцијата Спалети се пожали на теренот, кој навистина се наоѓа во катастрофална состојба.

Не знаевме во каква состојба е теренот. Македонија тука имаше предност. Не можевме да ја развиеме нашата игра. Секогаш како ренер сакам мојот тим да игра убаво. Не успеавме да ја раздовиме дефанзивната линија на противникот, Македонија играше со петмина во одбраната. Инаку сум задоволен како мојот тим изгледаше на теренот, рече Спалети.

The post Спалети: Не се игра фудбал на ваков терен appeared first on Република.

]]>

Лучано Спалети нема по добро да го памети фудбалското селекторско деби на клупата на Италија. Во Скопје, Италија не успеа да ја победи Македонија, натпреварот заврши без победник 1-1, а стрелец на голот за „црвено-жолтите“ беше Енис Барди во 81.минута. На прес конференцијата Спалети се пожали на теренот, кој навистина се наоѓа во катастрофална состојба.