„Љубовните писма на Шарла“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lubovnite-pisma-na-sharla/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Oct 2023 10:12:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Љубовните писма на Шарла“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lubovnite-pisma-na-sharla/ 32 32 Промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-lubovnite-pisma-na-sharla-od-david-angelevski-vo-bukva/ Mon, 09 Oct 2023 10:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=689493

Во вторник на 10 октомври, во дворот на кафе-книжарницата „Буква“ со почеток од 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски.

Се работи за збирка текстови, еден вид книжевни илустрации на музичките изданија кои излегуваа за независната музичка издавачка куќа „Шарла Рекордс“ во периодот од 2013 до 2023 година.

Сместени во широк жанровски опсег, од критички опсервации на актуелните општествено-политички текови, до кратки книжевни форми кои спаѓаат во жанрот фикција, овие писанија го сведочат контекстот и околностите во кои се создаваа музичките дела. Целта на истите беше да го испровоцираат вниманието на пошироката јавност и низ призмата на нивната содржина да понудат уште една перспектива кон музичкото доживување на овие остварувања.

[caption id="attachment_689494" align="alignnone" width="2560"] Давид Ангелевски фото: Зденко Петровски[/caption]

Книгата изобилува и со фотографии од разни настани организирани од Шарла Рекордс, како и извадоци од интервјуа и текстови на песни со кои се заокружува и документарната функција на оваа книга посветена на десетгодишнината од постоењето и работата на овој независен музички издавач.

Целиот издавачки зафат е реализиран во соработка со независниот книжевен издавач АШ без било каква финансиска поддршка од државни институции или спонзори.

Промоцијата е замислена како целовечерно неформално дружење со музичката, но и книжевната публика на кои оваа книга подеднакво им се обраќа.

The post Промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Во вторник на 10 октомври, во дворот на кафе-книжарницата „Буква“ со почеток од 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски. Се работи за збирка текстови, еден вид книжевни илустрации на музичките изданија кои излегуваа за независната музичка издавачка куќа „Шарла Рекордс“ во периодот од 2013 до 2023 година. Сместени во широк жанровски опсег, од критички опсервации на актуелните општествено-политички текови, до кратки книжевни форми кои спаѓаат во жанрот фикција, овие писанија го сведочат контекстот и околностите во кои се создаваа музичките дела. Целта на истите беше да го испровоцираат вниманието на пошироката јавност и низ призмата на нивната содржина да понудат уште една перспектива кон музичкото доживување на овие остварувања. [caption id="attachment_689494" align="alignnone" width="2560"] Давид Ангелевски фото: Зденко Петровски[/caption] Книгата изобилува и со фотографии од разни настани организирани од Шарла Рекордс, како и извадоци од интервјуа и текстови на песни со кои се заокружува и документарната функција на оваа книга посветена на десетгодишнината од постоењето и работата на овој независен музички издавач. Целиот издавачки зафат е реализиран во соработка со независниот книжевен издавач АШ без било каква финансиска поддршка од државни институции или спонзори. Промоцијата е замислена како целовечерно неформално дружење со музичката, но и книжевната публика на кои оваа книга подеднакво им се обраќа.

The post Промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>